TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелските сили ја шират контролата врз градот Хеброн

А1 - 17.11.2002

Изреалските сили за безбедност денеска уапсија неколку десетици палестинци и ја презедоа контролата врз неколку стратешки објекти во градот Хеброн на Западниот брег. Предходно три израелски воени хелокоптери истрелале најмалку четири проектили и при тоа уништиле една фабрика во градот Кан јунис, во ...

Палестинци навлекле израелски војници во заседа, убиле дванаесетмина од нив

Дневник - 17.11.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израелската армија на нападот одговори со окупирање на целиот град Хеброн, а министерот за одбрана Шаул Мофаз најави дека ќе ги искорени палестинските терористи од градот Тројца терористи од палестинската група Исламски Џихад во петокот изрешетале 12 израелски војници и ...

Израел повеќе нема да преговара со Палестинците

А1 - 16.11.2002

Најмалку 12 Израелци се убиени, а 15 се ранети во синоќешниот палестински напад во градот Хеброн, на Западниот Брег. Според израелската полиција, неколку палестински екстремисти вооружени со автоматски пушки и рачни бомби нападнале група израелски доселеници.

Израелска акција во појасот Газа

А1 - 14.11.2002

Десетици израелски тенкови и оклопни возила изутрината навлегоа во јужните делови на појасот Газа, што се наоѓа под палестинска контрола, јавија западните медиуми повикувајќи се на палестински извори. Конвојот од околу 50 возила, како што изјавија сведоци, навлегле во населбата Ас Сабра, во која ...

Израелски тенкови во лов по терористи

Дневник - 14.11.2002

ПО УБИСТВОТО НА ПЕТ ИЗРАЕЛЦИ Израелски тенкови, поддржани од борбени хеликоптери, вчера рано изутрина од сите четири страни навлегле во палестинскиот град Наблус, јави Ројтерс. Упадот бил организиран откако палестински терорист влезе во израелско село блиску до Наблус и уби петмина Израелци, а во ...

Нетанјаху ако биде премиер ќе го протера Арафат

А1 - 13.11.2002

Израелскиот министер за надворешни работи Бенјамин Нетанјаху доколку биде избран за премиер на земјата, ќе го протера палестинскиот лидер Јасер Арафат. Нетанјаху, кој е главен ривал на актуелниот израелски премиер Ариел Шарон, за позицијата лидер на партијата Ликуд, им изјави на членовите на ...

Израелската армија навлезе во Тулкарем

А1 - 12.11.2002

Израелската армија изутрината навлезе во бегалскиот камп во Тулкарем по вчерашниот палестински напад врз една еврејска фарма, при што беа убиени петмина Израелци. Израелците навлегле со околу 30 тенкови и борни коли, а очевидците не забележале отпор од палестинските милитанти.

Нетанјаху побара крај за "терористичкиот режим" на Арафат

Вест - 12.11.2002

Израелецот Ави Охајон и оплакува двете деца и сопругата што синоќа во нивната дневна соба ги уби ден Палестинец при нападот на кибуцот во ој загинаа вкупно петмина ЕРУСАЛИМ, 12 ноември (Ројтерс) - Израелскиот министер за надворешни работи Бенјамин Нетанјаху вчера повика за отстранување на ...

Напаѓач убил пет лица во израелски кибуц

Утрински - 12.11.2002

Израел ЕРУСАЛИМ - Осомничен палестински напаѓач уби најмалку пет лица во еден кибуц во северен Израел, неколку часа откако беше осуетен двоен самоубиствен напад во истата област, во близина на границата на Западниот Брег соопштија вчера полициски извори.

Палестинец убил петмина во израелско село

Дневник - 12.11.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Вооружен напаѓач вчера упаднал во израелско село и убил петмина Израелци, откако израелската полиција спречи терористички напад кај истото село, јави Ројтерс. - Слушнавме пукотници и веднаш ги изгаснавме светлата и се заклучивме - изјавија жителите на кибуцот Мецер, ...

Најмалку пет загинати во вооружен напад на Палестинец

А1 - 11.11.2002

Најмалку пет лица ги загубија животите, а повеќемина се ранети во нападот на еден вооружен Палестинец кој во текот на минатата ноќ упаднал во фармата Мецер на северот на Израел. Израелските сили брзо пристигнале на местото на настанот, но досега не успеаја да го пронајдат напаѓачот.