TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Синот го убил татко си оти му ги избришал песните од компјутерот

Време - 10.11.2006

СОСЕДИТЕ ВО ДРАЧЕВО ВЏАШЕНИ ОД ЗЛОСТОРСТВОТО Ден пред убиството на Благоја Танев, во скопско Драчево неговиот син Ѓорѓи му се доверил на својот најдобар пријател дека ќе го убие татко си оти му ги избришал песните од компјутерот, дознаваме од извори блиски на истрагата.

Синот го признал убиството врз татко си

Време - 09.11.2006

РАСВЕТЛЕН ЗЛОСТОРОТ ВО ДРАЧЕВО Огнен Чанчаревиќ Ѓорги Танев (19) признал дека го убил татка си Благоја, во скопската населба Драчево, а како причина ги навел честите меѓусебни недоразбирања, потврди полицијата. Убиството на својот родител, како што признал пред полициските инспектори, тој го ...

Купил нож и на спиење го измасакрирал татка си

Вест - 09.11.2006

УБИСТВОТО ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ДРАЧЕВО БИЛО ИСПЛАНИРАНО Ѓ.Т. (19) во детали го испланирал убиството на татко ми Благој Танев,за што пред два дена купил нож, па кога неговата мајка и сестра заминале на работа и во школо тој во спалната соба на спиење го убил татка си, а потоа во шумата во скопската ...

Синот свирепо го избол татка си со нож на спиење поради омраза

Утрински - 09.11.2006

Расветлено убиството на сопственикот на „Квиксилвер“, Благоја Танев МАКЕДОНКА СТОЈЕВА Деветнаесетгодишниот Ѓорѓи Танев на спиење го убил својот татко Благоја поради омраза и нетрпеливост која долго тлеела меѓу нив. Момчето се чувствувало малтретирано и ограничувано од страна на својот татко, кој ...

Синот осомничен дека го искасапил татка си со 25 убоди од нож

Дневник - 09.11.2006

Ѓорѓи Танев (19) по убиството се истуширал, викнал такси што го префрлило до центар, а оттаму пеш заминал во шума во Гази Баба, каде што ги запалил ножот и крвавата облека, велат од МВР Ѓорѓи Танев (19), син на искасапениот Благој Танев (48), е осомничен и уапсен за убиството на својот татко во ...

Притворен таткоубиецот од Драчево

Вечер Прес - 09.11.2006

Деветнаесетгодишниот Ѓорѓи Танев, момчето кое го искасапи својот татко Благој Танев (48), од завчера се наоѓа во притвор во скопскиот Истражен затвор. Извори во истражните органи велат дека притворениот го усмртил својот татко со дваесет и пет убоди од нож во телото и главата на Благој.

За еден ден поднесени две кривични пријави за убиство

А1 - 08.11.2006

За еден ден полицијата поднесе две кривични пријави за убиство. Едната против Ѓорѓи Танев, осомничен е за убиство на татка си Благој. Убиството се случи пред два дена во нивната куќа во скопско Драчево, веднаш е приведен синот на убиениот.

Притворен убиецот на Благој Танев од Скопје

А1 - 08.11.2006

МВР соопшти дека вчера, со кривична пријава за натамошна постапка до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, е предаден Ѓ.Т. (19) од Скопје, кој во понеделникот во утринските часови, со повеќе убоди со нож го убил неговиот татко Благој Танев (48) од Скопје.

Приведен можниот убиец

Вест - 08.11.2006

ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА УБИСТВОТО ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ДРАЧЕВО Полицијата го има можниот осомничен за убиството на драчевчанецот Благоја Танев (48) кој завчера беше пронајден мртов со неколку убоди во главата и телото во неговиот дом на улица "Румена Хаџипанзова".

Скопјанец масакриран во сопствениот дом

Време - 08.11.2006

КРВАВО ЗЛОСТОРСТВО ВО ДРАЧЕВО Огнен Чанчаревиќ Скопјанецот Благоја Танев (48), татко на две деца, завчера бил убиен со десетина убоди со нож во неговата семејна куќа во населбата Драчево. Безживотното тело го пронашла неговата сопруга кога се вратила од работа.

Двајца осомничени за убиството на сопственикот на „Квиксилвер“

Утрински - 08.11.2006

Благоја Танев (48) е убиен со петнаесетина убоди од нож МАКЕДОНКА СТОЈЕВА ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Две лица, блиски на семејството Таневи, се осомничени за грозоморното убиство на четириесет и осумгодишниот Благоја, кој завчера беше пронајден избоден со нож во својот дом во населбата Драчево.

Синот го убил Благоја Танев

Канал5 - 08.11.2006

Полицијата го откри убиецот на Благоја Танев-злосторството го сторил неговиот 19- годишен син Ѓорѓи. Истрагата утврдила дека тој со нож неколку пати го избодел својот родител додека се уште спиел. Полицијата го откри убиецот на Благоја Танев- злосторството го сторил неговиот 19- годишен син Ѓорѓи.

Драчевецот бил избоден со нож од својот син

Вечер Прес - 08.11.2006

Причина за семејното злосторство била одлуката на таткото да не му дозволи на синот музичар да замине на студии во Америка Деветнаесетгодишно момче син на Благоја Танев, кој завчера беше најден убиен во својот дом во населбата Драчево, е сторителот на злосторството, велат извори во полицијата.

Полицијата го потврди убиството во Драчево

А1 - 07.11.2006

Полицијата денеска потврди дека 48-годишниот Благоја Таневски од скопската населба Драчево бил убиен со повеќе бодежи од остар предмет, најверојатно нож. Телото на жртвата е дадено на обдукција, а МВР се уште работи на откривање на сторителите на убиството .

Избоден со нож во грб

Вест - 07.11.2006

Убиство во скопската населба Драчево Благоја Т. (48) од скопската населба Драчево, вчера попладнето бил пронајден мртов на улицата Румена хаџипанзова. Мртвото тело на драчевецот го пронашол минувач по што ја повикал полицијата која одма отпочнала со увид.

Скопјанец убиен во сопствената куќа

Дневник - 07.11.2006

Скопјанецот Благоја Танев (48) беше пронајден мртов во својата куќа вчера попладнето, на улицата Румена Хаџипанзова 23а, во скопската населба Драчево. До затворање на денешниот број на весникот полицијата вршеше увид на местото на настанот и се чекаше да дојде истражен судија.

Ден по убиството на 48 годишниот Благоја Танев нема официјални информации кој го избодел смртно

Канал5 - 07.11.2006

Полицијата интензивно трага по убиецот на Благоја Танев кој вчера со нож беше убиен во неговиот семеен дом во скопско Драчево. Полицијата интензивно трага по убиецот на Благоја Танев кој вчера со нож беше убиен во неговиот семеен дом во скопско Драчево. Засега не се соопштуваат детали од истрагата.

Драчевец избоден со нож

Вечер Прес - 07.11.2006

Четриесет и осумгодишниот Благоја Т., од Скопје, вчера попладне бил убиен со неколку убоди од нож во пределот на градите и стомакот на улица во скопската населба Драчево. Според првичните информации злосторството се случило на улицата "Румена Хаџипанзова" меѓу градинката "Весели цветови" и ...

Убиство со нож во Драчево

А1 - 06.11.2006

48 годишниот Благоја Танев попладнево бил убиен со нож во сопствената куќа, во скопската населба Драчево. Телото, во куќата на улица Румена Хаџипанзова, го открила неговата сопруга Славица, а на полицијата и јавил првиот сосед, велат соседите на жртвата.