TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тачи: Изборите во Србија нема да влијаат врз стабилноста на Косово

Канал5 - 09.05.2008

Претседателот на привремената косовска влада Хашим Тачи денеска во Љубљана изјави дека исходот од изборите во Србија, „ каков и да биде“, нема да влијае на стабилноста на Косово, бидејќи, како што нагласи, Косово е суверена држава и дел од меѓународната заедница.

Протест против одржување на српските избори на Косово

Канал5 - 09.05.2008

Активисти на косовското движење „Самоопределување“ најавија дека денеска ќе организираат демонстрации во Приштина, протестирајќи поради најавите за одржување на српските избори во Косово на 11 мај. Приштина, 9 мај (МИА) - Активисти на косовското движење Самоопределување најавија дека денеска ќе ...

Тачи: Независноста на Косово донесе стабилност во регионот

Макфакс - 09.05.2008

Љубљана Независноста на Косово донесе поголема стабилност во регионот изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи. Зборувајќи на форумот за Европа штп се одржува во Љубљана, косовскиот премиер изјави дека иднината на Косово е во Европската унија и во НАТО.

Рикер: Српските избори на Косово водат кон паралелни институции

Макфакс - 09.05.2008

Приштина Одржувањето српски локални избори на Косово е нелегитимно, и води кон создавање на „паралелни и нелегални структури на Србија“. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на УНМИК Јоаким Рикер, говорејќи на расправа што ја организираше Проектот за етнички односи на САД.

„Зери“:ОН предлагаат договор на Србија за УНМИК

Макфакс - 09.05.2008

Приштина Генералниот секретар на Обединетите нации(ОН) Бан Ки Мун во писмо до српскиот претседател Борис Тадиќ предлага договор за делување на УНМИК на Косово, по стапувањето на сила на косовскиот Устав. Приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на западни дипломатски извори, вели дека во писмото ...

Демонстрации против српски избори во Косово

Макфакс - 09.05.2008

Приштина Движењето „Самоопределување“ денеска ќе одржи протест околу одржувањето српски избори на територијата на Косово, јави Косовската радио телевизија (РТК). Лидерот на движењето Албин Курти, изјави дека доколку народот не протестира, светот ќе смета дека Албанците се согласуваат со одржувањето ...

Кацин: ЕП фактички го призна Косово

Макфакс - 09.05.2008

Брисел Состанокот на претставници на Европскиот парламент (ЕП) и Собранието на Косово во Брисел денеска означи признавање на независноста на Косово, затоа што за прв пат беше истакнато знамето на независно Косово. Ова го изјави известувачот за Србија во ЕП, Јелко Кацин.

АИ: УНМИК не ги штити човековите права на Косово

Макфакс - 08.05.2008

Приштина Мисијата на Обединетите нации (ОН) на Косово (УНМИК) не презела мерки за обезбедување компензација за жртвите, чии што права се нарушени од претставниците на меѓународната заедница. Ова се наведува во извештајот на организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнл“, објавен ...

Сејдиу: Илузиите за поделба на Косово нема да се реализираат

Макфакс - 08.05.2008

Приштина Илузиите за поделба на Косово нема да се реализираат, изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Тој ги оцени како јасни обиди за поделба на Косово посетите на српските лидери на Косово и српските локални избори што треба да се одржат во недела.

УНМИК: Српските избори на Косово се нелегитимни

Макфакс - 08.05.2008

Белград Изборите, кои што Србија ќе ги спроведе на 11. мај во Косово се нелегитимни, но УНМИК не планира да го попречи нивното одржување, соопшти портпаролот на УНМИК, Александар Иванко. „Ние сметаме дека тие избори се нелегитимни, дека немаат законска основа независно од бројот на учесниците“, ...

Се зголемува поддршката за признавање на Косово

Време - 07.05.2008

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ Помалку од половина од граѓаните во Македонија, 41,4 проценти, одговориле позитивно на прашањето „Дали се согласувате Република Македонија да го признае Косово како независна држава?“ Од останатите испитаници, 34,1 процент не се согласуваат Македонија да го признае ...

Прво демаркација, па признавање на Косово

Утрински - 07.05.2008

Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека прво треба да се одбележи границата, па потоа да се признае независноста на Косово. Ова го покажува најновото испитување на јавното мислење, спроведено од Центарот за истражување и креирање политики со седиште во Скопје.

За ОБСЕ има Срби и Србијанци

Дневник - 07.05.2008

Организацијата за европска безбедност и соработка, усвои нова терминологија за Косово, три месеци откако Приштина прогласи независност, јави Макфакс.- За Србите од централна Србија се воведува терминот Србијанци, а поимот Србин ќе се однесува само на етничките Срби - се наведува во соопштението на ...

Почнаа убиствата на сведоци

Вечер Прес - 07.05.2008

На Харадинај, вели Анан, "се гледа како на разумен човек во таа дружина на чудни ликови", но не може УНМИК да одлучува кој ќе биде лидер на Косово Судот на УНМИК го осуди Даут Харадинај и уште четворица обинети за држење во затвор и убиство на четворица Албанци од Косово во 1999 година.

ОН: Социјалните и економските проблеми преовладуваат во Косово

Макфакс - 07.05.2008

Приштина Косовските жители сметаат дека најголемите проблеми со кои што се соочуваат се од социјалната и економската сфера, откако Косово прогласи независност на 17. февруари. „Над 70 отсто од граѓаните сметаат дека невработеноста, сиромаштијата и високите цени се главните проблеми во Косово“, ...

Македонците бараат прво граница, а потоа признавање на Косово

Вечер Прес - 07.05.2008

47 отсто од анектираните Македонци изрично кажале дека се против признавањето на Косово, а 32,5 отсто дале одговор - не знам. Само 20 отсто сметаат дека Македонија треба да го признае Косово како независна држава Поголем дел од Македонците не се согласуваат Македонија да го признае Косово како ...

Испитување на јавното мислење: Прво демаркација на границата, а потоа признавање на Косово

Канал5 - 06.05.2008

Мнозинството граѓани на Македонија, односно 55,5 проценти сметаат дека прво треба да се обележи границата со Косово, а потоа да се признае како независна држава, опција за која се изјасниле 41,4 проценти. Скопје, 6 мај (МИА) - Мнозинството граѓани на Македонија, односно 55,5 проценти сметаат дека ...

Прво демаркација, па признавање на Косово

Макфакс - 06.05.2008

Скопје Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека прво треба да се одбележи границата, па потоа да се признае независноста на Косово. Ова го покажува најновото испитување на јавното мислење, спроведено од Центарот за истражување и креирање политики со седиште во Скопје.

Литванија ја призна независноста на Косово

Макфакс - 06.05.2008

Вилнус Парламентот на Литванија денеска донесе одлука за признавање на Косово и и препорача на Владата да започне процедура за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави, јави Радио Косово. По прогласувањето на косовската независност на 17.

МекКормак: Статусот на Косово е решен

Макфакс - 06.05.2008

Вашингтон Статусот на Косово е решен, тоа (Косово) е независна држава, порачаа САД. Ова вчера во Вашингтон го изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Шон МекКормак, коментирајќи го ангажирањето на Русија, Кина и Индија за продолжување на разговорите меѓу Белград и Приштина.

САД незадоволни од динамиката на признавање на Косово

Макфакс - 06.05.2008

Приштина САД ја критикуваа Владата во Приштина поради малиот број држави што ја признаа независноста на Косово, оценувајќи дека тоа се должи и на слабото лобирање. Меѓународни извори за приштинската независна телевизија „Кохавизион“ наведуваат дека американската влада не е задоволна од динамиката ...

Косово против преговори

Макфакс - 06.05.2008

Приштина Владата во Приштина ги смета за ирационални барањата, државите кои ја признаа косовската независност да ја преиспитаат одлука, како и за обновување на преговорите со Белград. Реакцијата следи откако Русија, Кина и Индија во четвртокот побараа обновување на преговорите за статусот на ...

Самарџиќ: Српски локални власти ќе се формираат во Косово

Макфакс - 06.05.2008

Митровица Српските локални општински тела на власт во Косово ќе бидат формирани согласно законот за локална самоуправа во рок од 15 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори. Ова го изјави српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ за време на официјалната посета на ...

ОБСЕ усвои нова терминологија за Косово

Макфакс - 06.05.2008

Грачаница Нова терминологија за Косово, по прогласената независност, донесе Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ). Административните премини меѓу Србија и Косово ќе бидат преименувани во гранични премини, а привремените институции на самоуправа во косовски институции.

Нова средба за демаркација на границата кон Косово

Макфакс - 06.05.2008

Приштина Работната група за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово ќе продолжи со работа денеска. Според Бесим Чолаку, копредседавач на косовската група за демаркација и шеф на кабинет на косовскиот премиер Хашим Тачи, предизборната кампања во Македонија нема да влијание врз работата на ...

Двојните стандарди против „отворените врати“ на ЕУ и на НАТО

Утрински - 05.05.2008

Охридскиот самит порача: евроатлантските интеграции немаат алтернатива Иако неформален, без заклучоци и завршни документи што обврзуваат, Самитот на претседателите на земјите од Централна Европа нотираше неколку исклучително значајни моменти кои сигурно ќе мора да го свртат вниманието на ЕУ и на ...

Енергетскиот систем на Косово останува нестабилен

Утрински - 05.05.2008

Приштина - Енергетскиот систем на Косово продолжува да е нестабилен и покрај милионите евра што локалните власти ги трошат во него и со тоа создава пречки за развојот на приватниот сектор во областа, се наведува во извештајот на Програмата на ОН за развој, цитирана од грчката агенција АНА-МПА.

Косовска сенка врз Охрид

Дневник - 05.05.2008

Македонија нема финален став за независноста на Косово, рече претседателот Бранко Црвенковски, а високи функционери велат дека зад оваа изјава нема разногласие во политичкиот врв за тоа прашање Косово се наметна како главна тема на 15.

„Зери“: УНМИК останува во Косово, но главната улога ќе ја имаат ЕУ, САД и КФОР

Канал5 - 05.05.2008

Мисијата на Обединетите нации ќе остане во Косово и по 15 јуни по стапувањето на сила на Уставот, но без сегашните овластувања, бидејќи главната улога ќе ја преземе Меѓународната цивилна канцеларија предводена од Питер Фејт, мисијата на Европската унија со овластувања во секторот на полицијата и ...

Изборите не влијаат врз демаркацијата, нова средба в петок

Макфакс - 05.05.2008

Приштина Предизборната кампања во Македонија нема да влијание врз работата на заедничката комисија за демаркација на границата помеѓу Косово и Македонија. Ова денеска за приштинскиот весник „Зери“ го изјави копредседавачот на косовската група за демаркација, Бесим Чолаку, и шеф на кабинет на ...

Русија, Кина и Индија бараат нови преговори за Косово

Макфакс - 05.05.2008

Москва Две од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН; Кина и Русија, како и Индија бараат обновување на преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. Ова денеска го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по трилатералната средба во Единбург со министрите за ...

На Косово пристигнаа 200 британски војници

Макфакс - 05.05.2008

Приштина Двесте британски војници од резервниот состав на НАТО пристигнаа на Косово, јавуваат денеска електронските медиуми во Приштина. Нивна задача е да помогнат во одржувањето на безбедноста на Косово во пресрет на 15. јуни, кога на сила треба да стапи Уставот на Косово и кога косовските ...