TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Приватните електронски медиуми утре штрајкуваат?

Макфакс - 09.10.2005

Скопје Асоцијацијата на Приватни Електронски медиуми на Македонија (АПЕММ), во понеделник треба да ги продолжи преговорите со претставници на министерството за транспорт. Од исходот на преговорите ќе зависи одржувањето на најавениот предупредувачки штрајк на приватните радио и телевизиски станици ...

АПЕММ му ги посочи на Бучковски забелешките за законот

А1 - 08.10.2005

Претставниците на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми денеска лично на премиерот Бучковски му ги кажаа клучните забелешки во предложениот закон за радиодифузија, кој не го решава хаосот во медиумскиот бизнис. На состанокот не присуствуваа претставници на телевизиите Канал 5, Сител и Телма.

Во понеделник навечер нема телевизија

Вест - 08.10.2005

ПРИВАТНИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ МЕДИУМИ ЌЕ ШТРАЈКУВААТ Приватните телевизии во понеделник ќе одржат предупредувачки штрајк со прекин на телевизиската програма во перидот од 17 до 22 часот, најавија вчера од Асоцијацијата на приватните електронски медиуми (АПЕММ).

Приватните телевизии в понеделник ќе штрајкуваат со прекин на програмата

Утрински - 08.10.2005

ПРОТЕСТ Приватните телевизии в понеделник ќе одржат предупредувачки штрајк со прекин на програмата. Ова го соопшти Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија-АПЕММ, од каде што инфромираат дека поголемите национални телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5 и Телма, ќе ја прекинат ...

Штрајк на приватните телевизии и радија в понеделник

А1 - 07.10.2005

В понеделник, сите приватни телевизии и радија ќе штрајкуваат. Тоа ќе биде предупредување до власта, која останува глува на забелешките што тие ги имаат за новиот закон за радиодифузија. Одлуката за штрајкот е донесена денеска, од асоцијацијата на приватни електронски медиуми.

Штрајк на приватните медиуми - членки на АПЕММ

Канал5 - 07.10.2005

Приватните електронски медиуми членки на АПЕММ в понеделник од 17 до 22 часот ќе ја прекинат програмата. Приватните електронски медиуми членки на АПЕММ в понеделник од 17 до 22 часот ќе ја прекинат програмата. Одлуката за предупредувачки штрајк ја донесоа членовите на Управниот одбор на ...

Кабелските оператори демантираат дека затајуваат ДДВ

А1 - 06.10.2005

Кабелските оператори тврдат - дека ги плаќаат редовно даноците и давачките кон државата. Нивното здружение го демантира директорот на АПЕММ, Виктор Гроздановски, кој ги обвини дека затајуваат ДДВ и оти државата нема увид во вкупниот број на претплатници на кабелските телевизии.

Виктор Грозданов: Кабелските телевизии затајуваат данок

А1 - 05.10.2005

Кабелските телевизии затајуваат данок, тврдат во АПЕММ. Државата нема увид за точниот број претплатници на кабелските оператори. Поради неплатен ДДВ државата годишно губи милиони евра. Ова го тврди Виктор Грозданов, извршен директор на АПЕММ.

Приватните телевизии и операторите заедно против пиратеријата

Макфакс - 05.10.2005

(Утрински весник) – понеделник, 03.10.2005 Стивнува војната меѓу АПЕММ и кабелските оператори околу (не)легалноста на програмите ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Медиумската војна меѓу националните телевизии и кабелските оператори околу нелегалната конкуренција не е во интерес на граѓаните.

Советот за радиодифузија ќе ги смирува телевизиите и кабелските оператори

Макфакс - 04.10.2005

Скопје Советот за радиодифузија најави дека ќе ги повика националните телевизии и кабелските оператори на средба за мирно надминување на проблемот, со што се надева дека нема до дојде до најавеното исклучување на телевизиите А1 и Канал 5 од програмските пакети на кабелските оператори.

ХТВ1 ќе го смени Советот за радиодифузија?

Вест - 03.10.2005

АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРИВАТНИ ТЕЛЕВИЗИИ РАБОТИ НА ИЗБОР НА НОВИ СОВЕТНИЦИ Советот за радиодифузија ќе организира јавна расправа да докаже дека реемитувањето на ХТВ1 во земјава е легално, бидејќи се плаши дека Асоцијацијата на приватните електронски медиуми (АПЕММ) ќе успее да го искористи наметнатиот ...

Приватните телевизии и операторите заедно против пиратеријата

Утрински - 03.10.2005

Стивнува војната меѓу АПЕММ и кабелските оператори околу (не)легалноста на програмите ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Медиумската војна меѓу националните телевизии и кабелските оператори околу нелегалната конкуренција не е во интерес на граѓаните.