TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вечерва Црвенковски на „Пела“, Кедев пред „Бисер“

А1 - 25.04.2004

Двајцата кандидати за претседател на Република Македонија, ги завршија обиколките по населените места во внатрешноста на државата, и во последните два дена до изборниот молк, приоритет во нивните кампањи ќе биде да го придобијат гласот на граѓаните на Скопје.

Течат последните денови од изборната кампања

А1 - 24.04.2004

Двајцата кандидати за претседател на Република Македонија од најголемите партии во власта и од опозицијата, овој викенд ги „трошат“ последните денови од своите предизборни кампањи, со намера да ги убедат гласачите да излезат на вториот круг од вонредните избори, закажан за в среда, 28 април, и да ...

Кедев на средба со граѓаните од скопските населби

А1 - 24.04.2004

Дружба со граѓаните во неколку скопски општини мал одмор во меѓувреме во некое скопска кафуле па мини митинг. Вака изгледаше денешната агенда на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. Тој денеска оствари средба со жителите на Радишани, Чаир, Бутел, Железара и Маџари.

Лига за демократија: Гласот за Кедев посигурно уривање на СДСМ

Вест - 24.04.2004

Лигата за демократија ги повикува нејзините членови и симпатизери да излезат на избори и да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев, бидејќи, според нив, "тоа е посигурниот и поефикасниот начин за уривање на СДСМ". Повикот на Лигата за демократија следува откако констатирале, како што велат ...

ЛДП: Награда за тој што ќе ја каже платформата на Кедев

Вест - 24.04.2004

Либерал-демократите ќе му дадат награда на оној граѓанин што ќе отиде кај нив и ќе им каже која му е изборната програма и политичката платформа на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. Пратеникот од ЛДП Андреј Жерновски на вчерашниот прес не откри што ќе биде наградата.

"Третиот пат" поддржува апстиненција во вториот изборен круг

Вест - 24.04.2004

Коалицијата "третиот пат" го поддржа правото на граѓаните да не се согласуваат со политиката на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и "да не поддржат ниту еден од претседателските кандидати" во вториот круг на претседателските избори. "Доколку граѓаните не излезат на гласање во вториот изборен круг, слободно ќе ја ...

Кедев: Вашингтон и Брисел нема да ни избираат претседател

Утрински - 24.04.2004

Митинг на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар Самоиловска-Цветанова го повика Црвенковски јавно да каже каков е договорот со ДУИ и колкава е цената што треба да ја плати Македонија "Република Македонија има иднина, таа ќе остане унитарна држава со сегашниот територијален интегритет, ...

Кедев им порача на младите луѓе повеќе да читаат

Утрински - 24.04.2004

САЕМ "Се надевам дека ќе дадам скромен придонес во реафирмирањето и потврдувањето на читањето, како еден од основните образовни начини на младите и на сите граѓани. Треба да го вратиме читањето, како еден од основните и културни експресии", запиша вчера претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Сакам да бидам претседател на сите и за сите

Дневник - 24.04.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, КАНДИДАТ НА СДСМ Ќе се гордеам ако зад мојот избор застанат и граѓаните Албанци, бидејќи тоа на најдобар начин ќе покаже дека припадниците на сите етнички заедници активно учествуваат во изборот на претседателот на Македонија Претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко ...

Претседател не се избира во Брисел и во Вашингтон

Дневник - 24.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ГОСТИВАР Идниот претседател нема да се избира во Брисел или во Вашингтон, туку во Македонија, порача Сашко Кедев, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на прексиноќешниот митинг во Гостивар. Тој рече дека граѓаните треба добро да размислат за кого ќе гласат, бидејќи крајната одлука ...

Мора да се обединиме против диктатурата

Дневник - 24.04.2004

САШКО КЕДЕВ, КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ Македонскиот народот во вториот круг ќе ги осуди пазарењата со виталните национални интереси, а Албанците бараат принципиелен и искрен претседател, кој ќе им нуди рамноправност и еднаквост Со кандидатот на опозицијата Сашко Кедев, чиј резултат по првиот изборен ...

Кедев во посета на населбите Ѓорче Петрoв и Дексион

А1 - 23.04.2004

Претседателскиот кандидат Сашко Кедев, на средбите кои попладнево ги имаше со жителите на општината Ѓорче Петров, ги повика уште еднаш помасовно да излезат на изборите во вториот круг. Ниту апстиненција, ниту бојкот, рече Кедев, не е во интерес за нас, за оние што се одлучени да ја исправат ...

СДСМ: Кедев води деструктивна кампања

Вест - 23.04.2004

Социјалдемократскиот сојуз смета дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателскиот кандидат Сашко Кедев водат деструктивна кампања. " Иако ВМРО-ДПМНЕ и Кедев се залагаат и повикуваат на гласање, нивната кампања е деструктивна и не може да ги анимира граѓаните да излезат на гласање, рече Борис ...

ВМРО-ДПМНЕ како да избира претседател на партија

Време - 23.04.2004

СДСМ ОЦЕНУВА ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Сашко Кедев водат кампања како да се избира лидер на партија, а не претседател на државата, кој треба да се издигне над теснопартиските интереси. Со негативната кампања што ја водат тие покажуваат дека немаат ниту програма, ниту визија за ...

Кој ќе биде претседател, а кој е готов

Време - 23.04.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ВО РАДОВИШ, КЕДЕВ ВО ГЕВГЕЛИЈА - На 28 април ќе видиме кој ќе биде претседател, а кој ќе биде готов - рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, на митингот во Радовиш. - На 28 април сите граѓани, 400-те илјади невработени, пензионерите што го дадоа својот живот за ...

Кедев предупреди на нов изборен фалсификат

Утрински - 23.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево ,Струга, Луково, Дебар и Маврово Неизлегувањето на избори може да биде злоупотребено во корист на мојот противкандидат, им рече Сашко Кедев на средбата со стружани Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера при посетата на Струга, ...

СДСМ прогнозира добар одѕив

Утрински - 23.04.2004

АНКЕТИ Анкетите на СДСМ покажуваат дека во вториот круг ќе има поголем одѕив отколку во првиот круг од гласањето на претседателските избори, но тоа не го искажуваат во бројки. Партискиот портпарол Борис Кондарко вчера рече дека нивниот кандидат Црвенковски досега имал непосредни контакти со над 35 ...

Кедев повика на обединување како последна шанса

Дневник - 23.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА, КИЧЕВО, ДЕБАР И ВО СТРУГА Нашиот политички противник е подготвен на фалсификат и се обиде да го направи, рече кандидатот на најголемата опозициска партија За националните и за државните интереси не смее да преговараме, туку да се обединиме бидејќи без тоа ја губиме ...

Кедев: „Претседателот не треба да биде предмет на пазарење“

А1 - 22.04.2004

„Имам најави за фалсификување на претседателските избори во овој регион, затоа ве повикувам да излезете на гласање и да го документирате тоа со снимени докази“, ова денеска на Стружани им го порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.

СДСМ повикува на масовен одзив во вториот круг

А1 - 22.04.2004

Кампањата на претседателскиот кандидат Црвенковски е насочена кон тоа дека Македонија треба да избере претседател, бидејќи во спротивно може да биде предизвикан застој во демократските процеси и во спроведување на реформите, рече денеска партискиот портпарол Борис Кондарко.

Министрите од СДСМ ќе ја добијат целата априлска плата

Време - 22.04.2004

И ПОКРАЈ АНГАЖМАНОТ ВО КАМПАЊАТА Министрите што беа вклучени во кампањата на претседателските кандидати од македонските граѓани ќе добијат цела плата за април, како да биле на работа. Според нивниот ангажман месецов, би било пологично партиските штабови да им надоместат за работата на изборите.

Кедев: СДСМ ги подели Македонците и Албанците

Утрински - 22.04.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Гевгелиско-валандовскиот регион ГЕВГЕЛИЈА - Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ,Сашко Кедев, вчера престојуваше во Гевгелиско-валандовскиот регион остварувајќи повеќе средби со граѓаните од југот на земјата.

Нема прекувремено, особено за обезбедувачите на Кедев

Дневник - 22.04.2004

ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ ВО ОДБРАНАТА И ВО ЕСМ Неколку припадници на Воената полиција на АРМ можеби ќе добијат отказ бидејќи обезбедувале претседателски кандидат, изјави вчера Марјан Ѓуровски, портпарол во Министерството за одбрана. Станува збор за полицајци што учествувале во обезбедување на ...

Кедев смета дека само масовен одѕив ќе спречи фалсификат

Дневник - 22.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВО ВАЛАНДОВО И ВО ВИНИЦА Треба да се застане на патот на пазарењата со државните интереси што ги врши СДСМ да ги добие албанските гласови, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Изборниот фалсификат што го спрема СДСМ може да биде спречен со масовно гласање на 28 април, порача Сашко Кедев, ...

Кедев ќе настапи без поддршка од ДПА

А1 - 21.04.2004

Претседатеслкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Сашко Кедев во вториот круг од изборите ќе настапи без конкретна поддршка од албанските политички партии, односно без нивниот поранешен коалиционен партнер ДПА. Битката за добивање на албанските гласови ВМРО ДПМНЕ ќе ја бие сама.

Кедев на валандовчани им вети укинување на субвенциите

А1 - 21.04.2004

Се соочуваме со големи проблеми во откупот на пласманот на земјоделските производи од кои егзистираме, му се пожалија денеска на претседателскиот кандидат Сашко Кедев граѓаните на Валандово. Од како ги ислуша тој им вети подобар пласман и враќање на укинатите субвенции, бидејќи ако државата не води ...

На гласачкото ливче прв Црвенковски, втор Кедев

Утрински - 21.04.2004

Почна печатењето на втората тура гласачки ливчиња На гласачките ливчиња кои ќе ги добијат избирачите во идната среда, на 28 април кога ќе се одржи вториот круг од вонредните претседателски избори, под реден број еден ќе биде запишано името на Бранко Црвенковски, претендент на коалицијата ?За ...

Кедев обвинува дека постои заговор за промена на Уставот

Утрински - 21.04.2004

Претседателскиот кандидат во посета на Велес, Свети Николе и на Штип Нашите политички конкуренти со своите коалициски партнери се подготвени на секакви отстапки за да успеат на овие избори ВЕЛЕС - Владата и премиерот имаат обврска да обезбедат фер и демократски избори, истакна во Велес, ...

Кедев го обвини кандидатот на СДСМ за трговија со албанските гласови

Дневник - 21.04.2004

ВЧЕРА ВО ВЕЛЕС Бранко Црвенковски се пазари со државните интереси за да ги добие албанските гласови, изјави вчера претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, на средбата со граѓаните на Велес. - Таквиот пазар е на штета и на Македонците и на Албанците.

Кедев повика на масовен одзив во вториот круг

А1 - 20.04.2004

Средба со новинарите, средба со партиското членство, прошетка во центарот на Велес и средби лице во лице со гласачите, на крајот муабет во едно кафуле, вака изгледаше денешната агенда на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев во 3 часовниот престој во Велес како дел од кампањата на ...

Кедев и просјачка

Вест - 20.04.2004

Претседателскиот кандидат на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП Сашко Кедев, вчера, во рамките на предизборната кампања, се сретна со група студенти и претставници на сојузи на студенти во кафе-барот "Дали". Додека пиеше кафе и разговараше за студентските проблеми, на Кедев му пријде една сиромашна ...

Да се прекине со апсолутизмот на СДСМ

Време - 20.04.2004

КЕДЕВ СЕ СРЕТНА СО ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СО СТУДЕНТИ Треба да се прекине апсолутистичката диктатура на СДСМ, им порача претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера во Скопје на отпуштените работници од повеќе јавни претпријатија и на студентите.

Партиите сеат страв за да жнеат гласови

Време - 20.04.2004

АНАЛИТИЧАРИТЕ ОЦЕНУВААТ Диана Младеновска Пропагандните машинерии на двата главни политички табори, лобирајќи за што поголем одѕив, упорно ги убедуваат граѓаните дека нивните гласови во вториот круг од претседателските избори ќе ја решат судбината на земјава.

ДПА не е за Кедев, туку за тивок бојкот?

Утрински - 20.04.2004

Меѓупартиските договори и пазарења за гласовите на Албанците на претседателските избори влегуваат во завршна фаза Демократската партија на Албанците нема да му даде поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, во вториот круг на претседателските избори и, најверојатно, ќе оди на опцијата ...

Кедев повика на референдум за ослободување од партиската диктатура

Утрински - 20.04.2004

Двајцата претседателски кандидати официјално ја почнаа кампањата за вториот круг од изборите Кедев вчера ја посети Општината Гази Баба, каде што разговараше со локалната власт, како и со повеќемина стечајни работници Жаклина Ѓорѓевиќ Двајцата претседателски кандидати од вчера и официјално ја почнаа ...

Кедев нема да се пазари за албански гласови

Дневник - 20.04.2004

ДПА УСЛОВУВА, НО... Зуди Џелили попусто му ги нуди гласовите на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во замена за потпретседателска функција Демократската партија на Албанците ќе го поддржи претседателскиот кандидат Сашко Кедев, ако ВМРО-ДПМНЕ се обврзе во прецизен рок да го спроведе рамковниот договор и ако ...

Кедев на средба со отпуштени работници и студенти

А1 - 19.04.2004

Претпладне, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Сашко Кедев, ја посети скопската општина Гази Баба. На средбата со градоначалникот и сопартиец на Кедев, Борче Стефановски, претседателскиот кандидат изјави дека е задоволен од одзивот на гласачите во оваа општина.

Црвенковски шета по пазари, Кедев се загрева на академии

Време - 19.04.2004

КАНДИДАТИТЕ ЈА ПРЕНАСОЧИЈА КАМПАЊАТА Александра М. Митевска Повеќе непосредни средби со граѓаните, а помалку митинзи е тактиката што за кампањата пред вториот изборен круг ја одбраа штабовите на двајцата кандидати, Бранко Црвенковски од СДСМ и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ.

Бранко и Кедев се бракаат по кафеани

Вест - 19.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ И двајцата кандидати викендов беа меѓу народот - Црвенковски на неколку скопски пазарчиња и во кафеаната "Змија", а речиси истовремено Кедев во Ирскиот паб Бранко Црвенковски, претседателски кандидат на коалицијата "Заедно" со скопска шема со шетање по кафаните викендов ја ...

Победниците ги бараат албанските гласови

Утрински - 19.04.2004

По кратко затишје и анализи на резултатите, почнува втората рунда од претседателската кампањаЧ Викендов почна втората рунда од претседателската кампања во која, судејќи според резултатите од првиот круг, решавачкиот глас ќе го даде албанското население.

Трката за претседател на државата почнува од почеток

Утрински - 19.04.2004

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од првиот круг на гласањето Острени и Џелили отпаѓаат, во вториот круг продолжуваат Црвенковски и Кедев Соња Крамарска Во првиот круг од претседателските избори гласале 935.372 избирачи или 55,18 проценти од вкупно запишаните гласачи во ...

Кедев си постави цел да обезбеди 160.000 нови гласови

Дневник - 19.04.2004

ЗА ВТОРИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ повикува на што поголем одѕив на гласачите Сашко Кедев, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека за победа во вториот изборен круг ќе му биде доволно да освои уште 160.000 гласови.