TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Филипини: Не е позната одлуката на Европскиот совет на министри за визите

Канал5 - 16.11.2008

Не знаеме со сигурност каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на министри, кој во декември треба да донесе одлука дали на земјава треба да и бидат укинати визите од страна на Европската Унија. Подобро е да чекаме отколку да шпекулираме за можниот исход, со воздржаност одговара холандската амбасадорка Симоне Филипини на последните информации од Брисел дека е можно одлагање на укинувањето на ...

МНР:Македонија не може да влијае врз процедурите во ЕУ

Вест - 15.11.2008

Не може и рано е да се шпекулира со датуми за укинување на визите за македонските граѓани, велат од Мисијата на ЕУ во Скопје, како одговор на пишувањата на некои медиуми дека процесот на визна либерализација ќе се пролонгира за 2010 година, наместо за средината на 2009, како што беше најавувано. "Не шпекулираме со датуми.

Македонија нема да добие безвизен режим во 2009-та

Алфа - 15.11.2008

Европската комисија најави, но денеска не го објави првичниот извештај за остварените реформи неопходни за Македонија да добие визна либерализација. Од мисијата на Европската унија во Скопје велат дека извештајот можеби ќе се објави до крајот на месецов.

Молк околу визите во Брисел

Утрински - 14.11.2008

Германија изјави дека не треба да се најавуваат датуми за укинување на визите. Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Европската комисија се' уште не излегува со став околу укинувањето на визниот режим за земјите од Западен Балкан и, според последните информации, извештајот што требаше да биде подготвен неделава се работи и натаму и сега се најавува за крајот на ноември.

Продолжува неизвесноста околу укинувањето на визите за Македонија

Канал5 - 14.11.2008

Неизвесноста околу укинувањето на визите за 2009 за Македонија продолжува. Оценките за напредокот на кандидатите за визна либерализација се одложуваат до крајот на овој месец и тие нема да бидат достапни за јавноста. Оценките за сработеното ќе им бидат директно презентирани за земјите членки на ЕУ каде и лежи конечната одлука за укинувањето.

„Визниот режим е резултат на 17 годишната нестабилност на Балканот“

Канал5 - 13.11.2008

Визниот режим е резултат на 17 годишната нестабилност на Балканот. Во Европската Унија постои политичка волја да се надмине оваа бариера, но во моментот кога ќе ги укинеме визите, мораме да бидеме сигурни дека од другата страна на границата имаме доверлив партнер – порача Патрик Пакет, политички советник во канцеларијата на ЕУ во земјава.

Македонија ги има исполнето сите критериуми за укинување на визите

Вест - 11.11.2008

Македонија ги има исполнето повеќето од барањата утврдени со патоказот кој Европската унија и го постави со цел укинување на визите, е заклучокот од извештајот подготвен од македонскиот Центар за истражување и креирање политики. Според овој извештај, сите критериуми, од технички аспект, се завршени, единствено е потребно подобрување на административните капацитети, како и во точно утврден рок да ...