TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови преговори меѓу ЕУ и Русија

Време - 15.11.2008

Францускиот град Ница вчера беше домаќин на самитот на Европска унија и Русија, средба која редовно се одржува од 1999 година, вообичаено на секои два години. На вчерашната средба на високо ниво, ЕУ официјално објави дека ги обновува преговорите за нова спогодба за стратегиска соработка со Москва, кои беа замрзнати кон крајот на летото поради руско-грузиската криза.

ЕУ и Русија ќе ги обноват преговорите на 2 декември, потврди ЕК

Алфа - 15.11.2008

Европската унија и Русија на 2 декември ќе ги обноват на 1 септември прекинатите преговори за склучување на нова спогодба за стратегиско партнерство меѓу нив, потврди вчера Кристијане Хоман, портпаролка на европскиот комесар за надворешни односи и европската политика на добрососедство Бенита Фереро-Валднер, пренесе Франс прес.

ЕУ и Русија ќе ги обноват преговорите на 2 декември, потврди ЕК

Канал5 - 15.11.2008

Ница, 15 ноември (МИА) - Европскиата унија и Русија на 2 декември ќе ги обноват на 1 септември прекинатите преговори за склучување на нова спогодба за стратегиско партнерство меѓу нив, потврди вчера Кристијане Хоман, портпаролка на европскиот комесар за надворешни односи и европската политика на добрососедство Бенита Фереро-Валднер, пренесе Франс прес.

Ница: Состанок на лидерите на ЕУ и рускиот претседател Медведев

Р.С.Европа - 14.11.2008

Рускиот претседател Дмитри Медведев и лидерите на Европската унија денеска во Ница одржуваат состанок што е фокусиран врз обновувањето на разговорите за договорот за партнерство меѓу двете страни. Во почетокот на неделава Унијата се согласи да ги продолжи овие разговори кои ги прекина откако Русија воено интервенираше во Грузија во август годинава.

САД и Русија преговараат за нуклеарното вооружување

Алсат-М - 14.11.2008

САД и Русија во Женева започнаа едно неделни преговори за новата верзија на Спогодбата за намалување на стратешкото вооружување. Досегашниот договор истекува на 5 декември наредната година. Преговорите ги водат претставници на бившите советски републики Белорусија, Казахстан и Украина, од каде што беше повлечено руското нуклеарно оружје врз основа на СТАРТ, наведе неименуван руски претставник.

Во Ница самит ЕУ-Русија

Канал5 - 14.11.2008

Ница, 14 ноември (МИА) - Францускиот град Ница денеска е домаќин на самитот Европска унија - Русија, средба кои редовно се одржува од 1999 година, вообичаено на секои два години. Традиционално летниот самит се одржува во руски град или летувалиште, а есенко-зимскиот во град на земјата, која е актуелниот претседавач на Унијата.

Ница домаќин на самитот ЕУ-Русија

Кирилица - 14.11.2008

На денешната средба на високо ниво ЕУ ќе објави дека ги обновува преговорите за нова спогодба за стратешка соработка со Москва, кои беа замрзнати кон крајот на летото, поради руско-грузиската криза. Преговорите, всушност трбаше да почнат уште во ноември 2006 година, но тогаш тие беа забавени од Полска, која им стави вето поради руската забрана за увоз на полско месо.

Фереро-Валднер: Европската Унијата има намера да развива активна енергетска соработка со Русија

Кирилица - 14.11.2008

- Рускиот извоз за земјите од ЕУ од своја страна придонесува пред се за економскиот пораст на Русија. Унијата има намера да развива активна енергетска соработка со Русија, согласно принципите на транспарентнот, взаемност и недискриминација, објасни Валднер.

ЕУ ќе преговара со Русија за стратешко партнерство

Канал5 - 14.11.2008

Меѓусебната зависноста на Европската Унија и Русија по низа глобални прашања, го доби очекуваниот исход. Решеноста да не се изолира Москва, изложена и од традиционалните критичари на Кремљ, само беше формализирана на самитот во Ница. По неколкумесечните замрзнати односи со Москва по конфликтот на Кавказот во август, Унијата соопшти дека ги обновува преговорите за партнерство со Русија.

Москва - Ница - Вашингтон

Нетпрес - 14.11.2008

Денешната средба на врвот ЕУ - Русија во францускиот град Ница може да биде историска, пишува рускиот весник “Газета“. Историска за домаќинот, францускиот претседател Никола Саркози, кој ја превзема улогата на главен посредник за подобрување на односите меѓу Евроската унија и Русија.

Преговори за вооружување на САД и Русија

Макфакс - 14.11.2008

Преговорите на САД и Русија за новата верзија на Спогодбата за намалување на стратешкото вооружување, што истекува на 5 декември наредната година, започнаа во Женева и ќе траат една недела. Преговорите ги водат претставници на бившите советски републики Белорусија, Казастан и Украина, од каде што беше повлечено руското нуклеарно оружје врз основа на СТАРТ, наведе неименуван руски претставник.

САД и Русија почнуваат преговори за стратешкото вооружување

А1 - 13.11.2008

САД и Русија почнуваат денеска преговори за нов договор кој ќе го замени Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ-1). Преговорите ќе се одржат во дипломатските претставништва на САД и Русија во Женева и ќе траат до 21 ноември.

Женева: Русија и САД почнуваат преговори за нова спогодба за намалување на вооружувањето

Р.С.Европа - 13.11.2008

Денеска во Женева претставници на САД и на Русија ги почнуваат преговорите за нова спогодба за намалување на вооружувањето, затоа што сегашната спогодба СТАРТ истекува кон крајот на идната година. Двете земји, благодарејќи на оваа спогодба, склучена во 1991-та година, значително ги намалија своите арсенали на нуклеарно ...

САД и Русија почнуваат преговори за стратешкото вооружување

Алфа - 13.11.2008

САД и Русија почнуваат денеска преговори за нов договор кој ќе го замени Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ-1). Преговорите ќе се одржат во дипломатските претставништва на САД и Русија во Женева и ќе траат до 21 ноември. Договорот СТАРТ-1 беше потпишан во 1991 година меѓу претседателите на СССР и САД, Михаил Горбачов и Џорџ Буш.

САД и Русија почнуваат преговори за стратешкото вооружување

Канал5 - 13.11.2008

Женева, 13 ноември (МИА) - САД и Русија почнуваат денеска преговори за нов договор кој ќе го замени Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ-1). Преговорите ќе се одржат во дипломатските претставништва на САД и Русија во Женева и ќе траат до 21 ноември.

САД и Русија почнуваат преговори за стратешкото вооружување

Кирилица - 13.11.2008

САД и Русија почнуваат денеска преговори за нов договор кој ќе го замени Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ-1). Преговорите ќе се одржат во дипломатските претставништва на САД и Русија во Женева и ќе траат до 21 ноември.

Преговори за рамковен договор меѓу ЕУ и Либија

Кирилица - 13.11.2008

Европската унија и Либија денеска официјално почнуваат преговори за склучување рамковен договор, со цел да бидат зајакнати меѓусебните односи согласно преземените ангажмани при минатогодишното ослободување на шестмината бугарски лекари, кои беа затворени во северноафриканската држава повеќе од осум години.

Финансиите и енергетиката ќе доминираат на средбата ЕУ- Русија

Нетпрес - 13.11.2008

Глобалната финансиска криза и енергетиката се очекува да доминираат утре на средбата меѓу ЕУ и Русија, при што за миг проблемите со Грузија се оставени во заден план, коментира Ројтерс. Средбата во Ница следува откако земјите од ЕУ постигнаа спогодба во понеделникот да бидат обновени преговорите за стратешко партнерство со Русија, кои што беа замрзнати по руската воена операција во Грузија во ...

Брисел ќе ги обнови преговорите со Москва

Време - 12.11.2008

Европската унија соопшти дека ќе ги обнови преговорите за стратегиски договор со Русија, кои беа замрзнати по војната во Грузија. Францускиот министер за надворешни работи, Бернар Кушнер, нагласи дека сите земји-членки на ЕУ со исклучок на една - Литванија - се согласни преговорите со Русија да бидат обновени.

ЕУ ги продолжи разговорите за партнерство со Русија

Утрински - 12.11.2008

ЕУ ги продолжи разговорите за партнерство со Русија. БРИСЕЛ - Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ одлучија да се продолжат разговорите за партнерство со Русија, и покрај неуспехот да се постигне едногласен компромис. Литванија, поранешна советска република, остана неубедена, наведувајќи дека одлуката е „грешка“.

ЕУ повторно сака да разговара со Русија

Н.Македонија - 12.11.2008

Европската Унија одлучи да ги обнови преговорите за стратегиски договор со Русија што привремено ги замрзна по августовската минивојна меѓу Русија и Грузија. И покрај противењето на Литванија, министрите за надворешни работи на ЕУ одлучиле дека Брисел треба повторно да преговара со Москва, јави АФП.

Грузија ќе биде принудена да направи компромис за стабилна иднина на Кавказ

Кирилица - 12.11.2008

Според него, не е помалку важна и промената на светската конјуктура - се забележува затоплување на односите меѓу САД и Русија, Барак Обама е подготвен да се сретне со Дмитриј Медведев. Истовремено лидерите на ЕУ сакаат да продолжат со дијалогот со Русија..

ЕУ ќе ги продолжи преговорите со Русија

Форум - 11.11.2008

Еден месец по повлекувањето на руските трупи од чисто грузиска територија, ЕУ реши да го обнови дијалогот со Москва. Министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ, со исклучок на Литванија, на средбата во Брисел се искажаа за продолжување на привремено замрзнатите преговори за склучување нова спогодба за партнерство со Русија.

ЕУ подготвена да ги обнови преговорите за партнерство со Русија

Алсат-М - 11.11.2008

Европската комисија соопшти дека е подготвена да ги обнови преговорите за засилено партнерство со Русија, но не одреди точен датум за тоа. „Време е да ги обновиме преговорите кои беа замрзнати од страна на Европската унија на 1. септември, по руско-грузискиот конфликт“, изјави вчера еврокомесарот за надворешна политика Бенита Фереро-Валднер.

Русија нема да направи никакви отстапки на ЕУ за Грузија

Канал5 - 11.11.2008

Москва, 10 ноември (МИА) - Русија нема да направи никаква отстапка на Европската унија за Грузија, изјави денеска рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чижов. - Не може да стане збор за какви и да било отстапки, рече Чижов на прес-конференција, пренесувана преку видео-конференциска врска од Брисел во Москва.

ЕУ подготвена да ги обнови преговорите за партнерство со Русија

Макфакс - 11.11.2008

Европската комисија(ЕК) соопшти дека е подготвена да ги обнови преговорите за засилено партнерство со Русија, но не одреди точен датум за тоа. „Време е да ги обновиме преговорите кои беа замрзнати од страна на Европската унија на 1. септември, по руско-грузискиот конфликт“, изјави вчера еврокомесарот за надворешна политика Бенита Фереро-Валднер.

Брисел: Европската Унија расправа за продолжување на преговорите со Русија

Р.С.Европа - 10.11.2008

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, денеска во Брисел расправаат за можноста од продолжување на преговорите за партнерство со Русија. Овие преговори беа замрзнати по руско – грузискиот конфликт во август годинава.

Русија нема да направи никакви отстапки на ЕУ за Грузија

Алсат-М - 10.11.2008

Русија нема да направи никаква отстапка на Европската унија за Грузија, изјави денеска рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чижов. „Не може да стане збор за какви и да било отстапки“ рече Чижов на прес-конференција, пренесувана преку видео-конференциска врска од Брисел во Москва.

Русија нема да направи никакви отстапки на ЕУ за Грузија

Кирилица - 10.11.2008

- Литванија и Полска имаат слична позиција со Грузија и сметаат дека присуството на руски војници во Јужна Осетија и Абхазија не одговара на повлекувањето на позициите од пред 7 август. Тоа меѓутоа не е така. Сите точки од договорот меѓу Медведев и Саркоци се испочитувани, изјави рускиот постојан претставник во ЕУ.