„Не беше намерно и не знаев за проблемот со името“, изјави денеска теренскиот командант на првата мисија предводена од Европската унија, генерал Пјер Марал, поправајќи се за првата изјава што ја даде по пристигнувањето во Скопје минатиот понеделник, кога рече дека пристигнал во „оваа земја“, ...
„Не верувам дека ќе има проблеми по преземањето на мисијата од НАТО во Македонија“, вели високиот претставник на Европската унија, Хавиер Солана, во интервјуто за денешен „Дневник“. Солана в понеделник заедно со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, ќе присуствува на официјалното завршување ...
Интеревју - Хавиер Солана,Висок европски претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, в понеделник заедно со генералниот секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон, ќе допатува во Скопје на ...
ЕВРОСИЛИТЕ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ДЕБИТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА Ако дојде до проблеми, ЕУФОР може да смета на НАТО, кој останува во заднината, вели воен претставник на Алијансата, кој не стравува од "пролетна офанзива" Мисијата на Европската Унија во Македонија "Конкордија" не стравува од пролетна офанзива во ...
Македонските пратеници вчера со консензус го усвоија Законот за ратификација на СОФА договорот помеѓу Европската унија и Македонија, со кој се регулира престојот на евросилите во државата, кои на 31 март ќе ја преземат мисијата од НАТО "Сојузничка хармонија".
ИЗЈАВИ Скопје - Мисијата на ЕУ, што ќе стартува во Македонија од понеделник, ќе биде предводена од Франција, а во неа ќе партиципираат 27 земји, соопшти на вчерашната прес-конференција портпаролката Ирена Ѓузелова. Деталите околу примопредавањето сў уште не се познати, освен дека претставниците ...
Замена на воените мисии во МакедонијаЕвросилите стапуваат на сценаДефинитивно е договорено од крајот на март мисијата "Сојузничка хармонија" да ја преземат евросилите Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија минатата недела и формално се договорија од 31 март да ја ...
СОБРАНИЕ По оваа, Македонија нема да има потреба од присуство на странски воени мисии, смета министерката за надворешни работи Илинка Митрева Собранието вчера со акламација го ратификува договорот меѓу Македонија и Европската Унија за статусот на силите што на 31-ви овој месец треба да ја заменат ...
Коментар - Жана П. Божиновска Македонија, конечно, постигна консензус. Пратениците во Собранието вчера со акламација го поддржаа договорот СОФА за статусот на силите предводени од ЕУ, кои ќе ја продолжат мисијата на НАТО во Македонија.
НАТО смета дека по завршувањето на мисијата „Слога“ предводена од ЕУ, во Македонија нема да има потреба од странско воено присуство. Мисијата на НАТО ќе претрпи измени по преземањето од евросилите. Брисел ќе го преиспита и бројот на војниците кои ќе останат во штабот во Скопје, од каде еден дел ќе ...
Собранието со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“, денеска го донесе Законот за ратификација на СОФА договорот помеѓу Европската унија и Македонија, со кој се регулира престојот на евросилите во земјава. Мисијата треба да започне на 31.
Средба на Црвенковски со командантот на евросилите, генерал Марал Мисијата на Европската унија во земјава ќе го означи крајот на кризата во Македонија и со тоа ќе се докаже дека превентивното дејствување е најмудриот начин за справување со кризни ситуации, оценија на вчерашната средба претседателот ...
Во пресрет на мисијата на ЕУ Скопје - Претседателот Борис Трајковски упати писмо до високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, во кое му се заблагодарува за неговото писмо од 20 март годинава, и потврдува дека тоа претставува основа за спроведување на ...
СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА НОВАТА МИСИЈА НА ЕУ Новата мисија на евросилите во Македонија, кои ќе ја заменат на 31 март, "Сојузничка хармонија", најверојатно ќе се вика "Конкордија" (Слога), дознава "Дневник" од дипломатски извори. Правната рамка за престојот на евросилите е решена со договорот СОФА, кој ...
„Конкордија“ или во превод „Слога“ ќе биде името на првата операција на евросилите кои ќе дебитираат во Македонија. Во мисијата засега најавиле учество 27 држави. Таа ќе брои околу 350 војници, поголемиот дел Французи. Мандатот ќе и` биде ист како задолженија на досегашната НАТО мисија „Сојузничка ...
За обезбедување ефикасност и успешност на мисијата на ЕУ како продолжување на НАТО мисијата „Сојузничка хармонија“ ќе се вложат максимални напори, е договорено на денешната средба на премиерот Црвенковски со генерал Пјер Марал, командант на евросилите во Македонија.
Мисија Скопје - Македонскиот претседател Борис Трајковски вчера го прими генерал Пјер Марал, командант на евросилите, кои на 31 овој месец од НАТО ќе ја преземат мировната мисија во земјава. "Претседателот Трајковски потврди дека го поздравува доаѓањето на евросилите.
ВОЕНА МИСИЈА Европската Унија го испрати францускиот генерал Пјер Марал да ја подготви мисијата на евросилите во Македонија пред официјалното примопредавање со НАТО, планирано за 31 март. Името на мисијата се уште не е утврдено, но утре пред пратениците во Парламентот ќе се најде договорот СОФА ...
„Преземањето на мисијата на НАТО од евросилите е уште еден доказ за поддршката што ЕУ и ја дава на Македонија за трајно стабилизирање на безбедноста во земјата,“ изјави претседателот Борис Трајковски на денешната средба со командантот на мисијата на ЕУ во земјата, францускиот генерал-мајор Пјер ...