TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Авганистан и Иран со помош за жртвите од ураганот „Катрина“

А1 - 04.09.2005

Авганистан ќе даде сто илјади долари за санирање на последиците од ураганот „Катрина“ во САД, соопшти денеска американската амбасада. Американскиот амбасадор Роналд Њуман се заблагодари на народот на Авганистан на церемонијата на која авганистански официјални претставници ја ветија помошта.

Насилство во прифатилиштата за жртви

Макфакс - 04.09.2005

Њу Орлеанс Луѓето кои останаа беа покрив на главата во налет на ураганот Катрина се сведоци на силувања, убиства и недисциплина меѓу чуварите во две прифатилишта во Њу Орлеанс, каде, како што пренесуваат светските агенции, владее насилство и терор.

Рик Пери: „Молете се за Тексас„

Макфакс - 04.09.2005

Вашингтон - Ураганот Рита, кој деновиве се формираше во Мексиканскиот залив,.изутрината со цела сила удри врз американскиот брег помеѓу Тексас и Луизијана, зафаќајќи подрачје од неколку стотици квадратни километри - јавуваат американските медиуми.

Буш презеде одговорност

Макфакс - 04.09.2005

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш презеде синоќа одговорност за пропустите на федералните власти во подрачјата што ги опустоши ураганот “Катрина“. “Катрина откри сериозни проблеми на сите нивоа на власт, до таа мерка што федералните власти не успеаа во целост да ја завршат работата како ...

Авганистан со помош за жртвите од ураганот

Макфакс - 04.09.2005

Кабул Авганистан ќе донира 100 илјади долари за санирање на последиците од ураганот катрин во Соединетите Американски Држави (САД), соопшти денеска американската Амбасада. Американскиот амбасадор Роналд Њуман му се заблагодари на народот на Авганистан на церемонија на која авганистански официјални ...

„Рита“ ја загуби силата за катастрофални штети

Макфакс - 04.09.2005

Вашингтон - Ураганот „Рита“, кој последниве денови беше најавуван како ураган со можни катастрофични последици за американските држави Тексас и Луизијана, половина ден по удирањето врз брегот и неговото ширење на копно ја загуби силата, и од можните пет, на скалата сега котира со најмалку опасната, ...

Хаос, очај и беззаконие во Њу Орлеанс

А1 - 03.09.2005

Од катастрофа до хаос, очај и беззаконие, драматичен апел за помош од Њу Орлеанс. Вака американскиот печат ја отсликува драматичната ситуација во Њу Орлеанс и на американскиот југ, речиси една недела по разорниот удар на ураганот Катрина.

Експлозии го тресат Њу Орлеанс

Вест - 03.09.2005

ЊУ ОРЛЕАНС, 3 септември (Би-Би-Си) - По течението на реката Мисисипи во градот Њу Орлеанс се случија серија големи експлозии кои предизвикаа пожари. Причината за експлозиите и големината на штетата уште не се познати, местата на несреќите ги обиколија полицајци со чамци.

Силувачи, снајперисти и сиромашни се тепаат во поплавениот град

Време - 03.09.2005

ПО УДАРОТ НА УРАГАНОТ КАТРИНА Во поплавената американска метропола Њу Орлеанс се води вистинска улична војна меѓу армијата и полицијата од една страна и ордите бандити што го ограбуваат градот, силуваат жени и пукаат врз се што се движи.

Њу Орлеанс во анархија - гардата има наредба да пука

Утрински - 03.09.2005

Градот на џезот се евакуира по катастрофалните поплави, помошта за настраданите е бавна Гувернерката на Луизијана предупреди дека Националната гарда има наредба да †пука и да убива" за да воспостави ред во градот ЊУ ОРЛЕАНС - Телата на загинатите во распаѓање можеа да се забележат насекаде низ ...

Мртви тела, глад, пукотници и хаос во Њу Орлеанс

Дневник - 03.09.2005

ПО НАЛЕТОТ НА УРАГАНОТ "КАТРИН" Полураспаднати мртви тела, пукотници, силна експлозија и целосен хаос вчера беа суровата реалност во Њу Орлеанс, уништен и поплавен од ураганот "Катрина". Градот прочуен по уличните свирки на црните џезери вчера прилегаше на "колевка на анархијата".

Фетс Домино спасен, но исчезнат

Дневник - 03.09.2005

ПО УРАГАНОТ ВО ЊУ ОРЛЕАНС Светски познатиот музичар Фетс Домино (77) бил спасен од Њу Орлеанс кусо по ударот на ураганот Катрина. Неговата ќерка Керен Домино Вајт видела дека татко и бил спасен од покривот на нивната куќа на една новинска фотографија снимена во понеделникот, но оттогаш не успеала ...

Ураганот „Рита“ ги зголемува цените на нафтата

Макфакс - 03.09.2005

Њујорк Ураганот „Рита“ е закана за американските нафтени постројки во Мексиканскиот залив и може да доведе до зголемување на цените на горивата. Може да се случи нафтените постројки што не ги зафати ураганот „Катрина“ да бидат разурнати од „Рита“, која што јужните делови на САД се очекува да ги ...

“Рита“ со оценка 5, ита кон Тексас

Макфакс - 03.09.2005

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш ја прогласи “Рита“ за државна опасност и отпатува за Тексас, каде ураганот се очекува да удри в сабота наутро. “Брегот на државата Тексас ќе биде погоден од катастрофален ураган и претседателот отиде за да се запознае со мерките што ги преземаат ...

Вашингтон: Фаст Домино спасен со чамец од поплавениот дом во Њу Орлеанс

Вечер Прес - 03.09.2005

Славниот пејач и рокенрол пијанист Фаст Домино се сметаше за исчезнат по минувањето на ураганот "Катрина" низ Њу Орлеанс, но беше утврдено дека тој се наоѓа во својот поплавен дом од каде што беше спасен со чамец, изјави неговата ќерка.

Со оружје по транспорт и храна!

Вечер Прес - 03.09.2005

Најмалку една силна експлозија одекна во Њу Орлеанс, а потоа избувнаа неколку пожари, во време кога властите се обидуваат да воспостават ред во опустошените подрачја, јавуваат американските медиуми. Според "Си-ен-ен", засега нема никакви информации за причините за експлозиите, а властите испратиле ...

Околу 300 војници од Ирак - помош за настраданите

Макфакс - 03.09.2005

Катар Околу 300 американски војници во Ирак и Авганистан ќе бидат вратени од САД, како помош за отстранување на последиците од ураганот Катрина, што изминативе денови ги зафати државите Луизијана и Мисисипи. “Во наредните две недели, во САД ќе бидат вратени 300 војници чии договори истекуваат за ...

Штетата од “Катрин“ над 100 милијарди долари

Макфакс - 03.09.2005

Вашингтон Штетата од ураганот “Катрин“ што неделава ги опустоши американски сојузни држави Луизијана и Мисисипи ќе надмине 100 милијарди долари. Оваа проценка ја изнесе Risk Management Solutions, американска компанија специјализирана за справување со катастрофи.

Над 500 жртви во САД

Макфакс - 03.09.2005

Њу Орлеанс Бројот на жртвите на ураганот Катрина на југот на САД се искачи на 509 лица, јавија западните агенции. Највеќе настрадани има во Луизијана - 279, потоа во Мисисипи - 214, додека на Флорида загинале 14 и во Алабама две лица Директорот на американската федерална агенција за вонредни ...

Хјустон се подготвува за “Рита“

Макфакс - 03.09.2005

Хјустон Сите летови од и кон аеродромот во Хјустон, поради ураганот “Рита“ што во тоа подрачје се очекува во петок вечер или сабота наутро, ќе бидат одложени од 12,00 часот по локално време, соопшти денеска управата на аеродромот.

Европскиот печат: Во САД се спрема политички ураган

А1 - 02.09.2005

Европскиот печат денеска оценува дека во САД се подготвува политички ураган, сличен на ураганот „Катрина“, а добар дел од него ќе го погоди американскиот претседател Џорџ Буш. Шведскиот весник „Дагенс Нохетер“ пишува дека природната катастрофа е очигледен предизвик за Буш, бидејќи се случува во ...

Серија експлозии во Њу Орлеанс

А1 - 02.09.2005

Серија експлозии одекнаа денеска на источниот брег на реката Мисисипи во Њу Орлеанс, само неколку милји јужно од стариот француски кварт. Како што јави телевизијата Еј-Би-Си, засега нема информации за евентуални жртви и причинети штети.

Њу Орлеанс - езеро полно трупови

Време - 02.09.2005

ПО УДАРОТ НА УРАГАНОТ КАТРИНА ВО САД Реј Нагин, градоначалник на поплавениот американски град Њу Орлеанс, вчера најави дека бројот на загинатите од природната катастрофа предизвикана од ураганот Катрина може да се искачи до неколку илјади. - Има многу тела во водата. Минимум, неколку стотици.

Ураган од крадци ВО ЊУ ОРЛЕАНС

Утрински - 02.09.2005

Американскиот претседател формално прогласи катастрофа, а американското општество се мобилизира за помош на Луизијана Официјалните лица изјавија дека нема друг избор освен на неколку месеци да се напушти градот уништен од ураганот "Катрина° ЊУ ОРЛЕАНС - Во средата низ Њу Орлеанс владееше хаос, ...

Црвенковски изрази сочувство за жртвите од ураганот "Катрина"

Утрински - 02.09.2005

Писмо на претседателот на државата до Џорџ Буш Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, вчера испрати писмо до претседателот на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш,, во кое изрази сочувство за жртвите од ураганот „Катринааи.

Стадион спасил 20.000 луѓе

Дневник - 02.09.2005

спортските објекти како засолниште Стадионот "Супердом" спасил вкупно 20.000 луѓе од ураганот Катрина, кој однесе 70 човечки животи и потопи 80 проценти од територијата на Њу Орлеанс. Градот го напуштија 485.000 жители. Стадионот на клубот за американски фудбал Њу Орлеанс сеинтс стана привремено ...

Америка со години ќе закрепнува од ураганот

Дневник - 02.09.2005

ИСТОРИСКА КАТАСТРОФА ВО САД Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека ураганот "Катрина", кој ги опустоши јужните делови на САД, е една од најголемите природни катастрофи во историјата на земјата и оти за враќање на старото ќе бидат потребни години, јави МИА.

Буш во посетата на погодените подрачја од “Катрина“

Макфакс - 02.09.2005

Вашингтон Американскиот претседател денеска ќе ги посети јужните сојузни држави, во кои ураганот “Катрина“ причини неделава катастрофални штети и голем број жртви. Претседателот Џорџ Буш синоќа упати апел до неговиот татко и до Бил Клинтон, и двајца поранешни претседатели на САД; да поведат кампања ...

Силна експлозија и пожари во Њу Орлеанс

Макфакс - 02.09.2005

Њу Орлеанс Најмалку една силна експлозија одекна во Њу Орлеанс, а потоа избувнаа неколку пожари, во време кога властите се обидуваат да воспостават ред во опустошените подрачја од ураганот “Катрина“, јавуваат американските медиуми.

УНИЦЕФ - 400 000 деца останале без покрив по Катрина

Макфакс - 02.09.2005

Женева Меѓу 300.000 и 400.000 деца останале без покрив над главата по минувањето на ураганот Катрина во јужниот дел на САД, изјави портпарол на УНИЦЕФ. “Децата се меѓу една третина и една четвртина до вкупниот број на засегнатите од природната катастрофа.

Буш во трета посета на Њу Орлеанс

Макфакс - 02.09.2005

Њу Орлеанс Американскиот претседател Џорџ Буш денеска за прв пат ќе може одблизу да се увери во катастрофалните последици настанати со минувањето на ураганот Катрина низ Њу Орлеанс, јавуваат американските медиуми. Ова е трета посета на Буш во овој дел на земјата по катастрофата.

Тексас и Луизијана се евакуираат пред “Рита“

Макфакс - 02.09.2005

Вашингтон Властите долж американското крајбрежје на Мексиканскиот залив започнаа со евакуација на близу еден милион луѓе поради наближувањето на ураганот “Рита“. Ураганот се движи кон сојузната држава Тексас и е од петта, највисока, категорија на јачина, носејќи ветер што дува со брзина од 265 ...

Рита наближува кон брегот на Тексас

Макфакс - 02.09.2005

Хјустон Ураганот Рита од петта највисока категорија на јачина се движи денеска кон брегот на Тексас каде се очекува ноќта меѓу петок и сабота, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Откако ги погоди Куба и јужниот дел на Флорида, но без да предизвика жртви, “Рита“ синоќа стигна во ...

Европски печат:Политички ураган му се заканува на Џорџ Буш

Макфакс - 02.09.2005

Лондон Европскиот печат денеска оценува дека во САД се подготвува политички ураган, сличен на ураганот “Катрина“, а добар дел од него ќе го погоди американскиот претседател Џорџ Буш. Шведскиот весник “Дагенс Нохетер“ пишува дека природната катастрофа е очигледен предизвик за Буш, бидејќи се случува ...

Анархија во полавениот Њу Орлеанс

А1 - 01.09.2005

Анархија во поплавениот Њу Орлеанс. По улиците масовни грабежи, се пука кон спасувачките екипи, евакуацијата беше прекината, само неколку часа откако почна. Службата за прва помош е загрижена за сигурноста на спасувачите, откако непознати луѓе пукале кон нивниот хеликоптер.

По потопот - крадци

Време - 01.09.2005

ПО УДАРОТ НА УРАГАНОТ КАТРИНА Бројот на загинати по ударот на ураганот Катрина врз американскиот јужен брег се искачи на повеќе од сто, а стотици илјади луѓе се избркани од своите домови без надеж наскоро да се вратат. - Деведесет проценти од структурите во најтешкопогодениот дел од Мисисипи веќе ...

Спасувачите се борат за преживеаните

Вест - 01.09.2005

УРАГАНОТ КАТРИНА ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА И ХАОС ВО АМЕРИКАНСКИТЕ ДРЖАВИ МИСИСИПИ И ЊУ ОРЛЕАНС Владин претставник од Мисисипи соопштил дека по крајбрежјето има стотица мртви, кои никој не ги собира, додека спасувачките екипи се бораат за преживеаните ЊУ ОРЛЕАНС, 1 септември (Ројтерс) - Тимовите за ...

Апокалипса во Њу Орлеанс

Утрински - 01.09.2005

Во родниот град на џезот мостовите се преплавени, патиштата претворени во канали, струјата прекината, а владата нареди луѓето да не се враќаат во домовите Ураганот сега е означен со четврта, иако метеоролозите предвидуваат дека би можел повторно да се засили до петта категорија ЊУ ОРЛЕАНС - Еден ...

И ураган од криминалци го збриша Њу Орлеанс

Дневник - 01.09.2005

ПО УБИСТВЕНИОТ НАЛЕТ НА "КАТРИНА" Откако ураганот "Катрина" уби стотици луѓе во јужниот дел на САД, налет од криминалци, затвореници и бандити го збришаа градот Њу Орлеанс, кој на места е седум метри под вода, јави Ројтерс. Американските градови на брегот на Мексиканскиот Залив се сосема уништени.

БУШ: “КАТРИНА” Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД

Канал5 - 01.09.2005

Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека ураганот “Катрина”, кој ги опустоши јужните делови на САД, “е една од најголемите природни катастрофи во историјата” на земјата Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека ураганот Катрина”, кој ги опустоши јужните делови на САД, е една од ...

Рита се оддалечи од Куба без жртви, се движи кон Њу Орлеанс

Макфакс - 01.09.2005

Хавана, Њу Орлеанс Ураганот Рита синоќа без да предизвика жртви се оддалечи од Куба и продолжи да се движи кон американскиот брег во Мексиканскиот залив каде повторно на удар би можел да се најде разурнатиот Њу Орлеанс. Кубанскиот Метеоролошкиот институт соопшти дека центарот на ураганот синоќа бил ...

Македонец засекогаш ќе ги спречи ураганите

Макфакс - 01.09.2005

Скопје/Њу Џерси Македонец од Њу Џерси тврди дека изумил начин засекогаш да ги спречи ураганите во Соединетите Американски држави (САД). Во писмото испратено до “Македонски глас“, неделник на македонското иселеништво во САД и Канада, изумителот Владо Филе наведува дека неговиот иzум ќе го спаси ...

Буш- „најголема природна катастрофа во историјата“

Макфакс - 01.09.2005

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ќе требаат години за да можат сојузните држави од Мексиканскиот залив да се опорават од последиците од разорниот ураган “Катрина“. Оценувајќи го невремето како “најголема природна катастрофа во американската историја“, Буш вети дека ќе вложи ...

Жртвите од “Катрина“ се над 370

Макфакс - 01.09.2005

Батон Руж Ураганот “Катрина“, според последниот биланс, усмрти најмалку 372 лица на југот на Соединетите Американски држави (САД), јавуваат агенциите. Во сојузната држава Луизијана потврдено е загинувањето на 154 луѓе, се дознава од извори во локалната власт.

САД: Годишнина од 11 Септември, Буш со рекордно низок рејтинг

Макфакс - 01.09.2005

Њујорк САД денеска ја одбележува четвртата годишнина од терористичките напади изведени на 11 септември 2001, соочени со последиците на новата национална трагедија предизвикана од ураганот Катрина, додека претседателот Џорџ Буш се соочува со најнискиот рејтинг во последните неколку години.

Сочувство од Црвенковски до Буш за жртвите од “Катрина“

Макфакс - 01.09.2005

Скопје Шефот на македонската држава денеска до американскиот претседател упати писмо со сочувство за жртвите од ураганот “Катрина“. “Длабоко ме потресе веста за жртвите и катастрофалните штети предизвикани од ураганот. Граѓаните на Република Македонија и јас лично ја делиме длабоката тага со ...

“Рита“ ја поскапе нафтата

Макфакс - 01.09.2005

Њујорк Цената на суровата нафта денеска на берзата во Њујорк скокна за повеќе од четири долари за барел, достигнувајќи 67,39 долари, поради тревога од тропската бура “Рита“. Бурата се засилува и се наближува до нафтените платформи во Мексиканскиот залив, три недели по разорниот ураган “Катрина“.

Најмалку 80 загинати од „Катрина“ во Мексиканскиот Залив

А1 - 31.08.2005

Американскиот брег на Мексиканскиот залив наликува на пекол. Насекаде рушевини и хаос. По последниот налет на ураганот Катрина, спасувачките екипи се обидуваат да ги спасат живите и да ги пребројат мртвите, јавуваат агенциите. „Не можам да опишам колку беше лошо.

Педесетина жртви на Катрина

Време - 31.08.2005

УРАГАНОТ СО СЕТА СИЛА УДРИ ВО САД Повеќе од 50 жители на јужниот дел на САД загинале, а големи делови од метрополата Њу Орлеанс се тешко поплавени по ударот на ураганот Катрина. Најтешко бил погоден градот Билокси, каде што попуштила станбена зграда во која загинале 30 луѓе.

Најмалку 50 мртви по ударот на ураганот Катрина во државата Мисисипи

Вест - 31.08.2005

БИЛОКСИ, Мисисипи, 31 август (Ројтерс) - Општа катастрофа го зафати вчера американското крајбрежје на Мексиканскиот Залив кога најмалку 50 луѓе беа погласени за мртви во сојузната држава Мисисипи и надојдените води го поплавија градот Њу Орлеанс пред БИЛОКСИ, Мисисипи, 31 август (Ројтерс) - Општа ...

Ураганот "Катрина" однесе 50 животи и го поплави Мисисипи

Утрински - 31.08.2005

Додека државата Луизијана спасуваше стотици настрадани од големото невреме Ураганот "Катрина", кој го погоди брегот како бура од четврта категорија на петстепената ураганска скала, може да стане најскапата бура во американската историја, чинејќи ги осигурителните компании повеќе од 26 милијарди ...

"Катрина"како цунами

Дневник - 31.08.2005

УРАГАНОТ-УБИЕЦ ГИ ЗБРИША ЛУИЗИЈАНА, МИСИСИПИ И АЛАБАМА Најмалку 50 луѓе загинаа, а околу 1 милион останаа без домови како последица на ударот на ураганот "Катрина" во американскиот брег на Мексиканскиот Залив, јави Ројтерс. Ураганот-убиец го збриша брегот на Луизијана, остави под вода 70 отсто од ...

НАЈМАЛКУ 80 ЗАГИНАТИ ВО НАЛЕТОТ НА УРАГАНОТ “КАТРИНА”

Канал5 - 31.08.2005

Најмалку 80 лица го загубија животот во налетот на ураганот “Катрина” во Мексичкиот залив. Американскиот претседател Џорџ Буш два дена порано ќе се врати во Вашингтон од ранчот во Тексас... Најмалку 80 лица го загубија животот во налетот на ураганот Катрина” во Мексичкиот залив.

Ураганот „Катрина“ однесе најмалку 55 животи

А1 - 30.08.2005

Најмалку 55 лица загинаа од ураганот „Катрина“ што го зафати крајбрежјето на сојузните држави Луизиана, Мисисипи и Алабама. Најголем дел од жртвите, дури 50, се регистрирани во областа Харисон, во државата Луизијана, додека три лица загинаа во Мисисипи, а две во Алабама.

Катрина однесе три животи

Време - 30.08.2005

УРАГАНОТ ВЛЕТА ВО ЛУИЗИЈАНА Во американската сојузна држава Луизијана три постари лица загинале по поројните дождови што ги предизвикал ураганот Катрина, јави АФП. Катрина принудила стотици илјади жители на стариот град Њу Орлеанс и на другите делови на Мексиканскиот залив да се евакуираат и да ...

Стотина илјади жители на Њу Орлеанс бегаат пред ураганот Катрина

Вест - 30.08.2005

ЊУ ОРЛЕАНС, 30 август (Би-Би-Си) - Стотина илјади граѓани на Њу Орлеанс го напуштија градот поради доаѓањето на ураганот Катрина. Патиштата вчера беа блокирани поради предупредувањето на градоначалникот Реј Негин кој упати апел до граѓаните на Луизијана да заминат кон повисоките области.

Еден милион луѓе евакуирани поради ураганот "Катрина"

Утрински - 30.08.2005

Потенцијално катастрофално невреме и се заканува на американската сојузна држава Луизијана Ураганот сега е означен со четврта, иако метеоролозите предвидуваат дека би можел повторно да се засили до петта категорија Потенцијално катастрофалниот ураган “Катрина° вчера стигна до Луизијана и околу еден ...

Ураганот „Катрина“ се движи кон исток

А1 - 29.08.2005

Ураганот „Катрин“ со намелена брзина го смени правецот на движење кон исток, така што најверојатно Њу Орлеанс нема директно да биде зафатен од олујниот ветер што дува со брзина од 240 километри на час. Во текот на ноќта „Катрин“ ја намали силина од петта на четврта категорија.

Вреќи песок го бранат Заливот од ураганот Катарина

Вест - 29.08.2005

ЊУ ОРЛЕАНС, 29 август (Ројтерс) - Дуќанџиите ги заштитија своите дуќани со вреќи песок во Францускиот кварт во Њу Орлеасн на брегот на Мексиканскиот Залив, а работници со штици го заштитија Градското собрание во очекување на разорниот ураган Катрина кој пустоши низ Заливот.

Ураганот Катрина ита кон Луизијана

Време - 29.08.2005

ЊУ ОРЛЕАНС ЕВАКУИРАН Илјадници луѓе биле евакуирани од заливскиот град Њу Орлеанс додека ураганот Катрина, кој го достигна највисокото ниво опасни бури, се наближувал кон градот и американската сојузна држава Луизијана, јави АФП. Во Њу Орлеанс и во околината живеат околу 1,3 милион луѓе.

"Катрина" ја потопи Флорида, му се перчи на Њу Орлеанс

Дневник - 29.08.2005

СИЛНО НЕВРЕМЕ НА АМЕРИКАНСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ Ураганот "Катрина", што пред три дена го зафати југоисточниот дел на американската сојузна држава Флорида, досега уби најмалку четири лица, а собира сила и се движи кон Луизијана, соопштија спасувачките служби, пренесе МИА.

УРАГАНОТ КАТРИН ГО СМЕНИ ПРАВЕЦОТ КОН ИСТОК И ГУБИ НА СИЛИНА

Канал5 - 29.08.2005

Ураганот Катрин со намалена брзина го смени правецот на движење кон исток, така што најверојатно Њу Орлеанс нема директно да биде зафатен од олујниот ветер што дува со брзина од 240 километри на час. Ураганот Катрин со намалена брзина го смени правецот на движење кон исток, така што најверојатно Њу ...

Масовна евакуација пред доаѓањето на Ураганот Катрин

Вечер Прес - 29.08.2005

Мајами, 298 август (МИА) - Ураганот Катрин, што се приближува кон јужната американска држава Луизијана изутринава достигна четврт степен на скалата од пет можни категории, што значи дека може да нанесе значителни штети, соопшти американската метеоролошка служба.