TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови напади на Израел

А1 - 03.02.2002

Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска изјави дека е подготвен за мировни разговори со кој било израелски лидер и повика на запирање на, како што ги нарече, терористичките напади врз израелските цивили, објави весникот New York Times.

Израелски напад во Газа

А1 - 02.02.2002

Израелски хеликоптери рано изутрината со ракетни проектили го нападнаа седиштето на палестинската поморска полиција во појасот Газа, соопштија палестински претставници, не наведувајќи дали во нападот имало жртви. Претставник на израелската војска ја потврди акцијата не наведувајќи детали.

Ариел Шарон: "Арафат е терорист, ама нема да го ликвидираме"

Вест - 02.02.2002

ЕРУСАЛИМ, 2 февруари - Израел денес "нема никаква намера физички да го елиминира" палестинскиот лидер Јасер Арафат, изјави израелскиот премиер Ариел Шарон во интервју за весникот "Маарив". На прашањето дали жали што во 1982 година за време на блокадата на Бејрут, израелската армија не го убила ...

САД со критика до Шарон

А1 - 01.02.2002

„Изјавата на израелскиот премиер Ариел Шарон во која тој жали што не го ликвидирал палестинскиот лидер Јасер Арафат во 1982-та година не придонесува за смирување на состојбата во регионот“, оцени портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Ричард Баучер.

Убиени уште двајца Палестински бомбаши

Вест - 01.02.2002

ЕРУСАЛИМ, 1 февруари - Двајца вооружени Палестинци се убиени утрово од страна на израелски војници, додека се обидувале да избегаат откако претходно активирале бомба поставена покрај еден пат што го користат еврејските доселеници.

Требаше да го елиминираме Арафат, смета израелскиот премиер

Вест - 01.02.2002

ЕРУСАЛИМ, 1 февруари (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека Израел требаше да го елиминира Јасер Арафат во 1982 година, но сега палестинскиот лидер може да се покаже како валиден мировен партнер. "Во Либан беше договорено Арафат да не биде елиминиран.

Шредер бара притисок врз Арафат

Утрински - 01.02.2002

Палестинскиот лидер ја губи поддршката и во Европа БЕРЛИН - Германскиот канцелар Герхард Шредер, вчера изјави дека Европа би требало да изврши притисок врз палестинскиот лидер Јасер Арафат за заострување на мерките против секој што спроведува напади против Израел.

Пред пеколот

Утрински - 01.02.2002

Димитар Чулев Не е спорно дека камиказе-акциите на палестинските самоубијци се акт близок или сосема идентичен со терористичкото дејствување во кое, поради одмазнички, религиозни или слободарски цели, гинат недолжни цивили чија смрт е трагична поради единствената (не)вина да се најдат во незгоден ...

Шарон жали што Арафат не бил елиминиран во 1982 г.

Утрински - 01.02.2002

Шокантен коментар на израелскиот премиер ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Ариел Шарон, во коментарите објавени вчера, изјави дека Израел требал да го "елиминира" Јасер Арафат во 1982 година, но сега палестинскиот лидер може с? уште да докаже дека е валиден мировен партнер.

"Требаше да го елиминираме Арафат уште во 1982 година"

Дневник - 01.02.2002

ИСПОВЕД НА АРИЕЛ ШАРОН Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека жали затоа што пред две децении пропуштил можност да го елиминира палестинскиот лидер Јасер Арафат, јави Ројтерс. - За време на воената интервенција во Либан се договоривме да не го елиминираме Арафат.

Палестинката со бомба на појасот експлодирала случајно?

Дневник - 31.01.2002

СПОРЕД ПАЛЕСТИНСКИ ПОЛИЦИСКИ ИЗВОРИ Палестински безбедносни извори вчера ја идентификуваа првата жена што изврши самоубиствен бомбашки напад врз израелски цивили, но оценија дека таа можеби случајно го активирала експлозивот што уби еден Израелец и рани стотина, јави Ројтерс.

Tри лица повредени во експлозија во Израел

А1 - 30.01.2002

Три лица беа тешко повредени во експлозија на автомобил бомба рано изутрината во реонот на Таибех, триесетина километри северно од Тел Авив. Според израелското радио, две од повредените лица се Израелци, а третото Палестинец.

Пет израелски тенка нападнаа палестинско село

Вест - 30.01.2002

ИРТАС, Западен Брег, 30 јануари (Ројтерс) - Израелските тенкови и војници вчера извршија напад врз едно село кое е под палестинска контрола во близина на Витлеем на Западниот Брег при што уапсиле тројца палестински милитанти.

САД очекуваат акција од Арафат

Утрински - 30.01.2002

Израел како одмазда нападна село на Западниот Брег ИРТАС - Израелски војници во вторникот нападнаа едно село на Западниот Брег под палестинска власт и уапсија тројца осомничени милитанти, откако САД упатија најнови критики за Јасер Арафат поради 16-месечното крвопролевање.

Уапсени тројца палестински милитанти

А1 - 29.01.2002

Израелски војници и тенкови изведоа акција во едно палестинско село на Западниот брег и притоа уапсија тројца палестински милитанти. При нападот палестинската полиција се спротивставила и биле ранети четворица нивни припадници.

ЕУ го поддржува Арафат и покрај противењето на САД

Вест - 29.01.2002

БРИСЕЛ, 29 јануари (Ројтерс) - Европската унија вчера се заложи за континуирана поддршка за Јасер Арафат и покрај се позачестените критики на САД упатени кон овој претседател и неговата Палестинска власт. Додека 15-те министри за надворешни работи на средбата разговараа за ескалирањето на ...

Палестинец пробил две блокади, запрен со рафали

Дневник - 29.01.2002

БЛИСКИ ИСТОК Израелската полиција вчера убила Палестинец, кој со возило се пробил низ два контролни пункта и стигнал до предградието на Тел Авив, јави Ројтерс. Потерата по Палестинецот почнала откако тој се пробил кај армискиот пункт кај градот Калкилија на Западниот брег возејќи брзо меѓу ...

Арафат вмешан во трговија со оружје

А1 - 28.01.2002

„Палестинскиот лидер Јасер Арафат е вмешан во трговија со оружје од иранско производство“, изјави американскиот потпретседател Дик Чејни. „Ги видовме доказите за вмешаноста на Арафат по неуспешниот обид за шверц на 50 тони оружје“, изјави Чејни, алудирајќи на бродот „Карин“ кој беше запленет од ...

Бомбаш самоубиец повреди над 90 души во Ерусалим

Вест - 28.01.2002

Прва помош за една жена повредена во вчерашниот напад Ерусалим, 28 јануари- Повеќе од 90 лица се повредени во самоубиствениот бомбашки напад во центарот на Ерусалим кој се случи вчера, откако бомбаш - самоубиец активирал експлозивна направа при што загинал.

Палестинец "експлодира" во центарот на Ерусалим

Утрински - 28.01.2002

Трагичните самоубиствени напади во Израел не престануваат Од бомбата повредени четириесетина Израелци ЕРУСАЛИМ - Палестински самоубиец вчера се разнесе со бомба во центарот на Ерусалим, при што беа повредени четириесетина лица, соопштија полициски и болнички претставници.

Буш го третира Арафат како Талибанец!

Утрински - 28.01.2002

Арапите се солидаризираат со палестинскиот лидер по многубројните укори од САД КАИРО - Низ целиот арапски свет, граѓаните, политичарите и весниците беа разгневени поради коментарот на Буш дека бил "многу разочаран" од обидите на Арафат да го спречи 16-месечното крвопролевање и од неговата најава за ...

Десетици Израелци ранети при самоубиствен бомбашки напад

Дневник - 28.01.2002

ВО ЦЕНТАРОТ НА ЕРУСАЛИМ Палестински терорист вчера рани десетици луѓе активирајќи експлозив на својот појас во трговскиот центар на Ерусалим, јави Ројтерс. Тоа е трет самоубиствен напад во израелските градови во изминатите седум дена.