TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелски транспортери навлегле во Либан, Хезболах негира

Макфакс - 09.07.2006

Бејрут Израелски оклопни транспортери денеска на три места навлегле во територијата на Либан и водат борби со борците на Хезболах во реонот на селата Ајтарун и Бинт Џабаил, соопшти либанската полиција. Претходно групата „Исламски отпор“, вооружено крило на Хезболах, соопшти дека нејзините борци го ...

„Гардијан“:САД му дале една недела рок на Израел да го уништи Хезболах

Макфакс - 09.07.2006

Лондон САД му дале рок на Израел од една недела да нанесе удари на Хезболах, по што треба да ги послуша повиците на меѓународната заедница за прекин на огнот. Ова денеска го пишува лондонски „Гардијан“, цитирајќи европски и израелски извори.

СЗО и УНИЦЕФ загрижени поради ситуацијата во Либан

Макфакс - 09.07.2006

Женева Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ денеска изразија сериозна загриженост поради цивилните жртви и ескалација на насилствата во Либан и Израел. “Повеќе од 200 лица загинаа во Либан, додека преку 30 илјади најдоа упориште во училиштата, јавните паркови и вон Бејрут, а отежнат е ...

Олмерт: Офанзивата до ослободување на војниците и слом на Хезбулах

Макфакс - 09.07.2006

Ерусалим Израелски премиер Ехуд Олмерт по разговорите со шефот на дипломатијата на ЕУ Хавиер Солана, соопшти дека израелскиот воени поход на герилците на Хезбулах ќе продолжи се додека не се ослободат двајцата заробени војници и додека групата веќе не претставува никаква закана.

Олмерт -Израел продолжува со нападите на Либан

Макфакс - 09.07.2006

Ерусалим Израел има намера да ја продолжи "борбата против Хезбулах" се додека двајцата киднапирани израелски војници не бидат ослободени и Хезбулах не престане да ја ракетира израелската територија. Оваа порака израелскиот премиер Ехуд Олмерт им ја пренесе на членовите на делегацијата на ОН која ја ...

Војната во Либан почеток на иранско-американскиот конфликт

Макфакс - 09.07.2006

Париз Сегашната криза во Либан изгледа е почеток на иранско-американскиот конфликт, изјави либанскиот министер за телекомуникации Маруан Хамаде. "Веќе две седмици го имаме чувството, дека сме сведоци на почеток на иранско-американскиот конфликт, но тоа се случува на сметка на Либан, на либанскиот ...

Ширак: Неопходно воспоставување хуманитарни коридори

Макфакс - 09.07.2006

Париз Воспоставување “хуманитарни коридори“ во Либан со цел да се овозможи движење на бегалците, предложи денеска францускиот претседател Жак Ширак. Тој најави дека е потребна евакуација на странците меѓу Либан и Кипар, за што Франција денеска ќе испрати авион со лекари, лекови и пумпи за вода ...

Израел го напаѓа Либан од копно и од воздух

Макфакс - 09.07.2006

Бејрут Израел ноќеска изведе неколку копнени офанзиви во Либан, а продолжи и со воздушните напади, што резултираше со десетици нови цивилни жртви. Во последните бомбардирања загинаа над 60 луѓе, а од почетокот на офанзивата, која трае веќе осум дена, убиени се 297 лица, од кои 268 се цивили.

Најмалку 40 загинати цивили, Бејрут пред хуманитарна катастрофа

Макфакс - 09.07.2006

Бејрут Израелската војска ноќеска изведе неколку ограничени копнени напади врз Либан, а продолжи и со бомбардирање од воздух, при што има десетици загинати либански цивили. Агенцијата франс прес јави дека најмалку 40 либански цивили се загинати ноќеска во одделни напади на израелската војска врз ...

Хезболах одби соработка со ООН

Макфакс - 08.07.2006

Бејрут Членот на политичкиот совет на Хезболах го отфрли користењето на ООН или каква било меѓународна организација како начин да се реши судирот на оваа група со Израел. “Ние сме против соработката со ООН или друга организација – марионета на САД“, изјави за дневниот весник “Известиа“, членот на ...

АИ: Ембарго за продажба на оружје на Израел и Хезбулах

Макфакс - 08.07.2006

Женева Најскоро можно воведување на ембарго за продажба на оружје на Израел и либанската шиитска организација Хезбулах, побара меѓународната организација „Амнести Интернешнал“(АИ). Реакцијата на АИ е одговор на информацијата за испорачување на два американски транспортни авиона А310 за потребите на ...

Продолжуваат судирите помеѓу Израел и Либан

Макфакс - 08.07.2006

Бејрут Најмалку 26 лица загинаа во денешните воздушни напади на Израел врз Либан, додека истовремено проектили на Хезболах целат врз израелскиот град Хаифа. Израелскиот вицепремиер Шимон Перес за „Скај Њуз“ изјави дека Хезболах во изминатите шест дена исфрлил 1.500 ракети на израелска територија.

Само изјава за загинување на четворицата набљудувачи на ОН

Макфакс - 08.07.2006

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации(ОН) синоќа усвои изјава со која се изразува само жалење поради загинување на четворица набљудувачи ОН во Либан. Во изјавата се изразува шокираност и жалост заради израелското гранатирање на пункт на Обединетите нации во Либан, при што загинаа ...

Буш вознемирен поради разурнатоста на Либан

Макфакс - 08.07.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш, изјави синоќа дека е вознемирен од степенот на разрушеност на Либан во израелските напади.. Вашингтон ги поддржува нападите на Израел врз Либан. Поради тоа Буш, додаде дека „евентуален лажен мир нема да ги надмине вистинските причини за конфликтот”.

Израел ги зајакна воздушните напади врз Либан

Макфакс - 08.07.2006

Тел Авив Израел ги зајакна воздушните напади врз Либан, бомбардирајќи над 130 цели во текот на изминатата ноќ, изјави денеска портпаролот на израелската војска. Во јужниот либански град Набатији, што беше бомбардиран, загина еден Јорданец, а тројца членови на неговото семејство се повредени.

Најмалку 13 цивили загинаа во Либан

Макфакс - 08.07.2006

Бејрут Најмалку 13 цивили загинаа синоќа во нападите на израелските авиони во јужен Либан, соопшти полицијата, а воени извори потврдија дека се бомбардирани две касарни на либанската војска во близина на Бејрут. “Три деца и еден возрасен се повредени, а уште три лица се под урнатините“, изјави ...

Државите на средна Европа ги евакуираат своите државјани од Либан

Макфакс - 08.07.2006

Варшава Полска, изутрината, започна масовна евакуација на своите граѓани од Либан, а Чешка и Словачка, веќе два дена, заеднички им помагаат на своите граѓани што побргу да го напуштат кризното подрачје. Изутрината, од Бејрут кон границите со Сирија, тргна полски конвој со околу 210 лица, а полската ...

Израел не исклучува копнена офанзива врз Либан

Макфакс - 08.07.2006

Бејрут Израелската војска денеска не ја исклучи можноста од копнена инвазија врз Либан како дел од офанзивата против муслиманското екстремистичко движење Хезболах. “Војската има многу можности за акција“, рече заменикот-началник на израелската војска Моше Каплински на израелското Радио.

ЕУ подготвена да учествува во меѓународни сили за Либан

Макфакс - 08.07.2006

Брисел Државите членки на Европската унија (ЕУ) се подготвени да учествуваат во меѓународни вооружени сили, кои евентуално би биле распоредени во Либан. Ова го соопшти финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја, додавајќи дека сепак прашањето за овие сили се уште е во фаза на идеја.

Израел за тампон зона во Либан

Макфакс - 07.07.2006

Ерусалим Израел сака на југот на Либан, долж својата северна граница, да воспостави два километри широка "тампон зона", и тврди дека не станува збор за некаква нова израелска окупација на либанска територија. За да се избегнат алузиите на "окупација" израелските медиуми користат разни изрази, од ...

Израел против доаѓање на меѓународни сили во Либан

Макфакс - 07.07.2006

Ерусалим Израелскиот премиер Ехуд Олмерт се противи на доаѓањето на меѓународни сили во Либан, изјави денеска израелски функционер. Британскиот премиер Тони Блер и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан утрото побараа испраќање на меѓународни сили во Либан, со цел да запрат судирите ...

Продолжуваат воените дејствија помеѓу Израел и Либан

Макфакс - 07.07.2006

Бејрут Либанските герилци со ракети ја нападнаа изутринава територијата на северен Израел, при што се ранети, најмалку тројца цивили. Герилците истрелаа десетина ракети на подрачјето на градот Афула, во близината на Назарет. Овие напади се одговор на утринските воздушните напади на израелците во ...

Саудиска Арабија ќе го помогне Либан со 50 милиони долари

Макфакс - 07.07.2006

Џеда Саудиска Арабија ќе му помогне на Либан со 50 милиони долари, одговарајќи на повикот на либанската влада за меѓународна помош. Кувајтската влада најави дека на Либан ќе му додели помош од 20 милиони долари. Паричната помош што засега ја најавуваат арапските земји треба да ги ублажи штетите што ...

Можно примирје за 24 часа

Макфакс - 07.07.2006

Бејрут Можно е постигнување на примирје помеѓу Хезболах и Израел во наредните 24 часа, изјави претседателот на либанското собрание Набих Бери. „Примирјето е можно благодарение на посредувањето на трета страна“, појасни Бери. Тој додаде дека „доколку во наредните 24 часа не се смират страстите, ...

Хезбулах признава само безусловно примирје

Макфакс - 07.07.2006

Бејрут Хезбулах соопшти дека ќе признае само “безусловно примирје” со Израел, а распоредувањето на трупи во јужен Либан е исклучиво работа на либанските власти. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт постави три услови за прекин на воените операции во Либан: ослободување на двајцата израелски војници ...

Израел ја продолжува офанзивата, по неуспешната конференција во Рим

Макфакс - 07.07.2006

Бејрут Израелските сили денеска продолжија со воздушни и артилериски напади врз јужен Либан, ден по неуспешната меѓународна конференција во Рим. Дипломатски кругови од Рим соопштија дека Соединетите Американски Држави (САД) спречиле да биде побарано итно воспоставување на мир.

Израелската војска го засили гранатирањето врз јужен Либан

Макфакс - 07.07.2006

Тел Авив Израелската војска денеска ги засили артилериските напади врз јужниот дел на Либан, од каде припадниците на Хезболах ги лансираат ракетите, јавуваат израелските медиуми. Во извештаите се наведува дека станува збор за многу посилно гранатирање за разлика од минатите денови, а засилените ...

Нов ракетен напад врз Хаифа, продолжува израелската офанзива

Макфакс - 07.07.2006

Хаифа Зграда е погодена во нов ракетен напад што попладнево е извршен врз израелското пристаниште Хаифа, јавуваат агенциите. Според истите извори, ракета истрелана од позиции во јужен Либан погодила четирикатна зграда, но, засега, нема официјални информации дали и колку лица се убиени во нападот.

Хаим Рамон- Израел доби одобрение за операциите во Либан

Макфакс - 07.07.2006

Ерусалим Израел добил „одобрение да продолжи“ со операциите во Либан за време на вчерашната меѓународна средба за Либан, што се одржа во Рим. Ова го изјави израелскиот министер за правда Хаим Рамон. „Вчера во Рим добивме одобрени да продолжиме со операциите се додека не го протераме Хезболах од ...

Хезболах сака итно примирје и размена на затвореници

Макфакс - 07.07.2006

Бејрут Либанската шиитска група Хезболах побара итно примирје и индиректни преговори за размена на затвореници со Израел. Мохамед Раад, лидер на групата на Хезболах во либанскиот парламент, изјави дека позицијата на либанската влада е да се воспостави итно и целосно примирје, како и да се започнат ...

Светските дипломати ќе работат за трајно примирје во Либан

Макфакс - 06.07.2006

Рим Светските дипломати, кои учествуваа на меѓународната средба за Либан денеска, ветија дека ќе работат итно за постојано и трајно примирје во Либан. "Учесниците на конференцијата во Рим ја изразуваат решеноста да започнат итна работа, за да постигнат примирје, кое ќе стави крај на постоечкото ...

Саудиска Арабија донира милијарда долари за Либан

Макфакс - 06.07.2006

Ријад Саудискиот крал Абдула, во знак на подршка, префрли милијарда долари на сметката на Либанската централна банка, јави државната телевизија на Саудиска Арабија. Претходно, саудискиот крал одобрени 500 милиони долари наменети за помош и обнова на Либан.

Перец: Израел планира безбедна зона во јужен Либан

Макфакс - 06.07.2006

Ерусалим Израелскиот министер за одбрана Амир Перец изјави дека државата има намера да создаде безбедна зона во јужен Либан, ако таму не бидат распоредени повеќе национални сили. Оваа зона ќе биде востановена, ако во јужен Либан не се стационираат мултинационални сили.

Мубарак – Египет нема да војува заради Либан

Макфакс - 06.07.2006

Каиро Египет нема да војува со Израел за да го заштити Либан или шиитското движење Хезболах, изјави денеска египетскиот претседател Хосни Мубарак. “Оние кои мислат дека Египет ќе влезе во војна за да ги заштити Либан и Хезболах превиделе дека времето на воени авантури заврши“, рече Мубарак на ...

Загинаа четворица набљудувачи на ОН во Либан

Макфакс - 06.07.2006

Бејрут Четворица набљудувачи на Обединетите Нации (ОН) загинаа при израелски воздушен напад врз јужен Либан, соопштија либанските сили за безбедност. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изрази шокираност и побара Израел итно да спроведе истрага за, како што рече, “намерен напад врз ...

Меѓународна конференција за ситуацијата во Либан

Макфакс - 06.07.2006

Рим Меѓународна конференција за решавање на новонастанатата ситуација во Либан, се одржува во денеска Рим, во организација на италијанското министерство за надворешни работи. На конференцијата, што ќе ја водат американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и италијанскиот министер за надворешни ...

Убиен израелски војник во Либан

Макфакс - 06.07.2006

Ерусалим Еден израелски војник е убиен,.а петмина се ранети во судирите во Беинт Јбеил, на jјугот на Либан, јави претпладнево арапската сателитска телевизија Ал Џезеира. Истиот извор наведе дека ранетите израелски војници се уште не се евакуирани од местото на инцидентот, недалеку од либанско – ...

Израелската војска ги повика цивилите да го напуштат јужен Либан

Макфакс - 06.07.2006

Бејрут Израелската војска денеска ги предупреди цивилите во Либан да го напуштат јужниот дел на земјата. Предупредувањето следи по кусо време откако најмалку осум Израелци загинаа денеска во пристанишниот град Хаифа, во најжестокиот напад на Хезболах врз израелска територија.

Нови напади врз Хаифа, продолжува и израелската офанзива

Макфакс - 05.07.2006

Ерусалим Судирите меѓу израелските сили и герилците на Хезболах продолжуваат денеска со несмалена жестина, со жртви на двете страни, пренесуваат агенциите. Најмалку пет лица се ранети во Хаифа, откако Хезболах до пладне истрела 16 ракети врз тоа израелско пристаниште.

Израелската авијација гаѓаше во пограничниот појас меѓу Либан и Сирија

Макфакс - 05.07.2006

Ерусалим Израелската авијација денеска за првпат гаѓаше цели во пограничната зона, во таканаречената „ничија земја“ меѓу Либан и Сирија, во источен Либан. Израелски ловци истрелале четири ракети воздух-земја врз ова подрачје, на само 200 метри од либанскиот граничен премин Маснаа.

Одржан итен состанок на Арапската лига

Макфакс - 05.07.2006

Каиро Новонастанатата состојба по израелските напади врз Либан и врз палестинските територии беше единствена тема на денешниот итен состанок на Арапската лига. На состанокот, како што е соопштено, било разговарано за можните начини за завршување на израелските напади врз Либан и палестинските ...

Абдула- израелската арогантност води кон војна

Макфакс - 05.07.2006

Ријад Израелската офанзива во Либан и на палестинските територии може да предизвика војна во регионот, изјави денеска саудискиот крал Абдула, цитиран од државната агенција. “Доколку шансата за мир пропадне поради арогантноста на Израел, ќе нема друга варијанта освен војна“, изјави саудискиот крал.

ООН бара 150 милиони долари помош за Либан

Макфакс - 05.07.2006

Бејрут Апел за помош во висина од 150 милиони долари, наменети за Либан, упати Организацијата на Обединетите Нации (ОН). Средствата ќе бидат наменети за стотиците илјади Либанци, кои се принудени да ги напуштат своите домови поради израелската воена офанзива.

Нови жртви во Либан

Макфакс - 05.07.2006

Ерусалим Најмалку седум лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа изутрината во израелски ракетен напад врз куќа во градот Набатијах, на југот на Либан. Aгенциите.пренесуваат дека се уште е нејасен поводот за израелскиот напад врз тој цивилен објект во кој е рането едно лице.

Турција испрати над 20 тони хуманитарна помош за Либан

Макфакс - 05.07.2006

Турскиот Црвен крст соопшти денеска дека испратил 20,8 тони итна хуманитарна помош за Либан. Помошта што во најголем дел се состои од храна за бебиња и медицински инструменти, во следните четири до пет дена треба да пристигне во оперативниот центар на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во ...

Израелските сили ликвидираа дваесетина борци на Хезбулах

Макфакс - 05.07.2006

Ерусалим Израелските сили ликвидирале најмалку 20 борци на Хезбулах во битката за Бин Џбејл, бастионот на либанската група во јужен Либан. „За последните 24 часа сме убиле грубо меѓу 20 и 30 терористи”, изјави бригаден генерал Идо Нехуштан.

Ерусалим:Нови напади врз Хаифа, продолжува и израелската офанзива

Макфакс - 05.07.2006

Судирите меѓу израелските сили и герилците на Хезболах продолжуваат денеска со несмалена жестина, со жртви на двете страни, пренесуваат агенциите. Најмалку пет лица се ранети во Хаифа, откако Хезболах до пладне истрела 16 ракети врз тоа израелско пристаниште.Израелски авиони продолжуваат со ...

Расте бројот на цивилните жртви во Либан

Макфакс - 04.07.2006

Бејрут Израел ги интензивира воените напади врз цели во Либан, а бројот на цивилните жртви континуирано расте, искачувајќи се на 61 загинат цивил и стотина ранети. Сите продавници и ресторани во Бејрут се затворени, а туристите се обидуваат да се евакуираат.

Израелски хеликоптер се урна на пат за Либан

Макфакс - 04.07.2006

Тел Авив Израелски воен хеликоптер од типот “Апачи“ се урна денеска во северен Израел, соопштија армиски извори, наведувајќи дека во инцидентот има две жртви без да прецизираат дали станува збор за ранети или загинати. Израелското радио јави дека хеликоптерот удрил во електричен далновод при лет за ...

Продолжуваат интензивните борби во јужен Либан

Макфакс - 04.07.2006

Тел Авив Интензивните судири меѓу израелските војници и борците на Хезболах продолжуваат на југот на Либан, јави изутрината израелското воено радио. Израелските војници со поддршка на авиони и хеликоптери ги напаѓаат упориштата на Хезболах северно од Марун ал Раса, што израелската страна го освои ...

Жестоки борби во јужен Либан,загуби на израелска страна

Макфакс - 04.07.2006

Бејрут Најмалку двајца израелски војници загинаа, а 17 се ранети во денешните жестоки судири со Хезболах на југот на Либан. Веста ја објави арапската телевизија “Ал Џезеира“ без да наведе повеќе поединости. Истиот извор претходно јави за жестоки судири меѓу израелската војска и борци на Хезболах ...

СБ започна вонредна седница за израелскиот напад врз Либан

Макфакс - 04.07.2006

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации попладнево започна вонредна седница за ситуацијата во Либан. Седницата е свикана на барање на Бејрут, кој бара од ОН да му наложат на Израел да ја запре офанзивата во Либан. „Се очекува СБ да донесе „претседателска декларација“, процедура која не ...

Туомиоја: Израел го применува начелото „дваесет очи за едно око”

Макфакс - 04.07.2006

Хелсинки Шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја, чија земја во моментов претседава со ЕУ, изнесе критика на „претераната” реакција на Израел во Либан. „Старото начело ,око за око’ или во актуелната верзија, ,дваесет очи за едно око’, не може да служи на ничии легитимни безбедносни интереси”, ...

Продолжува израелската офанзива врз Либан

Макфакс - 04.07.2006

Бејрут Израел продолжи ноќеска со воените дејствија врз Либан, извршувајќи жестоки напади врз повеќе цели. Најмалку три лица загинаа, а 55 се повредени, при израелски напади врз јужните делови Бејрут. каде е стациониран Хезболах.

Итна седница на Советот за безбедност по ескалацијата во Либан

Макфакс - 04.07.2006

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) закажа за денеска итен состанок, откако Израел изврши серија воени напади врз Либан, како одговор на заробувањето на двајцата израелски војници од страна на Хезбулах. Претседавачот на Советот за безбедност, францускиот амбасадор Жан-Марк де ла ...

Олмерт постави три услова за прекин на огнот

Макфакс - 04.07.2006

Ерусалим Израелскиот премиер Ехуд Олмерт постави три услова за прекин на израелската операција во Либан, соопшти портпаролот на израелската влада Мири Ејсин. „Премиерот е подготвен да ги прекине операциите во Либан ако „Хезболах“ ги ослободи двајцата киднапирани израелски војници, го прекине ...

Израел ги обвини Иран и Сирија за ескалација на насилството

Макфакс - 04.07.2006

Ерусалим Израел ги обвини Иран и Сирија дека се одговорни за ескалација на насилството во Либан. Притоа се тврди дека Хезболах сака да ги префрли двајцата израелски војници во Иран, што властите во Техеран го демантираа. “Хезболах не би можел да делува во Либан без јасна поддршка на Сирија“, изјави ...

Буш се обврза пред Либан, на „вршење притисок” врз Израел

Макфакс - 04.07.2006

Бејрут Американскиот претседател Џорџ Буш денеска пред либанскиот премиер Фуад Синиора се „обврза на вршење притисок врз Израел за ограничување на штетата”, која ја сноси Либан, изјави либански владин извор. Претседателот Буш телефонски контактираше со либанскиот премиер Синиора за да му го пренесе ...

Продолжува офанзивата на израелската војска

Макфакс - 04.07.2006

Бејрут Израелските сили навлегоа денеска во предградието на Бин Џбеил, најголемиот град во реонот на либанско – израелската граница, јави израелското воено радио. Портпарол на израелската војска за агенциите не ја потврди информацијата.

Израел влезе во јужен Либан

Макфакс - 03.07.2006

Тел Авив Израелските тенкови и воени булдожери ја урнаа граничната ограда кон Либан, а војници во оклопни транспортери влегоа во јужниот дел на оваа држава. Последните денови се шпекулираше дека Израел ќе започне копнена офанзива.

Најмалку 27 цивили загинати во израелски напад

Макфакс - 03.07.2006

Бејрут/Ерусалим Најмалку 27 либански цивили, меѓу кои и десет деца, загинаа ноќеска во израелски воздушни напади врз повеќе цели во Либан, јавија светските агенции. Израелски воени хеликоптери го бомбардираа меѓународниот аеродром во Бејрут, при што целосно ја уништиле пистата, по што аеродромот е ...

Русија бара итен состанок на “светскиот врв“ за Либан

Макфакс - 03.07.2006

Москва Русија предложи одржување итен состанок на министрите за надворешни работи на водечките земји од светот во Бејрут или во Рим, со цел спречување на кризата на Блискиот исток. Италијанската Влада вчера соопшти дека в среда, во Рим, ќе се одржи меѓународна конференција со цел да се ...

Јужен Бејрут следна цел на израелската офанзива

Макфакс - 03.07.2006

Ерусалим Израелската војска го предупреди Либан да го евакуира населението од јужен Бејрут каде претпоставува дека се крие лидерот на Хезболах, Саед Хасан Насрала. “Ги предупредуваме либанските власти да ги евакуираат сите цивили од таму и од местата каде се наоѓаат штабовите и магацините за оружје ...

Турција на чело на мировните сили во Либан?

Макфакс - 03.07.2006

Вашингтон Турција би можела да ги предводи идните меѓународни мировни сили во Либан, објави денеска “Вашингтон пост“. Според истиот извор, оваа информација е “во оптек“ откако американскиот претседател Џорџ Буш и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, телефонски се советувале околу решавање на ...

Бејрут следна цел на израелската офанзива

Макфакс - 03.07.2006

Ерусалим Израелската војска во продолжение на офанзивата го предупреди Либан да го евакуира населението од јужен Бејрут каде претпоставува дека се крие лидерот на Хезболах, Саед Хасан Насрала. “Ги предупредуваме либанските власти да ги евакуираат сите цивили од таму и од местата каде се наоѓаат ...

Либан ги повика Израел и Хезболах да го прекинат огнот

Макфакс - 03.07.2006

Бејрут Либанските власти ги повикуваат и двете страни во сегашниот конфликт на Блискиот исток да го прекинат огнот и крвавите воени дејства. Ова денеска го изјави либанскиот министер за информации Гази Ариди, по вонредната седница на либанската влада.

Хезболах прифати владата да преговара за размена на затвореници

Макфакс - 03.07.2006

Тел Авив Шиитското движење Хезболах, што на 12.јули киднапираше двајца израелски војници, денеска се согласи дека либанската влада треба да преговара за размена на затвореници со Израел. Ова го соопшти претседателот на либанскиот Парламент Набих Бери, додавајќи дека “Хезболах се согласил либанската ...