TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прес на Ахмети за странските новинари

А1 - 19.08.2001

„Бунтовници ќе се разоружаат и ќе си заминат дома“, изјавил Али Ахмети на прес-конференција во селото Шипковица наменета исклучиво за странските новинари, пренесува агенцијата Франс Прес. Вакви прес-средби, на кои Ахмети е облечен во маскирна униформа под албанското, НАТО и ЕУ знамињата, се ...

Мисијата на НАТО: да се собере оружјето и да се врати довербата

А1 - 19.08.2001

Денеска на скопскиот аеродром Петровец слетаа 6 НАТО авиони со опрема и војници. Со ова бројот на војниците е 748, и тоа најмногубројни се британските, вкупно 380, потоа 120 чешки, 20 француски војници и двајца грчки офицери.

До крајот на викендов во Македонија - 1.000 натовци

А1 - 18.08.2001

До крајов на викендов во Македонија ќе пристигнат околу 1.000 војници на НАТО. Најмногу - 400 од нив ќе бидат британци. Денеска и утре, секојдневно на скопскиот аеродром Петровец ќе слетуваат десетина авиони со претходница на 13 национални контигенти од наменските сили за “Жетва“.

Али Ахмети: нема разоружување додека парламенот не го смени уставот

Вест - 18.08.2001

Лидерот на албанските терористи, Али Ахмети, вчера за Ројтерс изјави дека ОНА нема да се разоружа се додека македонскиот парламент не го ратификува мировниот договор. "Ние гарантиравме целосна демилитаризација, но тоа нема да го сториме ако македонскиот парламент паралелно не ја донесе регулативата ...

НАТО ќе решава кога македонските сили ќе влезат на окупираните територии

Вест - 18.08.2001

Мисијата на НАТО во Македонија ќе одлучува кога македонските сили ќе влезат натериториите Што сега се окупирани од албанските терористи, затоа што терористите се плашатод репресалии откако ќе се разоружаат, изјави вчера за Ројтерс анонимен извор од алијансата.

Министри стравуваат терористите да не го сменат мандатот на НАТО

Дневник - 18.08.2001

ДОДЕКА СЕ РАСПОРЕДУВААТ СИЛИТЕ НА АЛИЈАНСАТА Странските сили имаат мандат само за разоружување, АНА ќе биде наш проблем, вели Марјан Ѓуровски, портпарол на Министерството за одбрана Во македонската Влада стравуваат дека силите на НАТО за разоружување може да бидат злоупотребени од албанските ...

Москва јасно се оддалечува од Скопје

Дневник - 18.08.2001

на ПОЧетокот од "ЖЕТВАТА" Москва индиректно укажа дека Македонија не влегува во сферата на нејзините интереси на Балканот Во моменти кога НАТО ги почнува подготовките за доброволното разоружување на албанските формации на т.н.

Иднината почнува денес

Дневник - 18.08.2001

Коста Николовски - Македонија и НАТО Не зафатила некоја колективна амнезија, па иднината си ја бараме во она што било наше зло и проклетство НАТО е нашата иднина - оваа реченица беше една од најупотребуваните меѓу македонските политичари во изминатите години. Барајте и ќе ви се даде.

Тетовци исчистени од мирот

Дневник - 18.08.2001

Коментар - Жарко Јорданоски Пред нас е еден мачен период на дополнителни понижувања и обесхрабрувања, во кои нашите нерви ќе се тенчат до конец. Ние, Македонците ќе продолжиме да ги броиме мртвите, ранетите, претепаните, киднапираните.

Ахмети не бил воен злосторник,туку борец за права!?

Дневник - 18.08.2001

ПРЕТСТАВНИК НА НАТО РАСЧИСТИ НЕКОИ "ДИЛЕМИ" Во Македонија немало тероризам, туку востание на Албанците, велат високи претставници на Алијансата Али Ахмети ги почна борбите само поради тоа што етничките Албанци не ги уживале сите права како малцинство во Македонија и што не бил комплетиран ...

АНА планира завршен удар во Македонија!

Дневник - 18.08.2001

СПОРЕД СТРАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ ИЗВОРИ Оваа терористичка формација планира да ја изигра мисијата на Алијансата за разоружување, да ја прошири воената зона и да изнуди промена на мандатот на НАТО во Македонија Албанските терористи во Македонија нема да го предадат оружјето и ќе продолжат да се борат за ...

Дали војниците на Ахмети ќе се разоружаат?

А1 - 17.08.2001

Mалкумина го слушнале неговиот глас, или како изгледа Aли Aхмети. Tој скоро ја потврдува дефиницијата на герилски лидер во сенка, дисидент со побелена коса кој денеска, пушејќи една цигара по друга, со многу тивок глас, од кого се очекува да ги увери македонците, доколку дојде мирот, да гледаат на ...

Американците нема активно да учествува во разоружувањето

А1 - 17.08.2001

САД во мисијата на НАТО во Македонија ќе учествуваат со медицински и единици за логистичка подршка и нема активно да учествува во разоружувањето на албанските терористи, соопшти Пентагон. Портпаролот на Пентагон, Крејг Квигли не го прецизираше бројот на американски војници кои ќе учествуваат во ...

Чешкиот контингент војници пристигна

А1 - 17.08.2001

Со два транспортни авиони попладнево на скопскиот аеродром пристигна чешкиот контингент војници од составот на НАТО, чија задача ќе биде да ја обезбедуваат претходницата како и најавеното пристигнување на првата група британски војници, кои треба да ја воспостават мисијата "неопходна жетва" за ...

Неизвесности околу предавањето на оружјето

А1 - 17.08.2001

„Предавање на оружјето во Македонија и натаму има проблеми. Лидерот на таканаречената ОНА Али Ахмети бара пред да започне операцијата, македонската страна потпишаната спогодба да ја претвори во уставни промени, а македонската страна бара разоружување на терористите пред да се пристапи кон промените ...

Ни ОНА, ни АНА, ни Јана!

Вест - 17.08.2001

АНДОВ ОБЈАСНУВА ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ РАЗОРУЖААТ СИТЕ ТЕРОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА Седницата на која ќе се донесе одлука за промена на Уставот е закажана за 31 август, а ќе се одржи ако НАТО прикаже една третина одземено оружје од терористите Светскиот македонски конгрес, вчера до Собранието доставил барање ...

НАТО зборува за 3000, а Македонија за 8000 парчиња оружје

Вест - 17.08.2001

РАЗЛИЧНИ ОЦЕНКИ ЗА БРОЈОТ НА ОРУЖЈЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ Денеска првите 400 Британци ќе се истоварат на аеродромот Петровец Денес на аеродромот Петровец ќе се истовари претходница од околу 400 британски војници кои треба да го проучат теренот за доаѓање на преостанатите три илјади наменски сили за ...

АНА ги отвори великоалбанските карти

Дневник - 17.08.2001

Коментар - Георги Барбаровски Во моментите кога дипломатот на НАТО Питер Фејт ја разнесуваше поштата со потписите на македонскиот претседател Борис Трајковски и на политичкиот водач на ОНА, Алија Ахмети, новинските агенции ја умножуваа заканата на новата терористичка организација што се претставува ...

Прво разоружување на третина од терористите, а утредента седница

Дневник - 17.08.2001

СТОЈАН АНДОВ НАЈАВУВА Собраниската седница е закажана за 31 август, а ако до ден пред тоа нема доказ дека е разоружена една третина од терористите, седницата ќе биде одложена На 31 август ќе се одржи собраниската седница на која ќе се разгледува предлогот на претседателот Борис Трајковски за ...

Натовците утре пред полноќ во Скопје

А1 - 16.08.2001

Првата група од 40 британски војници, кои се во склоп на претходницата на наменските сили за операцијата „Неопходна жетва“, ќе пристигнат во Скопје вечерва, дознава А1. „Претходницата на наменските сили за операцијата „Неоходна жетва“ од 400 британски војници ќе слетаат на аеродромот „Петровец“ кај ...

Терористите подготвени за разоружување

А1 - 16.08.2001

„Вооружените Албанци „пријателски“ ќе ги дочекаат НАТО војниците во Македонија, на кои според договорот ќе треба да им го предадат оружјето“, изјави политичкиот претставник на таканаречената ОНА Али Ахмети. „Што се однесува до ОНА, НАТО војниците немаат причина да стравуваат да дојдат во Македонија.

ОНА потпиша договор за разоружување со НАТО

Вест - 16.08.2001

"Албанските герилци во Македонија, завчера со НАТО потишаа договор за разоружување", изјави Пол Бернард, портпарол на претставникот на НАТО Питер Фејт. И Би-Би-Си јави дека албанските терористи се согласиле да се разоружаат и оти претставници на НАТО во Скопје соопштиле дека македонската Влада ...

"Жетварите" ќе возвраќаат на напади и ќе апсат

Вест - 16.08.2001

ОДБРАНАТА ПРЕНЕСУВА ДЕЛ ОД ОБВРСКИТЕ, НО И ПРАВАТА НА СТРАНСКИТЕ РАЗОРУЖУВАЧИ Централното уништување на одземеното оружје од ОНА, се уште во тајност Министерството за одбрана вчера објасни дел од мисијата, односно од договорот со НАТО околу процесот на разоружување на паравоената ОНА во Македонија.

НАТО е за ОНА, не е за АНА

Вест - 16.08.2001

ПРЕС НА МАЈОР ГУНЕР ЛАНГЕ, РАКОВОДИТЕЛ НА МИСИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" НАТО категорично стои на ставот дека нивните сили ќе го собираат оружјето од терористичките групи што ги контролира ОНА и дека со групациите како АНА и други, кои не го признаваат Рамковниот договор, ќе треб "НАТО ќе го собира ...

Владата даде виза за "жетвата" на НАТО

Вест - 16.08.2001

Владата на Македонија донесе одлука за разместување на силите на НАТО на територијата на Република Македонија за да се изведе операцијата на разоружување на албанските терористи, наречена "Неопходна жетва", изјави министерот за надворешни работи Илинка Митрева, на вчерашната прес-конференција.

300 британски војници доаѓаат уште денеска

Вест - 16.08.2001

Во Лондон, службени лица од Министерството за одбрана велат дека оклу 300 британски војници би можеле да заминат за Македонија уште денеска. Британија ќе биде главниот учесник во операцијата "Неопходна жетва" со околу 1.800 војници. Целта на првата група британски војници е да го проучи теренот.

Трајковски објави амнестија, а НАТО — почеток на "жетвата"

Дневник - 16.08.2001

СЕ ОСТВАРУВА МИРОВНИОТ ДОГОВОР Деталите за амнестијата ќе бидат дефинирани по разоружувањето на терористите на ОНА Претседателот Борис Трајковски вчера објави амнестија за припадниците на ОНА што доброволно ќе го предадат оружјето и што не извршиле злосторства против човештвото.

На Македонија треба воено да Ј се помогне

Дневник - 16.08.2001

БРИТАНСКИОТ ПЕЧАТ ЈА КРИТИКУВА ПОЛИТИКАТА НА НАТО Наместо на Скопје воено да му помогнат САД, ЕУ и НАТО решија да посредуваат меѓу двете страни - резултатот е спогодбата со која македонската влада на Албанците ќе им даде дополнителни права, а за возврат ќе добие разоружување на бунтовниците под ...

Состанок на НАТО околу „Жетва“

А1 - 15.08.2001

Советот на НАТО денеска во Брисел одржува состанок на кој треба да биде донесена одлука околу започнувањето на операцијата "Неопходна жетва", за разоружување на албанските терористи во Македонија. Според дипломатски извори 19-те амбасадори на Алијансата, најверојатно нема веднаш да дадат зелено ...

Албанските терористи го прифатија разоружувањето

А1 - 15.08.2001

Водачите на албанските терористи се согласија да им го предадат своето оружјето на војниците на НАТО, кои се очекува наскоро да бидат распоредени во Македонија, потврдија дипломатски извори. Политичкиот лидер на т.н. ОНА Али Ахмети за тоа вчера се договорил со претставници на НАТО.

Британските маринци од Солун во Македонија

А1 - 15.08.2001

Воени експерти , советници на НАТО, престојуваат во Скопје со цел да го надгледуваат одржувањето на прекинот на огнот и новиот план за спречување на балканска војна. "Настаните се одвиваат брзо, два услови веќе се исполнети, а наскоро ќе бидат решени и прашањата на амнестијата и статусот на силите ...

Потпишан договорот за „Суштинска жетва“

А1 - 15.08.2001

Македонската Влада денеска донесе одлука и побара од НАТО да започне операцијата „Суштинска жетва“ за разоружување на терористичките групации. Шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева денеска напладне изјави дека е веќе потпишан договор со генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон за ...

Утре - 400 британски војници во Македонија

А1 - 15.08.2001

Од Брисел пристигнува вест дека е донесена одлука за влез на 400 британски војници како претходница на НАТО силите. Северноатлантскиот совет дал виза британските војници во Македонија да влезат во наредните 24 часа, откако во 17 часот ќе истече рокот на молчење.

Советот на НАТО денес или утре ќе ги прецизира чекорите на Алијансата во Македонија

Вест - 15.08.2001

Генералниот секретар на НАТО доцна синоќа во Брисел свика итен состанок на Советот на Алијансата на кој информира за вчера потпишаниот Рамковен договор за надминување на кризата во Македонија, пренесува МИА. Портпаролот на НАТО Ив Бродер соопшти дека на состанокот одржан веднаш по враќањето на ...

Уставните измени зависат од разоружувањето

Вест - 15.08.2001

КАКО ЌЕ ТЕЧЕ ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОБВРСКИТЕ ОД ПОТПИШАНИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА Македонците гарантираат дека ќе го сменат Уставот, но Албанците до вчера, според однесувањето од теренот, не покажаа дека се подготвени да се разоружаат Со потпишувањето на Рамковниот договор како да се ...

НАТО ќе одлучува денеска

Вест - 15.08.2001

ОДЛУКАТА ЗА ИСПРАЌАЊЕ 3500 ВОЈНИЦИ БИ МОЖЕЛА ДА СЕ ДОНЕСЕ ПОРАНО ОД ОЧЕКУВАНОТО Извор близок до Алијансата вели дека НАТО води преговори со етничките албански бунтовници за разоружување, што би можеле за завршат оваа недела БРИСЕЛ (Ројтерс) - Уште малку недостига да се исполнат условите што НАТО ги ...

Во контејнерите на НАТО треба да се соберат милион парчиња оружје!

Дневник - 15.08.2001

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Претходница на НАТО од дванаесет воени експерти - десет Британци и двајца Французи вчера пристигнаа во Скопје со цел да го разработат планот за собирање на оружјето од припадниците на ОНА, велат извори во НАТО.

Уставот ќе се смени откако ќе се разоружат терористите

Дневник - 15.08.2001

СПОРЕД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО, СТОЈАН АНДОВ Иницијативата за промена на Уставот ќе ја покрене претседателот Трајковски, најверојатно уште денеска Одлука за усвојување на уставните промени ќе биде донесена откако македонските власти ќе добијат потврда дека терористичките групи се целосно ...

Грција ќе учествува во „Жетва“

А1 - 14.08.2001

"Грција ќе испрати трупи во Македонија како дел од мисијата на НАТО за разоружување и ќе додели помош за обнова на балканските земји", изјави во Атина грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу. Папандреу ги повика земјите на ЕУ да го прифатат предизвикот и да ги поддржат напорите за ...

Се започна со деталите на „Жетва“

А1 - 14.08.2001

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Роберетсон ги информирал 19-те земји членки на Алијансата за потпишувањето на политичкиот договор во Македонија. Советот на НАТО ги разгледал можностите за забрзано испраќање на силите за разоружување во Македонија.

Ахмети го потпиша договорот за разоружување

А1 - 14.08.2001

Лидерот на паравоената ОНА Али Ахмети денеска го потпишал договорот за разоружување, дознава А1 од дипломатски извори. Според тој договор, што му бил предаден на НАТО дипломатот Питер Фејт, Ахмети се обврзал дека неговата ОНА најпрво ќе го предаде тешкото оружје.

Уставни промени по разоружување

А1 - 14.08.2001

Усвојувањето на уставните измени во Собранието ќе заврши дури откако НАТО ќе ги извести македонските власти дека терористите од таканаречената ОНА се целосно разоружани. Ова, дознава А1, вчера во Скопје го договориле генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон и македонскиот државен врв.

Можно е НАТО да ја стави Македонија под протекторат

Дневник - 14.08.2001

БРИТАНСКИ ПЕЧАТ Северноатлантската алијанса се заплетка во мрежа на контроверзии и конфузии, пишува вчерашен лондонски "Индипендент" коментирајќи го однесувањето на НАТО, кој ги одбива тврдењата на македонската Влада дека албанските екстремисти во Македонија доаѓаат од Косово, од каде што и се ...

Македонија е во критична фаза

Дневник - 14.08.2001

НАТО ПРЕТПАЗЛИВ НАТО го поздрави потпишувањето на политичкиот договор и им честита на политичките лидери за постигнатиот напредок, како нешто со што треба сите да се гордеат на историски денови како вчерашниот. Портпаролот на Алијансата, Ив Бродер, ја опиша ситуацијата во земјава како критичен ...

ОНА и насилството ќе исчезнат, Македонија нема да се дели

Дневник - 14.08.2001

ЗАЕДНИЧКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СТРАНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ОНА и македонската Влада треба да се договорат за начинот на разоружување, истакна Џорџ Робертсон Потпишувањето на договорот е прв значаен чекор за оттргнување на земјата од граѓанска војна, изјави вчера на конференција за печатот генералниот ...

НАТО загрижен за разоружувањето на ОНА

А1 - 13.08.2001

Борбите водени во текот на викендот беа најтешки од почетокот на судирите и се приближија до главниот град на Македонија, пишува "Фајненшл Тајмс", пренесувајќи ја оценката на западен политичар дека, пред потпишувањето на мировната спогодба, двете страни се обидуваат да го "наведат НАТО да го смени ...

Целосно разоружување на терористите

А1 - 13.08.2001

„Партиите од големата владина коалиција составија договор што е историски и верувам дека тој ќе го одбележи влегувањето на Македонија во модерна Европа“ - изјави во Скопје генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, додавајќи дека договорот што денеска треба да се потпише е голем чекор напред за ...

Можат да се сликаат

Дневник - 13.08.2001

Коментар - Биљана Илиќ На монструозноста на албанските терористи и на безобразлукот на некои странски политичари навистина им нема крај. Македонецот не може да не биде изваден од такт кога ќе види како некои странски центри на моќ упорно ги поддржуваат терористите и не може да се изначуди од фактот ...