TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пожарите во Македонија стивнуваат

А1 - 29.07.2007

Пожарите низ Македонија стивнуваат, сепак, се уште се активни десетина пожари. Центарот за управување со кризи, информира дека во тек е и инсталирањето на камери по шумите, со што, ќе се олесни идентификувањето на подметнувачите на пожари.

Стивнува огнената стихија во Македонија

А1 - 28.07.2007

Огнената стихија низ Македонија полека стивнува, иако во планинските региони се уште горат и активни се околу 10 пожари. Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека во реонот на Солунска Глава и Белица беснее пожар.

Се уште беснеат пожари во Хрватска и Грција

А1 - 28.07.2007

Беснее пожарот во хрватскиот национален парк „Пакленица“, во гаснењето на огнената стихија учествуваат два противпожарни авиони и 200 пожарникари. Властите се немоќни, поради непристапноста на теренот и велат дека ова е еден од најголемите пожари во сезонава.

Изгореа 5.000 хектари шума

Вест - 28.07.2007

Над 5.000 хектари шума изгореа за еден месец во пожарите во Македонија. Од Центарот за управување со кризи велат дека оваа бројка е само првична информација за уништените површини од огнот кој предизвика штета од најмалку 40 илјади евра.

Помагаат и два германски хеликоптери

Вест - 28.07.2007

Од вчера во гасењето на пожарите се вклучени и два противпожарни хеликоптери на Германската армија, соопшти вчера Германската амбасада во Скопје. Хеликоптерите помагаат околу Велес, а оперираат од базата на германскиот Бундесвер во Косово.

СДСМ ќе подметнува пожари

Време - 28.07.2007

ВО АНАЛИЗА НА „ФОКУС“ ОД МАЈ Мирка Велиновска, новинарка во неделникот „Фокус“, во анализа за политичката состојба објавена пред три месеци предупреди дека СДСМ подготвувала диверзии и подметнување пожари за да го симне рејтингот на власта.

Пожарите полека се ставаат под контрола

Време - 28.07.2007

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ПОПУШТА Противпожарните бригади и војската на АРМ успеале да стават под контрола и да локализираат поголем дел од пожарите што веќе осум дена беснеат низ земјава, соопштија вчера од Центарот за управување кризи и додадоа дека не е исклучена можноста за нивно повторно проширување.

Пожарите ја разгореа нетрпеливоста меѓу политичарите

Утрински - 28.07.2007

Природната катастрофа не ја обедини политичката елита, туку послужи како повод за нова рунда препукувања СОЊА КРАМАРСКА По којзнае кој пат јавноста е сведок на политички препукувања меѓу главните актери во државата кои меѓусебната комуникација повторно ја сведоа на најниското можно ниво.

Пожарите во голем број скротени, а помош пристига и од други држави

Утрински - 28.07.2007

Помошта што ја побара претседателот од Србија требала да биде координирана со Центарот за кризи, смета Владата Голем дел од пожарите кои беснееја изминативе денови се ставени под контрола и, според Центарот за управување со кризи, ситуацијата полека се стабилизира и се прават напори целосно да се ...

Огнената стихија полека стивнува

Канал5 - 28.07.2007

Огнената стихија во македонските шуми полека стивнува, но и денеска има активни пожари. Огнот во ловиштето Јасен активен е и денеска. Гори шумата на територија од три километри кај Солунска Глава и Белица. Огнената стихија во македонските шуми полека стивнува, но и денеска има активни пожари.

Германски хеликоптери гаснат оган во шумите

Вечер Прес - 28.07.2007

Шест хеликоптери и два авиони откако пристигнаа завчера на аеродромот во Петровец, од вчера се вклучени во гаснењето на огновите во државава. Два се на АРМ, по два се на армијиите на Германија и Турција, по еден од Словенија и Хрватска.

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

А1 - 27.07.2007

Најголем дел од пожарите во Македонија се под контрола, но денеска се регистрирани нови пожари што се прошируваат од Албанија и Грција. Во скопскиот регион под контрола се пожарите на потегот Горна Матка - национален парк „Јасен“, кон селото Раовиќ и кај Света Петка.

НАТО расправа за пожарите во Македонија

А1 - 27.07.2007

Синоќа и повторно попладнево, Центарот за координација на НАТО за справување со елементарни непогоди расправал за состојбата со пожарите во Македонија. „И покрај мобилизираните национални и меѓународни напори, ситуацијата во Македонија е критична“, е заклучокот од овој состанок во Брисел.

Пожарите не стивнуваат

Време - 27.07.2007

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ДИВЕЕ СЕДМИ ДЕН Пожарите и понатаму не стивнуваат, а најпеколно во моментов е на Сува Гора, од каде што огнената стихија се проширува ко тетовските села Луковица, Седларево, Гргурница, Лешница и Стримница, информираат од Центарот за справување со кризи.

Расправа за пожарите наместо пратенички прашања

Време - 27.07.2007

СОБРАНИЕ Состојбата со пожарите беше единствена тема на вчерашната собраниска седница. СДСМ побара наместо пратенички прашања што пратениците вообичаено ги поставуваат секој последе четврток во месецот, Владата да даде информација што презема во врска со пожарите.

САД ќе обезбедат лубриканти за противпожарните авиони

Време - 27.07.2007

Американската амбасада во Скопје за да и помогне на Македонија во справувањето со пожарите и последиците од нив ќе обезбеди лубриканти, масла неопходни за противпожарните авиони и хеликоптери што се вклучени во гасењето на пожарите.

Гори Јужна Европа

Вест - 27.07.2007

АТИНА, 27 јули (АП) - Низ Грција беснеат силни пожари надвор од контрола. Вчеравечер на југот од државата три луѓе загинаа, горат села и шуми и противпожарните служби работат со максимален капацитет. Затвотен АТИНА, 27 јули (АП) - Низ Грција беснеат силни пожари надвор од контрола.

Пожарите ги разбудија заспаните институции

Утрински - 27.07.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Климатските промени што се рефлектираат, пред се', преку глобалното затоплување се тема број еден во светот, но не и во Македонија. Овде тие се тема само кога ќе се случи изгор лето или топла зима. Ниту еден политички форум не се занимава со нив, ниту, пак, експертите го ...

Пратениците се раскараа дури и во расправата за пожарите

Утрински - 27.07.2007

Додека Груевски бараше тој да ја образложи информацијата за пожарите, социјалдемократите удираа по масите, гласно реагираа од место и му довикуваа „што зборуваш бе“! Пратениците од СДСМ и премиерот не можеа до 15 часот да се договорат кој прв да зборува! ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Наместо пратенички ...

Пожарите направија штета од 15 млн. евра

Утрински - 27.07.2007

Според проценките, досега изгореа околу 4.000 хектари шума, но тоа не е целосниот биланс СВЕТЛАНА УНКОВСКА АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Околу 15 милиони евра изнесува директната штета што ја предизвикаа пожарите при беснеењето низ земјава, велат неофицијални извори од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Јасен“ сардисан од огнот

Дневник - 27.07.2007

Пожарот на планината Сува Гора вчера се прошири кон Тетовско, во атарот на повисоките планински села Луковица, Седларево и Гргурница, Лешница и Стримница. Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека кон скопската страна, пожарот досега е проширен и кон Националниот парк „Јасен“, на повеќе ...

Пелистер спасен во последен миг

Дневник - 27.07.2007

Се вложија натчовечки напори за да се изгаснат подметнатите пожари, кои го демнеа Националниот парк, кој од вчера го чуваат специјално обучени лица и доброволци Непознати потпалувачи се обиделе да подметнат пожар во подножјето на најстариот национален парк во државата, „Пелистер“, но, за среќа, ...

Собраниско масло во огнот

Дневник - 27.07.2007

Може ли некој да претпостави колку хектари шуми и кубици дрва изгореа додека пратениците четири часа се надмудруваа дали воопшто да расправаат за пожарите и кој прв да зборува - премиерот или опозицијата? Со сигурност се знае дека за тие четири часа изгореа околу 7.000 евра, колку што сите не' чини ...

Шумите горат, пратениците се чешлаат

Дневник - 27.07.2007

СДСМ инсистираше да го има воведниот збор за пожарите, а премиерот бараше прво тој да информира за ситуацијата Пратениците вчера го потрошија работниот ден во кавги, паузи и договарања дали да поставуваат пратенички прашања или да расправаат за пожарите.

И жителите да ги гаснат пожарите

Дневник - 27.07.2007

Жителите треба активно да се вклучат во гаснење на пожарите, повикуваат од Центарот за управување со кризи. - Огнената стихија мора да се совлада со заеднички сили и затоа населението треба масовно да се вклучи, особено што станува збор за шуми што се на нивна територија и кои се нивни „бели ...

Пожарите постепено стивнуваат

Канал5 - 27.07.2007

Освен во кичевско и бродско, пожарите во другите делови од земјава почнаа да стивнуваат. Вкупно триесетина се се уште активни, но поголемиот број се ставени под контрола – велат од центарот за управување со кризи. Освен во кичевско и бродско, пожарите во другите делови од земјава почнаа да ...

Село гори, баба се чешла

Вечер Прес - 27.07.2007

Власта и опозицијата вчера три часа се натегаа во Собранието кој прв да говори за состојбата со пожарите, откако на барање на СДСМ наместо пратенички прашања, се свика итна седница за кризата со огнената стихија. Премиерот Груевски бараше да информира што се владата презема за справување со ...

Ставени под контрола пожарите во скопско

А1 - 26.07.2007

Иако на неколку локации во скопско се уште горат шумски пожари, повеќето се ставени под контрола. Не е изгаснат огнот што ја зафати мешаната шума на Скопска Црна Гора кај Раштак. Активен е и пожарот кај селото Љуботен, кој во текот на денот се префрли погоре, кај бачилата.

Пратениците расправаат за пожарите

А1 - 26.07.2007

Државата гори, а пратениците од власта и опозицијата не можеа да се договорат кој прв ќе говори на собраниската говорница. Премиерот победи, прв реферираше што се случува во државата и како владата се справува со огнената криза.

Пожарите се уште активни низ цела Македонија

А1 - 26.07.2007

Пожари од големи размери се уште се активни низ цела Македонија. Досега е зафатена вкупна површина од над 3.000 хектари, пред се шума. На Противпожарните единици, војската и локалното население, во гаснењето на пожарите им помагаат авиони и хеликоптери од Турција, Словенија и Хрватска.

Активни пожарите во тетовско

А1 - 26.07.2007

Неколку хеликоптери попладнево го гасеа шумскиот пожар над селото Челопек. Теренот каде гори високостеблеста шума, е тешко достапен за возила или за жителите од околните населени места. Во текот на ноќта најкритично било кај селото Мерово, во месноста Еребино и на целата Стримница и Долна Лешница.

Реагираат роднините на притворените за пожарот во Катланово

А1 - 26.07.2007

Револтирани роднините на тројцата притворени за пожарот во Катланово, тврдат дека Бобан Ѓорѓиев, Ѓоко Тодоровски и Асим Меаки се жртвени јагниња на борбата против пожарите во Македонија. Роднините велат, дека тројцата комуналци не можеле да истураат ѓубре и да го запалат на 19 јули во четврток, ...

Грција испрати три канадери во Албанија

А1 - 26.07.2007

Грција и испрати на Албанија три авиони за гаснење на пожар со цел да се изгасне огнот во реонот Ѓирокастро. Огнот зафатил голема површина на шума и десетици декари маслинови и овошни градини. Албанската Влада побара од локалното население да се вклучи во гаснењето на огнот.

Итно ќе се купува авион канадер

Вест - 26.07.2007

ВЛАДАТА ЌЕ НАБАВИ ОПРЕМА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ Македонија, освен авион, ќе купи и пет специјални противпожарни возила со што ќе се зајакнат единиците за противпожарна заштита со дополнителна опрема и луѓе Македонија итно ќе купи авион канадер и пет специјални противпожарни возила, одлучи Владата на ...

Уапсени предизвикувачите на пожарот кај Катланово

Вест - 26.07.2007

Бобан Ѓеорѓиев (30), Асим Неаќи (34) и Ѓоко Тодоровски (34) сите од катланово вработени во комуналното претпријатие во општината Петорвец завчера попладнето се уапсени под сомение дека го предизвикале пожарот кај Катланово во кој изгореа над 250 хектари шума.

Под огнена опсада селата во Скопско, пожарникарите немоќни

Време - 26.07.2007

ПЕКОЛОТ НЕ СТИВНУВА Стихијните пожари што пред шест дена ја зафатија Македонија и кои веќе одзедоа еде човечки живот не стивнуваат опасно заканувајќи се ко населените места. Пламени јазици високи и по неколку десетина метри што беснеат на планината Козјак, завчера попладне се доближија до скопското ...

Во пеколните пожари изгореа илјадници хектари шуми

Утрински - 26.07.2007

Двајца тетовски шумари се онесвестиле поради задушување од чадот Двајца шумари од шумското стопанство „Лешница“ од Тетово за малку ќе настрадале додека го гаснеле пожарот кај селото Мерово. Билал Шерифи и Абди Бајрами се онесвестиле поради задушување од чадот, а нив ги спасиле другите учесници во ...

Ѓубреџии го предизвикале пожарот кај Катланово

Дневник - 26.07.2007

Затворската казна не може да биде помала од три години ако ист сторител подметнал два или повеќе пожари, а за шумски пожар од небрежност казната е парична или до три години затвор Тројца ѓубреџии, вработени во комуналното претпријатие на скопската општина Петровец, ја потпалиле дивата депонија и го ...

Нема докази против приведените за наводно подметнување на пожарот во скопско Катланово

Канал5 - 26.07.2007

Полицијата нема докази против тројцата приведени за кои тврди дека го подметнале пожарот во скопско Катланово, вели адвокатот на обвинетите на кои вчера по четиричасовно сведочење им беше одреден 30 дневен притвор од истражниот судија Марјан Колишевски.

Пожарите беа тема на денешната парламентарна седница наместо вообичаените пратенички прашања

Канал5 - 26.07.2007

По барање на опозицијата, Собранието наместо пратенички прашања, расправаше за пожарите – 45 пожариште активни денеска – реферираше премиерот кој тврдеше дека владата направила се за да го спречи ширењето на пожарите и да ги намали штетите –опозицијата го прозва за Битола и пожарот таму што однесе ...

Граѓаните не ги мотивираат ни пари за вклучување во гаснењето на пожарите

Канал5 - 26.07.2007

Дневницата била пресудна, луѓето да се јават во противпожарната единица за доброволно гаснење на пожарите во штипско. Според информациите од оваа единица, првиот повик за доброволно вклучување во гаснењето на пожарите пропаднал оти не се пријавил никој.

Уапсени тројца пиромани на Комуналец

Вечер Прес - 26.07.2007

Бобан Георѓиев (30, Асим Меаќи (34) и Ѓоко Тодоровски (34), сите од село Катланово, се обвинети дека на 19-ти месецов ненамерно го предизвикале пожарот кој уништи околу 250 хектари шума. Тројца ѓубреџии од скопски Комуналец, се првите приведени пиромани кои ќе трбаат да одговараат за предизвикување ...

30 милиони евра штета од досега изгорената шума

А1 - 25.07.2007

Пресметката на А1, според официјалните податоци на Кризниот штаб, покажува дека штетата од досега изгорената шума изнесува дури 30 милиони евра. Од 18 јули досега изгореле 5.000 хектари шума. Пресметката вели, дека еден хектар даб или бука дава просечно 100 до 200 кубика дрва.

Не стивнуваат пожарите во тетовско

А1 - 25.07.2007

Никако да стивнат неколкуте пожари во општина Желино, најкритично е во Стримница, каде пожарот има направено обрач околу селото. Жителите цела ноќ го гаселе огнот, но тој се уште не е локализиран. „Организираме луѓе да ги однесеме горе, за да можеме да го локализираме некако тој пожар“, изјави ...

Пожарите уништија 2.500 хектари шума во Србија

А1 - 25.07.2007

Шумските пожари кои веќе една седмица беснеат во Србија досега уништија над 2.500 хектари шумски и земјоделски површини, пренесува МИА. Српските медиуми јавија дека во земјата денеска се активни околу 50 пожари, но според противпожарните служби „повеќе не постои опасност за натамошно ширење на ...

Ставени под контрола пожарите кај битолско

А1 - 25.07.2007

Околу 17 часот ставени се под контрола пожарите кај битолските села Свето Тодори, Ивањевци, Подино и Трновци. Силниот оган стигна до куќите, но месното население го изгасна, состојбата во опожарената шума е стабилна. Во огнената стихија најзагрозен беше манастирот Св.

Пожари беснеат и во струшко

А1 - 25.07.2007

300 хектари шума и земјиште со сува трева денес гореа кај Струга. Втор ден пожар беснее пожар во шумата на само два километра од граничниот премин Ќафасан кон Албанија, веднаш над туристичкото езерско село Радожда. Пожари откај граничниот премин Ќафасан, во попладневните часови се прошири до самиот ...

Продолжуваат пожарите во прилепско

А1 - 25.07.2007

Големи пожари и денеска беснеат во прилепско, Демир Хисар и крушевско. Во пожарот кај селото Бучин и Демир Хисар, кој беснее веќе девет дена изгореа над 600 хектари шума. Дел од него денес е изгаснат, но се уште гори од страната кај Демир Хисар.

Уапсени тројца осомничени за пожарот во Катланово

А1 - 25.07.2007

Големиот пожар во катлановско го предизвикале тројца вработени во Комуналното претпријатие во општина Петровец, соопштија денеска од МВР. Полицијата синоќа ги уапси тројцата Бобан Ѓорѓиев, Ѓоко Тодоровски и Асим Меаки. Ги товари дека со камион однеле смет на дивата депонија Дренки кај Катланово и ...

Се шири пожарот кај Скопска Црна Гора

А1 - 25.07.2007

Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Ноќеска беше локализиран, но денеска одново пламна, зафатена е огромна површина, во гасењето се вклучија 30 војници на АРМ. Од другата страна на Скопје беснеат неколку пожари, најопасно е во националниот парк „Јасен“.

Македонија гори

А1 - 25.07.2007

Македонија гори, во моментов најголем е пожарот во беровско. Пожарот од Катланово, пак, се префрли кон Свети Николе. Пелагонија и натаму е распламтена. Прегледот на мапата на земјава покажува дека речиси нема парче од земјава кое не е зафатено од огнената стихија.

Спремни за НАТО, но не и за пожар

Вест - 25.07.2007

МАКЕДОНИЈА НЕМА ОПРЕМА ЗА КРИЗНИ СИТУАЦИИ Армијата формално-правно не можела да се ангажира во гасењето на пожарите, бидејќи законски таа вежбала за одбранбени задачи, а не и за справување со пожари. Неофицијално дознаваме дека министерот за одбрана Лазар Еленовски на владината седница ед Армијата ...

Повеќе од 900 војници ги гаснат пожарите во земјава

Време - 25.07.2007

ЦРВЕНКОВСКИ НА ОПОЖАРЕНИТЕ МЕСТА Средба со кризниот штаб вчера оствари и претседателот Бранко Црвенковски, а потоа ги посети опожарените места и се сретна со жителите на село Крклино. - Дојдов на самото место да се уверам за состојбата со пожарот во Битола.

Има пари за дневници за ангажираните во гаснењето

Вест - 25.07.2007

Владата нема да определи посебни средства во ребалансот на Буџетот за справување со пожарите и штетите од нив, но министерот за финансии Трајко Славески вели дека секогаш има средства за вонредни настани. Владата имаше вонредна седница за состојбата со пожарите минатиот петок.

Битола се спаси од огнот

Време - 25.07.2007

СКРОТЕН ПОЖАРОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА Прва жртва на огнената стихија што два дена беснее над Битола е педесет и едногодишниот Ице Ѓоргиевски. Тој штом слушнал за пожарот, завчера вечер се упатил во својата викендичка близу селото Раштани, иако бил со нарушено здравје.

Хрватски канадер и грчки пожарникари на помош

Време - 25.07.2007

ПРИСТИГНУВА СТРАНСКА ПОМОШ Хрватскиот противпожаре авио канадер со еде пилот и копилот и тројца обучени пожарникари вчера пристигна во земјава на повикот за помош што го упати премиерот Никола Груевски до сите земји од Европската Унија, НАТО, како и земјите од соседството за гаснење на пожарите во ...

Катланово се уште гори, горат и тетовските села

Време - 25.07.2007

ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА Огнената стихија се уште беснее во Македонија. Активни се околу дваесет пожари, а секојдневно се пријавуваат и нови жаришта. Покрај противпожарните екипи и единиците на АРМ, во справувањето со огнот се вклучува и месното население и доброволци кои сакаат да им ...

Битола се спаси, огнот зеде една жртва

Утрински - 25.07.2007

Битолчани имаа една од најдраматичните ноќи. Пожарот што избувна завчера попладнето беше на портите на Битола ГОРАН АДАМОВСКИ БИТОЛА - „Оганот живи ќе не' изедеше. Пострашно нешто во живот не сум видел. Од почетокот се обидувавме да гаснеме, ама потоа собравме прво што ни падна при рака и избегавме ...

Македонија бара помош за да се справи со пожарите

Утрински - 25.07.2007

Поради алармантната состојба, Македонија вчера побара помош и од Австрија, Грција и Турција. Авионите се недоволни во справувањето со огнот СВЕТЛАНА УНКОВСКА Катланово - Справувањето со пожарите што ја зафатија цела Македонија се одвива многу тешко.

Пламна балканското „буре барут“

Дневник - 25.07.2007

Топлотниот бран со температури повисоки од 40 Целзиусови степени и стотици шумски пожари го пустошат Балканот. Во Романија веќе починаа 30 луѓе од силните горештини што траат цела недела. Жртвите претежно се постари луѓе, кои оделе по улица на горештините без да преземат мерки на претпазливост.

КРИЗИ Секој ден со нов максимум против кризата

Дневник - 25.07.2007

Во рамките на меѓународната поддршка ќе бараме помош во авиони од сојузничките земји-членки на НАТО *Овој месец се евидентирани повеќе од 130 пожари. Сметате ли дека се подметнати, дека намерно ги палат шумите? - Има многу индиции за тоа, има и сведоци, кои тврдат дека виделе како ги потпалуваат ...

Во Гостиварско активни два пожара

Канал5 - 25.07.2007

Во Гостиварско од вкупно седум пожари два се уште се активни. Повеќето пожари се ставени под контрола и засега нема опасност по околните населени места. Гостивар, 25 јули (МИА) - Во Гостиварско од вкупно седум пожари два се уште се активни.

МВР Приведе тројца мештани за пожарите кај Катланово

Канал5 - 25.07.2007

Тројца работници од јавното комунално претпријатие од Петровец, се приведени под сомневање дека го предизвикале пожарот во катлановско во кој изгореа повеќе од 250 хектари нискостеблеста дабова шума. Тројца работници од јавното комунално претпријатие од Петровец, се приведени под сомневање дека го ...

Извештај од ЦУК за состојбата со пожарите

Канал5 - 25.07.2007

Пожарот од Црн Врв кај Катлановска Брезница, кој во текот на ноќта помина кон село Градманци, м.в. Осој се уште е активен, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Скопје, 25 јули (МИА) - Пожарот од Црн Врв кај Катлановска Брезница, кој во текот на ноќта помина кон село Градманци, м.в.

Пламена ноќ во Битола

Вечер Прес - 25.07.2007

Во вечерните часови, кога пожарот не можеше да биде локализиран, а ја однесе и првата жртва - Ицо Ѓоргиевски (51) кој беше задушен од чадот, гаснејќи ја својата викендичка кај с. Раштани. Настрадаа поголем број импровизирани куќи во ромската населба Баир.

Гори Балкан, гори Балкан...

Вечер Прес - 25.07.2007

Со огнени стихии кои од ден на ден се повеќе дивеат, покрај Македонија се борат и Србија, Грција, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Бугарија... На територијата на Србија во моментов горат над сто пожари, од кои поголемиот дел се ставени под контрола, објавија вчера српските медими.

Пожарот во Битола ставен под контрола

А1 - 24.07.2007

Пеплосани дрвја од битолските шуми се нем доказ од синоќешната драма која се одвиваше околу Битола. Силниот оган со густ чад дојде пред прагот на конзулскиот град. Почна да ги зафаќа дворовите на куќите на битолската периферија.

Продолжуваат пожарите и во прилепско

А1 - 24.07.2007

Неколку големи пожари беснеат во прилепско, попладнево повторно се активира кај селата Царевиќ и Смолани, во близина на преминот Плетвар, кој утринава беше ставен под контрола. Таму се зафатени над 300 хектари дабова шума. Попладнево нов пожар изби и кај селото Костенци во општина Долнени, каде од ...

Хрватска испрати авион за гасење на пожарите

А1 - 24.07.2007

Во гасењето на пожарите во Битола, од воздух се вклучи и меѓународна помош. На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ пред околу три часа, од Задар слета специјален авион на хрватското Воено воздухопловство од типот „Канадер ЦЛ-415“ со десет члена екипа.

Нови пожари во битолско

А1 - 24.07.2007

Има нови пожари во битолско и како што оценуваат стручњаците, кога станува збор за гасење на огнената стихија, работите често можат да излезат од контрола и да се случат непредвидливи работи. На неколку километри од акумулацијата на езерото Суводол, близу РЕК Битола веќе се појавува пожар по патот ...

Гaснеме пожари со цистерни-крнтии

Време - 24.07.2007

ГОРИ ПОЛОВИНА МАКЕДОНИЈА Пожарите што од четвртокот го зафатија Катлановско се гаснат со застарена и несоодветна опрема, стари пожарникарски возила, а во моментот изостанува и воздушната поддршка. Во акцијата се вклучени и три цистерни, кои датираат од 1967 година, ни изјавија припадници на ...

Пожари на Балканот

Време - 24.07.2007

ЕКСТРЕМНО ВРЕМЕ Сувото време и горештините на Балканот продолжуваат да предизвикуваат силни пожари. Во Албанија села околу главниот град Тирана морале да бидат евакуирани поради стихиите. Пожарите зафатиле маслинови насади, кои бргу пламнале поради сувото време.

Пироманите испарија

Вест - 24.07.2007

НИЕДЕН ПРИТВОРЕН ЗА ПОЖАРИТЕ Засега нема уапсено ни осомничено ниту еден подметнувач од 20-те пожари, што избувнаа последнава недела. МВР се уште трага по двајцата избегани, кои во четвртокот кај Рашче биле видени како полеваат со кантички со бензин.

Огнената стихија им се заканува на повеќе населени места

Утрински - 24.07.2007

Само вчера беа регистрирани околу дваесетина поголеми пожари. Апели до граѓаните да помогнат во нивното гасење СВЕТЛАНА УНКОВСКА Се' повеќе пожари се шират и пустошат низ Македонија. Најкритично е во скопско Катланово, каде што огнената стихија веќе неколку дена уништува стотици хектари дабова шума.

Пожар нагази на мини

Дневник - 24.07.2007

Горат 200 хектари борова шума во Братиндолската корија, каде што има неексплодирани мини. Коријата е оддалечена еден и пол километар од Битола . Пожарот избувна вчера околу 14 часот, а пожарникарите и локалните жители не може да дојдат до местото бидејќи огнот зафатил површина на која најверојатно ...

Под контрола десетина пожари

Дневник - 24.07.2007

Десетина пожари што беснеат деновиве во Македонија се ставени под контрола. Пожарот во Катланово бил локализиран, иако се доближил кон репетиторот „Црн Врв“ и нема опасност по населените места. На терен се наоѓаат 14 возила со 70 пожарникари и 100 војници на АРМ.

Во гаснењето на пожарот во Битола утрово вклучени два хеликоптера

Канал5 - 24.07.2007

Утрово во големата акција за гаснење на пожарот во Битола и битолско се вклучја два македонски хеликоптера. Битола, 24 јули (МИА) - Утрово во големата акција за гаснење на пожарот во Битола и битолско се вклучја два македонски хеликоптера.

Битола во пламен евакуирани жителите на населбата Баир чии куќи ги зафати пожарот-општа мобилизациja

Канал5 - 24.07.2007

Пожарот во Битола ја однесе првата жртва. Едно лице почина најверојатно поради од труење со гасови. Од итната медицинска помош потврдуваат дека телото било донесено во безживотна состојба, а смртта настапила во викендичка во дел зафатен од пожарот во месноста Раштани.

Пожарите во Братин Дол, село Сенгово и Велушина се шират над патот Прилеп – Охрид

Канал5 - 24.07.2007

Пожарите во Братин Дол, село Сенгово и Велушина што избија во 13 часот и 30 минути од влезот на Братин Дол над патот Битола – Охрид и во село Снегово се обединија и се шират од северната страна на градот, од влезот на градот од страната на Ресен и Братин Дол по ридот над патот Прилеп – Охрид до ...

Владата бара помош од Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Грција за гаснење на пожарите

Канал5 - 24.07.2007

Премиерот Никола Груевски вечерва по пристигнувањето во Битола изјави дека се ангажираат сите капацитети во државата, а е побарана и помош од странство за гасење на пожарите што ја зафатија Македонија. Битола, 24 јули (МИА) - Премиерот Никола Груевски вечерва по пристигнувањето во Битола изјави ...

Во три часот по полноќ во Битола почнува голема акција за гаснење на пожарот

Канал5 - 24.07.2007

Во три часот по полноќ ќе започне голема акција за гаснење на пожарот во Битола и околината, соопшти Општинскиот кризен штаб. Битола, 23 јули (МИА) - Во три часот по полноќ ќе започне голема акција за гаснење на пожарот во Битола и околината, соопшти Општинскиот кризен штаб.

Балканот во пожар

Канал5 - 24.07.2007

Албанија, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Бугарија и Хрватска се борат со стотици пожари на своите територии. Албанија, Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Бугарија и Хрватска се борат со стотици пожари на своите територии.

Авиони, војници и пожарникари со полни раце работа

Вечер Прес - 24.07.2007

Неколку пожари од големи размери во Македонија вчера целосно или делумно се локализирани и ставени под контрола, а вонредните мерки за заштита остануваат во сила, со што се уште е забрането движењето низ шумите, за што се предвидени ригорозни казни Неколку пожари од големи размери во Македонија ...

Пожарот во Катланово се ближи до населените места

А1 - 23.07.2007

Пожарот над Катлановско продолжува да се шири. 14 противпожарни возила, 70 пожарникари, 100 припадници на АРМ и три авиони, се немоќни против огнената стихија. Без престан се борат да спречат да стигне до куќите. Пламените јазици поради врелата земја, топлото време и ветрот лесно и брзо зафаќаат ...

Нови 100 хектари шума изгореа во прилепско

А1 - 23.07.2007

Нов пожар беснее во прилепско. Над 100 хектари нискостеблеста дабова шума изгоре во пожарот кој од синоќа гори кај селата Царевич, Тројаци и Дрен. Денес е под контрола, но поради непристапниот терен и силниот ветер се уште постои опасност од негово разгорување.

Спасени луѓето заробени во пожарот кај Битола

А1 - 23.07.2007

Неколку семејства во викендичките над битолското село Братин Дол, веднаш до магистралниот пат Битола-Охрид беа заробени во огнената стихија, што избувна околу 14 часот и 30 минути. Во оваа човечка драма, покрај пожарникарни возила, за нивно спасување дојдоа и нивните роднини да им помогнат.

Македонија во пламен, пожарникарите и војската во костец со огнот

Време - 23.07.2007

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ГИ ГОЛТА ШУМИТЕ Македонија гори, а противпожарни екипи и воени единици на АРМ деноноќно се борат со огнената стихија, која безмилосно напаѓа од сите места. Пожарите буквално избувнуваат во сите краишта од земјава, а засега најопасно е во Катланово и во ловиштето Јасен, каде што на ...

Нов пожар меѓу Желино и Долна Лешница

Вест - 23.07.2007

МАКЕДОНИЈА ГОРИ Пожарите кај Катланово, Еребино, Тетово, Крушево и кај националниот парк Јасен вчера до затворањето на весникот се уште гореа. Според Центарот за управување со кризи, вчера попладнето избувнал нов пожар и меѓу тетовските села Желино и Долна Лешница.

Пожарот ставе под контрола

Време - 23.07.2007

ПРИЛЕПСКО Големите шумски пожари во прилепскиот регио кај селата Дебреште и Царевиќ се под контрола, соопштуваат од прилепската дирекција за управување со кризи. На теренот се екипи од ЈП „Македонски шуми“, кои набљудуваат и можат брзо да интервенираат доколку се јави потреба.

Гори кај Сушево и кај Костурино

Време - 23.07.2007

ВО СТРУМИЧКО Големи пожари завчеравечер ја зафатија струмичката општина на правецот ко Скопје, кај населеното место Сушево и ко Валандово, кај Костурино. Пожарот кај Сушево, кој е поголем, гореше цела ноќ, а во текот на вчерашниот де противпожарните екипи иако со големи напори се обидуваа да го ...

И војниците се вклучија во гаснењето на пожарите

Утрински - 23.07.2007

Забрането е движење низ шумите, пироманите ќе се соочат со ригорозни казни ГОРАН АДАМОВСКИ Жителите на скопска Брезница се евакуираат од своите домови, иако противпожарните единици ноќта спроти неделата успеаја да го локализираат силниот пожар што се закануваше дека ќе предизвика огромна трагедија.

Пожарите ќе мора да ги гасиме сами

Дневник - 23.07.2007

Помошта однадвор е дискутабилна бидејќи и од нас соседните земји бараат помош, Албанија веќе прогласи кризи, во Бугарија е критично, Грција се справува со тешки пожари изјави- вчера премиерот Груевски Со пожарите ќе мора да се справуваме сами, соопшти премиерот Никола Груевски, зашто помош од ...

Ил-76 гаси пожари

Вечер Прес - 23.07.2007

Руското Министерство за вонредни ситуации саботата попладнето испрати за Бугарија противпожарен авион Ил-76 за гаснење на шумски пожари, кои веќе неколку дена беснеат во земјата. Авинот кој полета кон Пловдив и може да носи 42 тони вода ќе се вклучи во гаснењето на шумските пожари во околината на ...

Пироманите ја запалија Македонија

Вечер Прес - 23.07.2007

Првиот човек на противпожарната бригада Скопје, Благоја Менковски, изјави дека луѓето се предизвикувачи на сите овие пожари, бидејќи нема невреме со атмосферски празнења. МВР откри две лица кај Радуша, кои сонеколку канти бензин ја потпалија шумата! Веке повеќе од два месеца пожари пепелосаа ...