ПОЖАР ВО ВЕЛЕС Вчера во Велес во пожар изгоре куќата на семејството Варналиеви. Пожарот во оваа стара и трошна куќа, во која 20-тина години никој не живее, избувна околу 11 часот. Соседите први го виделе огнот и пожарот го пријавиле во противпожарната служба.
велес Напуштената куќа на поранешниот градоначалник на Велес Ацо Варналиев изгорела до темел, а уште две соседни биле оштетени во пожарот што избувнал вчера на велешката улица Димитар Влахов. Соседите сметаат дека пожарот е дело на сериски пироман, кој оперира во тој дел на Велес.
Стара семејна куќа на улица "Партизанска" изгоре до темел во пожарот што во неа избувна вчера претпладне. Делумно изгореа и две други куќи залепени до неа. Тешко е во моментов да се процени предизвиканата штета. Куќата од каде што почна пожарот беше типична градба на велешката архитектура.
ПОЖАР ВО КУЌА ВО СЕЛОТО БИТОВО КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД Стојмир Змејковски (80) од селото Битово кај Македонски Брод изгорел во пожарот што во петокот избувнал во неговата куќа. Несреќата се случила околу 23 часот додека Стојмир бил дома со неговата сопруга.
МАКЕДОНСКИ БРОД Старец од селото Битово, Македонски Брод, изгорел, а неговата сопруга се здобила со изгореници од втор степен во пожар што избувнал во нивната куќа во селото, во саботата вечерта. Во пожарот загинал Стојмир Змејковски (80).
Викендов, во село Битово, Македонски Брод избувнал пожар во семејната куќа на Стојмир Змејкоски (80). Во пожарот загинал Стојмир, а се затрула и неговата жена која со изгореници од втор степен е однесена на лекување во Медицинскиот центар во Прилеп.