TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гостувањето на "Дон Жуан" во Богота е отворено прашање

Вест - 09.11.2007

ДИРЕКТОРОТ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР БРАНКО ЃОРЧЕВ СЕ БРАНИ ОД ОБВИНУВАЊАТА НА РЕЖИСЕРОТ АЦО ПОПОВСКИ "Ацо Поповски не ни дозволи преговорите со Фестивалот во Богота за гостувањето на 'Дон Жуан' да ги истераме докрај. Гостувањето на претставата во Богота никогаш не било дефинитивно откажано", рече тој.

Гостувањето на „Дон Жуан“ во Богота не е откажано

Време - 09.11.2007

НУБ РЕАКЦИЈА НА РАКОВОДСТВОТО НА ДРАМСКИОТ ТЕАТАР Режисерот Александар Поповски воопшто не не информирал за 20-те илјади евра што ќе ги обезбеди фестивалот од Богота за гостувањето на „Дон Жуан“, ниту, пак, ние сме објавиле дека претставата немада оди во Колумбија.

Не постои идеолошка брана за гостувањето на „Дон Жуан“ во Богота

Утрински - 09.11.2007

Бранко Ѓорчев тврди дека преговорите за гостувањето се' уште течат, но изразува сомнеж дека проблемот со финансиите е решен ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА „Во Драмски театар не постои идеолошка брана во однос на гостувањето на ’Дон Жуан’ на фестивалот во Богота, во Колумбија“, вели директорот на Драмски, Бранко ...

Поповски не ми дозволи да се договорам со организаторот во Богота

Дневник - 09.11.2007

Се надевам дека обвинувањата што уметниците ги упатија на адресата на Драмски театар не се пакет-аранжман . Убавите работи што ги направивме паѓаат во вода зашто мора да се занимаваме со такви провокации - рече директорот Бранко Ѓорчев.

Кафе - муабет не значи и покана на фестивал

Вечер Прес - 09.11.2007

Вака накратко одговара првиот човек на Театарот од Карпош на обвинувањата на Александар Поповски дека претставата, во негова режија, "Дон Жуан" намерно е откажана - Целата конекција со г-дин Џорџо Орсини, селекторот или продуцент на фестивалот во Колумбија, беше остварена лани на МЕСС, каде на ...

Министерот за култура ќе одлучи дали „Дон Жуан“ ќе оди во Богота

Дневник - 08.11.2007

Претставата „Дон Жуан“ на Драмски театар веројатно ќе патува на Ибероамериканскиот театарски фестивал во Богота. Денеска министерот за култура Арификмет Џемаили треба да одлучи дали ќе може да одобри пари за гостувањето. Државниот секретар за култура Елизабета Канческа-Милевска разговарала со ...

Раководството на Драмски театар го обвини Поповски за исчезнување на 15.000 евра

Канал5 - 08.11.2007

Драмски театар чека театарскиот фестивал од Богота Колумбија со документ да гарантира дека ќе ги покрие трошоците за гостувањето на претставата Дон Жуан- тогаш актерската екипа ќе може да патува за Колумбија – ова е одговорот на првите луѓе на драмски на обвинувањата на режисерот Александар ...

Драмски откажа гостување на фестивал во Богота

Вест - 07.11.2007

ЌЕ ИМА ЛИ УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО КУЛТУРАТА? Во Богота, еден од порелевантните театарски фестивали, нема да оди "Дон Жуан", која е поканета уште пред една година. Директорот на Драмски Бранко Ѓорчев вели дека причината се парите за патот - некаде околу 20.000 евра, а режисерот Александар По Режисерот ...

Суетите се ставаат пред националните интереси

Време - 07.11.2007

ПРЕТСТАВАТА НА ПОПОВСКИ НЕ ОДИ НА ФЕСТИВАЛ ВО КОЛУМБИЈА Учество на претставата „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски на Интернационалниот театарски фестивал во Богота, Колумбија, нема да има. - Моето прво гостување на еден голем фестивал во Латинска Америка беше со белградскиот театар „Ателје ...

Парите не биле причина за откажување на гостувањето на „Дон Жуан“ во Богота

Утрински - 07.11.2007

За реализацијата на гостувањето недостасуваат уште 1.250, а не 16.000 евра, вели Александар Поповски Доколку идејата била со овој гест да ми наштетат мене, мислам дека е направена многу поголема штета: Александар Поповски ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА „Чувствувам потреба да бидам шокиран од едностраната одлука ...

Лоша комуникација ќе го остави „Дон Жуан“ дома

Дневник - 07.11.2007

Режисерот Александар Поповски го обвини раководството на Драмскиот театар дека не дозволил претставата „Дон Жуан“ да учествува на Ибероамериканскиот театарски фестивал што се одржува во Богота, Колумбија, в година во март. Режисерот тврди дека за 1.250 евра, колку што требало да плати Драмски, била ...

Поповски: Парите не се проблем

Вечер Прес - 07.11.2007

Откажувањето на гостувањето на претставата "Дон Жуан" во Богота, Колумбија, што требаше да се реализира во март идната година, беше причина режисерот Александар Поповски да свика прес-конференција, на која ги демантираше наводите дека за реализација на истото требаат 16.000 евра.

Откажано гостувањето на „Дон Жуан“ во Богота

А1 - 06.11.2007

Македонија ја пропушта шансата да учествува на Светскиот театарски фестивал во Богота, Колумбија, затоа што управата на Драмски театар, поради недостиг на финансии, го откажала гостувањето на претставата „Дон Жуан“, во режија на Александар Поповски.

Откажано гостувањето на „Дон Жуан“ на големиот фестивал во Колумбија

Утрински - 06.11.2007

Драмски го откажа гостувањето без да побара средства од Министерството, обвинува режисерот Поповски ЛИЛЈАНА МИТЕВСКА Иако беше поканета, Македонија ја пропушти својата шанса да биде дел од најголемото театарско случување во Латинска Америка.

Откажано гостувањето на претставата Дон Жуан на режисерот Александар Поповски во Богота, Колумбија..

Канал5 - 06.11.2007

Недостаток на пари или политички опструкции – никој не сака јавно да признае зошто претставата „Дон Жуан“ на режисерот Александар Поповски не заминува на театарскиот фестивал на латинска Америка во Богота, Колумбија. Недостаток на пари или политички опструкции никој не сака јавно да признае зошто ...