TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пожарите во Грција досега однесоа десетина животи

Макфакс - 08.07.2007

Aтина Десет лица загинаа во пожарите што изминатиот период ја зафатија Грција, јавија грчките медиуми. Огнените стихија што ја зафати државата од почетокот на минатиот месец, ги одзеде животите на десет лица, а уништи стотици декари горска шумa и обработливо земјиште и имот.

Апел до граѓаните да не палат оган

Макфакс - 07.07.2007

Скопје Апел до граѓаните на Македонија да не палат оган на отворен простор поради сериозна опасност од предизвикување на пожар упати денеска владиниот Центар за управување со кризи. „Се предупредуваат граѓаните, заради превенција од пожари и предизвикување на општа опасност да не палат стрништа, ...

Русија ќе и испрати на Грција авиони за борба против пожари

Макфакс - 07.07.2007

Атина Русија денеска ќе испрати пет авиони за помош во гасењето на пожари во Грција како одговор на апелот на премиерот Костас Караманлис. Грчкиот премиер, синоќа, му телефонирал на рускиот претседател Владимир Путин за да го замоли за помош во борба против пожарите.

Влада – Дополнителни 1,6 милиони евра за пожарите со ребалансот

Макфакс - 07.07.2007

Скопје Амандманска интервенција со која во ребалансот на буџетот ќе бидат предвидени 100 милиони денари (1,63 милиони евра) предложи Владата на денешната вонредна седница. Средствата ќе бидат ставени на располагање за актуелната ситуација со пожарите и надминување на последиците, информираше ...

Под контрола пожарите во Србија

Макфакс - 07.07.2007

Белград Под контрола се сите 16 активни пожари во Србија што зафатија површина од 12,000 хектари шума. Српската Влада денеска формираше Штаб за гаснење на пожарите за што се ангажирани вкупно 2,500 луѓе. Министерот за земјоделство Слободан Милосављевиќ соопшти дека Владата ќе издвои средства од ...

Прекината вонредната собраниска седница за пожарите

Макфакс - 06.07.2007

Скопје Пратениците во македонскиот Парламент попладнево ја прекинаа вонредната седница на која се расправаше за состојбата со пожарите во земјата. Денешната расправа започна на иницијатива на опозиционата СДСМ, која побара наместо седницата посветена на пратеничките прашања, да се одржи седница на ...

Собранието расправа за состојбата со пожарите

Макфакс - 06.07.2007

Скопје Собранието на Република Македонија денеска расправа за состојбата со пожарите во земјата. Според најавите, за денеска требаше да се одржи редовната седница на која се поставуваат пратенички прашања, опозиционата СДСМ побара на седницата да се разговара за пожарите.

Три лица загинаа во пожарите во Грција

Макфакс - 06.07.2007

Атина Најмалку три лица загинаа синоќа во пожарите во јужна Грција каде изгореа десетици куќи, соопштија локалните власти. Големата огнена стихија кај местото Егио, на северниот брег на Пелопонез, ги зафати домовите во најмалку осум села и го прекина сообраќајот на магистралниот пат Атина - Патра, ...

Пожари во Италија – четири жртви и илјадници евакуирани

Макфакс - 05.07.2007

Рим Најмалку четири лица ги загубија животите а илјадници туристи се евакуирани поради пожари во јужната италијанска покраина Пуља, а горат и шумите во централните и јужни делови на Италија. Две лица се пронајдени во јагленосана состојба во автомобил, а две наводно се задушиле на плажа во близина ...

Пожари беснеат во Бугарија, Грција и Србија

Макфакс - 05.07.2007

Софија/Атина/Белград Повеќе десетици пожари беснеат во Бугарија, Грција и Србија, пренесува Макфакс. Во Бугарија, огромен број пожарникари со техника, како и над 1000 војници, се обидуваа да се справат со два големи пожари во регионот на градот Казанлак, со пожар во регионот на Пазарџик и со уште ...

Големи пожари на Азурен брег

Макфакс - 05.07.2007

Париз Над 2.700 лица, меѓу кои и странски туристи, се евакуирани поради големите пожари што ја зафатија југоисточна Франција. Огнената стихија повреди шест лица а околу 2.000 хектари вегетација се уништени, наведуваат локалните власти.

Готовност на максимум – се купуваат и нови ПП возила

Макфакс - 05.07.2007

Скопје Македонската Влада ги задолжила надлежните министерства кои учествуваат во справувањето со пожарите во земјата, состојбата на готовност да ја кренат до максимум, а донела и други мерки за борба со огнената стихија. Ова денеска го соопштија министрите за внатрешни работи и за одбрана Гордана ...

Пожари во Македонија пристигнува странска помош

Макфакс - 05.07.2007

Скопје Пожари беснеат на повеќе од десет локации во Македонија, а во нивното гаснење се вклучени пожарникари, припадници на армијата и полицијата, како и доброволци. Почнува да пристигнува и странската помош што ја побара владата.

Владата предупредува - казни за палење оган на отворено

Макфакс - 04.07.2007

Скопје Предупредување до граѓаните да не палат оган на отворен простор заради превенција од пожари упати денеска Македонската влада и најави ригорозни казни за пироманите. „Се предупредуваат граѓаните, заради превенција од пожари и предизвикување општа опасност и загрозување на животот, здравјето и ...

Албанија зафатена од триесетина пожари

Макфакс - 04.07.2007

Тирана Околу 32 големи пожари моментално беснеат во 21 област на територијата на Албанија, јави дописникот на Макфакс. Главна причина за големиот број пожари се високите температури кои деновиве во одредени градови достигнаа и над 40 степени Целзиусови.

Хрватска испрати авион за гаснење на пожарите

Макфакс - 04.07.2007

Охрид Секој момент на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ се очекува да слета авион од типот „Канадер“ што Хрватска го испрати како помош за справување со пожарите што ја зафатија Македонија. Како што јави дописникот на Макфакс, авионот веднаш по слетувањето ќе се приклучи во гасењето на ...

Владата располага со доволно средства за борба против пожарите

Макфакс - 04.07.2007

Скопје Владата располага со доволно средства за набавка на потребната опрема за справување со пожарите, изјави денеска министерот за финансии Трајко Славески. Средства ќе бидат обезбедени од буџетот, од соодветни ставки за природни непогоди, бидејќи сега е доцна Владата во ребалансот на буџетот, за ...

Црвенковски во битолско поради состојбата со пожарите

Макфакс - 04.07.2007

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски утринава е во посета на реонот на Битола, каде вчера избувна голем пожар, официјално е соопштено. Според најавите, Црвенковски заедно со заменик началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), Адил Газафер, ќе направи ...

Пожари во Црна Гора

Макфакс - 04.07.2007

Подгорица Пожари беснеат на целата територија на Црна Гора, и покрај огромните напори за нивно локализирање и гаснење, јавија локалните медиуми. Според информациите од противпожарните служби, во близина на градот Никшиќ, дневно избувнуваат по околу 30 пожари.

Пожарите и натаму пустошат-пристигнува странска помош

Макфакс - 04.07.2007

Скопје Прва странска помош за гаснење на пожарите веќе пристигна во Македонија по апелот упатен од Центарот за управување со кризи (ЦУК) до повеќе европски земји и Канада. Како што соопшти денеска ЦУК, во Македонија пристигна помошта од Словенија(хеликоптер и тројца пожарникари со ПП опрема) и еден ...

КЗК понуди помош за пожарите во Македонија

Макфакс - 04.07.2007

Скопје Косовскиот заштитен корпус (КЗК) е подготвен да и помогне на Македонија во гасењето на пожарите, доколку тоа биде побарано од него. Ова, за скопскиот весник „Лајм“, го изјави портпаролот на КЗК, Шемси Сула, кој додаде дека КЗК е подготвена, со тие капацитети кои ги има, да и помогне на ...

Најавена помош од Словенија, Турција, Австрија за гаснење на пожарите

Макфакс - 04.07.2007

Скопје Освен Хрватска, помош за гаснење на пожарите очекуваме и од Словенија, Турција, Австрија, Швајцарија, како и од американските сили на Косово. Ова попладнево го најави македонскиот премиер Никола Груевски, кој информираше дека е во контакт и со други држави кои би можеле да помогнат околу ...

Најголем дел од пожарите локализирани, критично е во битолско

Макфакс - 03.07.2007

Скопје Најголемиот дел од пожарите во земјава се локализирани, но ситуацијата е критична во битолско каде попладнево избувнаа два пожари кај местата Билбил Камен и Братин Дол. Огнената стихија кај Братин Дол зафати околу 200 хектари борова шума и се заканува на викендичките кои се наоѓаат на ова ...

Големи пожари беснеат низ Грција

Утрински - 02.07.2007

Од средата има информации за пожари на околу 300 локации низ земјата, иако повеќето од нив се изгасени АТИНА - Повеќе од 400 пожарникари викендов се обидуваат да го локализираат пожарот кој беснее низ делови од Грција, при што одзеде најмалку 12 животи.

Се потат само пожарникарите

Дневник - 02.07.2007

Веќе стана традиција и онака жешките македонски лета да се подгреваат со пожари. Најчесто потпалени од земјоделци што палат стрништа, од дрвокрадци, а, велат, и од разни други палишуми . Стана традиција и пожарите да си догоруваат, а пожарникарите, шумските стопанства и другите што излегуваат на ...

Локализирани дел од пожарите

Макфакс - 02.07.2007

Скопје Неколку пожари од големи размери во Македонија денеска целосно или делумно се локализирани и ставени под контрола, а вонредните мерки за заштита остануваат на сила. Во скопскиот регион активни се неколку пожари, а нема опасност за населените места.

Пожари на Балканот

Макфакс - 02.07.2007

Софија/Белград/Загреб Стотици хектари шума се уништени, а повеќе патни правци се затворени за сообраќај поради пожарите што не стивнуваат на Балканот, пренесува Макфакс. Во гаснењето на пожарите во реони на Бугарија, Србија и Хрватска се вклучени бројни противпожарни единици, а мобилизирана е и ...

Србија побара помош за гаснење на пожарите

Макфакс - 02.07.2007

Белград Србија од соседните земји побара помош за гаснење на големиот пожар во околината на Пирот што досега уништи над илјади хектари шума и нискостеблести растенија. „Контактиравме со Грција и Бугарија, но, проблем е тоа што и кај нив состојбата со пожарите е тешка“,.изјави вечерва српскиот ...