Aтина Десет лица загинаа во пожарите што изминатиот период ја зафатија Грција, јавија грчките медиуми. Огнените стихија што ја зафати државата од почетокот на минатиот месец, ги одзеде животите на десет лица, а уништи стотици декари горска шумa и обработливо земјиште и имот.
Скопје Апел до граѓаните на Македонија да не палат оган на отворен простор поради сериозна опасност од предизвикување на пожар упати денеска владиниот Центар за управување со кризи. „Се предупредуваат граѓаните, заради превенција од пожари и предизвикување на општа опасност да не палат стрништа, ...
Атина Русија денеска ќе испрати пет авиони за помош во гасењето на пожари во Грција како одговор на апелот на премиерот Костас Караманлис. Грчкиот премиер, синоќа, му телефонирал на рускиот претседател Владимир Путин за да го замоли за помош во борба против пожарите.
Скопје Амандманска интервенција со која во ребалансот на буџетот ќе бидат предвидени 100 милиони денари (1,63 милиони евра) предложи Владата на денешната вонредна седница. Средствата ќе бидат ставени на располагање за актуелната ситуација со пожарите и надминување на последиците, информираше ...
Белград Под контрола се сите 16 активни пожари во Србија што зафатија површина од 12,000 хектари шума. Српската Влада денеска формираше Штаб за гаснење на пожарите за што се ангажирани вкупно 2,500 луѓе. Министерот за земјоделство Слободан Милосављевиќ соопшти дека Владата ќе издвои средства од ...
Скопје Пратениците во македонскиот Парламент попладнево ја прекинаа вонредната седница на која се расправаше за состојбата со пожарите во земјата. Денешната расправа започна на иницијатива на опозиционата СДСМ, која побара наместо седницата посветена на пратеничките прашања, да се одржи седница на ...
Скопје Собранието на Република Македонија денеска расправа за состојбата со пожарите во земјата. Според најавите, за денеска требаше да се одржи редовната седница на која се поставуваат пратенички прашања, опозиционата СДСМ побара на седницата да се разговара за пожарите.
Атина Најмалку три лица загинаа синоќа во пожарите во јужна Грција каде изгореа десетици куќи, соопштија локалните власти. Големата огнена стихија кај местото Егио, на северниот брег на Пелопонез, ги зафати домовите во најмалку осум села и го прекина сообраќајот на магистралниот пат Атина - Патра, ...
Рим Најмалку четири лица ги загубија животите а илјадници туристи се евакуирани поради пожари во јужната италијанска покраина Пуља, а горат и шумите во централните и јужни делови на Италија. Две лица се пронајдени во јагленосана состојба во автомобил, а две наводно се задушиле на плажа во близина ...
Софија/Атина/Белград Повеќе десетици пожари беснеат во Бугарија, Грција и Србија, пренесува Макфакс. Во Бугарија, огромен број пожарникари со техника, како и над 1000 војници, се обидуваа да се справат со два големи пожари во регионот на градот Казанлак, со пожар во регионот на Пазарџик и со уште ...
Париз Над 2.700 лица, меѓу кои и странски туристи, се евакуирани поради големите пожари што ја зафатија југоисточна Франција. Огнената стихија повреди шест лица а околу 2.000 хектари вегетација се уништени, наведуваат локалните власти.
Скопје Македонската Влада ги задолжила надлежните министерства кои учествуваат во справувањето со пожарите во земјата, состојбата на готовност да ја кренат до максимум, а донела и други мерки за борба со огнената стихија. Ова денеска го соопштија министрите за внатрешни работи и за одбрана Гордана ...
Скопје Пожари беснеат на повеќе од десет локации во Македонија, а во нивното гаснење се вклучени пожарникари, припадници на армијата и полицијата, како и доброволци. Почнува да пристигнува и странската помош што ја побара владата.
Скопје Предупредување до граѓаните да не палат оган на отворен простор заради превенција од пожари упати денеска Македонската влада и најави ригорозни казни за пироманите. „Се предупредуваат граѓаните, заради превенција од пожари и предизвикување општа опасност и загрозување на животот, здравјето и ...
Тирана Околу 32 големи пожари моментално беснеат во 21 област на територијата на Албанија, јави дописникот на Макфакс. Главна причина за големиот број пожари се високите температури кои деновиве во одредени градови достигнаа и над 40 степени Целзиусови.
Охрид Секој момент на Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ се очекува да слета авион од типот „Канадер“ што Хрватска го испрати како помош за справување со пожарите што ја зафатија Македонија. Како што јави дописникот на Макфакс, авионот веднаш по слетувањето ќе се приклучи во гасењето на ...
Скопје Владата располага со доволно средства за набавка на потребната опрема за справување со пожарите, изјави денеска министерот за финансии Трајко Славески. Средства ќе бидат обезбедени од буџетот, од соодветни ставки за природни непогоди, бидејќи сега е доцна Владата во ребалансот на буџетот, за ...
Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски утринава е во посета на реонот на Битола, каде вчера избувна голем пожар, официјално е соопштено. Според најавите, Црвенковски заедно со заменик началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ), Адил Газафер, ќе направи ...
Подгорица Пожари беснеат на целата територија на Црна Гора, и покрај огромните напори за нивно локализирање и гаснење, јавија локалните медиуми. Според информациите од противпожарните служби, во близина на градот Никшиќ, дневно избувнуваат по околу 30 пожари.
Скопје Прва странска помош за гаснење на пожарите веќе пристигна во Македонија по апелот упатен од Центарот за управување со кризи (ЦУК) до повеќе европски земји и Канада. Како што соопшти денеска ЦУК, во Македонија пристигна помошта од Словенија(хеликоптер и тројца пожарникари со ПП опрема) и еден ...
Скопје Косовскиот заштитен корпус (КЗК) е подготвен да и помогне на Македонија во гасењето на пожарите, доколку тоа биде побарано од него. Ова, за скопскиот весник „Лајм“, го изјави портпаролот на КЗК, Шемси Сула, кој додаде дека КЗК е подготвена, со тие капацитети кои ги има, да и помогне на ...
Скопје Освен Хрватска, помош за гаснење на пожарите очекуваме и од Словенија, Турција, Австрија, Швајцарија, како и од американските сили на Косово. Ова попладнево го најави македонскиот премиер Никола Груевски, кој информираше дека е во контакт и со други држави кои би можеле да помогнат околу ...
Скопје Најголемиот дел од пожарите во земјава се локализирани, но ситуацијата е критична во битолско каде попладнево избувнаа два пожари кај местата Билбил Камен и Братин Дол. Огнената стихија кај Братин Дол зафати околу 200 хектари борова шума и се заканува на викендичките кои се наоѓаат на ова ...
Од средата има информации за пожари на околу 300 локации низ земјата, иако повеќето од нив се изгасени АТИНА - Повеќе од 400 пожарникари викендов се обидуваат да го локализираат пожарот кој беснее низ делови од Грција, при што одзеде најмалку 12 животи.
Веќе стана традиција и онака жешките македонски лета да се подгреваат со пожари. Најчесто потпалени од земјоделци што палат стрништа, од дрвокрадци, а, велат, и од разни други палишуми . Стана традиција и пожарите да си догоруваат, а пожарникарите, шумските стопанства и другите што излегуваат на ...
Скопје Неколку пожари од големи размери во Македонија денеска целосно или делумно се локализирани и ставени под контрола, а вонредните мерки за заштита остануваат на сила. Во скопскиот регион активни се неколку пожари, а нема опасност за населените места.
Софија/Белград/Загреб Стотици хектари шума се уништени, а повеќе патни правци се затворени за сообраќај поради пожарите што не стивнуваат на Балканот, пренесува Макфакс. Во гаснењето на пожарите во реони на Бугарија, Србија и Хрватска се вклучени бројни противпожарни единици, а мобилизирана е и ...
Белград Србија од соседните земји побара помош за гаснење на големиот пожар во околината на Пирот што досега уништи над илјади хектари шума и нискостеблести растенија. „Контактиравме со Грција и Бугарија, но, проблем е тоа што и кај нив состојбата со пожарите е тешка“,.изјави вечерва српскиот ...