TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Tобако мафијата царува на Балканот

А1 - 02.11.2008

Од апсењето на македонскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу, до убиството на хрватскиот новинар Иво Пуканиќ. Царува ли тобако мафијата на Балканот со амин на политичарите?. Македонија како неизоставен дел и директен учесник во шверцот на цигари.

Косовскиот претседател во посета на Албанија

Сител - 02.11.2008

Сејдиу ќе има одвоени средби и со премиерот Сали Бериша, како и претседателката на парламентот Јозефина Топали. Тој ќе има обраќање и пред пратениците на албанскиот парламент, а ќе престојува и во градот Скадар, каде локалните авторитети ќе му го врачат призанието „почесен граѓанин“.

Во Струмица откриени 7,5 тони цигари со лажни бандероли

Утрински - 01.11.2008

Истрагата за тутунскиот бос Бајруш Сејдиу се шири кон Струмица и кон Кичево. Истрагата во рамките на акцијата „Пепел“ за откривање на синџирот за нелегална продажба на цигари во земјава се прошири кон Струмица и кон Кичево. Сопственикот на фирмата „Попецо табак“, струмичанецот Ристо Попецов (33), вчера беше донесен на распит во Основниот суд Скопје 1 за да даде одговорот на обвинувањата од страна ...

Во Струмица запленети девет тони од цигарите на Сејдиу

А1 - 31.10.2008

Акцијата „Пепел“ ја зафати и Струмица. Вечерва полицијата го приведе сопственикот на фирмата „Поппецо табак“, овластен дистрибутер на цигарите што ги произведува тутунскиот комбинат од Куманово за југоисточна Македонија. Според првичните сознанија до кои дојде А1, при претресот на домот и двата магацини на фирмата, полицијата запленила околу девет тони цигари.

Попецов му ги плаќал во кеш цигарите на Сејдиу

А1 - 31.10.2008

Во „Пепел“ откриени уште 7,5 тони фалсификувани цигари. Откриени се во магацините на струмичката фирма „Попецо табак“ која е дилер на кумановскиот Тутунски комбинат за југоисточна Македонија. Сопственикот на фирмата Ристо Попецов е уапсен и изведен пред истражен судија.

Останале без леб и без фудбал

Време - 31.10.2008

Стотина кумановци, вработени во фирмите на притворениот бизнисмен Бајруш Сејдиу, вчера го блокираа влезот во градот и бараа тој да биде ослободен. Сејдиу веќе една недела е во притвор заедно со уште 26 блиски соработници, сите уапсени во акцијата „Пепел“ за сузбивање шверц со цигари и друг организиран криминал.

Приведен струмички дистрибутер на цигарите на Сејдиу

Форум - 31.10.2008

Дистрибутерите на фалсификуваните цигари на Бајруш Сејдиу, кумановскиот “бос“, се на мета на акцијата „Пепел“, низ повеќе градови во Македонија. Вчеравечер, полицијата го приведе сопственикот на фирмата „Поппецо табак“, Ристо Поп Пецов (33), овластен дистрибутер на цигарите што ги произведува тутунскиот комбинат од Куманово за југоисточна Македонија.

Откриени околу 7,5 тони фалсификувани брендови на цигари во склад во Струмица

Сител - 31.10.2008

При контрола со судски налог, полицијата во фирмата „ПОПЕЦО Табак –ДООЕЛ Струмица со седиште на ул.„Климент Охридски„ во Струмица пронајде и одзеде поголемо количество цигари со фалсификувани маркици. И оваа акција на полицијата е во рамките на Операцијата „Пепел“ и е извршена во координација со Регионална дирекција УЈП –Струмица.

Откриен уште еден тутунски дилер од мрежата на Бајруш Сејдиу

Канал5 - 31.10.2008

Падна уште еден тутунски дилер од мрежата на тобако босот - Бајруш Сејдиу. Ристо Поп Пецев од Струмица е дистрибутер на цигарите на кумановскиот Тутунски комбинат за источна Македонија. Полицијата во неговите магацини откри 7 и пол тони цигари кои немаат контролни марки. Биле произведени во погоните на кумановскиот бос и преку струмичката Попеко табак биле продавани низ источниот регион.

Откриени 7,5 тони фалсификувани брендови на цигари во Струмица

Сител - 31.10.2008

Ристо Поп Пецев, сопственикот на фирмата Поппецо табак од Струмица денеска беше изведен пред истражен судија во Скопје. Тој беше уапсен вчера како дел од акцијата Пепел. Поп Пецев бил овластен дистрибутер на цигарите кои ги произведувал кумановскиот комбинат. Кај него во три магацини се пронајдени девет тони на цигари од марките МТ, Стил, Драва и Бар.

Запленети уште 7,5 тони фалс цигари на Бајруш

Вечер Прес - 31.10.2008

Речиси 7,5 тони цигари од различни брендови, вредни неколку милиони евра со фалсификувани бандероли, МВР ги заплени во последниот бран на акцијата Пепел во Струмица. Речиси 7,5 тони цигари од различни брендови, вредни неколку милиони евра, со фалсификувани бандероли за кои се избегнати даноци од 200.000 евра, запленети се од МВР, во последниот бран на акцијата Пепел, во Струмица.

„Слобода за газда Сејдиу“

А1 - 30.10.2008

„Слобода за Бајруш Сејдиу“. Ова е барањето на дел од вработените во фирмите на кумановскиот газда Бајруш, кој веќе една недела е во притвор заедно со уште 26 негови блиски соработници. 100-тина вработени од фабриките „Искра“, „Кен“, „Жито Мел“ и фудбалскиот клуб „Милано“ еден час го блокираа надвозникот на влезот во Куманово во знак на протест против апсењето на нивниот газда.

Бајруш ќе плати 50 евра оти плукнал кога го апсеа

Вест - 30.10.2008

На тутунскиот бос Бајруш Сејдиу од Куманово, кој минатата недела беше уапсен за злосторничко здружување и нелегално производство на 15 тони цигари, вчера му е поднесена и прекршочна пријава за дело предвидено во Законот за јавната чистота. Тој прекршочната пријава ја заработи оти при спроведување од полициското комбе во Судот плукна на јавна површина, за што, според Законот, е предвидена парична ...

Слобода за Сејдиу бараат неговите вработени

Телма - 30.10.2008

“Бајруш Сeјдиу даваше леб на сите”, “Cакеме правда, сакаме да го ослободат Бајруш”. Со овие пароли вработените во неколкуте компании кои ги поседува Сејдиу го искажаа револтот поради неговото приеведување во акцијата “Пепел”. Тие бараат компаниите да продолжат да работат бидејќи, какао што рекоа, од нив зависи опстанокот на сите граѓани на Куманово.

Прва казна за тутунскиот бос за плукање на јавно место

Дневник - 30.10.2008

Го прекрши Законот за јавната чистота пред очите на полицијата: Бајруш Сејдиу. Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу е казнет со 50 евра бидејќи плукнал кога полицијата го спроведуваше пред истражен судија во скопскиот Криви чен суд. Доказ дека го прекршил Законот за јавната чистота биле телевизиските снимки направени по неговото апсење во акцијата „Пепел“.

Вработените кај Бајруш Сејдиу протестираа за ослободување на својот газда

Алсат-М - 30.10.2008

Вработените во компаниите Жито Мел, Братекс, Тутунскиот Комбинат, дел од компанијата Искра, Кен како и сите членови на фудбалскиот клуб Милано во сопственост на Бајруш Сејдиу, денес го блокираа мостот на излез од Куманово. Роднините на Бајруш Сејдиу и сите роднини на уапсените во полициската акција “Пепел“, како и вработените во гореспоменатите фирми, преку протестите бараат нивните ...

Запленети околу осум тони цигари во Струмица

Алсат-М - 30.10.2008

Околу осум тони цигари заплени денеска македонската полиција во Струмица при контрола на магацин на компанијата „Попет табак“, која е овластен дистрибутер на цигари за источна Македонија. Полициски извори за Макфакс потврдија дека вечерва во акција која е дел од операцијата „Пепел“, е приведен сопственикот на „Попет табак“, магацин и дисконт во Струмица.

Работниците на Сејдиу бараат да се ослободи

Дневник - 30.10.2008

Работниците на Сејдиу бараат да се ослободи. Околу 500 вработени во компаниите на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, уапсен во акцијата „Пепел“, вчера протестираа во Куманово и бараа тој да биде ослободен, а фирмите да продолжат да работат. Тие стравуваат дека ќе останат на улица ако се блокира работата на фирмите што се во сопственост на Сејдиу.

Вработените во фирмите на Сејдиу го блокираа излезот на Куманово

Кирилица - 30.10.2008

Вработените од фирмите Жито Мел, Братекс, Тутунскиот комбинат, дел од Искра, Кен, како и членовите на фудбалскиот клуб Милано, сопственост на уапсениот Бајруш Сејдиу, денеска го блокираа мостот на излезот од Куманово. Тие бараат непречено работење на овие фирми и ослободување на Сејдиу и останатите раководители кои беа уапсени во акцијата „Пепел“ на МВР.

Вработените во фирмите на Сејдиу, бараат негово ослободување

Сител - 30.10.2008

Вработените од фирмите Жито Мел, Братекс, Тутунскиот комбинат, дел од Искра, Кен, како и членовите на фудбалскиот клуб Милано, сопственост на уапсениот Бајруш Сејдиу, денеска го блокираа мостот на излезот од Куманово. Тие бараат непречено работење на овие фирми и ослободување на Сејдиу и останатите раководители кои беа уапсени во акцијата „Пепел“ на МВР.

Судот го замрзна имотот и ги блокираше сметките на Бајруш Сејдиу

Канал5 - 30.10.2008

Кривичниот суд го стави под хипотека недвижниот имот на тобако-босот од Куманово Бајруш Сејдиу. Имотот се замрзнува во корист на државата и доколку во судската постапка, која е извесна, биде прогласен за виновен, државата може да му го конфискува.

Запленети 8 тони цигари кај струмички дистрибутер на комбинатот на Бајруш Сејдиу

Нетпрес - 30.10.2008

Осум тони цигари со фалсификувани бандероли се запленети денеска при контрола во фирмата “Попецо Табак“ во Струмица, сопственост на Ристо Попецов (33), и овластен дистрибутер на Тутунски комбинат од Куманово за југоисточна Македонија. Викендов од фирмата биле земени 100 кутии цигари и однесени во УЈП каде што била направена контрола на бандеролите и било потврдено дека сите се фалсификувани.

Полициска акција во Струмица - запленети околу осум тони цигари

Макфакс - 31.10.2008

Околу осум тони цигари заплени македонската полиција во Струмица при контрола на магацин на компанијата „Попецо табак“, која е овластен дистрибутер на цигари за источна Македонија. Полициски извори за Макфакс синоќа потврдија дека во акција која е дел од операцијата „Пепел“, е приведен сопственикот на „Попецо табак“, магацин и дисконт во Струмица.

Бајруш Сејдиу треба да плати казна и за плукање

А1 - 29.10.2008

Бајруш Сејдиу, кумановскиот тутунски бос, кој е во притвор осомничен за нелегално производство на цигари во акцијата „пепел“, заработи и уште една пријава. Заради непочитување на Законот за јавна чистота. Бајруш Сејдиу треба да плати глоба од 50 евра во денарска противвредност, затоа што при изнесувањето од полициското комбе и внесувањето во судот како што може да се види на снимката - плукна.

Среда, 29 октомври

BBC - 29.10.2008

Весникот Вест денес продолжува со навестувања дека по металуршката индустрија, се очекуваат масовни отпуштања и во текстилната и кожарската индустрија. За отпуштања од работа се зборува и од поинаква причина. По апсењето на кумановчанецот Бајруш Сејдиу, за кого полицијата се сомнева дека вршел недозволено производство и трговија со цигари , весникот ДНЕВНИК пишува дека над 2.000 работници од ...

Кумановските судии под лупа за случајот „Сејдиу“

Утрински - 29.10.2008

Телефонските броеви на повеќемина судии се откриени по увидот во листингот на телефонот на Сејдиу. Гордана Дувњак. Министерството за внатрешни работи ќе побара од Судскиот совет да го провери карактерот на контактите што ги имале неколкумина кумановски судии со уапсениот тобако-бос, Бајруш Сејдиу.

Сејдиу: Косово го поддржува соочувањето со минатото

Алсат-М - 29.10.2008

Целиот регион треба да се ориентира кон евроатлантските интеграции,смета косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Ова,според Сејдиу, би требало да „обезбеди заедничка иднина и перспектива“, како и да ги „расветли случувањата од минатото“.

Сејдиу заработи прекршочна за плукање

Канал5 - 29.10.2008

Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу заработи прекршочна пријава затоа што плукнал на јавна површина. МВР ја поднесе пријавата против Сејдиу затоа што на денот кога беше спроведуван пред истражен судија, тутунскиот бос откако беше изваден од полициското возило плукна на тротоарот пред судот. Поради нарушување на Законот за јавна чистота Сејдиу се соочува со казна од 50 евра.

Нова пријава за Бајруш Сејдиу

Сител - 29.10.2008

Бајруш Сајдиу доби прекршочна пријава за непочитување на Законот за јавна чистота. Министерството за внатрешни работи против кумановскиот бос, кој сега е во притвор, поднесе нова, но овој пат прекршочна пријава. Сајдиу ќе заработи парична казна од 50 евра во денарска против вредност или истата ќе мора да ја одработи со општо корисна работа.

Бајруш казнет со 50 евра за плукање

Вечер Прес - 29.10.2008

Една недела по апсењето, МВР ја поднесува пријавата откако на видеоснимките забележале дека Сајдиу при спроведувањето пред истражен судија во Основниот суд во Скопје, излегувајќи од полицискиот џип дефендер, пред двајца припадници на МВР плука на тревникот пред судот. Бајруш Сајдиу, кој има завршено средно полициско училиште, доби прекршочна пријава за непочитување на Законот за јавна чистота.

Сејдиу: Целиот регион да се ориентира кон евроинтеграциите

Макфакс - 29.10.2008

Целиот регион треба да се ориентира кон евроатлантските интеграции, смета косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Ова, според Сејдиу, би требало да „обезбеди заедничка иднина и перспектива“, како и да ги „расветли случувањата од минатото“. „Косово ја поддржува иницијативата за соочување со минатото, со цел да се дознае судбината на исчезнатите во судирите во текот на изминатата деценија“, изјави ...

Сменети уште 20 полицајци поврзани со „Пепел“

А1 - 28.10.2008

Во Секторот за внатрешни работи во Куманово денеска ќе бидат врачени уште 20 - тина дополнителни решенија за преместување на други работни места на лица за кои е утврдено дека не биле лојални и работеле опортунистички. Во врска со случајот на кумановскиот бос Бајруш Сејдиу вчера во кумановската полиција 40 вработени, меѓу кои и началникот и командирот на полицијата, беа прераспоредени на други ...

„Пеплосани“ 40 полициски функционери

Време - 28.10.2008

Миле А. Ристески Ирена Мулачка МВР прави чистка во своите редови за да ги фати полицајците-соработници на кумановскиот бос Бајруш Сејдиу. Четириесет функционери и полициски службеници вчера добија решенија за прераспоредување од работните места во кумановската на пониски места во полициски станици во други градови во внатрешноста.

Принудна управа за кумановската полиција

Вест - 28.10.2008

Неколку дена по апсењето на кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу, вчера МВР го смени целокупното раководство на кумановската полиција. Како причина за смените се наведуваат несоодветни резултати, недоволна иницијативност и лојалност кон службата, неорганизираност и лоши внатрешни односи.

Чистка во кумановската полиција, разрешени 40 лица поради Бајруш Сејдиу

Утрински - 28.10.2008

Нивниот грев е што изминативе години не ги разоткриле матните бизниси на тобако-босот. Чистка во кумановската полиција. Во втората фаза од акцијата „Пепел“ за разоткривање на тобако-мафијата на Бајруш Сејдиу, МВР вчера разреши 40 полицајци на раководни позиции и ги распредели на нови пониски работни места во другите градови.

Продолжува чистката во кумановската полиција

Форум - 28.10.2008

Уште дваесетина полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Куманово, денеска, ќе бидат преместени на други работни места бидејќи е утврдено дека не биле лојални и работеле опортунистички, соопштува МВР. На 40 вработени во кумановската полиција, меѓу кои началникот и командирот на полицијата, кои вчера беа преместени на други работни места им се проверува имотната состојба, поради ...

Уште 20 - тина решенија за прераспоредување во кумановската полиција поврзани со случајот „Пепел“

Канал5 - 28.10.2008

Скопје, 28 октомври (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи во Куманово денеска ќе бидат врачени уште 20 - тина дополнителни решенија за преместување на други работни места на лица за кои е утврдено дека не биле лојални и работеле опортунистички.

Истрагата за Сејдиу се прошири и надвор

Канал5 - 28.10.2008

Истрагата за криминалот на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу се шири во соседните земји. Полициите во Србија, Бугарија, Косово, Романија и други земји во регионот ги проверуваат запленетите количини на шверцувани цигари во нивните земји за да утврдат дали се произведени од фабриката на Сејдиу. Имаме добра соработка со соседните земји каде што веќе се регистрирани заплени на цигари.

"Пепелосани" уште 20 нелојални полицајци

Вечер Прес - 28.10.2008

Уште дваесетина кумановски полицајци од вчера се разрешени од своите работните места во најновото продолжение на акцијата "Пепел" против организираниот криминал со тобако мафијата. Уште дваесетина кумановски полицајци од вчера се разрешени од своите работни места во најновото продолжение на акцијата "Пепел" против организираниот криминал.

Сменети уште 20 полицајци во кумановската полиција

Макфакс - 28.10.2008

Нови 20 полицајци во кумановската полицијја денеска ќе бидат сменети од својата позиција поради вмешаност во случајот „Пепел“. Телевизијата А1 пренесува дека тие ќе бидат деградирани бидејќи „не биле лојални и работеле опуртунистички“. Во врска со случајот на кумановскиот бос Бајруш Сејдиу вчера во кумановската полиција 40 вработени, меѓу кои и началникот и командирот на полицијата, беа ...

По „пепелот“ чистка во кумановската полиција

А1 - 27.10.2008

Во кумановската полиција од функција се сменети 40-тина полициски началници и командири, полициски службеници. Прераспределени се на пониски работни места. Биле во контакт со Бајруш Сејдиу и со самото тоа непокажале лојалност кон службата постигнале лоши резултати и биле неорганизирани.

И банките во немилост на Сејдиу

А1 - 27.10.2008

Во немилост на Бајруш Сејдиу биле и банките. Преку нив се вртеле милионите евра на кумановскиот тутунски бос. Со вреќи носел кеш пари, кои потоа ги префрлал на разни сметки. Една од трансакциите е направена во Еуростандард банка. Шест милиони евра во кеш биле уплатени на сметката на кумановскиот тутунски комбинат, а потоа биле префрлени на извесна „Шаља Компани“ од Пеќ, Косово.

Тутунскиот цар во пепел

Утрински - 27.10.2008

Многу години беа потребни за да се урне тобако-царството на кумановецот Бајруш Сејдиу. Човекот за кого речиси никогаш јавно не се говореше, туку само со страв и трепет се шепотеше за неговите матни бизниси, од пред неколку дена е во притвор. Ваквиот расплет можеше да се очекува.

Апсењето на сејдиу предизвика потреси во СВР Куманово

Телма - 27.10.2008

Четериесетина вработени во СВР Куманово меѓу кои и луѓе на раководни функции по барање на Министерството за внатрешни работи ќе бидат прераспоредени на пониски функции. Причина за оваа одлука според МВР се несоодветните резултати на секторот, нелојалност на вработените и слабата иницијатива.

Жариште под пепелта

Дневник - 27.10.2008

Кој го создаде тутунскиот бос Бајруш Сејдиу и кој дозволи тој во Куманово да креира империја во која глумеше капо ди тути капи? Под пепелта во која „изгореа“ Сејдиу и дел од членовите на тутунската мафија во Македон ија, веројатно, се кријат имиња на уште многумина кои, засега, се засолнаа во правта што ја крена големата акција „Пепел“ на МВР.

Ќе излезат ли и други Бајруши?

Н.Македонија - 27.10.2008

Случајно или не, ден-два пред датумот на кој се одбележува почетокот на револуционерната борба на македонскиот народ за слобода, полицијата почна обемна тукуречи револуционерна операција со која недвосмислено најави почеток на борбата против организираниот криминал.

Смени во кумановската полиција

Алсат-М - 27.10.2008

Смени на челните луѓе во кумановската полиција и на четириесетина полициски службеници објави денеска министерството за внатрешни работи и најави нова управа. Смените се поврзуваат со акцијата против Бајруш Сејдиу, осомничен за нелегално производство на цигари и серија други тешки кривични.

По “Пепел“ сменети началници од СВР Куманово

Форум - 27.10.2008

Четириесетина полицајци се прераспоредени на други работни места поради прикажани несоодветни резултати, недоволна иницијативност и лојалност кон службата, неорганизираност и лоши внатрешни односи, соопшти МВР. По извршената внатрешна истрага, донесени се решенија за прераспоредување на поголем дел од раководните структури во кумановската полиција, бидејќи биле во контакт со кумановскиот ...

Сменети 40 полицајци од Куманово поврзани со бајруш сејдиу

Сител - 27.10.2008

Министерството за внатрешни работи по извршената внатрешна истрага донесе 40-тина решенија за смени на кадарот на СВР Куманово. Заради прикажани несоодветни резултати, недоволна иницијативност и лојалност кон службата, неорганизираност и лоши внатрешни односи, решенија за прераспоредување се донесени за поголем дел од раководните структури во кумановската полиција - соопшти МВР.

40-тина вработени во кумановска полиција на пониски позиции по откривањето на мрежата на Сејдиу

Канал5 - 27.10.2008

Четириесетина полицајци од кумановската полиција се деградирани и прераспоредени на нови работни места, една недела по операцијата пепел во која беше уапсен тутунскиот бос, Бајруш Сејдиу со уште триесетина членови на криминална мрежа која учествувала во нелегална трговија со цигари.

Разрешени првите луѓе на кумановската полиција

Вечер Прес - 27.10.2008

Целата функционерска гарнитура, или точно 40-тина полицајци, се разрешени од своите работни места во најновото продолжение на најобемната полициска акција до сега за сузбивање на организираниот криминал "Пепел". Најобемната полициска акција до сега за сузбивање на организираниот криминал "Пепел", која резултираше со апсење на 33 лица и кумановскиот бос Бајруш Сејдиу од вчера со ново продолжение.

Чистка и нова управа во кумановската полиција

Макфакс - 27.10.2008

Смени на челните луѓе во кумановската полиција и на четириесетина полициски службеници објави денеска министерството за внатрешни работи и најави нова управа. Кадровските смени се поврзуваат со акцијата против Бајруш Сејдиу, осомничен за нелегално производство на цигари и серија други тешки кривични дела.