TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Трите последни извештаи

Утрински - 10.11.2007

Анализа ВАНЧО УЗУНОВ Работите во трите извештаи ги знае(в)ме и сами, но требаше да бидат објавени „однадвор“ за да ги послушаме Интересна работа се овие извештаи во чии економски анализи е вклучена и Македонија, а кои некако се намножија во последно време.

Што сега?

Дневник - 10.11.2007

Поуката што мора секој одговорен политичар во државата да ја извлече е едноставна - Извештајот е одлична (можеби последна) можност да ставиме прст на чело и да се замислиме за своите постапки Деновиве одбележуваме годишнина од добивањето на статусот земја-кандидатка за зачленување во ЕУ. Втора.

Злоупотреби на извештајот од ЕУ

Вечер - 10.11.2007

Македонија се наоѓа на само неколку дена по добивањето на извештајот на Европската Унија за прогресот постигнат во минатиот дванаесетмесечен период. Се појавија многу толкувања, цитирања, дефинирања. Пред се, премногу политички злоупотреби на овој извештај.

Време е за корекција и за вистински потег на Груевски

Утрински - 09.11.2007

Груевски во своите приоритети треба да ги стави и политичките и меѓуетничките прашања Груевски треба да биде иницијатор за формирање национално тело за евроинтеграции, со предлог телото да го води шефот на опозицијата, заради преземање дел од одговорноста за најзначајниот процес МАНЧО МИТЕВСКИ Од ...

Шеќеринска бара национален совет за евроинтеграција

Време - 08.11.2007

ФУЕРЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА ИЗВЕШТАЈОТ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Да се формира национален совет за европска интеграција за да се забрзаат реформите и Македонија да добие датум за преговори со Унијата, предложи Радмила Шеќеринска, претседателка на СДСМ, откако вчера евроамбасадорот Фуере го претстави извештајот на ...

Полициска акција како одговор на извештајот

Утрински - 08.11.2007

Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ Обидот на Владата да се оттргне вниманието од извештајот на Европската комисија е неодговорен и несериозен Го пишувам овој текст со огромно разочарување. Извештајот на Европската комисија за прогресот на Македонија објавен во вторникот не содржи датум за почнување преговори ...

Шлаканиците од Брисел не го загрижуваат никого

Утрински - 08.11.2007

Бриселското огледало ја измести диоптријата кај македонските политички актери СОЊА КРАМАРСКА Шлаканиците од Брисел не го зацрвенија образот ниту на Владата ниту на опозицијата, иако во одделни сегменти забелешките во кои доминираат критиките кон власта не ја одминуваат ниту опозицијата.

Најлошиот досега

Дневник - 08.11.2007

Македонија стана единствена држава во историјата на Европа која и по две години од стекнувањето на кандидатски статус во ЕУ не може да започне преговори . Според презентираното во Брисел и според оценките во извештајот, тоа нема да се случи ниту в година.

Фуере го презентира извештајот пред пратениците

А1 - 07.11.2007

Евроамбасадорот Фуере денеска пред координаторите на парламентарните групи и членовите на собраниските комисии за европски прашања и за надворешна политика го презентира извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2007 година. Фуере ги искажа сите позитивни, но и негативни делови од Извештајот.

Има уште многу работа за влез во ЕУ

Вест - 07.11.2007

ОБЈАВЕН ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Како што беше и извесно, Европската комисија не даде препорака за датум за започнување на преговори со Македонија во извештајот за нејзиниот напредок кон членството во ЕУ, кој беше објавен вчера во Брисел и во Скопје.

Браво за економијата, уа за политиката

Време - 07.11.2007

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ УСВОИ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА БАЛКАНОТ Цветин Чилиманов Република Македонија не доби датум за почнување на преговорите со Европската Унија. Европската комисија вчера ги усвои новата стратегијата за проширување кон Балканот, годишниот извештај за Македонија и одлуката ...

ЕУ бара консензус за исполнување на реформите

Утрински - 07.11.2007

Фуере побара да не се бараат виновници, Груевски одговори дека опозицијата има своја вина за тоа што не сме добиле преговори Наместо за работа, во Македонија секогаш се зборува за тоа кој е виновен за несработеното и прстот се посочува на другиот: амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере влегува во Владата со ...

Македонија с’ уште далеку од ЕУ

Дневник - 07.11.2007

Извештајот не е негативен, туку реален приказ на случувањата во земјава, оцени Европската комисија Политичката напнатост во Македонија ги забавува реформите и е неопходен конструктивен политички дијалог, е главната порака што Европската комисија вчера и' ја упати на Македонија објавувајќи ги ...

Опозицијата побара Фуере одново да разговара со Груевски

Канал5 - 07.11.2007

Имате застој во усвојувањето на европските закони, не се обрнува внимание на квалитетот на законите што се носат – Ерван Фуере ја објаснуваше пред пратениците критичноста на Брисел – го повика Парламентот да покаже капацитет за донесување на потребните реформи – од власта побара да ја преземе ...

Владата и опозицијата за извештајот на Европската комисија

Канал5 - 07.11.2007

Европреставникот Ерван Фуере лично му го предаде извештајот на Европската комисија на Никола Груевски. Премиерот го оцени како балансиран текст за состојбите во Македонија погледнат низ очите на Европската унија. Европреставникот Ерван Фуере лично му го предаде извештајот на Европската комисија на ...

Фуере: Недостиг на дијалог, лоша кохабитација, тензии меѓу партиите на Албанците

Канал5 - 07.11.2007

Тензиите во политичкиот дијалог ги поткупуваат политичките институции и ги забавуваат реформите – ова е главната констатација во извештајот на Брисел за политичките критериуми, која денеска ја нагласи и евро-амбасадорот Фуере – дијалогот е клучен за решавање на проблемите и за консензус порача ...

Продолжува дебатата за Извештајот на ЕК

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи дебатата по Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2007 година, како и за активностите неопходни за членство во Европската унија (ЕУ) и НАТО. Во дебатата што започна во понеделникот се одвива според очекувањата.

Напредок има, датум нема!

Вечер - 07.11.2007

Во деловите во кои Владата може да делува сама, без да зависи од опозицијата или од некои други фактори во државата, имаме позитивни работи, а во деловите каде е потребна волјата и на некој друг имаме и по некоја слабост, порача премиерот Груевски Македонија постигна голем прогрес, особено во ...

Опозицијата ја обвинува Владата за извештајот

А1 - 06.11.2007

Владата на Груевски е виновна за лошиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, едногласни се во обвинувањата двете најголеми опозициски партии СДСМ и ДУИ. Наместо Македонија да оди напред со својата лидерска позиција за добивање на датум за преговори за членство во Европската ...

Груевски: Извештајот е избалансиран

А1 - 06.11.2007

Вчерашниот владин став дека станува збор за најдобриот извештај досега денеска спласна во воздржан коментар дека извештајот е избалансирана оценка и реален поглед на Европа на состојбите во Македонија. Успесите Премиерот и ги припиша на Владата, неуспесите ги сподели со опозиција.

Фуере очекува работа од власта и опозицијата

А1 - 06.11.2007

Откако им го подели извештајот на Европската комисија, Фуере денеска и јавно ги повика лидерите да го земат в предвид ова како четиво во наредните месеци, затоа што од Парламентот отсуствува политички дијалог власт-опозиција. Фуере очекува и власта и опозицијата да работат, а не да губат време.

Влада: Најдобар извештај досега

Време - 06.11.2007

ВО ПРЕСРЕТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Ова е најдобар извештај што досега сме го имале. Поезијата е напред, кај политичките критериуми, додека во сегментот со економијата и со борбата против корупцијата се содржани факти.

Судството и администрацијата повторно на тапет од ЕУ

Утрински - 06.11.2007

Извештајот на Европската комисија, според високи владини извори, дава реална и објективна слика за состојбите во земјава Безбедноста во земјава не се оценува како лоша и наведено е дека, генерално, нивото на безбедност е задоволително: зградата на Европската комисија ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА ТАМАРА ...

ЕУ привремено ги затвора портите за Балканот

Дневник - 06.11.2007

Европската комисија не предвидува ново проширување во наредните три до пет години, се посочува во извештајот , кој македонската влада го оценува за „објективен“ Европската комисија не предвидува ново проширување на Унијата во краткорочна перспектива, се посочува во извештајот за напредокот на ...

Македонија ќе добие најпозитивeн извештај од ЕК

Вечер - 06.11.2007

Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, кој ќе биде објавен денеска, ќе биде реален и објективен, правилно ќе ја отслика состојбата во државата. Ова ќе биде досега најпозитивниот извештај на ЕК за Македонија, оценуваат во Владата.

Фуере: Ситуацијата во Парламентот е разочарувачка

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Ситуацијата во македонскиот Парламент е разочарувачка, изјави денеска евроамбасадорот, Ерван Фуере во Скопје. „Колку побрз напредок направат самите тие (пратениците) , толку побрзо земјата ќе се приближи кон Европската Унија“, истакна Фуере.

ЕК без датум за преговори со Македонија за членство во ЕУ

Макфакс - 06.11.2007

Скопје/Брисел Македонија нема датум за преговори за членство во Европската унија (ЕУ) во најновиот извештај на Европската комисија објавен денеска во Брисел и тој момент е одложен најмалку за една година. „Македонија има голем прогрес во битката со корупцијата.

ЕК се уште не дава датум за преговори за Македонија

Макфакс - 06.11.2007

Скопје/ Брисел Македонија нема датум за преговори за членство во Европската унија (ЕУ) во најновиот извештај на Европската комисија, објавен денеска во Брисел. „Македонија има голем прогрес во битката со корупцијата. Политичките конфликти што продолжуваат, малку го одолжуваат нејзиниот дијалог (со ...

Груевски:Извештајот на ЕК-избалансиран

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Македонскиот премиер Никола Груевски Извештајот на Европската Комисија го оцени како балансиран осврт на она што се случуваше во Македонија во последните 12 месеци погледнато од очите на ЕУ. Тој додаде дека во одредени области има напредок, но и слабости, како и препораки.

Фуере: Македонија има капацитет за преговори со ЕУ

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Македонија има капацитети да помине во фаза на започнување на преговори за членство во Европската унија(ЕУ). “Немам сомневање дека земјата има капацитет да ги спроведе сите реформи и да помине во следната фаза започнување на преговори со ЕУ“, рече Фуере на денешната презентација на ...

Фуере:Власта и опозицијата да работат на постигањето на зацртаните цели

Макфакс - 06.11.2007

Скопје Власта и опозицијата да постигнат широк консензус за остварување на зацртаните цели што ќе доведат до почеток на преговори и прием на Република Македонија во Европската унија(ЕУ). Ова, на денешната презентација на Извештајот на Европската комисија(ЕК), го порача европретставникот во ...

Владата позитивно го чита извештајот од Брисел

А1 - 05.11.2007

Официјално Скопје ги чита позитивно внимателно избраните термини и фрази на дипломатите од Брисел кои го подготвија извештајот за Македонија. Иако во него нема препорака за почнување на преговори, македонската Влада смета дека извештајот што ќе биде објавен утре ја донесува најдобрата оценка за ...

Можно ли е чудо?

Време - 05.11.2007

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЧЕКА ДО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН СО НАДЕЖ ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ Цветин Чилиманов „Време“ преку дипломатски извори дојде до годишниот извештај на Европската комисија за Македонија, кој официјално треба да биде претставен утре.

Економијата и борбата против корупцијата над очекуваното, администрацијата нефункционална

Вечер - 05.11.2007

Првпат ЕУ ќе ја пофали и полицијата. Смета дека нејзиното однесување во однос на приведените лица е подобрено, безбедноста е задоволителна, а зголемен е капацитетот на полицијата да патролира и да истражува Македонија постигна голем економски прогрес, иако политичките кавги го забавуваа реформскиот ...

Фуере: Владата и опозицијата да се посветат на ЕУ реформите

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Власта и опозицијата, наместо да губат време во меѓусебно обвинување, заедно да се фокусираат на имплементирање на клучните реформи за евроинтеграцијата. Ова денеска го укажа евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере во интервју за Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик.

Влада: Извештајот на ЕК е објективен

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Извештајот на Европската комисија (ЕК) за Македонија што треба да биде објавен утре е објективен и ја отсликува реалната состојба. Ова денеска во Скопје го оценија високи владини претставници, нагласувајќи дека ова е најдобар извештај што Македонија го добила од ЕК, иако не содржи препорака ...