Денеска однесувањето на инвеститорите на македонската берза не го следеше однесувањето на глобалните берзи. Имено, до моментот на пишувањето на овој извештај сите европски берзи беа силно во зелена територија следејќи ги азиските и американските индекси кои 13ти ноември го завршија со 5 и повеќе процентуален пораст. МБИ-10 и денеска паѓаше, но само -0,80%. МБИД падна -0,71, а ОМБ -0,02%.
Последниот работен ден од неделата имаше мало стабилизирање на цените на акциите кои изминатиот период изгубија многу од својата вредност. Овој пат берзанскиот индекс со мала загуба на вредноста од само 0,80 проценти, а покрај него во црвената зона се најдоа и останатите два индекси, МБИД со пад од 0,71 процент и ОМБ кој падна за 0,02 проценти.
Цените на акциите на македонските компании денеска забележаа уште поголем пад од претходниот ден. Зголемениот промет проследен со пад на цените е нешто што веќе има поголемо значење, за разлика од изминатите денови кога прометот беше релативно мал. Денеска имаше и една блок трансакција на македонската берза. За 5,03 милиони денари 7.516 акции на Благој Ѓорев од Велес го променија сопственикот.
Продолжува агонија на пазарот на Капитал. Во четвртокот берзанскиот индекс достигна до 4,39 негативни проценти односно се симна на 2.723 вредносни поени. Единствено акциите на Жито Лукс и на ОХИС Скопје постигнаа одреден раст на цената, сите останати хартии од вредност бележеа поголем или помал пад на своите вредности.
За разлика од понеделникот, тргувањето денеска има околу 3 пати поголем обем. Вкупниот промет изнесува 18,53 милиони денари. МБИ-10 како и во понеделникот, и денеска паѓаше. Денеска падна дополнителни -0,75%, МБИД исто така падна за -0,98%, а ОМБ порасна за 0,07%. Прометот со државни обврзници изнесуваше 2,58 милиони денари.
Вкупниот промет на македонската берза повторно забележа зголемување. Денеска беа истргувани хартии од вредност за 29,23 милиони денари. За разлика од вчера, кога македонските акциски индекси имаа помал пад од оние во регионот, денеска имавме далеку поголеми падови на цените на акциите.
Индексот на десетте најликвидни компании на берзата денеска изгуби 4 отсто од вредноста. Со денови трае анемијата на берзата се регистрира релативно низок промет. Денеска најголем пад имаа акциите на Макстил и на Скопска топлификација. Вкупниот остварен промет е 29 милиони денари, што е за 10 милиони повеќе од вчера, но познавачите велат дека овие берзански денови обемот на тргување е навистина ...
Повторно сме сведоци на анемичен Пазар на хартии од вредност, кој овој пат имаше поголем обем на тргување во однос на минатиот период, меѓутоа креаторите на МБИ 10 го спуштија берзанскиот индекс на 4,03 негативни проценти. Најголем пад помеѓу овие 10 компании достигнаа железарата Макстил со пад од 7,69 проценти и Топлификација Скопје која забележа пад од 5,17 проценти.
Паѓаат и индексот и прометот на берзата. Исклучително ниско ниво на промет го обележа првиот ден од неделата на тргувањето на Берзата. На вчерашниот берзански ден беше остварен вкупен промет од 6,8 милиони денари, а до 12 часот вкупниот промет беше само 2,5 милиони денари.
Тргување на македонската берза денеска како и да немаше. Вкупниот промет изнесуваше катастрофално мали 6,83 милиони денари. Од тоа 1,85 милиони денари беа во тргување со обврзници, што значи дека помалку од 5 милиони беа насочени за купување на акции од домашните компании. И со толку мал промет МБИ-10 денеска забележа пад од -0,96% и повторно е со вредност под 3.000 поени.