ДЕНЕС ВО БИТОЛА Денес, во малата сала на Завод и музеј во Битола, во 11 часот ќе биде отворена изложба на графики на Димче Николов. Изложбата ќе ја отвори Димитар Миладинов, професор по графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Графики на Кристина Битракова Денес во Културно - информативниот центар во Скопје ( во 12.30 часот) ќе биде отворена првата самостојна изложба на графики на Кристина Битракова, која воедно е и нејзин магистерски труд под менторство на професорот Костадин Танчев - Динка.
Три изложби во КИЦ Во Културно- информативниот центар вечерва ќе бидат отворени три изложби на Кристина Битракова во 19.30 часот, во Салонот 1 и изложбите "Пелистерска рапсодија" и "Бисерите на Малиот битолски монмартр" во 20.00 часот во Салонот 2 и фото -изложба на Слободан Ѓуриќ во Салонот ИИИ.