TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Г-20 единствени во борбата против финансиската криза

А1 - 16.11.2008

Лидерите од Г-20 ги усогласија мерките во борбата против глобалната криза. Во заедничката декларација од 6 точки договорено е да се инвестира во националната економија, поблиска соработка меѓу светските пазари, да се воспостави меѓусебна доверба и да се модернизираат ммф и светската банка кои треба да им помогнат на економиите во земјите во развој.

Лидерите на најразвиените земји договорија стратегија за излез од кризата

Телма - 16.11.2008

- Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20) по завршувањето на Самитот во Вашингтон објавија заедничка декларација и детален планм за дејствување во борбата против економската криза. Земјите од Г-20 се заложија да преземат серија чекори во борбата против глобалната криза и спречување во иднина повторна појава на криза.

Лидерите на Г-20 усвоија завршна декларација за борба против економската криза

Алфа - 16.11.2008

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20) по завршувањето на Самитот во Вашингтон објавија заедничка декларација и детален план за дејствување во борбата против економската криза. Земјите од Г-20 се заложија да преземат серија чекори во борбата против глобалната криза и спречување во иднина повторна појава на криза.

ММФ, СБ, СТО и Бан Ки-мун ги поздравија резултатите од Самитот на Г-20

Алфа - 16.11.2008

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека на Самитот на лидерите на Групата 20 се преземени важни чекори во насока на надминување на глобалната финансиска криза, но предупреди дека за постигнување на долгорочен резултат се потребни суштински реформи во управувањето.

Г-20 договорија стратегија за излез од кризата

Форум - 16.11.2008

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20) по завршувањето на Самитот во Вашингтон објавија заедничка декларација и детален план за дејствување во борбата против економската криза. Земјите од Г-20 се заложија да преземат серија чекори во борбата против глобалната криза и спречување во иднина повторна појава на криза.

ММФ, СБ, СТО и Бан Ки-мун ги поздравија резултатите од Самитот на Г-20

Канал5 - 16.11.2008

Вашингтон, 16 ноември (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека на Самитот на лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20) се преземени важни чекори во насока на надминување на глобалната финансиска криза, но предупреди дека за постигнување на долгорочен резултат се потребни суштински реформи во управувањето.

Следниот самит на Г-20 посветен на финансиската криза закажан за 30 април

Канал5 - 16.11.2008

Вашингтон, 15 ноември (МИА) - Следниот самит на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20), посветен на изнаоѓање на начини за справување со последиците од глобалната економска криза, ќе се одржи не подоцна од 30 април, следната година, се наведува во нацрт-заклучната декларација од средбата, која се уште трае.

Завршна декларација и детален план за борба против економската криза

Сител - 16.11.2008

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20) по завршувањето на Самитот во Вашингтон објавија заедничка декларација и детален план за дејствување во борбата против економската ...

Што содржи декларацијата усвоена на самитот на Г-20?

Канал5 - 16.11.2008

Потребна е длабока реформа на светскиот финансиски систем – ова е клучен дел на декларацијата што вчера ја усвоија лидерите на дваесетте најразвиени индустриски земји на самитот во Вашингтон. Документот содржи низа мерки за поддршка на глобалниот раст.

Американците пак победија!

Вечер Прес - 16.11.2008

Како главна причина за најтешката финансиска криза од 30-тите години од минатиот век Г-20 во декларацијата го наведува неуспехот на инвеститорите да направат правилна оценка на ризиците. Сепак во заедничката декларација како "епицентар" на кризата не се споменува кризата со американските хипотекарни кредити. Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст ...

Самит на Г20 во Вашингтон

А1 - 15.11.2008

Лидерите на 20-те најразвиени индустриски земји се обединија во ставот дека треба да преземат буџетски и монетарни мерки за да се обезбеди раст на светското стопанство. Самитот почна синоќа со вечера во Белата куќа, а ќе заврши утре, кога се очекува да биде усвоена и Вашингтонската декларација. Донесените одлуки ќе бидат објавени во заедничко соопштение на пет страници.

Реформа на капитализмот за излез од кризата

Време - 15.11.2008

Лидерите на 20 индустриски најразвиени земји во светот за денеска во Вашингтон ја имаат закажано средбата посветена на наоѓање начини за справување со последиците од глобалната економска криза. Овие земји се претставници на 85 проценти од светската економија и на две третини од вкупната популација во светот.

Kризата засега не не' засега

Дневник - 15.11.2008

Светските лидери се собираат во Вашингтон за да најдат заеднички излез од глобалната економска криза, која вчера ја турна во рецесија и Европа, првпат по формирањето на единствената валута. Официјалните податоци покажуваат дека во 15-те членки на еврозоната економијата се намалила за 0,2 проценти, втор квартал по ред.

ЕУ сака построги пазарни правила, а САД сакаат умерени реформи

Алфа - 15.11.2008

Светските лидери се надеваат дека ќе се согласат на координиран економски план и на долгорочни реформи со коишто би се намалил ризикот од идни кризи. Иако самитот почна синоќа со работна вечера, напорите се фокусирани на денешните пет часа формални разговори. Уште веднаш се појавија поделби помеѓу Европа, која што сака построги пазарни правила и САД коишто сакаат поумерени реформи.

Вашингтон: Започна самитот на Г20 за глобалната криза

Алсат-М - 15.11.2008

Во Вашингтон денеска беше отворен Самитот на Групата 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот, посветен на изнаоѓање на начини за справување со последиците од глобалната економска криза. Домаќин на средбата е американскиот претседател Џорџ Буш, а на неа меѓудругите присуствуваат и рускиот претседател Дмитриј Медведев, германскиот канцелар Ангела Меркел, ...

Во Вашингтон почна самитот на Г-20

Кирилица - 15.11.2008

Претставниците на 20-те земји, кои претставуваат 85 проценти од светската економија и две третини од вкупната популација во светот, се очекува да постигнат и договор за реформи на финансискиот сектор на долг рок со цел да се избегне нова глобална криза.

Во Вашингтон почна меѓународниот самит Г20

Канал5 - 15.11.2008

Конкретни мерки и предлози за излез и ублажување на последиците од Светската финансиска криза ќе усвојат лидерите на најмоќните 20 земји на самитот кој вчера и денес се одржува во Вашингтон. Документот за спас од финансиската криза ќе биде на 5 страници а во него би стоело дека е неопходна буџетска и монетарна политика која го подржува растот, намалување на даноците и зголемување на ...

Г-20 чека на Обама за следната година

Сител - 15.11.2008

Самитот на Г-20 мина во знакот светската економска криза и американскиот претседател во заминување Џорџ Буш. Тој изјави дека во средбите кои ги имал со своите колеги – лидери на дваесетте најјаки светски економии сите се согласиле за политика на отворен пазар и слободна трговија.

Поддршка за светското стопанство

Нетпрес - 15.11.2008

Учесниците на Самитот на Г 20 што се одржува во Вашингтон, се договориле дека ќе го подржат стопанството и ќе спроведат регулирање на светскиот финансиски систем. Како што пренесуваат светските агенции, самитот почнал синоќа со вечера во Белата куќа каде за прв пат се сретнале шефовите на држави или влади, ќе заврши денес.

Собраниска комисија информира за ефектите на глобалната криза врз Македонија

Алсат-М - 14.11.2008

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисија за финансирање и буџет. На дневен ред е Информацијата за ефектите на глобалната финансиска криза врз македонскиот финансиски систем и врз реалната економија и за мерките што надлежните институции ги презеле и ќе ги преземат за надминување на евентуалните неповолни состојби.

Самит на 20 најразвиени земји за кризата

Алфа - 14.11.2008

Светските лидери денеска почнаа да пристигнуваат во Вашингтон на самитот на Групата 20 најразвиени земји во светот, кој ќе се одржи овој викенд. Самитот треба да резултира со конкретни решенија – како да се заштити светската економија од евентуално повторување на најголемата финансиска криза во изминатите 80 години.

Лидерите на 20-те најразвиени земји во светот утре во Вашингтон ќе бараат излез од глобалната економ

Канал5 - 14.11.2008

Вашингтон, 14 ноември (МИА) - Во Вашингтон утре ќе се одржи средба на лидерите на 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот, посветена на изнаоѓање на начини за справување со последиците од глобалната економска криза.

Лидерите на 20-те најразвиени земји во светот ќе бараат излез од глобалната економска криза

Кирилица - 14.11.2008

Тој најави дека на собирот на Г-20 ќе ги застапува над 170-те држави, чии претставници не учествуваат на Самитот, кои исто така се соочуваат со големи проблеми и потребна им е итна акција, која за нив е поважна од реформите на глобалните финансиски институции.

Македонската економија силно ги чувствува последиците од глобалната економска криза

Канал5 - 14.11.2008

Домашното стопанство ги чувствува последиците од светската криза. Металуршките, текстилните, кожарските градежните и хемиските компании веќе работат со намален капацитет. Се откажуваат договори за извоз, се намалува бројот на вработени. Ова се податоци од анкета меѓу домашните фирми кои денеска ги презентираше Стопанската комора. За ефектите од глобалната криза се зборуваше во Собранието.

Каков излез од кризата?

Вечер Прес - 14.11.2008

Во Вашингтон денеска ќе се одржи средба на лидерите на 20 индустриски најразвиени земји и на држави со најбрз економски раст во светот (Г-20), посветена за изнаоѓање начини за справување со последиците од глобалната економска криза. Според најавите, Европејците ќе побараат поголема регулација на пазарот, САД ќе настојуваат да го сочуваат либералниот капитализам, а земјите во развој ќе инсистираат ...

Епидемијата наречена финансиска криза

Време - 12.11.2008

Д-р Сами Бислими Финансиската криза која ја зафати американската економија со голема брзина се шири и на глобалниот пазар. Имунолошкиот систем на современо организираните држави е многу слаб за да може да дејствува превентивно врз јакнење на системот на одбрана на националните економии од епидемијата наречена финансиска криза.

Самит на ЕУ посветен на реформите на глобалниот финансиски систем

Алфа - 11.11.2008

Шефовите на држави или влади на членките на Европската унија денеска одржаa вонреден самит во Брисел посветен на реформите на глобалниот финансиски систем, како подготовка за средбата на врвот на Групата 20, што треба да се одржи на 15 ноември во Вашингтон.