TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јордановски: Потребни се измени во собранискиот Деловник

А1 - 21.12.2003

Маратонските собраниски расправи јасно укажуваат дека се потребни измени во собранискиот Деловник, изјави претседателот на македонското Собрание Љупчо Јордановски во интервјуто за Радио Слободна Европа - Програма на македонски јазик.

ЈОРДАНОВСКИ - ЗАКОНОТ ЗА УНИВЕРЗИТЕТОТ НЕ Е ПОВЛЕЧЕН

Канал5 - 21.12.2003

Само предлагачот на законот за легализација на Тетовскиот универзитет може да го повлече и повторно да го предложи законот кога тој ќе смета дека е потребно, изјави претседателот на Собранието на РМ Љупчо Јордановски коментирајќи ги обвинувањата од опозиц Само предлагачот на законот за легализација ...

Во политиката има многу адреналин

Утрински - 20.12.2003

ИНТЕРВЈУ - Сашко Кедев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, за тетовскиот универзитет и за неговата можна претседателска кандидатура Соња Крамарска Д-р Сашко Кедев е новиот политичар што треба да го прикаже лицето на реформираната ВМРО-ДПМНЕ и, според некои прогнози, иден претседателски кандидат на опозицијата.

Тетовскиот универзитет прошверцуван во охридскиот договор

Дневник - 20.12.2003

СКАНДАЛОЗНИ ПОЛИТИЧКИ ТРГОВИИ Професорот Галев тврди дека Ван дер Штул не барал тетовскиот универзитет да биде на државни јасли Одредбата од охридскиот мировен договор што се однесува на обврската за државно финансирање на високото образование на Албанците била буквално изменета преку ноќ, со цел ...

Ганке, не скокај, жена си, госпоѓа !

Вест - 18.12.2003

МАКИ НА СПИКЕРОТ ЈОРДАНОВСКИ Вака спикерот на Собранието Љупчо Јордановски се обидел да ги смири Ганка Самоилова-Цветановска и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по навредите од пратеникот на ДУИ Невзат Бејта. Трикови на власта и опозицијата - д Позицијата и опозицијата во текот на двете ноќни ...

Партиите ќе направат пазар за тетовскиот универзитет

Утрински - 18.12.2003

Разрешницата од собранискиот ќор-сокак е во политички договор меѓу партискиот врв на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Владиниот закон за основање нов државен универзитет во Тетово, за кој расправата е прекината без најава кога ќе продолжи, ќе биде предмет на пазарење меѓу власта и опозицијата за ...

Малоречанскиот универзитет прослави 10-годишнина под албанско знаме

Утрински - 18.12.2003

Свечености во Тетово ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - Малоречанскиот универзитет вчера ја прослави 10-годишнината од своето постоење. Целата церемонија се одвиваше под веќе познатото сценарио со истакнување само на знамето на универзитетот и на Република Албанија, со интонирање на химна на Албанија.

Тетовскиот универзитет славеше јубилеј

Дневник - 18.12.2003

ТЕТОВО Тетовскиот универзитет, диво вселен во просториите на "Тетово табак", со свечена академија вчера ја одбележа десетгодишнината од формирањето. На свеченоста одржана во амфитеатарот на правниот факултет кон присутните студенти и гости се обрати ректорот Неџбедин Беадини, кој особено признание ...

10 години од основањето на малоречанскиот универзитет

А1 - 17.12.2003

„По 10 години од втемелувањето на Тетовскиот универзитет, и со негово официјализирање од македонскиот Парламент што очекуваме да се направи деновиве, ќе добиеме целосна универзитетска автономија и право за натамошно проширување, со нови факултети, кадри, институции и наставни програми“, рече во ...

Бранко привремено ќе го повлече законот

Вест - 17.12.2003

ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ СОБРАНИСКИОТ ЌОРСОКАК ЗА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Договорот меѓу партиите од власта на барање на премиерот Црвенковски вчера го постигнале координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и ЛДП кај спикерот на парламентот Љупчо Јордановски.

Ректорите на трите универзитети без став за тетовскиот универзитет

Утрински - 17.12.2003

Седница на Интеруниверзитетската конференција Жаклина Ѓорѓевиќ Не сакаме да ги инволвираме универзитетите во дневната политика. Нас нў интересира само финансискиот и академскиот аспект во врска со основањето на трет, државен универзитет.

Ректорите на универзитети без конкретен став за Тетовскиот универзитет

А1 - 16.12.2003

Ректорите на трите универзитети, скопскиот, битолскиот и штуловиот не сакаат да се изјаснат за или против легализацијата на тетовскиот универзитет велејќи дека со тоа ќе се вмешаат во дневната политика. „Секое видување сега се злоупотребува од некој партија.

Прекината собраниската седницата за трет државен универзитет

А1 - 16.12.2003

Со долгите дискусии се блокира работата на Парламентот, беше образложението на претседателот Љупчо Јордановски за прекинување на денешната собраниска седница, на која и претходеше маратонска расправа која траеше до раните утрински часови.

Беличанец предлага спојување на тетовскиот со Штуловиот универзитет

Утрински - 16.12.2003

Оцена на претседателот на Одборот за акредитација на високообразовни установи ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ >„Тетовскиот и штуловиот универзитет треба да се спојат. Државата сигурно нема да финансира два универзитета во еден град. Таа, сепак, треба да направи процена дали и е потребен нов државен универзитет, ...

Опозицијата побара повлекување на проектот за тетовски универзитет

Утрински - 16.12.2003

Собраниската маратонска дебата се сведе на †опозицијата дискутираше, власта молчеше" КАТИЦА ЧАНГОВА ?Предлогот на Владата за основање државен универзитет во Тетово е штетен проект, бидејќи претставува институционален начин за исполнување на желбите на коалицискиот партнери.

Опозицијата поплавена од Мала Речица

Дневник - 16.12.2003

СОБРАНИЕ Владејачкото парламентарно мнозинство вчера го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата да го повлече предлог-законот за основање државен универзитет во Тетово и да го врати на доработка во матичната собраниска комисија.

Во собранието расправата за тетовскиот универзитет неизвесна

А1 - 15.12.2003

Собраниската расправа за легализирање на трет државен универзитет се уште е неизвесна. И покрај барањето на опозионата ВМРО ДПМНЕ истата да биде прекината, пратениците се изјаснија дека таа треба да продолжи. На говорницата доминираше опозицијата со веќе познатите ставови ваков закон по скратена ...

Ноќ на издржливоста

Вест - 15.12.2003

НАЈДОЛГА СЕДНИЦА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ За законот за легализирање на малоречанскиот парауниверзитет, Собранието расправаше 20 часа непрекинато меѓу петокот и саботата, по што седницата беше прекината и презакажана за денеска.

Анчевски: Трет универзитет во Тетово, непотребен луксуз

Вест - 15.12.2003

СКОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ КОНЕЧНО СО СТАВ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАЛОРЕЧАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Универзитетот "Св Кирил и Методиј" ќе реагира доколку отворањето на третиот државен универзитет во земјава влијае врз неговото финансирање од државата, вели ректорот на скопскиот Универзитет, Александар А Студентите ...

Анчевски: Кратењето на парите ќе доведе до ерозија на високото образование

Утрински - 15.12.2003

Ректорите на „Свети Кирил и Методиј" и на ЈИЕ за финансирањето трет државен универзитет Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" ќе реагира доколку отворањето на третиот државен универзитет во земјава влијае врз неговото финансирање од државата, изјави ректорот на Скопскиот универзитет, Александар ...

Опозицијата не дозволи да се легализира тетовскиот универзитет додека народот спие

Утрински - 15.12.2003

Дваесетчасовната маратонска дебата и немилосрдната ноќна сеанса до разденување во Собранието остана без резултати КАТИЦА ЧАНГОВА Пратениците на опозицијата им ја извадија маста на своите колеги од власта, но не дозволија да се донесе законот за основање трет државен универзитет во Македонија додека ...

Два универзитети на два километри е луксуз

Дневник - 15.12.2003

СРЕДБА НА РЕКТОРИ Отворање два универзитети на растојание од два километри е луксуз за државата, изјави завчера ректорот на скопскиот Универзитет, Александар Анчевски. Алајдин Абази, ректор на Штуловиот универзитет истакна дека отворањето на третиот државен универзитет финансиски нема да го загрози ...