ДОЦНИ ИЗГОТВУВАЊЕТО НА ПЛАНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО КРИЗНИТЕ СЕЛА Раководителот на Координативното тело за справување со кризи на Владата на Македонија, Илија Филиповски, вчера упати писмо до министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски во врска со Планот за влегување на безбедносните сили ...
Планот за влегување на безбедносните сили во кризните подрачја сеуште не е подготвен и доставен до координативниот центар за справување со кризи. Овој план треба да се реализира по завршувањето на пилот програмата со 5 села каде што полициските патроли веќе се на задача.