Во зависност која издавачка куќа побрзо ќе ги отпечати учебниците толку побрзо ќе бидат дистрибуирани. Ветувањата што ги ги добивме од издавачките куќи се дека во текот на оваа недела ќе почне дистрибуцијата на учебниците, подвлече Стојановски.
Лилјана Поповска Да бидеш родител на дете во основно училиште во Македонија значи да бидеш истовремено и негов учител. Тоа значи по неколку часа дневно да работиш со него, да ги учиш лекциите, да му ги „преведуваш“ неразбирливите термини и да го испрашуваш. Да правиш нешта што нашите родители не ги правеле. Се разбира, зборувам за просечни деца, исклучителните се секогаш помалобројни.
Издавачките куќи најавуваат дека од наредната недела, конечно ќе ги има учебниците за шесто одделение. Сепак, децата и натаму ќе бидат без учебникот по Македонски јазик за кој уште не е направен избор на ракопис. Ниту еден од пријавените не бил добар. Во меѓувреме, шестоодделенците веќе цело прво полугодие учат или од учебници според старата наставна програма или пак од диктирани лекции.
Избрани се ракописите по 8 наставни предмета по кои ќе се печатат учебниците за шесто одделение. Во текот на денот треба да се изберат и учебниците по македонски, бидејќи во првото отворање комисијата не ги избрала ракописите вели директорот на Педагошката служба.
До крајот на неделата треба да се изврши комплетниот избор на учебници за шесто одделение велат од Министерството за образование. Избрани се сите ракописи освен за предметите математика, македонски и информатика. Од бирото за развој велат учениците без учебници не губат многу од наставата бидејќи според програмата во овој период го повторувале материјалот од минатата година.
Учебниците за шестоодделенците ќе доцнат уште најмалку дваесетина дена велат од педагошката служба, па така учениците ќе ги добијат дури во средината на ноември. Ова е трето ветување од Министерството за образование. Образложението е дека сега се чека рецензионата комисија да го избере учебникот по информатика, по што потпис за одобрување на сите учебници треба да стави министерот за образование ...
Учебниците за шесто се печатат при се' уште незавршени жалби. Учебниците за шесто одделение се во процедура на печатење, најави министерот за образование и наука, Перо Стојановски, иако се' уште не е формирана второстепената комисија во Владата која би требало да одлучува по жалбите за учебниците.