TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стојановски: За околу десетина дена ќе започне обуката на наставниците за компјутери

Кирилица - 15.11.2008

Во зависност која издавачка куќа побрзо ќе ги отпечати учебниците толку побрзо ќе бидат дистрибуирани. Ветувањата што ги ги добивме од издавачките куќи се дека во текот на оваа недела ќе почне дистрибуцијата на учебниците, подвлече Стојановски.

На крајот на годината, магла и мрак

Време - 14.11.2008

Лилјана Поповска Да бидеш родител на дете во основно училиште во Македонија значи да бидеш истовремено и негов учител. Тоа значи по неколку часа дневно да работиш со него, да ги учиш лекциите, да му ги „преведуваш“ неразбирливите термини и да го испрашуваш. Да правиш нешта што нашите родители не ги правеле. Се разбира, зборувам за просечни деца, исклучителните се секогаш помалобројни.

Конечно се готови учебниците за шесто одделение

Алфа - 14.11.2008

Издавачките куќи најавуваат дека од наредната недела, конечно ќе ги има учебниците за шесто одделение. Сепак, децата и натаму ќе бидат без учебникот по Македонски јазик за кој уште не е направен избор на ракопис. Ниту еден од пријавените не бил добар. Во меѓувреме, шестоодделенците веќе цело прво полугодие учат или од учебници според старата наставна програма или пак од диктирани лекции.

Избрани ракописите по кои ќе се печатат учебниците за шесто

Канал5 - 11.11.2008

Избрани се ракописите по 8 наставни предмета по кои ќе се печатат учебниците за шесто одделение. Во текот на денот треба да се изберат и учебниците по македонски, бидејќи во првото отворање комисијата не ги избрала ракописите вели директорот на Педагошката служба.

До крајот на неделата комплетен избор на учебници за шесто

Канал5 - 11.11.2008

До крајот на неделата треба да се изврши комплетниот избор на учебници за шесто одделение велат од Министерството за образование. Избрани се сите ракописи освен за предметите математика, македонски и информатика. Од бирото за развој велат учениците без учебници не губат многу од наставата бидејќи според програмата во овој период го повторувале материјалот од минатата година.

Учебниците за шесто во средината на ноември

Канал5 - 11.11.2008

Учебниците за шестоодделенците ќе доцнат уште најмалку дваесетина дена велат од педагошката служба, па така учениците ќе ги добијат дури во средината на ноември. Ова е трето ветување од Министерството за образование. Образложението е дека сега се чека рецензионата комисија да го избере учебникот по информатика, по што потпис за одобрување на сите учебници треба да стави министерот за образование ...

Учебниците за шесто се печатат при се' уште незавршени жалби

Утрински - 10.11.2008

Учебниците за шесто се печатат при се' уште незавршени жалби. Учебниците за шесто одделение се во процедура на печатење, најави министерот за образование и наука, Перо Стојановски, иако се' уште не е формирана второстепената комисија во Владата која би требало да одлучува по жалбите за учебниците.