TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Комунисти отворени за компромис за името

Време - 09.11.2007

ГРЦИЈА Грчката Комунистичка партија и левата коалиција Синаспизмос почнаа активности во спорот за името Македонија и најавуваат подготвеност на Република Македонија да и се „дозволи“ да го употребува името Македонија, како географски поим.

Алаванос: Разликите не треба да се пречка за дијалог

Вест - 08.11.2007

"Познато е дека за важни прашања немаме исто мислење, но тоа не треба да биде пречка за да се седне на маса и да се разговара пријателски за прашања за регионот и за билатерални прашања. Тоа ќе биде многу корисно за изградба на клима на доверба.

Спорот не е пречка за пријателски дијалог

Дневник - 08.11.2007

Очекуваме Грција,како прв сосед, да ја поддржи Македонија даги постигне целите што таа Грција веќе ги постигнала, изјави министерот Милошоски Македонија и Грција немаат ист став за некои важни прашања, но тоа не значи дека не треба да разговараат како пријатели за важните регионални и билатерални ...

Името не е пречка за пријателство

Вечер Прес - 08.11.2007

Македонија очекува од нашиот прв сосед Грција да ја поддржи Македонија во напорите за остварување на целта која таа веќе ја има постигнато, а тоа е интеграција во евроатлантските структури, изјави вчера министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, по средбата со лидерот на грчката партија ...

Грчки парламентарец во посета на Македонија

А1 - 07.11.2007

Дојдов да разговараме како пријатели, да ја зголемиме довербата меѓу двете земји кои се и соседи. Ова е пораката од Александрос Алаванос, лидерот на грчката левичарска партија „Синаспизмос“, кој денеска во Скопје беше примен од претседателот Црвенковски, премиерот Груевски, шефот на дипломатијата ...

Медијаторот во спорот за името со Грција е оптимист дека дијалогот ќе продолжи

Канал5 - 07.11.2007

Метју Нимиц не ја открива стратегијата со која ќе настапи на средбите во Атина и Скопје, откако македонската страна го отфрли неговиот нацрт - документ поради спорната сугестија да се промени уставното име за меѓународна употреба. Медијаторот е оптимист дека дијалогот ќе продолжи.

Грција и Македонија да разговараат како пријатели

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Довербата меѓу Македонија и Грција да се зголеми во духот на добрососедски односи и да разговараме како пријатели. Ова е главната порака на претседателот на грчката политичка партија Коалиција на левицата и напредокот (Синаспизмос) Александар Алаванос, кој денеска во Скопје се сретна со ...

Претседателот на грчки Синаспизмос во Македонија

Макфакс - 07.11.2007

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска ќе го прими претседателот на грчката политичка партија Коалиција на левицата и напредокот (Синаспизмос), Александар Алаванос. Синаспизмос е грчка парламентарна партија на левицата.