TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рударите од „Саса“ сеуште штрајкуваат со глад

А1 - 24.11.2002

Најупорните 320 рудари од „Саса“ сместени во три јами на длабочина од 800 метри не се дел од експериментот за човечка издржливост во оскудни услови со кислород. Но како што одминува и 6-тиот ден од штрајкот со глад во нечистите и влажни јами, решеноста да истраат во своите барања е се поцврста, ...

На крајот

Вест - 23.11.2002

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Македонија е големо рударско окно пред портите на НАТО 1 Треба да се најде разбирање за новата влада. Бранко си го измачи умот во потрага кого се уште не вратил на власт од пред четири години. Така истрошен, нема сили да му се посвети на проблемот со штрајкувачите.

Рударите добија 17 милиони денари, но продолжуваат со штрајкот

Утрински - 23.11.2002

Нема позитивна разврска со штрајкот во "Саса" ШТИП - Вчера на сметка на рудникот "Саса" пристигнаа 17 милиони денари за исплата на една плата на 1.100 вработени, но рударите не се согласија за оваа сума да излезат од рударското окно во кое, веќе петти ден, на длабочина од 800 метри штрајкуваат со ...

Рударите ги жртвуваа своите плати за да го обноват производството

Дневник - 23.11.2002

ШТРАЈК СО ГЛАД ВО "САСА" По четири дена штрајк 35 рудари се со нарушено здравје, а осуммина од нив се на болничко лекување Рударите од рудниците за олово и цинк "Саса", кои четири дена штрајкуваат со глад во јамите, одлучија парите што Владата денеска им ги даде за плати да ги пренаменат за ...

Рударите наместо плати бараат репроматеријали

А1 - 22.11.2002

Рударите не се задоволни од ветувањето на Владата за исплата на една плата. Синдикалиот лидер на рударите Стојменов вели: „Владата не ги разбира нашите барања. Ние не бараме само плата, нам ни се потребни пари за репроматеријали. Во спротивно рудникот ќе пропадне“.

Рударите се душат во блуеници

Вест - 22.11.2002

ДРАМА ВО РУДНИКОТ САСА Во задушливите јами, 800 метри под земја, во кои од вторникот штрајкуваат со глад над 300 рудари, кислородот се помалку го има, а смрдеата од блуеници и тиња се шири насекаде. Лекарската екипа која секој ден го про Седнати на дрвени штици, 800 метри под земја, од вторникот ...

Без да се видат парите за плата нема излегување од рудникот

Утрински - 22.11.2002

Штрајкот на рударите од Македонска Каменица влегува во четвртиот ден ИВАН БОЈАЏИСКИ ШТИП - Штрајкот со глад на рударите од ?Саса" во Македонска Каменица навлезе во својот четврти ден, а штрајкувачите не ни помислуваат да го напуштат хоризонтот 1050 на 800 метри под земја каде се што се наоѓаат 72 ...

Осум рудари во критична состојба префрлени во болница

Дневник - 22.11.2002

ШТРАЈК ВО "САСА" Синдикалците велат дека Владата ќе им даде пари на рударите, за плати и за обновување на производството Осум рудари од рудниците за олово и цинк "Саса", кои три дена штрајкуваа со глад во јамите 800 метри под површината на земјава, во критична здравствена состојба вчера попладне ...

Влошена здравствената состојба на рударите од „Саса“

А1 - 21.11.2002

Во владата веќе со часови тече состанокот на министрите за финансии и економија со премиерот Црвенковски на кој, како што дознаваме, треба да се донесе конечна одлука од која ќе зависи судбината на рударите на „Саса“. За да го прекинат штрајкот со глад, рударите од владата очекуваат итно да им ...

Со глад штрајкуваат 320 рудари осумстотини метри под земја

Утрински - 21.11.2002

Втор ден од штрајкот со глад на рударите од Македонска Каменица Иван Бојаџиски ШТИП - Точно 320 рудари на рудникот за олово и цинк "Саса" штрајкуваат со глад 800 метри под земја, во темен и влажен простор како од хорор-филмовите.

Претставници на рударите се сретнаа со Гошев, Филиповски и со Муратовски

Утрински - 21.11.2002

Вчера во Министерството за финансии Вчера во доцните попладневни часови во Министерството за финансии, по двајца претставници на рударите од рудниците ?Саса" и ?Злетово" се сретнаа со министрите за финансии и за економија, Петар Гошев и Илија Филиповски, како и со претседателите на ССМ и на ...

Рударите масовно влегуваат во јамите на штрајк со глад

Дневник - 21.11.2002

КАМЕНИЦА ДОБИ ПОДДРШКА ОД ПРОБИШТИП Четиристотини рудари од рудниците за олово и цинк "Саса" од Македонска Каменица два дена штрајкуваат со глад во рударските окна на 800 метри под површината на земјата. Штрајкот го поддржаа и триесетмина рудари од пробиштипските рудници за олово и цинк "Злетово", ...

Рударите од Саса и Злетово во штрајк со глад

А1 - 20.11.2002

На рударите од Саса, кои вчера почнаа штрајк со глад, денеска им се приклучија и рударите од Злетово. Гладувањето во јамата на штрајкувачите им ја влошува здравствената состојба, а еден од нив е веќе однесен во болница. Сепак, врвна иронија во оваа рударска драма е вклучувањето во штрајкот и на ...

Над 300 рудари штрајкуваат со глад во окното на "Саса"

Вест - 20.11.2002

Рударите се цврсто решени да истраат докрај и нема да излезат од рудникот се додека Владата не им ги исплати платите за август, септември и за октомври и не им обезбеди репроматеријали за да продолжат со работа Рударите од "Саса" вчера штрајкот го продолжија со глад во рударските јами.

Рударите на "Саса" почнаа штрајк со глад во рудничките јами

Утрински - 20.11.2002

Рудникот во Македонска Каменица пред големи тешкотии ШТИП - Стотици рудари на "Саса" вчера изутрина повторно влегоа во рудничките окна почнувајќи го новиот штрајк со глад. Тие на ваков начин бараат излез од катастрофалната состојба која на 14 минатиот месец кулминираше со прекин на секаква работна ...

Рударите од "Саса" пак гладуваат во јамите

Дневник - 20.11.2002

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НА НОГА Старото раководство се приклучи кон штрајкот, а рударите предупредуваат дека протестот не е политички Околу 250 рудари од рудниците за олово и цинк "Саса" од Македонска Каменица вчера во рударските окна почнаа штрајк со глад на 800 метри под површината на земјата.

На рудникот му се заканува потоп

Дневник - 20.11.2002

ЗЛЕТОВО Ако во најскоро време не ја добијат платата за октомври, триесетина рудари од Злетово најавија дека ќе престанат да ја испумпуваат водата од јамите, а тоа може да значи и крај на експлоатацијата на рудникот. Поради крајно лошата економска состојба во рудникот, генералниот директор во ...

Три илјади работници маршираат за плати, сини картони и за ревизии

Дневник - 20.11.2002

РАСТЕ СОЦИЈАЛНОТО НЕЗАДОВОЛСТВО Штрајкуваат новинарите во "Нова Македонија", рударите од "Саса", трговците од "Славија", чевларите од "Газела" и вработените во неколку други претпријатија во земјава Повеќе од 3.000 работници вчера штрајкуваа во целата земја, поради нередовна исплата на плати, ...

Рударите од "Саса" повторно штрајкуваат со глад

Вест - 19.11.2002

ОД РУДНИКОТ ЗА ОЛОВО И ЦИНК ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ВЕЌЕ ЕДЕН МЕСЕЦ НЕ СЕ ВАДИ РУДА Околу 1.100 рудари од Македонска Каменица бараат од Владата исплата на парите за кои министерите на Љупчо Георгиевски дадоа зелено светло уште во септември - 30 милиони денари за рудникот "Саса" и 10 милион Рударите ...