TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бранко Црвенковски: „Посетата во САД беше успешна“

А1 - 29.11.2003

„Она што е јасно дека САД стојат зад РМ во процесот на интегрирање во евроатланските структури“ рече премиерот Бранко Црвенковски во интервју за А1. Бранко Црвенковски: Посетата во САД ја ценам како успешна. Прво поради тоа дека таквата посета се одвиваше во време кога САД се окупирани со настаните ...

Црвенковски од Вашингтон доби поддршка за иден претседател

А1 - 28.11.2003

Бранко Црвенковски се враќа од Вашингтон со поддршка во џебот, но не за НАТО, која ја посакуваше, а не ја доби. Ова е поддршка за иден претседател на Македонија, велат за А1 високи владини извори кои инсистираа да останат анонимни.

Премиерот бара извинување од Ројтерс

Вест - 28.11.2003

Извинувањето се бара зашто Ројтерс името на македонскиот премиер Бранко Црвенковски го замени со Љубчо Георгиевски Кабинетот на премиерот Бранко Црвенковски вчера испратил писмо до фотоофисот на новинската агенција Ројтерс, која завчера емитуваше фотографии од посетата на Црвенковски на САД, со ...

Во Вашингтон Бранко го викаат Љубчо

Вест - 27.11.2003

ГАФ Македонскиот премиер Бранко Црвенковски за време на посетата на Соединетите Американски Држави стана Љубчо Георгиевски, иако си го задржа титуларот премиер. Македонскиот премиер Бранко Црвенковски за време на посетата на Соединетите Американски Држави стана Љубчо Георгиевски, иако си го задржа ...

Пауел: САД ќе и помогнат на Македонија за НАТО

Вест - 27.11.2003

ЦРВЕНКОВСКИ ВО ВАШИНГТОН Црвенковски Македонија ја опиша како стабилен и доверлив партнер на САД Специјално од Вашингтон: Горан Трпеноски Американскиот државен секретар Колин Пауел завчера му вети на македонскиот премиер дека САД ќе се обидат да и помогнат на Македонија да влезе во НАТО и во ...

САД ќе помогнат, но не гарантираат членство во НАТО

Утрински - 27.11.2003

По средбите на премиерот Бранко Црвенковски со државниот врв на Америка Вашингтон - Американскиот државен секретар Колин Пауел му вети на премиерот Бранко Црвенковски дека САД ќе и помогнат на Македонија да добие членство во Алијансата, но не му гарантираше дека тоа ќе се случи со сигурност само со ...

САД не ни гарантираат за НАТО

Дневник - 27.11.2003

ЦРВЕНКОВСКИ ВО ВАШИНГТОН Американскиот државен секретар бара исполнување на стандардите Американскиот државен секретар Колин Пауел му вети на премиерот Бранко Црвенковски дека САД ќе и помогнат на Македонија да добие членство во НАТО, но не му гарантираше дека тоа ќе се случи со сигурност само со ...

Црвенковски ја пофали ВМРО-ДПМНЕ во Вашингтон

Вест - 26.11.2003

МАКЕДОНСКА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО АМЕРИКА Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ не е истата партија од пред една година, таа се менува во добар правец, такви промени треба да се случат и кај опозицијата од албанскиот политички блок, оцени премиерот Специјално од Вашингтон, Горан Трпеноски ...

Црвенковски ја повика ДПА да ги смени лидерите

Утрински - 26.11.2003

ПРЕС Прашан дали во Македонија има легитимна опозиција која ќе има моќ да ја преземе власта од актуелната коалиција на СДСМ, без притоа да се ризикува опстанокот на Македонија како држава, премиерот Бранко Црвенковски во Институтот за мир упати благонаклона порака до ВМРО-ДПМНЕ и јасна покана за ...

Црвенковски очекува американско разбирање за македонската агенда

Утрински - 26.11.2003

Македонскиот премиер вчера се сретна со највисоките функционери на САД Вашингтон- Премиерот Бранко Црвенковски вчера имаше ден Д во Вашингтон, со набиен распоред на средби со највисоките функционери на САД, меѓу кои со потпретседателот Дик Чејни, како негов домаќин, државниот секретар Колин Пауел и ...

Пред Вашингтон прашањето за името

Дневник - 26.11.2003

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ ВО САД Скопје очекува јасен сигнал за членството во НАТО и за границата кон Косово Давање појасен сигнал за членство во НАТО, решавање на проблемите со името и со границата се клучните прашања што премиерот Бранко Црвенковски се очекуваше вчера да им ги постави на првите луѓе ...

СРЕДБА НА ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ СО АМЕРИКАНСКИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ДИК ЧЕЈНИ

Канал5 - 26.11.2003

САД ќе им дадат поддршка на аспирациите на Република Македонија за вклучување во евроатлантските структури, изјави синоќа македонскиот премиер Бранко Црвенковски по средбата во Белата куќа со американскиот потпретседател Дик Чејни.

Црвенковски: „Македонија има за цел да стане дел од Европскиот дом“

А1 - 25.11.2003

„Се надевам и убеден сум дека ќе ја имаме поддршката на Вашингтон за остварување на целите за кандидатура, а потоа и за членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, истакна македонскиот премиер Бранко Црвенковски во американскиот Институт за мир, каде говореше на тема „Македонија, патот напред“.

Црвенковски: ВМРО-ДПМНЕ е контрадикторна за територијалната поделба

Утрински - 24.11.2003

Интервју на премиерот за Радио Слободна Европа Односите меѓу САД и Македонија се на извонредно високо ниво, изјави премиерот Бранко Црвенковски во интервјуто за Радио Слободна Европа. Според него, Вашингтон во клучните моменти за Македонија покажал дека стои зад нашата независност, сувереност и ...

Црвенковски ќе мери колку тежи навистина сојузништвото со САД

Утрински - 24.11.2003

Македонскиот премиер вчера, со средбата со иселениците, ја почна турнејата низ САД ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ Слободанка Јовановска ДЕТРОИТ- Премиерот Бранко Црвенковски вчера во Детроит го отвори новиот генерален конзулат на Македонија во САД, откако со одлука на Владата есенва беше затворен конзулатот ...

Црвенковски го отвори конзулатот во Детроит

Дневник - 24.11.2003

ПОСЕТА НА САД Премиерот Бранко Црвенковски вчера во Детроит го отвори новиот Генерален конзулат на Македонија во САД, откако со одлука на Владата есенва беше затворен конзулатот во Њујорк. Беше проценето дека е пооправдано неговото постоење во Детроит, каде што гравитира најголем дел од ...

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ ЌЕ РАЗГОВАРА СО РАКОВОДСТВОТО НА ММФ

Канал5 - 24.11.2003

Македонската владина делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски неколкудневната посетата на САД денеска ја продолжува со средби во Вашингтон со извршниот директор и со директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Јерон Кремерс и Хорст Келер.