TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Протест на Ромите бегалци пред седиштето на ЕУ

А1 - 30.05.2003

Неколку десетици Роми бегалци од Косово сместени во колективниот центар во Катланово денеска протестираа пред седиштето на Европската унија во Скопје. Тие ги поддржаа своите сонародници кои 13 дена на граничниот премин Меџитлија очекуваат да бидат пропуштени во Грција, каде што ќе побараат азил.

Повеќето бегалци се против продолжување на бегалскиот статус

Утрински - 30.05.2003

На преминот Меџитлија исцрпеноста на косовски Роми е очигледна БИТОЛА - Ташмир Елезовски, претставник на косовските Роми, кои речиси две седмици кампуваа пред граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница и Рутко Кавчински, претставник на Ромскиот интернационален конгрес со седиште во ...

Ако е потребно, Владата ќе ги екстрадира косовските бегалци

Утрински - 30.05.2003

Министерот Костов за проблемот со Ромите-бегалци од Косово кои престојуваат на Меџитлија Доколку косовските Роми кои се наоѓаат на граничниот премин Меџитлија не ги исполнат условите на Владата и не ги пополнат обрасците за регулирање на статусот бегалец, Владата ќе постапи во согласност со своите ...

"Подобро да не стрелаат отколку да не иселат"

Дневник - 30.05.2003

РОМИТЕ НА МЕЏИТЛИЈА РЕВОЛТИРАНИ Бројот на косовските Роми на граничниот премин кај Битола се зголемува. Од 611, колку што беа до вчера, сега ги има 690 лица, а денеска очекуваат да им се придружат нови групи Роми од Македонија.

Косовските Роми ги потпишаа апликациите за барање азил

А1 - 29.05.2003

611 косовски Роми кои веќе 11 дена престојуваат на граничниот премин „Меџитлија“, денеска сите без исклучок ги потпишаа апликациите за барање на азил кон соседна Грција. Во нивно име Националниот ромски конгрес од Хамбург, експертот Руско Качински и членот на бордот Ашмид Елезовски по 14 часот ...

Ромскиот национален конгрес ја тужи Македонија

Вест - 29.05.2003

ПОРАДИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА БЕГАЛЦИТЕ РОМИ НА МЕЏИТЛИЈА Тужбата е поднесена пред една недела во Судот во Стразбур поради тоа што македонските власти не ги пуштиле Ромите од Косово да ја поминат границата кај Меџитлија, а ова прашање ќе биде актуализирано и во Собранието на Европската унија ...

Проблемот со Ромите на Меџитлија е меѓународен

Утрински - 29.05.2003

Став на Ромскиот национален конгрес Скопје - Проблемот со косовските Роми, кои се наоѓаат на преминот Меџитлија на македонско-грчката граница, не е македонски проблем, туку меѓународен, смета Ромскиот национален конгрес. Како што изјави на вчерашната прес-конференција претставникот на Конгресот, ...

Ромите од Косово остануваат во Македонија до 28 септември

Утрински - 29.05.2003

Средба на ресорните министерства со претставници на МЗ за статусот на беглаците Шестотини и единаесет Роми од Косово, кои престојуваат на граничниот премин Меџитлија, во Македонија ќе можат да останат до 28 септември оваа година.

За Ромите на Меџитлија единствено решение е да заминат од Македонија

Дневник - 29.05.2003

РОМСКИ НАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС Косовските Роми што на граничниот премин Меџитлија бараат да бидат пуштени да заминат во Грција, а оттаму во некоја од европските земји, веќе втор ден одбиваат да го прифатат владиниот предлог да го регулираат статусот на хуманитарно згрижени лица, да се сместат во ...

Владата понуди привремено засолниште за косовските Роми

А1 - 28.05.2003

Владата денеска повторно ги повика Ромите бегалци од Косово да ги пополнат барањата за признавање на статусот бегалец, најавувајќи во спротивно дека против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки. Владата, согласно одлуката да не прифати изградба на диви бегалски кампови, на лицата кои ќе ...

Ромите од Косово ќе ги продолжат бегалските легитимации

Утрински - 28.05.2003

Претставници на бегалците кај граничниот премин Меџитлија вчера разговараа во Скопје БИТОЛА - Ставот на Владата на Република Македонија дека косовските бегалци во земјава мора да го регулираат својот статус ако сакаат да не бидат вратени таму од каде што дошле, беше причина вчера претставници на ...

Ромите самине си одат од Меџитлија, но може да бидат протерани

Дневник - 28.05.2003

УЛТИМАТУМ Ромите од Косово, кои десет дена на граничниот премин Меџитлија бараат да преминат во Грција, а оттаму во некоја од земјите на ЕУ, не ја прифаќаат понудата од Владата да го регулираат престојот во Македонија како хуманитарно згрижени лица и да ги пополнат барањата за добивање статус ...

Не ни треба второ Блаце

Дневник - 28.05.2003

Коментар - Боби Христов Македонија сериозно ризикува да го изгуби хуманитарниот кредибилитет. Во 1999 година успешно се справи со потребите на повеќе од 300.000 косовски бегалци, а сега не може да го реши проблемот на 600 косовски Роми.

Косовските Роми веќе деветти ден на Меџитлија

А1 - 27.05.2003

Над 600 косовски Роми веќе деветти ден се наоѓаат во импровизираниот камп на граничниот премин Меџитлија, барајќи азил во Грција. Според Мухарем Јашнари, член на Одборот на бегалците, тие нема да го потпишат барањето за стекнување статус на бегалец без консултација со адвокатот што ги застапува.

Ромите на Меџитлија мораат да го регулираат бегалскиот статус

Утрински - 27.05.2003

Владата не прифаќа изградба на бегалски кампови на несоодветни места без инфраструктура Вкупно 611 Роми кои се наоѓаат на граничниот премин Меџитлија, а до 30 април годинава не го регулирале својот статус на привремена заштита, тоа мораат да го сторат пред МВР.

Бегалците пополнуваат документи за политички азил за Грција

Утрински - 27.05.2003

Ромите од Косово веќе осми ден се наоѓаа на граничниот премин Меџитлија БИТОЛА - "Околу 700 бегалци - Роми од Косово дури сега не знаат кој и какви се нивните права во врска со нивниот понатамошен статус во оваа или во некоја друга земја.

Ромите на „Меџитлија“ треба да го променат својот статус

А1 - 26.05.2003

Македонската Влада на денешната седница заклучи дека Ромите кои веќе десетина дена се наоѓаат на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница во најскоро време треба да го променат својот статус од хуманитарно згрижени лица во бегалци.

Бегалската криза кај Меџитлија продолжува

Вест - 26.05.2003

Во саботата вечерта, претставник од интернационалната организација "Рома национал конгрес" од Хамбург го посети привремениот бегалски камп на Ромите од Косово кај граничниот премин Меѓитлија, и неофицијално се дознава дека по разговорите со косовските Роми добил впечаток оти оваа бегалска криза ќе ...

Ромите пополнуваат писмени барања за прием во некоја земја од ЕУ

Утрински - 26.05.2003

Проблемот на Ромите - бегалци од Косово пред Меѓународниот суд во Стразбур Косовските Роми кои веќе една недела се на македонско-грчкиот граничен премин ?Меџитлија" крај Битола, и бараат азил во Грција, денеска пополнуваат апликации, како официјални писмени барања за азил во некоја од земјите од ...