TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ-ПДП: вчерашните протести беа успешни

Канал5 - 27.08.2006

Коалицијата ДУИ - ПДП на денешната прес-конференција ги оцени вчерашните протести како успех, а за следните чекори не откриваат ништо, бидејќи за тоа ќе решаваат допрва партиските тела Скопје, 26 август (МИА) - Коалицијата ДУИ - ПДП на денешната прес-конференција ги оцени вчерашните протести како ...

ДУИ и ПДП ќе направат се да ја срушат владата на Груевски

А1 - 26.08.2006

По вчерашниот протест, ДУИ и ПДП денеска со уште едно потсетување, ќе продолжат да прават се за да ја срушат владата на Груевски. „Албанците немаат доверба во министрите на Груевски кои сакаат само да ги убијат во гасни комори“, рече Берим Беџети, од ПДП.

Миловановиќ не се сретнала со Вејсели

Време - 26.08.2006

АМБАСАДА НА САД Во дел од извештаите за средбата на претседателот на ПДП Абдулади Вејсели и претставник на американската амбасада што се одржа на 23 август неточно е опишан карактерот и содржината на состанокот, соопшти Амбасадата на САД во Скопје.

Али ќе ја руши владата на Груевски

Вест - 26.08.2006

ДУИ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРЕД СОБРАНИЕ Лидерот на ДУИ Али Ахмети им вети на своите приврзаници дека после 2001 година ќе го порази по втор пат премиерот Никола Груевски. Тој на вчерашниот протест пред Собранието соопшти дека нема да ја признае владата на Никола Груевски и вети дека многу брзо ќе ја руши ...

Ти си млад и неискусен, а јас еднаш те победив во војната во 2001!

Време - 26.08.2006

НА ПРОТЕСТИТЕ НА ДУИ И ПДП АХМЕТИ МУ ПОРАЧА НА ГРУЕВСКИ Околу 5.000 граѓани, симпатизери и членови на ДУИ и на ПДП вчера мирно протестираа пред Собранието изразувајќи го незадоволството што партиите не влегоа во новата влада.

Воинствени пораки на ДУИ и ПДП на митингот пред Собранието

Утрински - 26.08.2006

Интегративците и просперитетот нема да го признаваат легитимитетот на новата влада БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Пет години по потпишувањето на Рамковниот договор и по четири години поминати на власт, функционерите на ДУИ повторно започнаа да се претставуваат како челници на УЧК и ОНА.

Тачи: ДУИ и ПДП немаат храброст да влезат во парламентот

Утрински - 26.08.2006

Потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, смета дека со вчерашниот протест пред Собранието, ДУИ и ПДП покажале дека немаат храброст да дојдат во парламентот за да разменат аргументи. „Поставивме силен политички капитал со Охридскиот договор, а сето тоа тие го потрошија.

Новата влада се избираше без пратеници од ДУИ и ПДП

Утрински - 26.08.2006

Собранието на Македонија заседаваше под притисок на протести КАТИЦА ЧАНГОВА Кандидатите за министри од ВМРО-ДПМНЕ, ЛП, НСДП и ДПА пристигнаа во Собранието пеш од седиштето на најголемата владејачка партија во центарот на Скопје.

Опозицијата треба да игра позитивна улога во Собранието

Дневник - 26.08.2006

Амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ, не учествувала на последната средба со Абдулади Вејсели, лидерот на ПДП како што објавија некои медиуми, соопшти вчера американската амбасада во Скопје. Во соопштението се наведува дека за време на средбата со претставникот на амбасадата, бил дискутиран ...

Али Ахмети му се закани на Груевски со нова војна

Дневник - 26.08.2006

Го победив во 2001 година и ако треба, пак ќе го победам - му порача на Никола Груевски, лидерот на ДУИ Никогаш не се плашиме од војна. Сите нека знаат дека тој еднаш изгуби една војна со Албанците и истото ќе се повтори и сега.

Протестот на ДУИ и ПДП заврши со мал инцидент

А1 - 25.08.2006

Неуспешен обид да се влезе со сила во Парламентот. Протестот на Ахмети заврши со мал инцидент, откако тој замина од пред Собранието. Една група сакаше да се пресмета со полицијата. Не наседнаа на провокацијата. Групата поддржувачи на Ахмети беше понесена од неговиот говор, од еуфоричната атмосфера ...

ДУИ и ПДП најавуваат 30.000 граѓани

Време - 25.08.2006

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТИ ПРЕД СОБРАНИЕТО Повеќе од 30.000 граѓани денеска ќе се соберат да протестираат пред Собранието додека пратениците ја гласаат новата влада, најавуваат организаторите на јавниот собир, ДУИ и ПДП. Според најавите, протестите треба да почнат во 11 часот, а да завршат во 12 часот.

Само Вејсели сака да остане со Ахмети

Вест - 25.08.2006

СЕРИОЗНИ РАЗИДУВАЊА ВО ПДП СО ЛИДЕРОТ "Абдулади Вејсели сам контактира со Али Ахмети и самиот одлучува што ќе се прави во врска со протестите, иако 95 отсто од членовите на Централното партиско претседателство на ПДП се против натамошното останување во коалиција со ДУИ.

Ќе поделиме се што е заедничко!

Време - 25.08.2006

РАДИКАЛНИ ЗАКАНИ ОД ДУИ И ОД ПДП Емил Зафировски Кој со меч владее, од меч и ќе настрада, а се што е заедничко ќе биде поделено. Ова е пораката од вчерашното соопштение објавено во весникот на албански јазик „Лајм“, зад кое се удрени партиските печати на ДУИ и на ПДП.

Незадоволство во ПДП од однесувањето на Вејсели

Утрински - 25.08.2006

Членови на Централното претседателство на ПДП реагираат, како што велат, на самоволното однесување на лидерот Абдулади Вејсели. Тие го обвинуваат Вејсели дека воопшто не се консултирал со Претседателството на партијата при донесувањето на одлуките, особено во последниот период кога се одлучувало ...

ДУИ не гарантира мирен протест

Дневник - 25.08.2006

Лидерот на ПДП бара од ДУИ конечно да одговорат дали ќе се откажат од пратеничките функции, од што зависи и иднината на коалицијата ДУИ и ПДП не можат да гарантираат дали денешните протести пред Собранието ќе поминат без инциденти, бидејќи можно е нивните приврзаници да бидат испровоцирани, изјави ...

ДУИ и ПДП протестираа пред Собранието

Канал5 - 25.08.2006

Полицискиот кордон го спречи налетот на агресивни активисти на ДУИ кои по говорот на Али Ахмети сакаа да го прекинат изборот на владата на Никола Груевски. Не им се приклучија илјадниците симпатизери - затоа и ситуацијата не излезе од контрола.

Мандатите нема да се вратат

Вечер Прес - 25.08.2006

Пратениците од ПДП И ДУИ нема да ги вратат мандатите поради невлегувањето во новата влада, туку ќе дејствуваат како парламентарна опозиција. Ова, како што дознаваме ќе бил заклучокот на претседателствата на двете партии кои вчера доцна попладне во Тетово имаа заеднички состанок, кој до затворањето ...

ДУИ и ПДП без одлука за враќањето на мандатите

А1 - 24.08.2006

Заврши средбата помеѓу ДУИ и ПДП. Покрај најавите нема никаква одлука за враќање на мандатите на пратениците на ПДП и ДУИ. Барањето на Вејсели не било ставено ни на дневен ред, барем кажуваат во заедничката изјава што ја даде Теута Арифи.

ДУИ и ПДП денеска ќе одлучат дали ќе ги вратат мандатите

Време - 24.08.2006

ВО ТЕТОВО СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВАТА ДУИ и ПДП денеска на заедничка средба на претседателствата на партиите треба да заземат конечен став дали ќе ги вратат пратеничките мандати во знак на револт што не се дел од новата влада.

Просперитетот не попушта под притисокот на странците

Утрински - 24.08.2006

ПДП не се откажува од радикалните ставови по средбите со претставници на ЕУ и на САД Партијата за демократски просперитет е под жесток притисок на меѓународните претставници во земјава за да се откаже од радикалните најави за враќање на пратеничките мандати и непризнавање на новата влада предводена ...

И САД бара од Вејсели да се пишмани

Дневник - 24.08.2006

Абдулади Вејсели, вчера и пред американската амбасадорка во Македонија, мораше да објасни зошто цврсто останува на ставот ДУИ и ПДП да ги вратат пратеничките мандати Претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели, вчера и пред американската амбасадорка во Македонија, Џилиен Миловановиќ, мораше да објасни ...

Лидерот на ПДП на средба во американската амбасада

А1 - 23.08.2006

Абдулади Вејсели по едночасовната средба во американската амбасада, избега. Без да објасни зошто го повикала амбасадорката Џилијан Миловановиќ и што го советувала. Вејсели не ги информирал ниту во својата партија ниту во ДУИ, и тие не знаат за што разговарал во американската амбасада.

Ахмети наредил да нема инциденти

Време - 23.08.2006

ВО ПРЕСРЕТ НА ПЕТОЧНИТЕ ПРОТЕСТИ НА ДУИ Емил Зафировски Али Ахмети, лидерот на ДУИ, им наредил на претседателите на општинските разграноци да ги преземат сите мерки на петочниот протест пред Собранието за да нема инциденти и насилства, тврдат извори од партијата.

ЕУ бара од Вејсели да омекне

Дневник - 23.08.2006

На Ахмети му било предочено дека, ако има инциденти, не ќе може да се правда дека „толпата била револтирана или оти не можеле да ја контролираат“ Претставници на ЕУ вчера го убедувале претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели, да отстапи од идејата за враќање на пратеничките мандати и заедно со ДУИ да ...

Вејсели на отчет кај Миловановиќ

Канал5 - 23.08.2006

И Американците како и европејците со иста порака за Абдуљади Вејсели. „Не бојкотирајте ја работата на Собранието и не враќајте ги пратеничките мандати“ - му кажала американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ на лидерот на ПДП на состанокот во Скопје.

ПДП под притисок на меѓународната заедница

А1 - 22.08.2006

По ДУИ, посредничките обиди на Европската унија, сега се насочени кон ПДП. Се бара да се откажат од притисокот врз мандатарот. Евроамбасадорот Фуере утринава го пратил својот советник, Флоријан Вон Кониг, во мисија во Тетово.

ПДП шета со ДУИ, но мисли на ДПА

Време - 22.08.2006

АХМЕТИ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ КОАЛИЦИСКИОТ ПАРТНЕР ПДП перфидно се обидува да ги влоши односите со ДУИ за да може да ја раскине коалицијата и да влезе во новата влада, тврдат за „Време“ извори од албанскиот политички блок. Минатата недела претседателство на ПДП држело интензивни состаноци, каде што ...

ПДП бара нови парламентарни избори

Утрински - 22.08.2006

Според Вејсели тоа е следниот чекор по враќањето на пратеничките мандати Нови парламентарни избори! Тоа е решението што го предлага Партијата за демократски просперитет за излез од кризата која, според нив, е создадена откако мандатарот Никола Груевски одлучи да не ја вклучи коалицијата на ДУИ и ...

Груевски како премиер ќе се сретне со Ахмети

Дневник - 22.08.2006

Сценариото за кршење на мразот меѓу мандатарот и лидерот на ДУИ е тоа да се случи по изборот на владата , како дел од редовните средби на премиерот со партиските лидери По пораките што изминатиов период ги испрати меѓународната заедница дека е загрижена поради недостигот од елементарна комуникација ...

Евродипломатите го убедуваат Вејсели да не ги враќа мандатите

Канал5 - 22.08.2006

Дипломатски притисок врз ПДП. Фуере во обид да го премисли Вејсели – да не ја бојкотира работата на собранието и да не ги враќа пратеничките мандати. Дипломатски притисок врз ПДП. Фуере во обид да го премисли Вејсели да не ја бојкотира работата на собранието и да не ги враќа пратеничките мандати.

Враќањето на мандатите нема да ги раздели ДУИ и ПДП

А1 - 21.08.2006

Спротивните ставови за враќање на мандатите нема да ги раздели ДУИ и ПДП. Двете партии тврдат дека остануваат заедно, дури и ако не се договорат околу спорниот предлог. Токму за враќањето на мандатите, но и за другите чекори утре ќе се состанува раководството на ПДП.

Груевски нема да биде премиер на Албанците во Македонија

Време - 21.08.2006

ДУИ ОДЛУЧИ ДА ЈА УРИВА НОВАТА ВЛАДА И ПОРАЧУВА Никола Груевски нема да биде премиер на Албанците во Македонија, а ДУИ ќе стори се за да има краток век неговата влада, заклучило раководството на Централниот одбор на партијата, што се одржа во петокот во Мала Речица.

Просперитетот отвора пат до владата на Груевски

Вест - 21.08.2006

КОАЛИЦИЈАТА МЕЃУ ДУИ И ПДП ВО КРИЗА Партиски извори тврдат дека инсистирањето на ПДП да се вратат мандатите на сите 17 пратениците од коалицијата ДУИ и ПДП, на партијата и служи само како алиби да ја раскине коалицијата со ДУИ и да влезе во влад Коалицијата меѓу ДУИ и ПДП е во криза откако ...

Груевски и Ахмети не сакаат „очи да си видат"

Утрински - 21.08.2006

Лидерот на ДУИ вели дека евентуалната средба со Груевски не би имала никаква смисла Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, одбиваат каков било директен контакт по неуспехот на меѓупартиските разговори за формирање заедничка влада.

ДУИ омекнува, ПДП се радикализира

Утрински - 21.08.2006

ПДП најави натамошни порадикални мерки кои водат и до враќање на мандатите на тројцата пратеници од оваа партија ГоЈко Ефтоски ТЕТОВО - Во Демократската унија за интеграција како да се чувствува „омекнување на сфаќањата за новата улога што треба да ја има на политичката сцена во Македонија".

ДУИ ќе протестира, ПДП ќе бојкотира

Дневник - 21.08.2006

На 25 август пред Собранието со масовен собир ќе го изразиме нашиот револт од непочитувањето на албанскиот глас, вели Рафиз Алити од ДУИ Двете албански опозициски партии, Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет, иако се во коалиција, со различни тактики се борат ...

Тачи: Вејсели отворено е заинтересиран да влезе во владата

Канал5 - 21.08.2006

Мендух Тачи тврди дека лидерот на ПДП Абдуљади Вејсели отворено е заинтересиран да влезе во владата. Заменик-претседателот на ДПА денеска за Канал 5 ја демантира вчерашната изјава на Вејсели кој рече дека ниту се сретнал со Тачи, ниту сака да влезе во владата.

Средба Груевски-Ахмети по изборот на владата

Канал5 - 21.08.2006

Груевски ќе го крши мразот со Ахмети. Мандатарот планира да се сретне со лидерот на ДУИ, по преземањето на премиерската функција, тврдат извори во ВМРО ДПМНЕ. Тоа, според нив, ќе биде дел од редовната комуникација на Груевски со политичките лидери. Груевски ќе го крши мразот со Ахмети.

ДУИ притиска врз ПДП да ги врати мандатите

Вечер Прес - 21.08.2006

Демократската Унија за интеграција врши притисок врз пратениците од ПДП да ги вратат мандатите, дознава Вечер. Ако се случи ваков чекор, тогаш ДУИ ќе добие уште тројца пратеници во Собранието, велат нашите извори, и ќе ја стабилизираат својата пратеничка група.