TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има нов митинг ако власта не се откаже

Вест - 28.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ вчера предупреди дека Здружената опозиција ќе организира уште еден митинг ако власта не се откаже од новиот закон за триторијална организација на Македонија. За протестот што се одржа во понеделникот вчерта во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција оцени дека ваков митинг во ...

Љубчо: Ако јас бев организатор, ќе имаше повеќе луѓе

Вест - 28.07.2004

ЕКСПРЕМИЕРОТ ГЕОРГИЕВСКИ, МАЕСТРО ЗА ПРОТЕСТИ Од странците слушаме само голи декларации кои значат разнебитување на Македонија, изјави вчера Георгиевски Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Љубчо Георгиевски вели дека опозицискиот митинг против територијалната поделба бил добар, но дека ...

Бучковски: Митингот нема да промени ништо

Време - 28.07.2004

Дел од опозицијата извлече поуки од немилите настани во Струга и навреме ги презеде сите активности за мирниот протест пред Собранието да не добие поинакви размери, изјави за МИА Владо Бучковски, потпретседателот на СДСМ и министер за одбрана - Митингот нема да промени ништо сериозно.

Граница за територијалното разграничување

Време - 28.07.2004

МИТИНГ НА ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА Емил Зафировски Граѓани од сите краеви на земјава завчеравечер по дожд излегоа пред Собранието во главниот град за да и испратат јасни пораки на власта дека не ја прифаќаат понудената територијална организација на локалната самоуправа.

Груевски го злоупотреби митингот

Вест - 28.07.2004

ОПОЗИЦИЈАТА ЗАДОВОЛНА ОД ОДЗИВОТ, АМА ПОКИСНАТА Партнерите од здружената опозиција му забележуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека намерно доцнел за да биде sвезда, дека свирела партиската химна и дека граѓанскиот протест доби партиска заднина.

Најбитно е што митингот мина без насилство

Време - 28.07.2004

СДСМ За СДСМ е најбитно што митингот мина без насилство и без инциденти, изјави вчера Борис Кондарко, портпарол на партијата. - Очигледно дека Струга за ВМРО-ДПМНЕ претставува отрезнување и поука дека мора да се почитува редот во државата.

Бранко не кодоши во Брисел

Вест - 28.07.2004

ТРЕТИОТ ПАТ ЗАДОВОЛЕН ОД МИТИНГОТ Вчерашниот митинг на широкиот опозициски блок, според коалицијата "Третиот пат", бил масовен, достоинствен и мирен и го посетиле 50.000 граѓани, а од нив 30.000 го следеле. "Протестот помина мирно и без никакви инциденти.

ДУИ во протестот гледа заговор против Албанците

Утрински - 28.07.2004

Реакции по одржаниот митинг на широкиот опозициски фронт во Скопје Идеите на ВМРО-ДПМНЕ водат кон федерализација, го коментираат владејачките партии завчерашниот митинг против територијалната организација, на кој дел од опозицијата гледа како на доволен показател дека нешто треба да се промени во ...

"Третиот пат" порачува дека е можна радикализација

Утрински - 28.07.2004

Организаторите задоволни од масовноста на протестот Со масовниот протестен митинг што го организираше опозицискиот блок партии, граѓаните и испратија јасна порака на власта дека не се согласуваат со проектот на Владата за поделба на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ задоволна од протестот во Скопје

Утрински - 28.07.2004

Прес на најголемата опозициска партија Завчерашниот протест пред македонското Собрание на кој голем број граѓани го искажаа своето незадоволство од понудениот владин предлог за територијална организација, ВМРО-ДПМНЕ го оценува како "громогласно "не" на поделбата на Македонија".

Громогласно "не" за поделбата

Дневник - 28.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ ЗА МИТИНГОТ Митингот на обединетата опозиција беше едно громогласно "не" на граѓаните против територијалната организација што ја предлага Владата, рече Алаксандар Бичиклиски, заменик-портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.

Можна е блокада на Собранието

Дневник - 28.07.2004

"ТРЕТИОТ ПАТ" Од митингот упативме силна порака до власта да го повлече предлогот за територијална поделба и се надеваме дека тие ќе го разберат гласот на народот, рече Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз на вчерашната прес-конференција.

Ако бев на митингот, ќе имаше повеќе луѓе

Дневник - 28.07.2004

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ Ако ме поканеа на митингот против новата територијална поделба, ќе дојдеа повеќе луѓе, порача поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Според него, протестот е доволен показател дека луѓето не го сакаат законот за територијална поделба и дека тој треба да се ...

МВР се заблагодарува до учесниците на митингот

А1 - 27.07.2004

Министерството за внатрешни работи денеска упати јавна благодарност до учесниците на синоќешниот митинг во Скопје, кои покажале дека „незадоволсвото може да се изразува мирно и без инциденти“, како и до организаторите на протестот поради „соработката со полицијата“.

Опозицијата задоволна од митингот во Скопје

А1 - 27.07.2004

Партиите од здружениот опозициски фронт се задоволни од митингот против територијалната поделба, тврдејќи дека народот синоќа во Скопје и покажал на Владата дека нема да дозволи земјата да се дел по етнички граници. Тие сметаат дека Владата треба да веднаш си поднесе оставка.

Георгиевски „Митингот можеше да помине подобро“

А1 - 27.07.2004

За слободниот стрелец Љубчо Георгиевски, како што тој самиот себеси се нарекува како припадник на партија без печат, синоќешниот митинг на опозицијата поминал во ред. Можело да биде и подобро, доколку тој бил поканет да учествува во организацијата на митингот, вели Георгиевски, но и вака народот ...

Улиците околу Собранието сеуште затворени за сообраќај

А1 - 27.07.2004

Ден после митингот на здружениот опозициски фронт против новата територијална поделба, животот во главниот град сеуште не е нормализиран. Улиците околу Собранието се сеуште затворени за сообраќај, единствено го нема силното полициско обезбедување.

„Третиот пат“ задоволен од митингот

А1 - 27.07.2004

Вчерашниот митинг на широкиот опозициски блок според коалицијата „Третиот пат“, бил масовен, достоинствен и мирен и го посетиле 50.000 граѓани, а од нив 30.000 го следеле. „Граѓаните упатија јасна порака дека не се согласуваат со предлогот на Владата за поделба на Македонија и од неа побараа ...

Бучковски: „Митингот нема ништо да промени“

А1 - 27.07.2004

Дел од опозицијата извлече поуки од немилите настани што се случија во четвртокот навечер и петокот наутро во Струга и навреме ги презеде сите активности мирниот протест пред Собаранието да не добие поинакви размери, изјави потпретседателот на СДСМ и министер за одбрана, Владо Бучковски во својата ...

Полициски сили во одбрана на Собранието

Време - 27.07.2004

ВЧЕРА ПРЕД ГОЛЕМИОТ ОПОЗИЦИСКИ МИТИНГ Емил Зафировски Невообичаена и вознемирувачка тишина со слаба раздвиженост владееше вчера во Скопје, неколку часа пред почетокот на големиот митинг против новата територијална организација.

Опозицијата најави мирни протести, власта се обезбедува со барикади

Утрински - 27.07.2004

Опозицискиот блок вчера се подготвуваше за голем митинг против територијалната организација Борис Георгиевски Мирни и достоинствени протести на кои граѓаните ќе го искажат своето несогласување со предложената територијална организација и одбегнување какви било инциденти или провокации е целта која ...

Реки митингаши од сите страни на земјата

Дневник - 27.07.2004

ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ Повеќе од 20.000 луѓе со автобуси и автомобили тргнаа вчера попладне кон Скопје, на закажаниот митинг на опозицијата пред парламентот. Околу 3.000 граѓани на Струга и околината, со 10 автобуси и многу возила, вчера организирано тргнаа на митингот во Скопје.

Граѓанско "не" за поделбата

Дневник - 27.07.2004

ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ Под силно полициско обезбедување повеќе илјади граѓани повикани од блокот на здружената опозиција протестираа синоќа пред Собранието на Македонија против предлогот на Владата за нова територијална поделба. Од протестот, лидерите на опозициски политички партии, претставници на ...

Протест на здружената опозиција пред собранието

А1 - 26.07.2004

Се собравме за да испратиме порака до меѓународната заедница и до сите кои сакаат да ја делат Македонија, дека сакаме да ја сочуваме како унитарна, независна и суверена држава. Ова беше една од пораките на митингот на здружената опозиција против новиот закон за територијална организација пред ...

Масовно незадоволство против поделбата на општините

Време - 26.07.2004

ВЕЧЕРВА МИТИНГ ПРЕД СОБРАНИЕТО Сунчица Стојановска Масовен митинг против владиниот предлог за територијална организација на општините ќе се одржи вечерва во 20 часот пред Собранието. Митингот ќе биде мирен, на него ќе присуствуваат партии од опозицијата, граѓански здруженија, академици, спортисти и ...

Власта стравува од безредија, опозицијата најавува мирни протести

Утрински - 26.07.2004

Владејачките партии се плашат од можно романско сценарио на денешниот митинг пред Собранието Борис Георгиевски Владејачките партии СДСМ и ЛДП стравуваат од можни безредија и инциденти во пресрет и за време на одржувањето на митингот на опозицијата закажан за вечерва во Скопје.

Македонија на собир во Скопје

Дневник - 26.07.2004

ВЕЧЕРВА ГОЛЕМ МИТИНГ Вечерашниот митинг ќе биде мирен, но со силна порака до власта да го повлече предлогот за територијална организација на државата, изјавија опозициските партии, здруженијата на граѓани, невладините организации и поединци што се во блокот на здружената опозиција, организатор на ...