TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Убиен еден Палестинец во појасот Газа

А1 - 04.08.2002

Еден вооружен Палестинец е убиен утринава в зори на северот од појасот Газа, во секторот на населбата Дугит, а израелската војска уништи и четири палестински куќи на Западниот брег што им припаѓаат на семејствата на милитантите.

Убиени двајца Палестинци

А1 - 02.08.2002

Двајца Палестинци беа убиени во текот на изминатата ноќ кога над сто израелски тенкови упаднаа во центарот на Наблус на Западниот брег, јавија западните агенции, додавајќи дека најверојатно израелската акција е во знак на одмазда за експлозијата во Ерусалим во која во средата загинаа седум лица.

7 загинати, 86 повредени во последниот палестински напад врз Ерусалим

А1 - 01.08.2002

Во бомбашкиот напад во кафитерија на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим загинаа најмалку седум лица, а околу 80 се повредени. Одговорноста на нападот ја презеде милитантната организација Хамас. Ова е всушност одмазнички напад за убиството на лидерот на организацијата, Салах Шехаде, во израслкиот ...

Израелската војска влезе во Рамалах

А1 - 01.08.2002

Израелската армија по синоќешниот палестински самоубиствен бомбашки напад во Ерусалим, во кој загинаа 7 а 86 лица се повредени, денеска од рано изутринава влезе во Рамалах. Цел на израелските воени единици е седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, околу кое од претпладнево се водат борби.

Бомбаш самоубиец уби 7 души на Еврејскиот универзитет во Ерусалим

Вест - 01.08.2002

Милитантната палестинска група Хамас ја презеде одговорноста за нападот Ерусалим, 1 август (Ројтерс) - Седуммина загинаа, а над 50 се повредени кога палестински бомбаш-самоубиец вчера се разнесе во кафуле на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Палестинците подготвуваат 60 самоубиствени напади

А1 - 31.07.2002

Началникот на израелската служба за внатрешна безбедност „Шин Бет“, Аву Дихтер синоќа изјави дека располага со информации за подготовка на 60 самоубиствени напади во Израел од страна на палестинските екстремисти, соопштија израелските медиуми.

Палестински бомбаш самоубиец повреди четворица во Ерусалим

Вест - 31.07.2002

Полицијата врши увид на местото каде експлодира самоубиецот ЕРУСАЛИМ, 31 јули (АП) - Еден палестински самоубиствен бомбаш вчера се кренал во воздух во една фаст-фуд ресторанче во Ерусалим, во коешто често навраќале полицајци, при што биле повредени четворица Израелци.

Арапските ги "обработуваат" европските пратеници во ОН

Утрински - 31.07.2002

Соочени со американското спротивставување во врска со блискоисточното прашање ЊУЈОРК - Соочени со американското спротивставување, арапските пратеници вчера се обидоа да ги убедат Европејците во Советот за безбедност на ОН, да ја поддржат резолуцијата со која се бара Израел да се повлече од ...

Кругот на насилство на Блискиот Исток не се прекинува

Утрински - 31.07.2002

И покрај обидите за можен дијалог за ставање крај на нападите и на убиствата ЕРУСАЛИМ - Вчера на Западниот Брег, Палестинци убиле двајца еврејски доселеници што возеле камион со огревен материјал во едно палестинско село, соопштија израелски безбедносни извори и претставник на населбата.

Бомбаш - самоубиец ранил четворица Евреи во Ерусалим

Дневник - 31.07.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Палестински бомбаш самоубиец вчера се разнел во ресторан во центарот на Ерусалим, при што ранил четворица посетители - Евреи, јави Ројтерс. - Експлозијата одекнала веднаш штом влегол човекот во ресторанот.

Израел ги намалува блокадите кон Палестинците

А1 - 30.07.2002

Израелците застрелаа еден Палестинец кој извршил напад со нож во една еврејска населба во Наблус, при што е повредено едно лице, иако претходно Израел со повеќемесечно одложување, под притисок од САД, ги намали блокадите врз Палестинците.

Израел одлучи да ублажи некои рестрикции за Палестинците

Утрински - 30.07.2002

Израелците планираат безбедносни разговори со Палестинците од Западниот Брег ЕРУСАЛИМ - Израелскиот министер за одбрана вчера изрази надеж дека во наредните неколку дена ќе се одржат безбедносни разговори со Палестинците, но убиството на едно палестинско девојче неколку часа претходно, ги уништи ...

Новите жртви на Западниот брег не го обесхрабрија Пауел

Дневник - 30.07.2002

МИРОВНА ИНИЦИЈАТИВА НА САД Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека очекува успех на преговорите со палестински функционери идната недела, и покрај новото крвопролевање на Западниот брег, јави Ројтерс. Еврејски доселеници завчера убија палестинска девојка, а израелска патрола уби еден ...

Шарон најавува „олеснување на секојдневието“ на Палестинците

А1 - 29.07.2002

Израелскиот премиер Ариел Шарон и наложи синоќа на израелската армија да им го „олесни секојдневниот живот“ на Палестинците, кои не се вмешани во тероризмот, соопшти канцеларијата на израелската влада. „Премиерот и нареди на армијата и силите за безбедност да му го олеснат секојдневниот живот на ...

Палестинците убија доселеници, Евреите им вратија

Утрински - 29.07.2002

Нов циклус одмазднички напади во Израел ЕРУСАЛИМ - Четворица еврејски доселеници беа убиени од палестински милитанти во близина на градот Хеброн на Западниот Брег. Доселениците биле убиени во одделни напади врз два автомобила, јужно од градот.