Речиси се' што се случува на политичката сцена во Македонија е фарса и замачкување на очите на јавноста Д еновиве повторно случувањата кај нас и околу нас се со голем интензитет. Интересно е како се одвиваше завршната фаза за признавање на Косово (што се случи во четвртокот навечер).
Амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере, спротивно на ставот на албанските политички партии ДУИ и ДПА, очекува дека четирите хашки случаи што беа вратени во Македонија ќе се решат во македонските судови.
Фуере не разговарал со Ахмети за хашките случаи Се надевам дека хашките случаи ќе се решат со нормална судска практика и во согласност со препораките на Трибуналот во Хаг, изјави вчера евроамбасадорот Ерван Фуере.
Ке успее ли обидот на ДПА и ДУИ хашките предмети наместо во судница да завршат на политичка маса? Ахмети останува на ставот, експерти кои тој ги избрал да толкуваат дали законот за амнестија ги покрива четирите хашки случаи.
Хисен Џемаили, пратеникот од ДУИ обвинет за случајот со малтретираните мавровски работници, ќе се појави на главниот претрес за случајот закажан за 17 октомври, но голема е веројатноста притворот да му биде укинат, потврдуваат судски извори.
Законот за амнестија, кој ги ослободува од одговорност сите учесници од конфликтот во 2001 година, го подготвувале четворица експерти. Двајца од нив (другите се кријат од јавноста), Љупчо Арнаудовски и Насер Зибери, различно го толкуваат она што го напишале.
Никаква меѓународна експертиза не може да влијае врз процесуирањето на четирите хашки случаи што беа вратени во Македонија, едногласни се експертите што го подготвуваа Законот за амнестија.
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери смета дека за четирите хашки случаи што беа вратени на процесуирање во Македонија треба да важи Законот за амнестија. Според него, нема потреба од никакви казни за вмешаните во хашките случаи.
Али Ахмети спремен да одговара пред македонски суд Додека Ахмети тврди дека се' уште не е формирана експертска група за толкување на Законот за амнестија, висок функционер во неговата партија вели дека таква група во Владата веќе работи Политичкиот лидер на ОНА, Ахмети, на прес-конференција во ...
Се ближи кон крај експертизата за Законот за амнестија во која се вклучени повеќе домашни и меѓународни експерти, дознава „Нова Македонија“ од партиски извори. Според нив, зелено светло за толкување на Законот, како што бараше ДУИ, било добиено и од премиерот Никола Груевски.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, пред десетина дена имал неформална средба со Питер Фејт, сегашниот претставник на ЕУ во Приштина, од кого барал помош за меѓународна правна експертиза за Законот за амнестија, дознава „Нова Македонија“ од извори во ДУИ.
Пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, се уште е на слобода. Полицијата трага по него, но нема информација каде се наоѓа, изјави Гордана Јанкуловска, министерката за внатрешни работи.