TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МАТ остана без поддршка од Претседателот и Владата

А1 - 07.08.2005

Македонскиот авиопревозник очекува Владата да одговори на српските економски санкции, што стартуваа откако во Белград беше задржан Матовиот изнајмен „Боинг“. Во МАТ тврдат дека се жртва на политиката и поради тоа сметаат на поддршка од кабинетот на Бучковски.

ЈАТ не го врати авионот на МАТ

Време - 06.08.2005

СЕ ОСТВАРИЈА ЗАКАНИТЕ НА СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ Владимир Николоски „ЈАТ ервејз“ вчера не го врати авионот „боинг 737“, кој на неколку дена го реизнајми од македонскиот авиопревозник МАТ. Со образложение дека македонската авиокомпанија има заостанат долг од неколку милиони евра кон српската компанија, ...

МАТ од српски се префрли на бугарски авион

Вест - 06.08.2005

ЈАТ НЕ ПОПУШТА ЈАТ побара испишување на изнајмениот авион од македонскиот регистар а воздухопловни власти велат дека за тоа мора да се врати во Скопје ЈАТ ервејз не му го врати авионот на МАТ и побара испишување на "боингот 737" од македонскиот регистер.

ЈАТ ќе му го земе и вториот најмен авион на МАТ

Утрински - 06.08.2005

Српската авиокомпанија ги прекрши меѓународните правила и не и го врати †боингот" на нашата авиокомпанија За да не се наруши одвивањето на авиосообраќајот во шпицот на сезоната, МАТ најми авион од бугарската авиокомпанија †Булгариа ер чартер" ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Српската авиокомпанија не го врати ...

ЈАТ го матира МАТ

Дневник - 06.08.2005

белград Ќе си го земе и вториот авион од скопЈе ЈАТ задржувањето на "боингот" го правда со долг на МАТ и бара да се избрише од македонскиот и да се впише во регистарот на воздухоплови на Србија Српскиот авиопревозник ЈАТ вчера не му го врати авионот на МАТ, a се подготвува да си го земе и вториот.

По запленување на авионот, најави за тужби и од „МАТ“ и од „ЈАТ“

Канал5 - 06.08.2005

Тужби од двете страни е епилогот од контроверзното запленување на јатовиот авион кој го користеше македонскиот авиопревозник. Тужби од двете страни е епилогот од контроверзното запленување на јатовиот авион кој го користеше македонскиот авиопревозник.

ЈАТ го враќа и вториот “боинг“ изнајмен на МАТ

Макфакс - 06.08.2005

Белград Српскиот авиопревозник ЈАТ до крајот на овој месец ќе го врати во Белград и вториот воздухоплов од типот “Боинг 737 -300“ изнајмен на македонската авиокомпанија МАТ. Ова, како што пренесува Макфакс, за денешен белградски Блиц го изјави вршителот на должноста генерален директор на “Јат ...

МАТ ќе го тужи ЈАТ

Вечер Прес - 06.08.2005

Македонски авиотранспорт ќе го тужи ЈАТ за нанесените штети поради непочитување на договорот за субчартер кој пред неколку дена беше потпишан со ЈАТ и поради непочитување на постапката што е утврдена и во нивниот меѓусебен договор, а и во меѓународните прописи, за враќање на веќе изнајмен авион во ...

ЈАТ не му го врати авионот на МАТ

А1 - 05.08.2005

Српските власти ги реализираа заканите за економски санкции кон Македонија поради случајот Вранишковски. МАТ остана без еден од 2-та Јатови авиони. По налог на српската Влада, ЈАТ го задржа „Боингот“ што МАТ му го отстапи на неколку дена.

„Боингот 737“ ќе дреме на паркинг-писта во Србија

Време - 05.08.2005

ДОКОЛКУ ЈАТ ДЕНЕСКА НЕ ГО ВРАТИ АВИОНОТ НА МАТ Македонскиот авиотранспорт (МАТ) нема да има никаков проблем со сообраќајот доколку српскиот „ЈАТ ервејз“ не го врати авионот што го реизнајми на четири дена, но ќе претрпи огромна финансиска штета.

Србија бара Македонија да и гарантира за МАТ

Вест - 05.08.2005

ДОДЕКА СЕ ЧЕКА КОМПЕНЗАЦИЈА НА ДОЛГОТ ЈАТ побарал гаранции од македонската Влада дека МАТ ќе им го плати долгот МАТ најави тужба за ЈАТ доколку не му го врати авионот до денеска. ЈАТ, пак, бара гаранции од македонската Влада дека МАТ ќе му го плати долгот.

МАТ: Случајот со најмениот авион на ЈАТ има политичка заднина

Утрински - 05.08.2005

Во МАТ се убедени дека ќе го добијат †боингот" и оти ќе продолжи десетгодишната соработка со српската компанија Постои меѓународен договор меѓу МАТ и ЈАТ и доколку српската авиокомпанија го задржи авионот, тоа би значело запленување ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА >†Ние сме жртви на политиката.

МАТ очекува ЈАТ да го врати "боингот"

Дневник - 05.08.2005

ПО ИСТЕКОТ НА ПЕРИОДОТ ЗА ПОЗАЈМУВАЊЕ Македонскиот национален авиопревозник потсетува дека за време на ембаргото кон тогашна Југославија со нивна помош ЈАТ успеал да преживее Македонската авиокомпанија МАТ очекува денеска српски ЈАТ, според договорот, да го врати на скопскиот аеродром авионот што ...

„МАТ“ ќе почна да превезува со нов авион

Канал5 - 05.08.2005

Откако „ЈАТ“ не му го врати авионот на македонскиот авиопревозник, „МАТ“ од денеска своите патници ги превезува со нов од типот Мекдоналд даглас кој е дел од корпорацијата „Боинг“, изнајмен од бугарската приватна авиокомпанија „Булгариа Ер Чартер“.

МАТ бара поддршка од Владата во спорот со ЈАТ

Макфакс - 05.08.2005

Скопје МАТ денеска како незаконски го оцени потегот на српскиот авиопревозник ЈАТ и ги повика македонските власти да се вклучат во решавање на спорот за кој компанијата смета дека има политичка заднина. Македонската авиокомпанија денеска соопшти дека синоќа, неколку минути пред полноќ, била ...

МАТ изнајми авион од Бугарија

Макфакс - 05.08.2005

Скопје Македонската авиокомпанија МАТ од денеска ги превезува своите патници со нов авион од типот МД 82, изнајмен од бугарската авиокомпанија „Булгариа ер чартер“. Овој чекор на МАТ уследи откако српскиот авиопревозник ЈАТ не му го врати авионот што македонската компанија му го отстапи на неколку ...

Заплена на авион е нелогичен чекор

Вечер Прес - 05.08.2005

"Ако ЈАТ не го врати авионот кој го позајми и за што постои валиден договор, тоа, освен извесни финансиски, нема да предизвика поголеми проблеми на МАТ, а патниците нема да бидат оштетени. Нормално, ако мора да се изнајмува авион во "пет до 12" и тоа во шпицот на сезоната, тоа ќе чини поскапо", ...

Дали ЈАТ пред полноќ ќе го врати авионот на МАТ?

А1 - 04.08.2005

Белград ќе предизвика меѓународен скандал ако вечерва не го пушти назад во Скопје ЈАТ-овиот авион што е под наем во МАТ. Во домашната авиокомпанија очекуваат боингот пред полноќ да слета во Скопје. Во спротивно, ќе го тужат ЈАТ и ќе бараат висока отштета.

Неизвесно е дали МАТ ќе си го врати авионот од ЈАТ

Време - 04.08.2005

ПО ЗАКАНИТЕ НА СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ Владимир Николоски Македонскиот национален авиопревозник („МАТ“) денеска треба да си го добие назад авионот „боинг 737“, кој пред два дена му беше позајмен на српскиот „ЈАТ ервејз“, велат извори од „МАТ“.

Долгот на МАТ ќе се компензира

Вест - 04.08.2005

КОНТРАУДАР - МАКЕДОНИЈА ГИ БАРА ОД СРБИЈА ПАРИТЕ ОД ПРЕЛЕТИТЕ ВО ПРВИТЕ ГОДИНИ ОД САМОСТОЈНОСТА Запленување авион е тешко кривично дело и Србија не може туку-така да земе авион што е впишан во македонски регистар Недоразбирањата меѓу МАТ и ЈАТ го открија долгот на Србија од газдувањето над ...

МАТ очекува денеска ЈАТ да им го врати "боингот"

Утрински - 04.08.2005

Македонскиот авиопревозник вчера леташе кон сите дестинации со мали доцнења ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА По привременото враќање на едниот од двата најмени авиона на ЈАТ, во текот на вчерашниот ден македонскиот авиопревозник МАТ со двете летала што му се на располагање леташе на сите предвидени дестинации, ...

МАТ го бара назад авионот од ЈАТ

Дневник - 04.08.2005

ПОЛИТИКА ИЛИ БИЗНИС Македонскиот авиопревозник се надева дека српската влада нема да го политизира случајот со затворениот Јован Вранишковски МАТ очекува до утре да му биде вратен изнајмениот авион што ЈАТ завчера го задржа на аеродромот Сурчин и се надева дека српската влада нема македонскиот ...

Приземен авиобизнис

Дневник - 04.08.2005

коментар Во аферата "Вранишковски", која кај нашиот северен сосед доби димензија на национално прашање, падна и првата "жртва". По наредба на министерот за капитални инвестиции на Србија, приземјен е авионот на МАТ, кој нашиот национален авиопревозник го имал под закуп од ЈАТ.

Црвенковски не е тој Црвенковски

Вечер Прес - 04.08.2005

Министерот за капитални инвестиции на Србија и Црна Гора, Велимир Илиќ, кој, деновиве, стана медиумски експониран во сопствената земја, а и кај нас поради создадениот проблем на релација ЈАТ - МАТ, ако се суди според пишувањето на колегите од север, досега многу пати имал "истресено зелени".

Северниот сосед ни должи меѓу 25 и 30 милиони долари

Вечер Прес - 04.08.2005

Србија и Црна Гора на Македонија и должат, според груби проценки, меѓу 25 и 30 милиони долари. Токму овој долг можеби има вистинска заднина на она што деновиве се случува околу авионите кои Македонски авиотранспорт ги има изнајмено од ЈАТ, а што дополнително се поврза со уапсениот владика Јован и ...

Спорот ЈАТ-МАТ на пресвртница

Макфакс - 04.08.2005

Скопје Македонската авиокомпанија МАТ очекува најдоцна до утре српскиот авиопревозник ЈАТ да и го врати авионот што таа му го отстапи на неколку денови. ЈАТ денеска треба да донесе одлука дали согласно договорот ќе го врати авионот, што му го изнајмува на МАТ или ќе му го земе и другиот воздухоплов.

ЈАТ не отстапува од заканите кон МАТ

А1 - 03.08.2005

ЈАТ во офанзива. Се обидува да го искористи случајот Вранишковски за да ги расчисти сметките со МАТ. Токму сега се сети да ги наплати парите кои со години му ги должи македонскиот авиопревозник. Српските медиуми вчера најавија дека ЈАТ-овци ќе дојдат во Скопје за да го раскинат договорот за ...

Нема соработка додека Вранишковски е во затвор

Време - 03.08.2005

СРБИЈА СЕ ЗАКАНИ Ова, завчера, на прес-конференција во Гуча, го изјави српскиот министер за капитални инвестиции Велимир Илиќ, оценувајќи го апсењето на Јован како „атака врз Српската православна црква“, пренесе „Макфакс“. - Ние кон Македонија имавме толерантен однос, им дававме авиони што не ги ...

Расчинетиот поп го спушти МАТ!?

Вест - 03.08.2005

БАЛКАНСКИ ЦИРКУС СО ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА Српскиот министер за капитални инвестиции се закани дека на МАТ веќе му е повлечен еден од изнајмените авиони од ЈАТ заради апсењето на архиепископот Јован, а дека ќе биде повлечен и другиот "Ниту ни е земен еден авион ниту пак МАТ зависи од авионите на ЈАТ", ...

ЈАТ приземји еден од двата најмени авиона на МАТ

Утрински - 03.08.2005

Екстремна наредба на српскиот министер за капитални инвестиции, која може да ги влоши односите меѓу Македонија и Србија Министерот Илиќ, неофицијално, наредбата за приземјување ја дал поради нетолерантниот однос на македонските власти и спроведувањето на судската одлука Зоран Вранишковски да оди во ...

ЈАТ и МАТ договорија пат

Дневник - 03.08.2005

АВИОПРЕВОЗНИЦИТЕ го повлекоа вистинскиот потег Македонскиот авиопревозник соопшти дека односите со ЈАТ немаат врска со недоразбирањата помеѓу двете земји за случајот "Вранишковски" Македонскиот авиопревозник (МАТ) одлучи да му позајми еден авион "боинг 737" на "ЈАТ ервејз", откако ЈАТ завчера доцна ...

Авион на МАТ за неколку дена позајмен на ЈАТ

Вечер Прес - 03.08.2005

Еден од двата авиони кои МАТ ги има изнајмено од ЈАТ, од вчера е даден на српската авиокомпанија на неколкудневно користење, за што е склучен и договор за субчартер. Од ЈАТ завчера било упатено барање до МАТ, ако нашата компанија е во можност да им позајми еден од авионите на неколку дена поради ...

Црквата се замеша во авиобизнисот

А1 - 02.08.2005

Црквата се замеша не само во политиката, ами и во бизнисот. Синоќа МАТ на неколку дена му врати еден авион на ЈАТ. Официјално, за да му помогне, оти другите авиони на српската авиокомпанија биле во дефект. Неофицијално, тоа е дел од притисокот на Белград врз Скопје, да се ослободи екс владиката ...

ЈАТ побара МАТ да врати еден од изнајмените авиони

А1 - 01.08.2005

Доцна попладнево ЈАТ официјално побарал МАТ да врати еден од изнајмените авиони. Станува збор за леталото боинг 737 300, за кое ЈАТ бара сосе посадата да се врати во Белград. Заканата дека ЈАТ ќе го блокира МАТ уште пред 2 дена ја испорача Министерот за капитални инвестиции на Србија, кој воедно ...