TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Недостаток на притисок причина за уривање на кипарскиот авион

А1 - 21.08.2005

Недостатокот на притисок во кабината е причината за катастрофата на „Боингот 737“ на кипарската компанија „Хелиос“. Ова го јави грчката агенција МПА повикувајќи се на резултатите од дешифрирањето на црните кутии на авионот, чии резултати сеуште не се официјално објавени.

Стјуард сакал да го приземји кипарскиот авион

А1 - 20.08.2005

Резултатите од извршените крвни тестови покажуваат дека стјуардот Андреас Продрому се наоѓал во пилотската кабина во моментот на уривањето на кипарскиот „Боинг-737“. Преку споредба на примероци на крвта пронајдени во пилотската кабина и на крв од роднини на загинатиот Продому, е утврдено дека тој ...

Авионот на „Хелиос“ двапати се обидел да слета

Време - 19.08.2005

СПОРЕД ГРЧКО РАДИО Кипарскиот „боинг-737“ на авиокомпанијата „Хелиос ервејс“ што се урна во неделата, двапати се обидел да се приземји на атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“, јавило вчера грчкото радио „Скај“.

Британци се смрзнале додека летале со кипарскиот „боинг“

Време - 19.08.2005

БРИТАНСКИ „ТАЈМС“ ТВРДИ Британски туристи тврдат дека кипарскиот авион, со кој летале пред да се случи авионската несреќа, имал проблеми со системот за климатизација, пишува лондонски „Тајмс“. Британците што летале од лондонскиот аеродром „Хитроу“ до Ларнака, се жалеле дека во авионот било многу ...

Кипарскиот авион паднал заради оштетување на системот за декомпресија

Вест - 19.08.2005

Атина, 19 август - Сериозно оштетување во електронскиот систем за декомпресија и климатизација е најверојатно причината за катастрофата на кипарскиот авион на авиокомпанијата "Хелиос ервејс", што се урна во реонот на грчката населба Граматико северно од Атина, сметаат експерти од компанијата ...

"Боингот" се обидел двапати да се приземји

Утрински - 19.08.2005

Според грчкото Радио Скај Атина- Кипарскиот “боинг-73777” на авиокомпанијата “Хелиос ервејсси што се урна во неделата, во два наврата се обидувал да се приземји на атинскиот меѓународен аеродром “Елефтериос Венизелосси, јави вчера грчкото Радио Скај, повикувајќи се на информација околу движењето на ...

Некој очајнички се обидувал да го спушти проколнатиот авион

Утрински - 19.08.2005

Обид за реконструкција на последните драматични минути пред паѓањето на "боингот 737" на кипарската компанија "Хелиос" Дилема кој го свртел авионот од патеката кон Атина, поставувајќи го на висина од 2.000, а потоа на 7.000 стапки, пред да остане без гориво и да се урне АТИНА - Најверојатно некој ...

Авионот паднал порадидефект на електрониката

Дневник - 19.08.2005

ЕКСПЕРТИ ОД "БОИНГ" ТВРДАТ Сериозно оштетување во електронскиот систем за декомпресија и климатизација најверојатно е причината за катастрофата на кипарскиот авион на "Хелиос", кој се урна во неделата, кај Граматико северно од Атина, сметаат експерти од компанијата "Боинг", јави МИА.

"Боингот" двапати се обидел да се приземји

Вечер Прес - 19.08.2005

Кипарскиот "Боинг-737" на авиокомпанијата "Хелиос Ервејс", што се урна во неделата, во два наврати се обидувал да се приземји на атинскиот меѓународен аеродром "Елефтериос Венизелос", јави денеска грчкото радио "Скај", повикувајќи се на информација околу движењето на авионот и бавноста и висината ...

Кипарскиот авион се обидел два пати да се приземји

А1 - 18.08.2005

Кипарскиот „Боинг-737“ на авиокомпанијата „Хелиос Ервејс“ што се урна во неделата, во два наврати се обидувал да се приземји на атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“, јави денеска грчкото радио „Скај“, повикувајќи се на информација околу движењето на авионот и бавноста и висината на ...

Сите 152 загинати патници биле Французи

Време - 18.08.2005

ПО ДВЕТЕ АВИОНСКИ НЕСРЕЌИ ВО ГРЦИЈА И ВЕНЕЦУЕЛА Колумбискиот авион што вчера се урна во планинскиот предел во западна Венецуела пренесувал 152 Французи, поранешни соученици, кои се враќале од одмор во Панама и летале кон карипскиот остров Мартиник.

Стјуард го скротувал авионот без пилоти

Дневник - 18.08.2005

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА НА КИПАРСКИОТ "БОИНГ" Се чини дека стјуардот Андреас Продрому е лицето што безуспешно се обидувало да го приземји "одбегнатиот" авион на "Хелиос", кој во неделата се урна северно од Атина, јави МИА, пренесувајќи извештаи од грчките медиуми.

Дете го преживеало уривањето, но потоа се задушило

Вечер Прес - 18.08.2005

Петгодишно машко дете, кое било во авионот на кипарската авиокомпанија "Хелиос ервејс", се уште било живо по уривањето на авионот во земјата, покажуваат резултатите од извршената аутопсија на телото. "Детето не починало во моментот на уривањето, туку потоа, од чадот и гасовите ослободени по ...

Стјуардеса управувала со авионот!

Вечер Прес - 18.08.2005

Уривањето на кипарскиот “боинг 737-300" , можеби се должи на недостиг на гориво, јавуваат вчера грчките медиуми, повикувајќи се на анонимен извор во грчката Влада. Истиот извор рекол дека, според информацијата од Кипар, еден од членовите на екипажот - стјуард или стјуардеса, кој знаел да управува ...

Неидентификувани уште 92 жртви од несреќата кај Атина

А1 - 17.08.2005

Уште 92 од вкупно 121 жртва во уривањето на авионот на кипарската компанија Хелиос Ервејс во близината на Атина, три денови по несреќата, се неидентификувани. Според грчките гласила 23 идентификувани тела синоќа со грчки воен авион се пренесени на Кипар, три тела биле предадени на роднини во Атина, ...

Пред уривањето на „боингот“ 25 луѓе биле живи

Време - 17.08.2005

АУТОПСИЈАТА ПОКАЖАЛА Аутопсијата на 25 од жртвите во авионската несреќа покажа дека во моментот пред уривањето на кипарскиот авион тие биле живи, но можеби не биле свесни, изјавил патолог за АФП. Аутопсија била извршена врз телата на копилотот Памбос Чараламбос (51) и на една стјуардеса за која се ...

Настрадаа 160 лица

Време - 17.08.2005

КОЛУМБИСКИ АВИОН СЕ УРНА ВО ВЕНЕЦУЕЛА Колумбиски патнички авион со 160 патници и членови на екипажот вчера се урнал во планинските предели на западна Венецуела. Никој не ја преживеал несреќата, а повеќето од 152-та патници, меѓу кои и едно дете, биле француски државјани, јави АФП.

Пак падна авион - 160 мртви во Венецуела

Вест - 17.08.2005

НЕСРЕЌА НА КОЛУМБИСКИ ТУРИСТИЧКИ ЧАРТЕР Авионот МД-80 на компанијата "Вест Карибиан Ервејз" со 152 патници и осум членови на екипажот вчера падна во планински регион во северозападна Венецуела, близу до границата со Колумбија., најверојатно поради проблеми со моторот.

Се урна авион со 158 патници

Утрински - 17.08.2005

Во близина на границата меѓу Венецуела и Колумбија КАРАКАС - Еден авион со 158 патници во него вчера се урна во близина на границата меѓу Венецуела и Колумбија, откако забележал проблеми со моторот, изјавија властите на Венецуела.

Грчките ловци не го урнале кипарскиот авион

Утрински - 17.08.2005

По шпекулациитее во грчкиот печат за тоа како се урнал "боингот 737", категоричен демант на грчката влада Грчкиот министер за одбрана Спилиос Спилиотопулос не им дозволил на пилотите на двата авиона "Ф-16" да разговараат со новинарите Никозија - Грчката Влада категорично ги отфрли шпекулациите, ...

Ловците не го собориле одметнатиот авион

Дневник - 17.08.2005

Грчката влада категорично ги отфрли шпекулациите дека авионот на "Хелиос ерлајнз" бил соборен од ловците "Ф-16". - Ловците се вратија со целиот арсенал, што е регистрирано и достапно до сите - изјавил грчки офицер. Тврдењата за соборување на авионот беа демантирани и од портпаролот на грчката ...

Повеќето патници билеживи при ударот на "боингот"

Дневник - 17.08.2005

АУТОПСИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КИПАРСКИОТ АВИОН Повеќето патници на кипарскиот "боинг 737", што се урна во неделата кај Атина, биле живи, но во несвест поради студ или поради недостиг на кислород уште додека авионот бил во воздухот, покажува аутопсијата на првите тела на загинатите луѓе, јави Ројтерс.

Се урна aвион со 160 луѓе

Дневник - 17.08.2005

втора голема воздухопловна трагедиЈа за три дена Авион на колумбиска авиокомпанија со 152 патници и осум члена на екипажот се урна во планински предел во Венецуела, на границата со Колумбија вчера изутрината според локално време јави Ројтерс.

Се урна авион со 152 патници

Вечер Прес - 17.08.2005

Колумбиски авион со 152 лица се урна вчераутро во западна Венецуела, изјави министерот за внатрешни работи Џес Чакон за националната телевизија. Изјавата ја потврдија официјални лица на компанијата "Вест Карибиен Ервејс". Според последните информации некој од патниците не ја преживеал несреќата.

Колумбиски авион со 152 патника се урна во Венецуела

А1 - 16.08.2005

Ниту еден од 152-цата патници и 8 членови на екипажот не го преживееја уривањето на колумбискиот авион, што изутринава полетал од Панама кон Карипските острови. Ова го потврди венецуелскиот Министер за внатрешни работи Џеси Џакон.

Атина демантира дека авионот бил соборен

А1 - 16.08.2005

Грчката Влада категорично ги отфрли шпекулациите, според кои кипарскиот авион „Боинг-737“ на компанијата „Хелиос ерлајнз“ бил соборен од ловците „Ф-16“ на грчките военовоздухопловни сили, пренесува МИА. „Авионите-ловци се вратија со целиот воен арсенал, што е регистрирано и достапно до сите“, ...

Патниците умреле од студ

Вест - 16.08.2005

ПОДЕЛЕНИ МИСЛЕЊА ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПАДОТ НА КИПАРСКИОТ "БОИНГ 737" "Аутопсијата на патниците досега покажува дека телата биле сосема замрзнати, дури и оние чија кожа е јагленосана од огнот по падот", вели за новинарите изворот, кој има пристап до истрагата.

„Ладно ни е, пилотот е модар, умираме... збогум...“

Време - 16.08.2005

ГРЦИТЕ ВО ШОК ПО АВИОНСКАТА ТРАГЕДИЈА Најмалку 48 од вкупно 121 настрадан во завчерашната авионска несреќа на кипарскиот авион „боинг 737“ биле деца од фудбалската академија во Ларнака, кои патувале на екскурзија во Прага, јавуваат грчките медиуми.

Патниците биле смрзнати пред да падне авионот

Утрински - 16.08.2005

Истрагата открива детали од драматичните минути што претходеа на несреќата на кипарскиот авион кој се урна во близина на Атина Пилотите на †Ф-16„ што биле испратени да спроведат истрага пријавиле дека пилотите ја немале контролата врз леталото, и најверојатно некој од патниците презел очајнички ...

Кипарскиот "боинг" бил летачки ковчег

Дневник - 16.08.2005

мистерии за уривањето на авионот каЈ атина Сите 121 патник и членови на екипажот во кипарскиот "боинг 737" што се урна кај Атина смрзнале уште додека авионот бил во воздух и биле мртви кога авионот удрил во земјата и експлодирал, јави Ројтерс.

Авионска несреќа во Колумбија

Канал5 - 16.08.2005

Нема преживеани меѓу 152-та патници и осумте членови на екипажот на колумбискиот патнички авион, што денеска се урна во западна Венецуела. Нема преживеани меѓу 152-та патници и осумте членови на екипажот на колумбискиот патнички авион, што денеска се урна во западна Венецуела.

Патници биле живи пред да се урне кипарскиот авион

Канал5 - 16.08.2005

Аутопсијата, што досега е извршена на посмртните останки на 25 од жртвите, покажала дека сите биле живи за време на уривањето на авионот. Жив бил и копилотот, кој починал од повредите здобиени при ударот на авионот со земјата, изјави патологот Калогриас.

Сите биле смрзнати пред паѓањето!

Вечер Прес - 16.08.2005

Сите 121 лица кои се наоѓале на "боингот-737" што вчера падна во близина на Атина, биле мртви уште пред авионот да падне на земјата, тврди грчкиот министер за внатрешни работи Прокопис Павлопулос. "Аутопсиите извршени на телата на загинатите патници покажаа дека тие биле замрзнати, па дури и тие ...

Пронајдени 119 тела на загинатите од урнатиот кипарски авион

А1 - 15.08.2005

Спасувачките екипи до изутрината пронајдоа тела на 119 од вкупно 121 патници и шестмина членови на екипажот кои загинаа во вчерашната катастрофа на кипарскиот авион Боинг, што се урна северно од Атина. пронајдени. Грчката државна телевизија, како што јавува Макфакс од Атина, објави дека е ...

Кипар во три дневна жалост поради авионската несреќа

А1 - 15.08.2005

Од денеска во Кипар е објавена тридневна национална жалост по вчерашната авионска несреќа во близина на Атина во која загинаа 121 лице, а за Грција национален ден на жалост ќе биде утрешниот ден, пренесуваат денеска грчките медиуми.

Во Грција утре ден на жалост за загинатите од кипарскиот авион

А1 - 15.08.2005

Во Грција утре ќе биде ден на национална жалост за жртвите во катастрофалната авионска несреќа, што се случи вчера крај Атина. Сите 121 патници и членови на екипажот во авионот на кипарската авиокомпанија „Хелиос“ загинаа во најтешката воздушна катастрофа во Грција.

Настрадаа 121 лице

Време - 15.08.2005

СЕ УРНА КИПАРСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН Патнички авион „боинг 737“ на кипарската авиокомпанија „Хелиос“ со 115 патници и шест члена на екипажот вчера се урна во Варнава, ненаселено место на околу 40 километри североисточно од Атина, јави АФП.

Мистериозно падна кипарски авион со 121 патник

Вест - 15.08.2005

НЕСРЕЌА НА "БОИНГ 737" КРАЈ АТИНА Еден од пилотите на "Ф-16" јави дека не може да го види капетанот во кабината и дека копилотот е во несвест на своето седиште, изјави за Ројтерс претставник на Министерството за одбрана АТИНА, 15 август (Ројтерс) - Кипарски патнички авион со 121 патник вчера се ...

Патниците алармираа дека со авионот нешто не е в ред

Утрински - 15.08.2005

Кипарски авион од типот "боинг 737"со 121 патник вчера се урна северно од Атина Пилотот јавил дека боингот има проблеми со клима-уредите. Неколку минути подоцна, врските беа загубени АТИНА - Кипарски авион, кој превезувал 121 патник, вчера се урна северно од Атина, откако пилотот и патниците ...

Загинаа 115 патници во авион без пилоти

Дневник - 15.08.2005

КИПАРСКИ "БОИНГ" СЕ УРНА СЕВЕРНО ОД АТИНА Кипарски авион со 115 патници, но без пилот зад командите, вчера напладне се урна северно од Атина и пламна на земјата. Мистериозната несреќа не ја преживеал никој од патниците и членовите на екипажот, кои тргнале на лет од Ларнака кон Прага преку Атина.

Нема преживеани во кипарскиот „боинг 737“

Канал5 - 15.08.2005

Најверојатно нема преживеани во кипарскиот „боинг 737“, што во 12 часот и 20 минути се урна во ненаселена област Граматико, 60-на километри североисточно од Атина. Најверојатно нема преживеани во кипарскиот боинг 737 , што во 12 часот и 20 минути се урна во ненаселена област Граматико, 60-на ...

Во Кипар тридневна жалост по вчерашната авионска несреќа

Канал5 - 15.08.2005

Официјално се уште не се познати причините за авионската несреќа што се случи вчера кај Атина, во која загинаа 115 патници и шест членови на посадата. Првичните сознанија кои ги објавуваат агенциите, се дека станува збор за дефект на системот за проток на кислород во авионот или пак во системот за ...

Мистериозна трегедија - 120 загинати

Вечер Прес - 15.08.2005

"Боингот 737" на приватната кипарска компанија "Илиос", со 115 патници и шест членови на екипажот, што леташе на чартер- линијата Ларнака - Атина - Прага, вчера падна, во 12.20 часот по локално време, на планината кај село Граматико, 60 километри северено од Атина, откако еден час и половина летал ...