TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фатмир Сејдиу апелира населението во Косово да остане мирно

Канал5 - 07.10.2007

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу синоќа апелираше до населението да не прибегнува кон насилство поради бавноста во барањето на дипломатското решение за иднината на покраината. Приштина, 7 октомври (МИА) - Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу синоќа апелираше до населението да не прибегнува ...

Волфганг Ишингер: Можно е одржување завршна преговарачка конференција за Косово

Канал5 - 07.10.2007

Претставникот на Европската унија во преговарачката тројка на Контакт групата Волфганг Ишингер најави дека е можно кон крајот на идниот месец или почетокот на декември да се одржи завршна преговарачка конференција за статусот на Косово, слична на Дејтонската конференција за Босна и Херцеговина.

Ишингер:Можен Дејтон за Косово

Макфакс - 07.10.2007

Белград Постои можност за одржување на завршна преговарачка конференција за Косово слична на Дејтон, кон крајот на ноември или почетокот на декември во Европа. Ова, во интервјуто за „Вечерње новости,“ го најави Волфганг Ишингер, претставник на Европската унија(ЕУ) во преговарачката тројка за Косово.

Сејдиу:Независноста на Косово е завршена работа

Макфакс - 07.10.2007

Приштина Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави дека независноста на Косово „е завршена работа“, додека признавањето е работа на време. Како што пренесува Радио Слободна Европа, косовскиот претседател ги повика граѓаните да излезат на парламентарните и локални избори закажани за 17 ноември.

Ишнгер задоволен од средбата меѓу српските и косовските претставниците во Њујорк

Канал5 - 06.10.2007

Претставникот на Европската унија во преговарачката тројка на Контакт групата, Волфганг Ишингер, првата средба меѓу претставниците на Белград и на Приштина во Њујорк ја оцени како „поотворена“. Вашингтон, 6 октомври (МИА) - Претставникот на Европската унија во преговарачката тројка на Контакт ...

Ишингер:Можен компромис за Косово, но со обострани отстапки

Макфакс - 06.10.2007

Лондон Можно е да се изнајде прифатливо решение за Косово пред 10 декември, но за тоа Белград и Приштина треба да покажат поголема подготвеност за отстапки во „решавачката фаза“. Ова, во интервју за денешен „Financial times“ го изјави претставникот на Европската унија во посредничката „тројка“ за ...

Србите оптимисти за преговорите за Косово

Дневник - 05.10.2007

Министрите за Косово и за надворешни работи на Србија, Слободан Самарџиќ и Вук Јеремиќ, оценија дека Србија има причина да биде оптимист пред да продолжат разговорите за конечниот статус на Косово, јави МИА.Србија има причина за оптимизам бидејќи продолжија преговорите за конечниот статус на ...

Српскиот план неприфатлив за Приштина

Макфакс - 05.10.2007

Приштина Косовскиот преговарачки тим денеска оцени дека планот на Србија за проширена автономија за Косово е неприфатлив, и оти косовската страна нема воопшто да го разгледува. Ваква реакција уследи откако шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ изјави дека на наредниот состанок меѓу Приштина и ...

Без отстапки од Белград и Приштина, нова средба на 22. октомври

Макфакс - 05.10.2007

Брисел Србите и косовските Албанци не отстапија од позициите за статусот на Косово, на вториот круг од директните преговори. Ова може да се заклучи од официјалното соопштение на посредничката Тројка на Контакт групата, објавено по преговорите кои завршија во неделата вечер, во Брисел.

Белград и Приштина постигнаа напредок

Време - 04.10.2007

СПОРЕД ВУК ЈЕРЕМИЌ Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ изјави дека прва точка на дневниот ред во директните преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел ќе биде предлогот на Белград за суштинска автономија на Косово.

Втора рунда директни разговори за Косово

Макфакс - 04.10.2007

Брисел Втората рунда на директни преговори меѓу делегациите на Белград и Приштина за решавање на статусот на Косово ќе се одржат денеска во Брисел. “Состанокот ќе им даде можност на двете страни да продолжат да ги изнесуваат своите предлози, и врз таа основа, да започнат расправа“, се наведува во ...

Решението за косовскиот статус се уште далеку

Макфакс - 03.10.2007

Москва/Виена/Приштина Преговарачкиот процес за статусот на Косово се интензивира, но тоа не е доволно да се заклучи дека проблемот ќе биде решен наскоро. Ова синоќа го изјави рускиот претставник во посредничката тројка Александар Боцан Харченко по завршувањето на новата рунда директни преговори ...

Јеремиќ: Суштинска автономија – прва точка на преговорите

Макфакс - 03.10.2007

Белград Прва точка на наредните преговори за статусот на Косово во Брисел ќе биде планот на Белград за суштинска автономија на покраината. Ова денеска го најави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, додавајќи дека за прв пат, во дискусијата со приштинската делегација ќе се расправа за ...

Боцан-Харченко: Нема да има нов Дејтон за Косово

Макфакс - 02.10.2007

Белград Неосновани се тврдењата за завршување на преговорите меѓу косовските Албанци и Србите во декември, како и најавите за организирање на меѓународна конференција за идниот статус на Косово. Ова го изјави рускиот член на преговарачката тројка на Контакт групата за Косово Александар ...

Тројката за Косово со предлог за решавање на спорот

Макфакс - 02.10.2007

Виена Меѓународната „тројка“ за статусот на Косово денеска во Виена на директните преговори меѓу Белград и Приштина ќе го претстави предлогот кој што треба да стане основа за продолжување на дијалогот. Документот содржи оценка дека повеќе не е возможно физичко присуство на српска власт во Косово, ...

Завршија директните преговори Белград-Приштина

Макфакс - 02.10.2007

Виена Директните разговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, со посредство на меѓународната “тројка“, завршија попладнево во Виена, јавуваат белградските гласила. Претходно, меѓународните преговарачи – претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер, американскиот претставник Френк Визнер и ...

Почнаа директните преговори меѓу Белград и Приштина

Макфакс - 02.10.2007

Виена Директните преговори меѓу српскиот и косовскиот преговарачки тим, со посредство на меѓународната преговарачка „тројка“, започнаа попладнето во Виена, јавуваат српските медиуми. Претходно меѓународните преговарачи – претставникот на Европската унија Волфганг Ишингер, на САД Френк Визнер и на ...

Ишингер – голем напредок во преговорите за Косово

Макфакс - 02.10.2007

Виена Постигнат е голем напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, смета претставникот на ЕУ во посредничката „тројка“ на Контакт групата, Волфганг Ишингер. „Од разговори засновани на пароли за независност и автономија, преминавме на преговори за суштината“, изјави ...

На протестите во Приштина и тетовски студенти

Макфакс - 01.10.2007

Приштина/Тирана На синоќешните протести одржани во Приштина од страна на Унијата на Студентите на Косово, учествуваа и студенти од тетовскиот и тиранскиот Универзитет, јавија дописниците на албанските електронски медиуми. На протестите кои се поддржани и од страна на Здружението на ветераните на ...

Студентски протести во Приштина

Макфакс - 01.10.2007

Приштина Унијата на албански студенти денеска ќе одржи протести во Приштина во знак на поддршка на независноста на Косово, соопштија локалните власти. Протестите ќе се одржат пред факултетите во Приштина, Парламентот и Градското собрание и имаат за цел да изразат протест и против евентуалната ...

Приштина: Нема одложување на решението за Косово

Макфакс - 01.10.2007

Приштина Дефинирањето на статусот на Косово нема да се одложи по десетти декември, смета преговарачкиот тим на Приштина. „Постојат идеи процесот за определување на статусот на Косово да се заврши и пред десетти декември“, соопшти косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, по враќањето на преговарачкиот ...