TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Катастрофалните услови во училиштата

А1 - 02.09.2006

Во основното училиште „25-ти Мај“ во скопско сингелиќ, 1.700 ученици учебната година ја започна во руинирани училници, во спортска сала во која таванот секој момент може да се урне. Катастрофалните услови во средното економско училиште во Куманово се причина 650 средношколци да ја бојкотираат ...

Почна школската година

Вест - 02.09.2006

За околу 320 илјади ученици во основните и во средните училишта во Македонија вчера почна новата 2006/2007 година. За првпат во училишните клупи седнуваат околу 26 илјади првачиња. Министерот за образование Селејман Рушити вчера свечено го пушти во употреба новото подрачно училиште "Гоце Делчев" во ...

Децата останаа дома оти им го смениле името на школото

Вест - 02.09.2006

НОВ БОЈКОТ НА НАСТАВАТА ВО КУМАНОВСКО Советот на родители и претставниците на месната заедница на селото Режановце вчера не ги пуштија децата на настава поради одлука на Министерството за образование да го промени досегашното име на училиштето од "Маршал Тито" во "Битолски конгрес на Албанците ...

По ука тргнаа 26.000 првачиња, наставата ја бојкотираа 650 ученици

Време - 02.09.2006

ПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗА 320.000 УЧЕНИЦИ Мери Јордановска Во нова гардероба, насмеани и пресреќни вчера првпат во училишните клупи седнаа околу 26.000 првачиња од 328 основни училишта. Училишното ѕвонче заѕвони во повеќе од 420 основни и средни училишта, а наставата ја бојкотираа неколку училишта ...

Годината почна, училиштата пред ремонт

Утрински - 02.09.2006

Училиштата се во исчекување да се решат неисплатените долгови за струја и греење Училиштата го дочекаа стартот на новата учебна година со неисплатени долгови за струја, парно греење и комуналии, а поради лошата состојба во која се наоѓаат објектите, дел од учениците вчера ја бојкотираа наставата.

Илјада ученици не тргнаа в училиште

Дневник - 02.09.2006

Недостиг од простор и од наставнички кадар се главните причини зошто околу 1.000 ученици вчера не ја почувствуваа радоста на првиот час или мораа да следат настава во неколку смени или во други училишта Околу 26.000 првачиња вчера прв пат седнаа во училишните клупи, заедно со 230.000 основци и со ...

26 илјади првачиња седнаа во клупите

Вечер Прес - 02.09.2006

Училишното ѕвонче се огласи вчера. Училиштата ги отворија вратите за околу 320 илјади основци и средношколци во земјата. Околу 26 илјади се првачиња кои првпат зачекорија во училишните објекти. На првиот училишен час не дојдоа 650 средношколци од Економското училиште во Куманово, кои го бојкотираат ...

Закана за „радикални мерки“ од родители на ученици од Куманово

Макфакс - 02.09.2006

Куманово Советот на родителите на учениците од албанските паралелки од економското училиште „Перо Наков“ во Куманово бараат училишен објект во мултиетничка средина, заканувајќи се со преземање на радикални мерки. Родителите на учениците се спротивставуваат на одлуката на градоначалникот за враќање ...

Бојкот поради преименување на училиште во кумановско

Макфакс - 02.09.2006

Куманово Родителите на учениците од македонска националност со бојкот на наставата протестираат против новото име на училиштето „Битолски конгрес на Албанците“ од село Лопате, Куманово, коешто до пред парламентарните избори се викаше „Маршал Тито“.

Продолжува бојкотот на наставата во кумановското с. Р’жановце

Макфакс - 02.09.2006

Куманово Бојкотот на наставата во основното училиште во Р’ жановце, административно дел од училиштето во сeло Лопате, ќе продолжи, јавува дописникот на Макфакс од Куманово. Одлуката уследи откако не е постигнат компромис на средбата на претставници на советите на родители на учениците со ...

Учебната година започна во лоши услови

А1 - 01.09.2006

За 320.000 ученици, од кои околу 26.000 првачиња, започна учебната година. Во 21-от век македонските ученици се уште ќе учат во руинирани училишта кои не ги задоволуваат ни минималните стандарди. Искршени клупи и столчиња, училници во кои подот одамна го нема, тоалети во катастрофална состојба.

Бојкот на Албанците-средношколци од Куманово на првиот училиштен ден

Утрински - 01.09.2006

Бојкотот е организиран поради крајно несоодветни услови за работа, велат од Советот на родители Столе Божиновски КУМАНОВО - Околу 600 ученици средношколци од Економското училиште на албански наставен јазик во Куманово новата учебна година денес ја започнуваат со бојкот на наставата.

Денеска за 320 илјади ученици стартува новата учебна година

Утрински - 01.09.2006

Денеска официјално стартува новата учебна 2006/2007. Наставата ќе ја следат 320 илјади ученици од основните и средните училишта. Во 328 училишта во земјава задолжително се реализира основно образование со паралелки на наставен македонски, албански, турски и српски јазик.

Потрошени 12 милиони денари за училиште без клупи

Дневник - 01.09.2006

Училишното ѕвонче во ОУ „Даме Груев“ во битолското село Долно Оризари е неизвесно дали ќе заѕвони и денеска, по пауза од две години Училишното ѕвонче во ОУ „Даме Груев“ во битолското село Долно Оризари е неизвесно дали ќе заѕвони и денеска, по пауза од две години.

За кого ѕвонат училишните ѕвона?

Дневник - 01.09.2006

Денеска ќе ѕвони за новата учебна година. Но, оваа учебна година ќе ѕвони и за совеста на директорите, локалните власти, државните институции да не ги запостават проблемите во образованието и да седнат што поскоро да ги решат Денеска ќе ѕвони за новата учебна година.

Прв час за 26.000 првачиња

Дневник - 01.09.2006

Новината годинава е што се официјализира задолжителната настава за децата на шестгодишна возраст Околу 320.000 основци и средношколци денеска ќе ја почнат новата учебна година. Намален број на учениците, спојување паралелки, наставници што ќе бидат прогласени за технолошки вишок, долгови за ...

Основците и средношколците од денеска во училиште

Канал5 - 01.09.2006

За околу 320 илјади ученици во основните и во средните училишта во Македонија денеска почнува новата 2006/2007 година. Скопје, 1 септември (МИА) - За околу 320 илјади ученици во основните и во средните училишта во Македонија денеска почнува новата 2006/2007 година.

Се огласи училишното ѕвонче - го најави стартот на учебната година

Канал5 - 01.09.2006

Почна новата учебна година за околу 320 илјади ученици во основното и средното образование во Македонија. Почна новата учебна година за околу 320 илјади ученици во основното и средното образование во Македонија. Денешниот ден беше највозбудлив за околу 26 илјади првачиња, кои првпат ги запознаа ...

Први септември не беше среќен ден за кумановските ученици од училиштето Перо Наков

Канал5 - 01.09.2006

Шесто и педесет ученици Албанци од средното економско училиште Перо Наков во Куманово, го бојкотираа почетокот на учебната година. Револтирани се од лошата состојба во кое е училиштето. Шесто и педесет ученици Албанци од средното економско училиште Перо Наков во Куманово, го бојкотираа почетокот на ...

Започнува учебната година

Макфакс - 01.09.2006

Скопје Новата учебна година за околу 320.000 ученици во основното и средното образование започнува денеска, но со повеќе проблеми. За родителите почнуваат грижите околу набавка на учебници и потребен прибор. Училиштата имаат неплатени сметки за струја, а наскоро почнува и грејната сезона.

Во употреба три нови училници

Вечер Прес - 01.09.2006

Учениците од ОУ "Гоце Делчев" во Долно Лисиче од денеска ќе учат во нови училници. По повод почетокот на новата учебна година со сечење лента од страна на министерот Сулејман Рушити ќе се означи пуштањето во употреба на трите простории за следење на наставата, кои изминатите два месеци беа целосно ...

Бојкот во две училишта во Куманово

Макфакс - 01.09.2006

Куманово Учебната година во Куманово не започна во две училишта – во едно основно и во едно средно насочено, јавува дописникот на Макфакс. Советот на родителите од основното училиште "Маршал Тито" од Режановце, бара одделување на ова од централното училиште во село Лопате.

Почнува учебната година за основците и средношколците

Утрински - 01.09.2016

Учениците денеска се врaќаат вo училишните клупи. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 ...

Утре почнува учебната година

Дневник - 31.08.2006

За околу 320 илјади основци и средношколци утре почнува новата учебна година, соопштуваат во Министерството за образование. Учениците в сабота нема да одат во училиште иако Владата вчера одлучи да биде работен ден. Новиот министер за образование Сулејман Рушити ќе ја продолжи традицијата на првиот ...

Училиштата ќе останат и без греење ако не го платат долгот

Утрински - 30.08.2006

Долгот спрема „Топлификација" изнесува околу 100 милиони денари Жаклина Ѓорѓевиќ Само што го решија проблемот со неплатениот долг за струја, училиштата сега се соочуваат со нови пречки пред стартот на учебната година. Ако до 15 септември не го платат заостанатиот долг од околу 100 милиони денари за ...

Трет пат запалено училиштето „Гоце Делчев“

Дневник - 30.08.2006

Пиромани трет пат подметнале пожар во Основното училиште „Гоце Делчев“ во центарот на Битола. Последниот пожар се случил завчера среде бел ден, во една од училишните згради. Опожарени се делови од дрвениот таван во просториите во кои за неколку дена треба да почне подготвителната настава.

Во руинирани училишта за два дена учениците ќе ја започнат новата школска година

Канал5 - 30.08.2006

И во ова училиште во скопско Драчево в петок треба да почне новата учебна година. А, сликата е застрашувачка – покрив кој прокиснува на секој дожд, искршени врати, нефункционални тоалети. Директорката вели дека најголемите проблеми им почнуваат со зимата.

Има компјутери за 240 деца, ама нема каде да се стават

Време - 29.08.2006

ШТИП Виолета Кожинкова Родителите на 240 ученици што учат во подрачното училиште во штипската населба Баби нема да ги пуштаат своите деца на часови по информатика. Велат дека иако има компјутери, нема простор каде да бидат поставени, па учениците часовите по информатика ги посетуваат во централното ...

Трифун Костовски: Нема да крпам дупки за да има пари за греење во школите

Вест - 29.08.2006

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски вети дека средните училишта нема да ги остави без струја и парно и дека ако треба ќе штеди на изградба на улици и крепење дупки за да има пари за училиштата. Тој ова го изјави на вчерашниот состанок со директорите на скопските средни училишта, кои се ...

Училиштата заглавени во долгови, Костовски вети помош

Време - 29.08.2006

ДИРЕКТОРИТЕ СЕ СРЕТНАА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Директорите на скопските средни училишта вчера побараа од градоначалникот Трифун Костовски да помогне да се платат заостанатите долгови за струја и за парно греење зашто стравуваат дека ќе ги исклучат.

Средните училиштата ќе ја почнат учебната година со долгови и технолошки вишок

Утрински - 29.08.2006

И покрај проблемите со кои се соочуваат училиштата, наставата нема да се одвива со пречки ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Средните училишта ќе ја започнат учебната година со големи финансиски проблеми и технолошки вишок на наставничкиот кадар во техничките училишта поради неисполнетост на квотите.

Училиштата нема да останат на цедило

Дневник - 29.08.2006

Образованието нема да трпи, дури и ако треба нема да градам улици и канализации, вети Костовски Со долг од околу 34 милиони денари, односно 560 илјади евра за неплатени струја и за парно греење и со страв дека ќе останат без елементарни услови за настава, скопските средни училишта в петок ќе ја ...

Наместо крпење дупки, греење во училиштата

Вечер Прес - 29.08.2006

Министерството за образование и наука веднаш да го плати заостанатиот долг за струја и парно на училиштата, да направи ребаланс на буџетот и да ги зголеми средствата за наменските дотации со кои се покриваат трошоците на училиштата.

За скопските средношколци се потребни 102 милиони денари

А1 - 28.08.2006

102 милиони денари се потребни за непречено да започне учебната година за скопските средношколци. Толкав е долгот за струја, парно греење, вода, комуналии за периодот јануари 2005-та до јуни 2006-та.На Паушалниот долг за струја само за скопските средните училишта е пет милиони и 900 илјади денари.

Ученици вратени дома поради несоодветна гардероба

А1 - 28.08.2006

Директорката на едно средно училиште во градот Хамонд, во американската сојузна држава Индијана, првиот ден од наставата вратила дома 126 ученици, поради тоа што биле непрописно облечени. Училиштето, кое вкупно има 1.200 ученици, така првиот ден останало без повеќе од 10 проценти од децата.

Суспендирани 128 ученици поради навредливо облекување

Вест - 28.08.2006

ХЕМОНД, САД (АП) - Училниците беа малку попразни во средното училиште "Мортон" на првиот ден од учебната година: 128 ученици беа пратени дома поради погрешно облекување. Изнервирана од несоодветното облекување на учениците, директорката во средата ги прати учениците дома неколку минути по ...

На скопските средни училишта им се заканува и мрак и студ во зимата

Канал5 - 28.08.2006

Никој не кажува како ќе се плати долгот на средните училиштата од близу 6 милиони евра кон ЕСМ. Ако до Октомври парите не се уплатат, Австријците се заканија дека училиштата ќе останат без струја. Но тоа не е единствениот проблем во школството.