Глобалната финансиска криза веројатно ќе предизвика зголемен број проблеми со менталното здравје на луѓето како и зголемен број самоубиства, предупреди Светската здравствена организација.
Денешниот ден е прогласен за Ден на душевното здравје и Светската здравствена организација го одбележува со план за акција со кој третманите за овој вид болести треба да станат подостапни.
Бројот на душевно болни континуирано се зголемува. Лекарите велат дека социјалните, психолошките и генетичките услови го направиле своето. Граѓаните преку нервите реагираат на транзицијата и на сиромаштијата.
Живееме во време кога младите личности се изложени на многубројни негативни влијанија, па затоа треба да ги заштитиме, беше заклучено на вчерашната трибина на тема „Емоционалното и менталното здравје кај младата популација“, која се одржа во просториите на градскиот совет.
Скопје, 9 октомври (МИА) - Под мотото „Пропагирање на глобалното ментално здравје: подобрување на услугите преку пропагирање и акција од граѓаните“ утре ќе се одбележи Светскиот ден на менталното здравје.
Градскиот форум за соработка со граѓанските организации утре ќе организираат трибина на темата „Емоционалното и менталното здравје на младата популација - предизвици и превенција“. Дебатата ќе се одржи во големата сала на советот со почеток во 11.30 часот.
Менталното здравје и предизвици Градскиот форум за соработка на Град Скопје и граѓанските организации утре во 11,30 часот организираат трибина со наслов "Емоционално и ментално здравје на младата популација предизвици и превенцијаа.