TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

“Жетвата“ ќе продолжи во понеделник

А1 - 01.09.2001

Операцијата на наменските сили на НАТО за собирање на доброволно предаденото оружје од албанските терористи "Неопходна Жетва" ќе продолжи во понеделник. Во текот на викендот, како што е најавено ќе се врши обука на новиот контингент на наменските сили од германските и турските бригади во составот ...

По НАТО, Љубе Бошковски ја продолжува "жетвата"?

Дневник - 01.09.2001

МИСИЈАТА НА АЛИЈАНСАТА ЌЕ ЗАВРШИ НА 26 СЕПТЕМВРИ По 30-дневната "жетва" НАТО ќе си замине, а понатамошната работа ќе треба да ја заврши Македонија, изјави висок официјален претставник на Алијансата Мисијата на НАТО "Неопходна жетва", според претставник на Алијансата во Брисел, ќе заврши на 26 ...

Третината „ожнеано“ оружје се складира

А1 - 31.08.2001

Операцијата на НАТО за разоружување на албанските терористи во Македонија продолжува со складирање и пакување на оружјето во магацините на воениот полигон Криволак. Британските војници вчера го собираа оружјето што доброволно го предаваа албанските терористи во гостиварскиот регион.

"Жетвата" паузира до понеделник

Вест - 31.08.2001

НАТО СОБРА ТРЕТИНА ОД ОРУЖЈЕТО И БАРА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА Наменските сили собраа 1.400 парчиња оружје со што сметаат дека го исполнија условот за свикување седница за ратификување на Рамковниот договор од Охрид Командантот на наменските сили "Неопходна жетва", генерал-мајор Гунар Ланге, вчера до ...

НАТО на Криволак во контејнери ја "погребува" муницијата

Дневник - 31.08.2001

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ОПЕРАЦИЈАТА "ЖЕТВА" Иако НАТО најави дека оружјето ќе го уништува во Грција, британскиот контингент од наменските сили побара тоа да биде сторено во Македонија Наменските сили "Жетва", според првите процени, досега собрале околу 1.400 парчиња оружје од албанските терористи.

Старо купувам, а ново продавам

Дневник - 31.08.2001

КОЛУМНА, НИКОЛА ПОПОВСКИ Денес секој во Македонија прави некаков свој план како да не ги спроведе договорите што се потпишани и обврските што се преземени. Секој смета дека работата ќе успее, а тој ќе може да скрие малку оружје, да задржи некаква контрола врз некаква паравоена-терористичка ...

Иднината на Македонија е во рацете на парламентарците

Дневник - 31.08.2001

ПО ПОСЕТАТА НА ЏорЏ РОБЕРТСОН Не можам да кажам дали ќе успее овој историски проект, но алтернативата би била застрашувачка, предупреди генералниот секретар на НАТО Иднината на Македонија е во рацете на парламентарците, кои во следните неколку дена треба да го ратификуваат рамковниот договор, ...

“Жетва“ паузира до понеделник

А1 - 30.08.2001

Акцијата "Неопходна Жетва" ќе продолжи откако македонскиот Парламент ќе го започне процесот за ратификација на рамковниот договор на седницата која ќе започне во петок. Операцијата жетва ќе продолжи в понеделник. Денеска на воениот полигон Криволак треба да биде извршена презентација на досега ...

40 отсто од собраното оружје не било за употреба

Вест - 30.08.2001

"Ние и нашите воени експерти собираме дополнителни информации дали ова е навистина оружјето што било користено или е собрано трофејно оружје. Јас не сум експерт по тие прашања, иако бев министер за одбрана. Доминира оружје од кинеско производство, има и од југословенско, кое е од понов датум.

"Жетварите" денеска ќе одмораат

Вест - 30.08.2001

НАТО СЕ НАДЕВА ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД "ЖЕТВАТА" ДА СОБЕРЕ ТРЕТИНА ОД ОРУЖЈЕТО Војниците на НАТО вчера "жнееја" во Гостиварско. Завчера во Бродец, собирањето на оружјето продолжило и во текот на ноќта Операцијата на НАТО "Неопходна жетва" за собирање на оружјето од припадниците на ОНА се одвива според ...

Робертсон: Оружјето можеби е старо, но и тоа убива

Вест - 30.08.2001

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО НА КРИВОЛАК ВИДЕ ШТО СОБРАЛЕ НАМЕНСКИТЕ СИЛИ "Дел од оружјето е можеби старо, меѓутоа, и со старото оружје може да се убива. Веќе видовме доказ последниве три дена дека има и прилично смртоносни и модерни оружја што се предаваат тука и тоа е индикација дека тие што ...

"Жетвата" ќе паузира, на потег е Парламентот

Дневник - 30.08.2001

НАТО ПРОЦЕНИ ДЕКА СОБРАЛ ТРЕТИНА ОД ОРУЖЈЕТО Има процени дека 30-40 отсто од предаденото оружје не се во функција, но битна е симболиката, изјави Ханџиски, "набљудувач" на разоружувањето Не е важно колку оружје ќе собере НАТО, важно е оружјето да замре и да се расформира т.н.

Симболична жетва со јасна порака за мир

Дневник - 30.08.2001

коментар, Христо Ивановски Почетокот на операцијата на НАТО "Неопходна жетва" за собирање на оружјето од албанските терористи, која почна во понеделникот, може да се оцени како успешен. За три дена се собрани околу 1.000 парчиња оружје на три пункта, во Кумановско, Тетовско и во Гостиварско, што ...

ОНА: „Ќе предадеме третина од оружјето“

А1 - 29.08.2001

Командантот на таканаречената ОНА за реонот на Тетово, под псевдоним Лека, изјави за приштинската агенција „Косовалајв“ дека во тој кризен регион започна мисијата „Жетва“ и дека ќе биде разоружана 112 -та бригада „Мујадин Алиу“.

Робертсон - текот на НАТО мисијата успешен

А1 - 29.08.2001

Проценувајки го досегашниот тек на НАТО мисијата за разоружување на паравоената ОНА како успешен, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, изјави дека сега се на потег парламентарците кои треба да го завршат својот дл од работата и да го ратификуваат рамковниот документ за уставни промени, ...

Собрани уште 400 пушки во Бродец

Вест - 29.08.2001

ПРОДОЛЖИ Во село Бродец, Тетовско, НАТО вчера го отвори вториот пункт за собирање на оружјето од ОНА. Според проценките на командата на операцијата "Неопходна жетва", во Бродец се очекуваа околу 400 парчиња оружје. ВЕСТ вчера беше на пунктот во Бродец, каде што видовме редица војници од ОНА кои ...

Робертсон ќе набљудува и ќе бара уставни измени

Дневник - 29.08.2001

ПРОДОЛЖУВА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Вчера оружје предаваа терористите од тетовскиот крај на пункт кај селото Бродец Операцијата "Неопходна жетва" продолжи и вчера со предавање на оружјето од страна на албанските терористи од тетовскиот крај, а денеска лично генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, ќе ...

Продолжува операцијата “Неопходна Жетва“

А1 - 28.08.2001

Операцијата на наменските сили на НАТО "Неопходна Жетва" за собирање на оружјето, кое албанските терористи доброволно ќе го предадат, продолжува и денеска. "Жетвата" се изведуваше во тетовско. “Колку оружје било собрано таму ќе биде соопштено на попладневната прес - конференција на НАТО“, изјави ...

Почна разоружувањето

Вест - 28.08.2001

ВЧЕРА ВО СЕЛОТО ОТЉА, КУМАНОВСКО Новинарите што беа на теренот видоа двајца команданти на ОНА кои рекоа дека веруваат во Али Ахмети и НАТО Околу 300 до 400 автоматски пушки "калашников", 15 разни рачни минофрлачи и "зољи", и 15 митралези се резултатот од првиот ден на операцијата "Жетва", која ...

Албанските терористи предадоа дел од "музејското оружје"

Дневник - 28.08.2001

ВЧЕРА ПОЧНА МИСИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" На пункт во кумановското село Отља терористите доброволно оставија околу 300 калашњикови, главно од кинеско производство, но немаше ниту едно "софистицирано" оружје, за кое НАТО тврдеше дека го имаат Терористите од ОНА вчера доброволно предадоа околу 400 ...

Најголем дел од оружјето терористите веќе скриле

Дневник - 28.08.2001

ЧЕШКИ ДИПЛОМАТ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА "ЖЕТВА" Поранешниот специјален пратеник на Обединетите нации за човекови права во Југославија, Јиржи Динстбир, вчера изјави дека е исклучително скептичен во однос на операцијата на НАТО за собирање на доброволно предаденото оружје од албанските терористи во Македонија.

"Жетва" за доверба, а не за разоружување

Дневник - 28.08.2001

БРИСЕЛ Операцијата "Неопходна жетва" во Македонија почна со задоцнување и во исклучително тешки услови по инцидентите во текот на викендот, оценуваат во НАТО Смртта на британскиот војник во Македонија нема ни за влакно да ја смени определеноста на североатлантската алијанса до крај да ја изведе ...

Денеска започна „Жетвата“

А1 - 27.08.2001

Oколу 400 парчиња оружје, главно автоматско и полуавтомастко од кинеско и југословенско произвитсво, антитенковски и противпешадиски мини утрово, беа предадени од страна на терористите во селото Отља. Новинарите со хелихопетр беа пренесени до овој пункт во кумановско обезбедуван од францускиот, ...

По пола пушка на еден НАТО војник

Вест - 27.08.2001

ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА ПОЧНЕ РАЗОРУЖУВАЊЕТО НА ОНА Македонските проценки се дека терористите имаат околу 80 илјади парчиња, а НАТО тврди дека ОНА му дала уверлив список со само околу 3 до 4 илјади парчиња Денеска во реонот на Кумановско НАТО трупите ќе го отворат првиот пункт за собирање на оружјето од ...

Симболика на "жетвата" или симболична "жетва"

Дневник - 27.08.2001

коментар, Бранко Ѓорѓевски Македонската страна и НАТО во разоружувањето на албанските терористички групации најверојатно до крај ќе имаат различен "нишан" за тоа колку оружје треба да биде предадено. Две, три, осум, шеесет, осумдесет илјади...

НАТО со 5.000 војници планира да "ожнее" 3.300 парчиња оружје

Дневник - 27.08.2001

ПОЧНУВА ОПЕРАЦИЈАТА ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ Војниците на НАТО, според командантот на операцијата,треба да соберат околу 2.900 пушки, 210 митралези, 130 парчиња минофрлачи, антитенковско оружје и 6 одбранбени воздушни системи Операцијата "Неопходна жетва" ќе почне денеска и со неа војниците ...