TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонците не успеаја организирано да му се поклонат на Сандански

А1 - 22.04.2007

Иако 70-годишната Марија Андреева сакаше да испее македонска патриотска песна пред споменикот на Сандански во Мелник, таа тоа го направи само пред камерата на А1, поради забраната на бугарските власти за организирано чествување на 92-годишнината од смртта на Сандански од страна на претставниците на ...

ОМО Илинден Пирин не стигна до гробот на Сандански

Канал5 - 22.04.2007

Бугарската полиција со огромно присуство во Мелник и на роженскиот манастир не им дозволи на Македонците на достоинствен начин да ја чествуваат 92-годишнината од смртта на револуционерот Јане Сандански. За да се стигне до Мелник денеска мораше да се помине контрола на неколку полициски пунктови.

Пиринските Македонци ќе се одбранат демократски

Дневник - 21.04.2007

Ние ќе бидеме упорни, ќе чекаме и ќе ја водиме битката за регистрација на партијата со сите демократски средства бидејќи е очигледно дека незаконски не' попречуваат во нашата акција, вели Сингартиски Чествувањата на годишнината од загинувањето на македонскиот херој Јане Сандански одамна станаа ...

Македонија и Бугарија со различни ставови за чествувањето за Сандански

А1 - 20.04.2007

За Министерот за надворешни работи на Македонија недостиг на идеи претставува бугарската закана да не им дозволи на Македонците чествување на Рожденскиот манастир. За бугарскиот потпретседател, нормално функционираат институциите.

Бугарски полициски блокади околу Рожен

Утрински - 20.04.2007

На Македонците им е забрането да положат цвеќе на гробот на Јане Сандански ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ За Македонците во Бугарија се враќаат времињата кога мораа да ги пробиваат кордоните на бугарската полиција за да се искачат на Рожен и да му оддадат почит на Јане Сандански.

Македонците решени да чествуваат на Рожен

Дневник - 20.04.2007

Нам не ни е првпат да бидеме спречувани да чествуваме годишнини за Јане Сандански на Роженскиот манастир. Ние таму ќе одиме за да ја оддадеме почитта на начин на кој и планиравме да го организираме чествувањето. Ако полицијата не ни дозволи, ние ќе се вратиме. Подготвени сме дури и да не' уапсат.

Милошоски го осуди потегот на управителот на благоевградската област

Канал5 - 20.04.2007

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го осуди потегот на управителот на благоевградската област Владимир Димитров, кој им забрани на членовите на ОМО Илинден Пирин да се поклонат на гробот на револуционерот Јане Сандански и да организираат собир во Мелник.

Се чувствувам како Гоце Делчев

Вечер - 20.04.2007

"На крива ракета, космосот и пречи". Кога не се кадарни тие од ОМО Илинден Пирин да се регистрираат, некој мора да биде виновен. Ако ги соберат потребните 5.000 потписи, но да ги собрат од реални луѓе, а не од умрени, никој во Бугарија не може да го попречи нивното регистрирање, вели Каракачанов ...

МНР: Непотребна провокација од бугарските власти

Вечер - 20.04.2007

Бугарската забрана за Македонците од ОМО Илинден -Пирин да се поклонат на гробот на Јане Сандански во Рожен, в недела, е непотребна провокација за добрососедските односи, реагираа вчера во македонското Министерство за надворешни работи.

МНР: Забраната за чествување на гробот на Сандански е провокација

А1 - 19.04.2007

„Непотребна провокација за добрососедските односи“ е забраната Македонците да се поклонат пред гробот на Јане Сандански, изјави портпаролот на МНР Шпреса Јусуфи, по повод одлуката на регионалниот управител на Благоевград. „Разочарани сме од таквата одлука со која се претпочита да се инвестира во ...

Бугарија го забрани собирот на Македонците во Роженскиот манастир

Утрински - 19.04.2007

Обласниот управник на Благоевград ги поништил решенијата на кметот на Сандански ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Бугарските власти им забранија на Македонците да го одржат традиционалниот собир пред гробот на Јане Сандански на 22 април во Роженскиот манастир по повод 92-годишнината од неговото убиство.

Европа не допира до Рожен

Дневник - 19.04.2007

На Рожен ни годинава Македонците во Бугарија нема да можат да се поклонат чесно и достоинствено на гробот на херојот Јане Сандански . Немаат дозвола за такво нешто. Поточно, добија дозвола од локалните власти на Сандански, но ја укина повисока владина инстанца.

Бугарската влада им забрани на Македонците да го чествуваат Сандански

Дневник - 19.04.2007

Ние ќе го одржиме чествувањето и покрај забраната за која сметаме дека е незаконска и дискриминаторска, велат во ОМО „Илинден“-ПИРИН Бугарската влада преку свој регионален управник на Благоевград им забрани на Македонците од Бугарија в недела да одржат чествување посветено на Јане Сандански.

Се огласи ултранационалистот Каракачанов по реакцијата на македонското МНР

Канал5 - 19.04.2007

Македонскиот амбасадор во Бугарија Абдурахман Алити официјално нема да реагира кај бугарските власти по забраната за организиран собир на ОМО Илинден Пирин на гробот на револуционерот Јане Сандански. Македонскиот амбасадор во Бугарија Абдурахман Алити официјално нема да реагира кај бугарските ...

Бугарија го забрани чествувањето на Сандански

Вечер - 19.04.2007

Регионалниот управник Владимир Димитров, кој го забрани поклонението на претставници на ОМО Илинден - Пирин во Рожен, е поранешен шеф на службата за државна безбедност, од времето на комунистичка Бугарија, кој вршел прогон на Македонците во Пиринска Македонија, дознава Вечер Регионалниот управник ...

Бугарија го забрани чествувањето на гробот на Јане Сандански

А1 - 18.04.2007

Владимир Димитров, регионален управник на Благоевград, ги поништил одлуките на градоначалникот на општина Сандански Андон Тотев, со кој тој дозволил чествување на гробот на Сандански, и Рожденскиот манастир од страна на „ОМО Илинден Пирин“.

Антимакедонска кампања пред собирот на Рожен

Утрински - 18.04.2007

Потомците на врховистите против кои се бореше Сандански му подигнаа споменик ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Бугарските медиуми и некои официјални институции веќе започнаа да ја подгреваат атмосферата против Македонците пред традиционалната средба на гробот на Јане Сандански по повод 92-годишнина од неговото ...

Забрана за ОМО Илинден за чествување на гробот на Сандански

Канал5 - 18.04.2007

Бугарските власти и забранија на ОМО Илинден Пирин в недела организирано да се поклони на гробот на Јане Сандански на Роженскиот манастир. Управителот на благоевградската област Владимир Димитров ја поништил дозволата за организиран собир кај мелник што претходно ја издал градоначалникот на ...

Бугарски ултранационалисти го сквернават гробот на Сандански во Рожен

Време - 16.04.2007

КАЈ РОЖЕНСКИОТ МАНАСТИР Околу 400 приврзаници на бугарската ултранационалистичка партија ВМРО - БНД во саботата се собрале на гробот на македонскиот револуционер Јане Сандански во Роженскиот манастир, каде поставиле споменик на кој е испишано „Јас нема да запрам и пред најстрашните револуционерни ...