Иако 70-годишната Марија Андреева сакаше да испее македонска патриотска песна пред споменикот на Сандански во Мелник, таа тоа го направи само пред камерата на А1, поради забраната на бугарските власти за организирано чествување на 92-годишнината од смртта на Сандански од страна на претставниците на ...
Бугарската полиција со огромно присуство во Мелник и на роженскиот манастир не им дозволи на Македонците на достоинствен начин да ја чествуваат 92-годишнината од смртта на револуционерот Јане Сандански. За да се стигне до Мелник денеска мораше да се помине контрола на неколку полициски пунктови.
Ние ќе бидеме упорни, ќе чекаме и ќе ја водиме битката за регистрација на партијата со сите демократски средства бидејќи е очигледно дека незаконски не' попречуваат во нашата акција, вели Сингартиски Чествувањата на годишнината од загинувањето на македонскиот херој Јане Сандански одамна станаа ...
За Министерот за надворешни работи на Македонија недостиг на идеи претставува бугарската закана да не им дозволи на Македонците чествување на Рожденскиот манастир. За бугарскиот потпретседател, нормално функционираат институциите.
На Македонците им е забрането да положат цвеќе на гробот на Јане Сандански ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ За Македонците во Бугарија се враќаат времињата кога мораа да ги пробиваат кордоните на бугарската полиција за да се искачат на Рожен и да му оддадат почит на Јане Сандански.
Нам не ни е првпат да бидеме спречувани да чествуваме годишнини за Јане Сандански на Роженскиот манастир. Ние таму ќе одиме за да ја оддадеме почитта на начин на кој и планиравме да го организираме чествувањето. Ако полицијата не ни дозволи, ние ќе се вратиме. Подготвени сме дури и да не' уапсат.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го осуди потегот на управителот на благоевградската област Владимир Димитров, кој им забрани на членовите на ОМО Илинден Пирин да се поклонат на гробот на револуционерот Јане Сандански и да организираат собир во Мелник.
"На крива ракета, космосот и пречи". Кога не се кадарни тие од ОМО Илинден Пирин да се регистрираат, некој мора да биде виновен. Ако ги соберат потребните 5.000 потписи, но да ги собрат од реални луѓе, а не од умрени, никој во Бугарија не може да го попречи нивното регистрирање, вели Каракачанов ...
Бугарската забрана за Македонците од ОМО Илинден -Пирин да се поклонат на гробот на Јане Сандански во Рожен, в недела, е непотребна провокација за добрососедските односи, реагираа вчера во македонското Министерство за надворешни работи.
„Непотребна провокација за добрососедските односи“ е забраната Македонците да се поклонат пред гробот на Јане Сандански, изјави портпаролот на МНР Шпреса Јусуфи, по повод одлуката на регионалниот управител на Благоевград. „Разочарани сме од таквата одлука со која се претпочита да се инвестира во ...
Обласниот управник на Благоевград ги поништил решенијата на кметот на Сандански ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Бугарските власти им забранија на Македонците да го одржат традиционалниот собир пред гробот на Јане Сандански на 22 април во Роженскиот манастир по повод 92-годишнината од неговото убиство.
На Рожен ни годинава Македонците во Бугарија нема да можат да се поклонат чесно и достоинствено на гробот на херојот Јане Сандански . Немаат дозвола за такво нешто. Поточно, добија дозвола од локалните власти на Сандански, но ја укина повисока владина инстанца.
Ние ќе го одржиме чествувањето и покрај забраната за која сметаме дека е незаконска и дискриминаторска, велат во ОМО „Илинден“-ПИРИН Бугарската влада преку свој регионален управник на Благоевград им забрани на Македонците од Бугарија в недела да одржат чествување посветено на Јане Сандански.
Македонскиот амбасадор во Бугарија Абдурахман Алити официјално нема да реагира кај бугарските власти по забраната за организиран собир на ОМО Илинден Пирин на гробот на револуционерот Јане Сандански. Македонскиот амбасадор во Бугарија Абдурахман Алити официјално нема да реагира кај бугарските ...
Регионалниот управник Владимир Димитров, кој го забрани поклонението на претставници на ОМО Илинден - Пирин во Рожен, е поранешен шеф на службата за државна безбедност, од времето на комунистичка Бугарија, кој вршел прогон на Македонците во Пиринска Македонија, дознава Вечер Регионалниот управник ...
Владимир Димитров, регионален управник на Благоевград, ги поништил одлуките на градоначалникот на општина Сандански Андон Тотев, со кој тој дозволил чествување на гробот на Сандански, и Рожденскиот манастир од страна на „ОМО Илинден Пирин“.
Потомците на врховистите против кои се бореше Сандански му подигнаа споменик ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Бугарските медиуми и некои официјални институции веќе започнаа да ја подгреваат атмосферата против Македонците пред традиционалната средба на гробот на Јане Сандански по повод 92-годишнина од неговото ...
Бугарските власти и забранија на ОМО Илинден Пирин в недела организирано да се поклони на гробот на Јане Сандански на Роженскиот манастир. Управителот на благоевградската област Владимир Димитров ја поништил дозволата за организиран собир кај мелник што претходно ја издал градоначалникот на ...
КАЈ РОЖЕНСКИОТ МАНАСТИР Околу 400 приврзаници на бугарската ултранационалистичка партија ВМРО - БНД во саботата се собрале на гробот на македонскиот револуционер Јане Сандански во Роженскиот манастир, каде поставиле споменик на кој е испишано „Јас нема да запрам и пред најстрашните револуционерни ...