TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонските ракометни јуниори останаа и без медал

А1 - 18.08.2002

Македонските ракометни јуниори останаа и без медал на европското првенство во полскиот град Гдањск. Исцрпени од синоќешната маратонска полуфинална битка со домашната селекција, тие денеска се поразени со 33:30 од Југославија во мечот за бронзата. Нов европски шампион е Полска.

Македонските ракометари поразени

А1 - 17.08.2002

По две продолженија, полуфиналниот натпревар на европското младинско првенство во ракомет, помеѓу Македонија и Полска заврши со пораз за македонските ракометари од 33:31. Првиот финалист на првенството е екипата на Словенија, која по продолжението ја совлада екипата на Југославија со 37:36.

Домаќинот нема потреба премногу да се респектира

Вест - 17.08.2002

РАКОМЕТ - НАШИТЕ МЛАДИНЦИ ДЕНЕСКА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕП ВО ПОЛСКА СР Југославија-Словенија и Полска-Македонија се полуфиналните двојки на четвртото Европско младинско првенство за мажи во Полска чија завршница се игра викендов.

До историски успех по најтешкиот пат

Утрински - 17.08.2002

Македонија денеска (18,30 ч.) игра со Полска во полуфиналето на 4. ЕП за јуниори во Гдањск Кузманоски втор стрелец на првенството по мечевите по групи По неочекуваниот пораз од Хрватска во последното коло од А-групата, машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија вчерва (18,30 ч.

Стипендија за нашите млади ракометари само ако играат во финалето на ЕП

А1 - 16.08.2002

Македонските ракометни јуниори денеска пак одмораат и си ги бараат мотивите за утрешниот полуфинален дуел со Полска на европското првенство во Гдањск. Ги загубиле, кога во честитката од Агенцијата за млади и спорт прочитале дека ќе добијат стипендии како спортисти од меѓународна категорија само за ...

За полуфиналето "избран" домаќинот Полска!

Утрински - 16.08.2002

Неочекуван пораз на Македонија од Хрватска 24:26 во 5. коло на 4. ЕП за јуниори во Гдањск Со изненадувачкиот пораз од Хрватска 24:26 во петтото и последно коло од А-групата на 4. Европско првенство во ракомет за јуниори што од 8 до 18 август се одржува во Гдањск, македонските репрезентативци не ...

Пораз од Хрватска, утре против Полска

Дневник - 16.08.2002

РАКОМЕТ - МЛАДИНСКО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Во полуфиналето (18.30 ч.) добивме потежок противник, кој е апсолутен фаворит на првенството Младите ракометари на Македонија беа поразени од своите врсници од Хрватска, со 24-26 (11-15), во последниот меч, вчера, од натпреварите од групата А на Европското ...

Македонија и Полска ќе играат во 1/2 финалето на ЕП во ракомет за млади

А1 - 15.08.2002

Македонските ракометари ќе играат со домаќинот Полска во полуфиналето на 4-тото европско младинско првенство во Гдањск. Ова е епилогот по одигрувањето на средбите од последното 5-то коло во кое нашите ракометари го доживеа првиот пораз на турнирот и пропуштија можност да го освојат првото место во ...

Со победа над Хрватска да се избегне домаќинот во полуфиналето

Вест - 15.08.2002

РАКОМЕТ - МЛАДИНЦИТЕ ДЕНЕСКА ГО ИГРААТ ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОД ГРУПАТА НА ЕП ВО ПОЛСКА Нема опуштање ни против Хрватска. - Митко Стоилов Македонската репрезентација засега е единствениот сигурен полуфиналист на четвртото Европско младинско првенство во полскиот град Гдањск, откако со седум бодови ...

Хрватска загревање за полуфиналето со Романија

Дневник - 15.08.2002

РАКОМЕТ - МЛАДИНСКО ЕП ВО ПОЛСКА Вчера ден за одмор, пред денешниот меч со аутсајдерот Хрватска која досефга нема освоено бод Ако македонската машка ракометна репрезентација во денешниот последен натпревар од група А на младинското ЕП во Полска ја победи последнопласираната Хрватска (12 ч.

Слободен ден за нашите млади ракометари на ЕП

А1 - 14.08.2002

Македонските ракометни јуниори го искористија денот за одмор на Европското првенство во полскиот Гдањск, проучувајќи ја играта на можните противници во саботното полуфинале. Три селекции од групата "Б" останаа во игра за медали.

Македонија во борба за медалите!

Утрински - 14.08.2002

По ремито 33:33 со СР Југославија во четвртото коло на 4. ЕП за јуниори во Полска Кузманоски убедливо најефикасен на средбата со десет гола Со ремито 33:33 (17:19) против директниот конкурент СР Југославија во четвртото коло на 4.

Македонија се пласира во полуфиналето

Дневник - 14.08.2002

РАКОМЕТ - ЕП ЗА МЛАДИ ВО ПОЛСКА Македонија избори нерешен резултат против СР Југославија (33-33), со што остана на водечката позиција во групата, со големи шанси да ја задржи Во меч полн со пресврти против своите врсници од СРЈ, македонската машка младинска репрезентација успеа со нерешен резултат, ...

Историски успех на нашата млада ракометна репрезентација

А1 - 13.08.2002

Младинската ракометна репрезентација на Македонија постигна историски успех. На 4-тото Европско првенство во Гдањск, по денешниото реми од 33:33 со селекцијата на Југославија избраниците на Темелковски изборија пласман во 1/2 финалето.

Македонија речиси сигурен полуфиналист!

Утрински - 13.08.2002

Со победата и над Португалија од 27:26 во третото коло на 4. ЕП во ракомет за јуниори во Полска Од последните две кола доволен е и само еден бод за вмешување во борбата за медалите Машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија во третото коло на 4.

Македонија во Гдањск го кова првиот медал

Дневник - 13.08.2002

РАКОМЕТ - ТРЕТА ПОБЕДА НА МЛАДИНСКОТО ЕП ВО ПОЛСКА За теоретска потврда на успехот, пласманот во полуфиналето и за борбата за медал се потребни уште два бода од мечевите против СРЈ (денеска 14 ч.) и Хрватска (утре, 12 ч.) По победата од 27-26 (11-11) против Португалија, трета на ЕП во Полска, ...

Нашите млади ракометари се на чекор до 1/2 финалето на ЕП во Гдањск

А1 - 12.08.2002

Македонската машка ракометна младинска репрезентација се наоѓа на чекор до пласман во полуфиналето на Европското првенство во полскиот град Гдањск, по денешната победа над Португалија од 27:26, што е трета досега во групата "А".

По двете победи на стартот Македонија ги отвара врати до полуфиналето

Вест - 12.08.2002

ЕВРОПСКО МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ Македонската младинска ракометна репрезентација со две победи стартуваше на четвртото Европското првенство во Гдањск (Полска). Македонската младинска ракометна репрезентација со две победи стартуваше на четвртото Европското првенство во Гдањск (Полска).

Сигурен од кон најголемиот успех на македонскиот ракомет

Утрински - 12.08.2002

Две победи на стартот на ЕП за јуниори во ракомет за македонската репрезентација во Полска Македонската јуниорска ракометна репрезентација забележи одличен старт на 4. Европско ракометно првенство за јуниори кое се одржува во Полскиот град Гдањск.

Македонија со сигурен чекор кон медал

Дневник - 12.08.2002

РАКОМЕТ - МЛАДИНСКО ЕП По двете победи на почетокот против Чешка и Данска, се будат апетитите за пласман меѓу првите две селекции во групата и борбата за медал Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија стартуваше со две победи над Чешка и Данска на Европското првенство (ЕП) кое се ...