TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Работнички Фершпед ја освои 12. шампионска круна

Време - 22.04.2006

ОДБОЈКА Одбојкарите на Работнички Фершпед по 12-ти пат се запишаа во историјата на македонската одбојка како шампиони во машка конкуренција. Синоќа против Македонија Џио славеа победа од 3:2 во сетови и со оваа победа од финалната пресметка, вкупно трета, не дозволија четврти натпревар во Скопје .

Тринаесеттата круна за Работнички

Вест - 22.04.2006

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФОТ Одбојкарите на Работнички Фершпед успеаја и во третиот натпревар од финалната серија да го совладаат домаќинот Македонија Џио со 3:2, што им овозможи да ја одбранат шампионската титула. Од осамостојувањето на Македонија, единствено во сезоната 1992/93 година друга ...

Работнички Фершпед по 12. пат со шампионски сјај

Утрински - 22.04.2006

По триумфот во третиот финален плејоф меч над Македонија Џио со 3:2 САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Одбојкарите на Работнички Фершпед го спуштија на земја струмичкиот прволигаш Македонија Џио и со победата од 3:2 (по сетови 25:27, 25:17, 20:25, 25:21, 15:13) во третата финална пресметка од годинашниот плеј-оф ...

„Железничарите“ експресно до 12. титула

Дневник - 22.04.2006

Работнички Фершпед со третата победа против Македонија Џио ја одбрани титулата и се подготвува за полуфиналето во Купот, против истиот противник Одбојкарите на Работнички Фершпед освоија експресно нова титула во првенството на Македонија, откако во третиот финален натпревар од плејофот со 3-2 на ...

Работнички Ф. ја одбрани титулата

Вечер Прес - 22.04.2006

Одбојкарите на Работнички Ф ја потврдија доминацијата на домашната сцена откако и во третиот финален натпревар од разигрувањето, во Струмица, славеа против Македонија Џио со 3:2 (25:27, 25:17, 20:25, 25:21 и 15:13) и по 12. пат станаа прваци на Македонија.

Работнички Фершпед ја освои 12-тата одбојкарска шампионска титула

А1 - 21.04.2006

Во македонската одбојка ништо ново. И сезонава Работнички Фершпед немаше конкуренција во квалитативно скромното домашно првенство. Амбициозниот тим на Македонија Џио му даде отпор во рамките на можностите, што беше далеку од доволно да се симне од тронот нашата најтрофејна одбојкарска екипа.

"Шпедитерите" тргнуваат во одбрана на титулата

Утрински - 21.04.2006

Стартува полуфиналната разврска во кошаркарското првенство Вечерва во салата "Градски парк" во Скопје, со дуелот меѓу актуелниот првак Фершпед Работнички и Пелистер започнува полуфиналето на плејофот во кошарка. "Шпедитерите" во овој двомеч стартуваат со предност од 1:0, во серијата (подобар од ...

Македонија Џио немоќна и дома

Време - 20.04.2006

ОДБОЈКА ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ Работнички Ф. поведе со 2-0 во финалната серија за освојување на шампионската одбојкарска титула. Со 3-1 во сетови “железничарите“ од Скопје во салата “Партизан“ го совладаа Македонија Џио и си создадоа огромна предност пред престојниот дуел закажан за денеска исто така во ...

Одбојкарите на Работнички Ф. пред одбрана на титулата

Утрински - 20.04.2006

По победата од 3:1 над Македонија Џио во Струмица Екипата на Работнички Фершпед се наоѓа на чекор до одбрана на шампионската титула во машкото одбојкарско првенство, откако во вториот финален плеј-оф натпревар триумфираа над Македонија Џио во Струмица со 3:1 (25:17, 25:20, 21:25, 25:20).

„Железничарите“ вечерва играат за титула

Дневник - 20.04.2006

Одбојкарите на актуелниот шампион, мажи, Работнички Фершпед, се на чекор до титулата во Првенството на Македонија, пред денешниот меч во Струмица, против Македонија Џио (18 ч.). Скопјани со 2-0 во победи водат во финалната серија, што се игра во три добиени и ако денеска триумфираат, со тоа по 13.

Седма титула за Фершпед Работнички

Вест - 18.04.2006

КОШАРКА - КУП НА МАКЕДОНИЈА Фершпед Работнички ја освои седмата куп титула, четврта еднодруго, среќно совладувајќи го Вардар Осигурување во финалето на првиот "фајнлеит" куп турнир во историјата на македонската кошарка. Фершпед Работнички ја освои седмата куп титула, четврта еднодруго, среќно ...

Работнички до седмиот пехар

Време - 18.04.2006

КОШАРКА Игор Крстевски Посебна страница од историјата на македонската кошарка испишаа кошаркарите на Вардар Осигурување и на Фершпед Работнички во финалната пресметка од 14 издание на Купот на Македонија кое за првпат се игра со фајналејт-формат.

Седма куп-титула за "шпедитерите"

Утрински - 18.04.2006

Фершпед Работнички го победи Вардар осигурување со 80:78 во финалето на Купот на Македонија во кошарка Плејот на Ф. Работнички, Стојановски, прогласен за МВП на турнирот Актуелниот шампион Фершпед Работнички е старо-новиот освојувач на Купот на Македонија во кошарка, а до последниот трофеј оваа ...

Струмичани ќе враќаат за поразот

Дневник - 18.04.2006

Струмичкиот прволигаш Македонија Џио, мажи, попладнево (18) ќе го игра првиот натпревар од финалната серија во плејофот на домашен терен, против Работнички Фершпед. Шампионот од Скопје веќе еднаш беше совладан во Струмица од Македонија Џио, со 3-1, во есенскиот дел од првенството.

Седми трофеј за Фершпед Работнички

Дневник - 18.04.2006

Втора година по ред финална жртва на „шпедитерите“ е Вардар Осигурување, кого го победија со 80-78 Ниту на Исток нема ништо ново. Фершпед Работнички ја продолжи серијата на освојување трофеи во Купот на Македонија, откако тренер на тимот е селекторот Јорданчо Давитков.

Фершпед Работнички до седмата круна

А1 - 17.04.2006

Новата шема за 14-та титула во нашиот машки кошаркарски Куп осум кон финале донесе стар шампион. Фершпед Работнички до седмата круна и 50% ефект во оваа конкуренција во трилер завршница и повторно жртва Вардар Осигурување кој заслужи најмалку заеднички да го подигне победничкиот пехар со славеникот.

Стартна победа на Работнички

Вест - 17.04.2006

ОДБОЈКА - ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ Актуелниот одбојкарски шампион Работнички Фершпед поведе со 1:0 во првиот натпревар од финалната плеј-оф серија против струмичка Македонија Џио кој се играше во салата "Градски парк" во Скопје. "Шпедитерите" остварија победа од 3:0 (25:20, 25:19, 25:14) и покажаа зошто во ...

Реприза на завршницата во ланскиот плеј-оф

Утрински - 17.04.2006

Кошарка Синоќа во салата "Младост" во Струмица се одигра годинашното финале во домашниот Куп во кошарка. Во натпреварот за престижниот трофеј се сретнаа минатогодишните финалисти од плеј-офот Фершпед Работнички и Вардар Осигурување.

Работнички Ф. како брз воз во првиот меч

Дневник - 17.04.2006

Финалната серија за титулата во Првенството се сели во Струмица, утре и в четврток, по триумфот на шампионот против Македонија Џио со 3-0 во Скопје Работнички Фершпед води со 1-0 во средби против Македонија Џио, во финалната серија на плејофот од Првенството на Македонија во одбојка, мажи.