TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжува израелското повлекување од Газа

А1 - 21.08.2005

Запалените барикади и заклучените порти не ги спречија израелските војници денеска да влезат во населбата Катиф по еврејскиот Сабат, од иселувањето во појасот Газа. Засега се претпоставува дека во оваа населба останале околу 900 луѓе, што е околу 90% од популацијата на населбата.

Палестинските парламентарни избори на 25 јануари 2006-та

А1 - 20.08.2005

Палестинските парламентарни избори ќе се одржат на 25 јануари идната година, соопшти палестинскиот претседател Махмуд Абас. Изборите требаше да се одржат минатиот месец, но беа одложени поради израелското повлекување од Појасот Газа.

Мнозинството Израелци го поддржуваат повлекувањето од Газа

А1 - 20.08.2005

Мнозинството Израелци го поддржуваат отпочнатото повлекување од Појасот Газа, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење што ги објави Израелското државно радио. Според анкетата, 54% од испитаниците ја поддржуваат евакуацијата, 39% се против, додека 7% немаат став по прашањето.

Палестинците преземаат контрола врз напуштените територии

А1 - 20.08.2005

Драматични сцени во Газа денеска не се регистрирани поради верскиот Сабат, но почнаа првите сомневања. Се уште е неизвесно дали палестинско-израелскиот мировен договор од Осло ќе заживее и во пракса. Радикалната палестинската организација Хамас преку официјално соопштение се закани дека нема да ...

Испразнета забарикадираната синагога во Газа

Вест - 20.08.2005

ЕФИКАСНА ОПЕРАЦИЈА НА ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЈНИЦИ По вчерашната операција, сите освен четири од вкупно 21 населба во Газа се испразнија, а израелскиот командант за регионот, генерал-мајор Дан Харел, вели дека остатокот може да се испразни до вторник - со неде Појасот Газа, 20 август (АП) - Израелски ...

Евакуацијата завршува во понеделник?

Вечер Прес - 20.08.2005

Евакуацијата на еврејското население од Појасот Газа ќе биде завршена в понеделник или вторник, а веќе следната недела би можело да почне уривањето на напуштените куќи, соопштија официјални претставници на израелските безбедносни сили.

Преселени жителите од двете најголеми населби во Газа

А1 - 19.08.2005

Преселени се жителите од двете најголеми населби на Евреите на окупираната палестинска територија во појасот Газа. Со енергична акција израелската армија успеа да ги евакуира најтврдокорните Евреи забарикадирани во синагогите со нивните приврзаници од другите израелски градови.

Доселениците плачеа, маваа со јајца, пееја и се криеја во синагоги

Време - 19.08.2005

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ПРИСИЛНАТА ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА Израелските сили вчера извлекувале стотици демонстранти од синагогата во најголемата населба во појасот Газа, Неве Декалим, на вториот ден од присилното иселување на еврејските доселеници, јави АФП. - Имајте милост.

Чистката на израелската војска зафати и синагога

Вест - 19.08.2005

ЕВРЕЈСКИТЕ НАСЕЛБИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА ИСПРАЗНЕТИ ДО ВТОРНИК Ерусалим, 19 август (АП) - Израелските сили за безбедност вчера попладне упаднаа во синагогата во најголемата еврејска доселеничка населба во Појасот Газа, Неве Декалим, со цел да ги отстранат стотината млади противници на израелското ...

Израелските војници го скршија отпорот во Кфар Даром

Утрински - 19.08.2005

Шарон не попушта - војниците ги извлекуваа расплаканите еврејски доселеници од нивните домови Оние што се уште опстојуваат во протестот се стотиците млади радикали кои успеаја да влезат во последниве неколку недели и се забарикадирани во синагогата во Неве Декалим.

Големата преселба на Евреите

Дневник - 19.08.2005

ИЗРАЕЛЦИТЕ ГИ ЕВАКУИРААТ ДОСЕЛЕНиЧКИТе НАСЕЛБИ ОД ОКУПИРАНАТА ТЕРИТОРИЈА ГАЗА Израелски трупи вчера насила ги евакуираа последните доселеници од Кфар Даром, најтврдокорната еврејска енклава во појасот Газа, надевајќи се дека до вторник ќе заврши мачното повлекување од јужната окупирана палестинска ...

Синагогите - центри на отпорот

Вечер Прес - 19.08.2005

Вчераутро почна присилната евакуација од израелската населба Кфар Даром, со околу 500 жители и тврдина на противниците на повлекувањето од Појасот Газа, соопшти воен претставник. Илјадници војници навлегле во населбата и ја опколиле синагогата и уште два комплекса со противници на евакуацијата.

Почна присилната евакуација од Кфар Даром во Газа

А1 - 18.08.2005

Отпорот на еврејските доселеници, ескалираше денеска откако израелската армија влезе во двете најголеми населби во појасот Газа. Доселениците кои не сакаат да бидат иселени од своите домови, пружија отпор, со што ги запоседнаа главните улици и Синагогата во Неве Декалим, место што се сметаа за ...

Израелските сили присилно иселуваа од Газа

Време - 18.08.2005

ПО ИЗМИНУВАЊЕТО НА РОКОТ ОД 48 ЧАСА Израелските сили вчера почнале присилно да ги иселуваат еврејските доселеници од појасот Газа, по истекувањето на рокот од 48 часа, кога тие требаше мирно да си заминат, јави АФП - Речиси 60 отсто од доселениците се евакуирани - изјави Ранан Гисин, еден од ...

Во знак на протест се самозапали 60-годишна жена

Утрински - 18.08.2005

Судири и инциденти на првиот ден од присилното раселување на Евреите од окупираните територии Илјадници десно ориентирани деселеници му се спротивставија на планот на премиерот Ариел Шарон за „разделување“ од конфликтот со Палестинците ЕРУСАЛИМ - Една Израелка вчера се замозапали пред контролниот ...

Израелка се самозапали како протест против повлекувањето

Дневник - 18.08.2005

МАЧНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЕВРЕИТЕ Педесет и едногодишна жена се здобила со тешки изгореници откако се самозапалила во знак на протест поради повлекувањето на Евреите од појасот Газа, соопшти портпаролот на израелската полиција, јави МИА.

Доселениците се судрија со полицијата

Време - 17.08.2005

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД ГАЗА Еден полициски офицер е повреден, а најмалку 50 млади лица биле уапсени, на вториот ден од израелското повлекување од појасот Газа по судирот на безбедносните сили со десничарските активисти во еврејската населба Неве Декалим во Појасот Газа, јави МИА.

Евреите со блокади и солзи си ги бранеа домовите

Вест - 17.08.2005

ИЗРАЕЛ ПРОТЕСТИРА - ПАЛЕСТИНА МАРШИРА Газа, 17 август (Би-Би-Си) - Израелските војници кои го спроведуваат планот за иселување на Евреите од Газа вчера со сила ги иселуваа преостанатите доселеници, што доведе до судири во областа.

Шарон им одбројува на доселениците

Утрински - 17.08.2005

Израелските воени сили со сила и со пили за метал влегоа во најголемата еврејска населба во Газа Ариел Шарон: Не може да останеме во Газа засекогаш. Тука живеат повеќе од еден милион Палестинци Израелските сили го пробија патот кон најголемата населба во Газа, каде што доселениците се соочуваат со ...

Заврши рокот за мирно повлекување на Евреите

Дневник - 17.08.2005

ДИСЛОКАЦИЈА НА ДОСЕЛЕНИЧКИТЕ НАСЕЛБИ ОД ГАЗА Израелските сили вчера воспоставија контрола врз главниот влез на најголемата еврејска населба во појасот Газа, Неве Декалим, кој беше блокиран од жителите кои се спротивставуваа на евакуацијата, јави МИА.

Израелка се самозапали во знак на протест поради повлекувањето

Канал5 - 17.08.2005

Израелка се здобила со тешки изгореници откако се самозапалила во знак на протест поради повлекувањето на Евреите од Појасот Газа, соопшти портпаролот на израелската полиција, командантот Ави Зелба. Израелка се здобила со тешки изгореници откако се самозапалила во знак на протест поради ...

Израелци против Евреи!

Вечер Прес - 17.08.2005

Израелската армија вчера, по жестоки судири со еврејските активисти, воспостави контрола врз главниот влез на најголемата еврејска населба во Појасот Газа, Неве Декалим. Во судирите се уапсени 500 активисти при обид да влезат во населбите во Појасот Газа.

Израел презеде контрола врз најголемата еврејска населба во Газа

А1 - 16.08.2005

Израелската армија денеска воспостави контрола врз главниот влез на најголемата еврејска населба во Појасот Газа, Неве Декалим, што од вчера беше блокиран од жителите кои се спротивставуваа на евакуацијата. Израелската полиција синоќа уапси 500 израелски активисти при обид да влезат во населбите во ...

Инциденти при повлекувањето од Газа

А1 - 16.08.2005

Тројца Палестинци се убиени од страна на израелски националисти за време на иселувањето на доселениците во појасот Газа. Властите во Тел Авив стравуваат дека радикалните Евреи можат да извршат напади врз Палестинците и да дојде до ескалација на состојбата на Блискиот Исток.

Израел почна да се повлекува од Газа

Време - 16.08.2005

ПО 38 ГОДИНИ ОКУПАЦИЈА Израел вчера почна да го спроведува планот на премиерот Ариел Шарон за повлекување од појасот Газа и да ги евакуира еврејските доселенички населби, по 38 години окупација, јави АФП. Илјадници израелски полицајци и војници се упатиле во еврејските населби во Газа за да ги ...

Израел конечно го одобри повлекувањето на насебите во Газа

Вест - 16.08.2005

ЕРУСАЛИМ (Ројтерс) - Кабинетот на израелскиот премиер Ариел Шарон вчера даде конечно одобрение за евакуација на Гуш Катиф, најголемиот блок населби во окупираниот Појас Газа, велат надлежните. Одобрението е прифатено со 16 наспрема 4 гласови.

Мировниот маневар на Шарон

Утрински - 16.08.2005

АНАЛИЗА Напуштањето на Газа ја зајакнува позицијата на 230.000 Евреи населени во 120 енклави во Западниот Брег, каде што живеат 2,4 милиони Арапи. Тоа е стратегиски позначајно место за Израел Димитар Чулев Ариел Шарон, премиерот на Израел, го вложи целиот свој авторитет во последната блискоисточна ...

Со барикади и со тела против насилната депортација

Утрински - 16.08.2005

Еврејските доселеници што му пркосат на планот за повлекување вчера ги блокираа влезовите во населбите во Газа Беа потпишани договори со државата за компензација, а оние што одбија да ги напуштат домовите ќе изгубат меѓу 150 и 400 илјади долари за семејство НЕВЕ ДЕКАЛИМ - Еврејските доселеници што ...

Газа од вчера е забранета територија за Евреите

Дневник - 16.08.2005

ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ОКУПИРАНИТЕ РЕГИОНИ Израел прексиноќа на полноќ го почна историското повлекување од палестинскиот појас Газа, по 38 години окупација, прогласувајќи го нелегално присуството на Израелците во тој регион, јави МИА.

Први судири со противниците на повлекувањето од Појасот Газа

Канал5 - 16.08.2005

Еден полициски офицер е повреден, а најмалку 50 млади лица се уапсени, на вториот ден од израелското повлекување од Појасот Газа по судирот на безбедносните сили со десничарските активисти во еврејската населба Неве Декалим во Појасот Газа.

Иселување или исфрлување!

Вечер Прес - 16.08.2005

Израел од вчера на полноќ го започна историското повлекување од појасот Газа, по 38 години окупација, проследено со големи тензии и бројни инциденти. Илјадници израелски војници и полицајци вчера тргнаа од врата на врата за да на сите жители во населбите им објават наредба за евакуација.

Израел на полноќ го започна повлекувањето од Газа

А1 - 15.08.2005

Израелците против Евреите, војниците против еврејските доселеници. Вака изгледа сликата од појасот Газа. Во населбите со Израелци во појасот Газа и во делот од Западниот брег владее напнатост пред истекот на ултиматумот за нивно повлекување.

Палестински екстремисти гранатирале еврејска населба

А1 - 15.08.2005

Палестински екстремисти рано изутринава испукале две гранати врз еврејската населба Гадид во централниот дел на појасот Газа, независно на фактот што повеќе илјади палестински полицајци се ангажирани да спречат такви напади за време на израелското повлекување.

Израелските и палестинските сили се подготвуваат за повлекувањето

Време - 15.08.2005

ПОСЛЕДНИ МОМЕНТИ ПРЕД ЕВАКУАЦИЈАТА ОД ГАЗА Израелската полиција вчера поставила нови блокади во јужен Израел, за да го спречи пристапот до еврејските населби во појасот Газа што треба да бидат евакуирани по 17 август, јави МИА.

Блокади ја бранеа Газа од Еврејци

Вест - 15.08.2005

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ИЗРАЕЛЦИТЕ ОД ПОЈАСОТ НАПРАВИ ХАОС ГУШ КАТИФ, Појас Газа (Ројтерс) - Илјадници израелски полицајци вчера го блокираа влезот во Газа за да ги задржат радикалните Еврејски демонстранти во одбројувањето пред израелското повлекување од окупираната Газа, кое треба да почне неделава.

Израелците се повлекуваат од Појасот Газа

Канал5 - 15.08.2005

Израелското повлекување од Појасот Газа започна точно на полноќ, со симболичното спуштање на рампата на контролниот пункт Кишуфим, на патот што води кон еврејските населби. Израелското повлекување од Појасот Газа започна точно на полноќ, со симболичното спуштање на рампата на контролниот пункт ...