TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Долги и мачни преговори за нова влада

А1 - 13.10.2002

„Преговорите со ДУИ се во решавачката фаза“, изјави денеска Јован Манасиевски, потпретседател на ЛДП и член на тимот на коалицијата „За“ кој ги води разговорите со Демократската унија за интеграција. Манасиевски ја даде изјавата по денешниот дваиполчасовен состанок на раководствата на СДСМ и на ЛДП ...

ДУИ го сака министерството за надворешни работи, за „За“ тоа е неприфатливо

А1 - 12.10.2002

Коалицијата „За Македонија заедно“ и ДУИ вечерва би требало да ги продолжат преговорите за новата влада. Состанокот би можел и да биде одложен за утре претпладне, поради зафатеноста на дел од преговарачите со други обврски. На средбата треба да продолжи дискусијата за распределбата на 14-те ...

Распределени владините ресори

А1 - 11.10.2002

Правда, транспорт и врски, образование и наука и уште еден со помало значање се четирите ресори-фаворити на ДУИ во преговорите за новата влада. Овој предлог, тврдат партиски извори, тимот на ДУИ во состав Буџаку, Арифи и Џафери го презентирал на вчерашната средба со претставниците на СДСМ и на ЛДП, ...

ДУИ ги одбива ресорите што ги нуди "За"

Утрински - 11.10.2002

Вчерашната рунда преговори за новата влада на Црвенковски ги донесе првите компликации ДУИ не ги прифати вчера понудените министерски ресори од страна на коалицијата "За" со што требаше да се заврши формалниот дел од формирањето на владата и да се прејде на суштинскиот - назначување на министрите.

Унитарниот принцип вратен во платформата

Дневник - 11.10.2002

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА Заложбата за почитување на принципите за унитарниот карактер на државата што беше заборавен вчера беше вграден во договорената владина платформа по новата рунда преговори меѓу коалицијата "За" и Демократска унија за интеграција.

Унитарна Македонија цел на новата влада на „За“ и ДУИ

А1 - 10.10.2002

Коалицијата „За“ и Демократската унија за интеграција како партнери во новата влада ќе работат на зачувување на унитарниот карактер на Македонија. Овој принцип, за кој преговарачите од „За“ и од ДУИ заклучиле дека бил заборавен при составувањето на предлог-идеите за владината програма, на денешната ...

Државата преку фондови ќе го финансира високото образование на Албанците

Вест - 10.10.2002

"ЗА" И ДУИ ЈА ПРЕЦИЗИРАА ПЛАТФОРМАТА ЗА НОВАТА ВЛАДА Коалиционите партнери се согласиле Рамковниот договор целосно да се имплементира до крајот на четиригодишниот мандат на новата влада Претставниците на преговарачките тимови на колаицијата "За" и на ДУИ начелно постигнале согласнот за целосна ...

Поповски: Новата влада ќе биде избрана до 25 октомври

Утрински - 10.10.2002

НАЈАВА "Очекувам новиот владин кабинет во Собранието да биде избран до 25 октомври, а преговорите да завршат најдоцна за една недела", изјави вчера Никола Поповски, претседател на Собранието и преговарач со идните коалициски партнери во власта - ДУИ, во интервјуто за ?Утрински весник" што ќе биде ...

СДСМ и ДУИ ја усогласија платформата, на ред се министрите

Утрински - 10.10.2002

Новата влада ќе биде позната идната седмица, но нема да може да дејствува пред 25 октомври Соња Крамарска Владата на премиерот Црвенковски е пред конечно формирање откако трипартитниот преговарачки тим завчера ја договори платформата за нејзиното дејствување - проект за кој многумина прогнозираа ...

Новата влада ќе се знае во наредната недела

Дневник - 10.10.2002

ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ "ЗА" И ДУИ ЗАБРЗУВААТ "За" и ДУИ ја затвораат дискусијата за платформата, а од денеска почнува поделбата на ресорите Составот на новата влада би можел да биде соопштен веќе во првата половина на наредната недела, а собраниска седница за нејзиниот избор би можела да се одржи десет ...

Усогласена платформата и принципите за нова влада

А1 - 09.10.2002

Враќање на мирот и безбедноста, намалување на невработеноста и на сиромаштијата, борба против корупцијата, криминалот и тероризмот, завршување на приватизацијата и преиспитување на постапките завршени досега, ефективна децентрализација на власта, интегрирање на сите етнички заедници во државните ...

ДУИ го бара транспорт и врски, а "ги враќа" труд и социјала

Утрински - 09.10.2002

По усогласената платформа се пеглаат и ресорите во идната владина коалиција По завчерашниот застој во разговорите предизвикан од апсењето на членот на партиското раководство на ДУИ, Дураку, вчера е постигнат извесен напредок во оформувањето на идната владина коалиција чијшто столб ќе бидат СДСМ, ...

Детализирање на принципите на новата влада

А1 - 08.10.2002

Детализирање на принципите на владината програма усогласени во претходните разговори, е темата на средбата на преговарачките тимови на коалицијата „За“ и на ДУИ, која доцна попладнево или вечерва ќе се одржи во Скопје. На состанокот се очекува и одговорот од ДУИ за тоа дали го прифаќа предлогот во ...

Поради дефектен деловник Македонија губи уште десет дена без влада

Вест - 08.10.2002

ЛИДЕРОТ НА СДСМ ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА СВОЈОТ КАБИНЕТ Мандатарот Бранко Црвенковски во консултации со претседателот на Собранието Никола Поповски, утврдиле дека поради роковите дадени во деловникот за закажување седница на Парламентот за избор на нова влад Претседателот на државата Борис ...

Црвенковски: Парламентот повторно ќе расправа за ОКТА

Утрински - 08.10.2002

Интервју на лидерот на СДСМ за "Катимерини" Атина - Односите помеѓу Атина и Скопје уште повеќе ќе се подобруваат, изјави лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Бранко Црвенковски, во интервјуто за атинскиот весник "Катимерини" .

Црвенковски стана мандатар, новата влада заглавува во процедурата?!

Утрински - 08.10.2002

Трајковски му го додели мандатот на лидерот на победничката коалиција Претседателот на државата, Борис Трајковски, вчера му го додели мандатот за формирање влада на социјалдемократскиот лидер Бранко Црвенковски, кого неговата партија завчера го номинираше за премиерската функција.

"Не заслужуваме власт ако ги повториме грешките"

Утрински - 08.10.2002

По добивањето на мандатот, Бранко Црвенковски одговараше на новинарски прашања Соња Крамарска Дали го добивте мандатот за формирање влада од Трајковски? Согласно со Уставот на Република Македонија и почитувајќи ги изборните резултати, денеска претседателот на државата ми го довери мандатот за ...

Утврдени принципите на ДУИ за преговори со мандаторот

Утрински - 08.10.2002

СЕДНИЦА ТЕТОВО - Демократската унија за интеграција влегува во преговори со мандатарот за состав на новата влада, зашто тоа е одраз на волјата на електоратот на Албанците во Македонија кои и дадоа најголема доверба на оваа партија.

Црвенковски: Ако пак грешиме, не заслужуваме да бидеме влада

Дневник - 08.10.2002

ЛИДЕРОТ НА КОАЛИЦИЈАТА "ЗА" ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА НОВА ВЛАДА Вчера почна рокот од 20 дена за доставување на предлогот за нова влада до Собранието Претседателот на државата, Борис Трајковски, вчера му го довери мандатот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, за составување нова влада.

Платформа има, се делат министерствата

Дневник - 08.10.2002

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА Коалицијата "За Македонија - заедно" и ДУИ се на чекор да постигнат согласност за платформата врз која би функционирала новата коалициска влада. Нејзините основни точки се: територијален интегритет, стабилност, економски развој, реинтеграција на загрозените подрачја, ...

Трајковски му го довери мандатот на Црвенковски

А1 - 07.10.2002

Претседателот Борис Трајковски, во согласност со уставната процедура, денеска на Бранко Црвенковски му го довери мандатот за составување нова влада. Од денеска тече уставниот рок од 20 дена во кој мандатарот треба на Собранието да му поднесе програма и да му предложи состав на кабинетот.

Црвенковски најавува подобрување на односите меѓу Атина и Скопје

А1 - 07.10.2002

„Односите помеѓу Атина и Скопје уште повеќе ќе се подобруваат“, изјави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во интервју за атинскиот весник „Катимерини“, објавено под наслов „Рака на пријателство на Црвенковски“. Во интервјуто се пренесуваат оценките на Црвенковски дека за прашањето на името и натаму ...

Новата Влада ќе се гласа во Собранието кон крајот на месецот

А1 - 07.10.2002

Новата Влада може да биде изгласана во Собранието најверојатно дури кон крајот на овој месец. Решението во новиот деловник ги пролонгира роковите за гласање на Владата најмалку 10, а најмногу 15 дена, откако мандатарот Бранко Црвенковски ќе го достави списокот на својот кабинет до Претседателот на ...

Бранко и официјално мандатар

Вест - 07.10.2002

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ДЕНЕС ЌЕ МУ ГО ДОВЕРИ МАНДАТОТ НА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ЗА СОСТАВ НА НОВАТА ВЛАДА Лидерот на СДСМ има 20 дена да го состави својот кабинет Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ, од највисокот партиско тело вчера формално доби поддршка да биде мандатар за составување нова влада.

Црвенковски од денеска мандатар, владата позната до крајот на седмицава?

Утрински - 07.10.2002

По дводневна пауза, денеска продолжуваат преговорите меѓу коалицијата "За" и ДУИ Имињата на новите министри од утре ќе се најдат на преговарачката маса Денеска се очекува претседателот Борис Трајковски и официјално да му го додели мандатот за формирање нова влада на социјалдемократскиот лидер ...

Црвенковски и официјално мандатар

Дневник - 07.10.2002

ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР НА СДСМ Лидерот на СДСМ најави дека составот на новата влада ќе се знае до крајот на неделава Бранко Црвенковски ќе биде новиот премиер на Македонија, откако ја доби поддршката од Централниот партиски одбор. За тоа уште вчера требаше да биде информиран претседателот на државата, ...