Учебниците за шесто одделение доцнат, затоа што имало проблеми при формирањето на Рецензионите комисии. Члнови од комисиите си заминале, “мора да се најдат нови и затоа процедурата околу издавањето на учебниците толку се одолговлекла“, вели министерот за образование Перо Стојановски.
Учебниците за шесто доцнат веќе еден месец Родители на шестоодделенците се револтирани поради новите учебници кои доцнат повеќе од еден месец.
Наставниците диктираат, учениците пишуваат. По повеќе од еден месец од стартот на учебната година, шестоодделенците сè уште немаат учебници. Принудени се секој предмет да го учат од тетратка. Револтирани се и велат дека вака не може да се научи.
И по месец и половина од почетокот на учебната година, шестоодделенците немаат учебници. Наставата се изведува примитивно, со диктирање и со препишување. Поради застојот со учебниците, револтирани се и наставниците и учениците. - Имаме голем проблем.
Учениците од шесто одделение се уште се без учебници. Тие оваа година работат според нова, реформирана програма која се воведува како дел од деветгодишното основно образование. Нови учебници треба да има по 11 предмети.
Децата на социјалците не добија работни тетратки Само учебници, но не и работни тетратки добија од Владата учениците што се од социјално загрозени семејства. Родители социјални случаи од Тиквешко сметаат дека Владата со овој потег ги дели децата по социјален статус.