TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжуваат судирите во Багдад и Фалуџа

А1 - 14.11.2004

Во северниот дел на Багдад и во југозападниот дел на Фалуџа од утринава се водат судири меѓу американските сили и бунтовниците. Судирите северно од Багдад почнаа откако бунтовниците вопставија контрола врз магистралата која ја поврзува престолнината со северниот ирачки град Мосул.

Над 1.000 жртви во борбите во Фалуџа

А1 - 14.11.2004

Најмалку 1.000 жртви однесе офанзивата на ирачките и на американските сили за замења на градот Фалуџа, која, официјално, заврши синоќа, без остварување на една од главните цели, фаќање или убиство на бунтовниичкиот лидер Ал Заркави Ирачките власти соопштија дека операцијата е завршена, дека притоа ...

Операцијата во Фалуџа заврши, убиени 1.000 бунтовници

А1 - 13.11.2004

Советникот за национална безбедност на Ирак, Касем Дауд денеска изјави дека големата воена операција за заземање на градот Фалуџа е завршена и оти се убиени 1.000 бунтовници, а 200 се повредени. Тој истакна дека во градот останале уште неколку мали групи терористи.

Голема хуманитарна катастрофа во Фалуџа

Вест - 13.11.2004

БАГДАД, 13 ноември (Ројтерс) - Хуманитарните агенции вчера ги повикаа американските сили и ирачката влада да им дозволат да достават храна, лекови, медицина и вода во Фалуџа и рекоа дека четирите дена интензивни борби градот го претвориле во "голема катастрофа".

Американците ги приклештија бунтовниците во Фалуџа

Утрински - 13.11.2004

По четврдиот ден од офанзивата и жестоките борби меѓу сојузничките сили и ирачаните Според американската армија, бунтовничките лидери и странските милитанти ја напуштиле Фалуџа пред започнувањето на нападите ФАЛУЏА - Силите предводени од САД ги фатија во замка бунтовниците во јужниот дел на Фалуџа, ...

Ерупција во Фалуџа, искри во Багдад и во Мосул

Дневник - 13.11.2004

ОПЕРАЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ ВО ИРАК Жестока битка вчера водеа американските сили и ирачките бунтовници и терористи за контрола на џамија во северозападниот дел на Фалуџа, а нови судири избувнаа во Багдад и во северниот град Мосул, јави Ројтерс.

Американците контролираат поголем дел од Фалуџа

А1 - 12.11.2004

Американските и ирачките војници воспоставија контрола врз поголемиот дел на Фалуџа, а бунтовниците се наоѓаат во јужниот реон на градот, соопшти неименуван американски офицер. „Бунтовниците не можат да отидат на север, бидејќи ние сме таму. Тие не можат да отидат на запад поради Еуфрат.

Најдени занданите во кои Заркави ги убивал заложниците

Време - 12.11.2004

ВО ФАЛУЏА Американските и ирачките војници во градот Фалуџа откриле неколку куќи во кои исламистичките терористи ги убивале своите заложници пред филмски камери. - Најдовме куќи за колење што овие луѓе ги користеле. Најдовме црни алишта што ги носеле терористите, стотици компјутерски дискови и цели ...

Куршуми полни со гнев

Дневник - 12.11.2004

ОПЕРАЦИЈА НА АМЕРИКАНСКИТЕ И НА ИРАЧКИТЕ СИЛИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ФАЛУЏА ОД ТЕРОРИСТИ Американските сили за три дена напредуваа длабоко во Фалуџа и зазедоа повеќе од една половина од градот, но вовлечени во тесните улички тие се лесна цел за странските терористи и за домашните милитанти од елитните сили ...

Американски воздушен напад врз Фалуџа

А1 - 11.11.2004

Американската војска денеска со воениот авион АЦ-130 нападна цели во североисточните делови на Фалуџа, од каде може да се види густ чад, јавија агенциите повикувајќи се на очевидци и на официјални извори. Во истиот дел од градот што американските воени сили го зазедоа синоќа се водени улични борби, ...

Исламисти грабнаа роднини на ирачкиот премиер

Вест - 11.11.2004

БАГДАД, 11 ноември (Ројтерс) - Вооружени напаѓачи киднапирале тројца роднини на ирачкиот премиер од пред нивниот дом во Багдад, соопшти вчера привремената ирачка влада. Досега непозната исламистичка група се заканила дека ќе ги убие за 48 часа ако премиерот Ијад Алави не ги отповика американскиот ...

Бунтовниците си отишле од Фалуџа, џабе офанзивата на Американците

Вест - 11.11.2004

КАЈ ФАЛУЏА, 11 ноември (АП) - Брзиот напредок на американските сили во Фалуџа се случува по цена на една од главните цели на операцијата: да се фатат или убијат колку може повеќе бунтовници. Воените извештаи покажуваат дека неколку мали герилски банди, со повеќе од 15 членови, избегале од градот ...

Битката за Фалуџа при крај

Време - 11.11.2004

КОАЛИЦИСКИТЕ СИЛИ ИРАК ВО ЦЕЛОСНА ОФАНЗИВА Американските и ирачките војници вчера продолжиле со сите сили да ги напаѓаат бунтовничките засолништа во Фалуџа. Претставник на американската војска изјавил дека коалициските сили зазеле околу 70 проценти од градот.

Киднапирани роднини на ирачкиот премиер

Утрински - 11.11.2004

Една ирачка Исламистичка група соопшти в ДУБАИ - Исламистичка група соопшти преку Интернет дека киднапирала тројца роднини на ирачкиот премиер Ијад Алави и се заканува дека ќе ги убие за 48 часа доколку државата не го спречи нападот врз Фалуџа и не ги ослободи затворениците.

Во Фалуџа загинаа 10 американски и двајца ирачки војници

Утрински - 11.11.2004

Офанзивата врз ирачкиот град во рацете на бунтовниците зема сў повеќе жртви Се верува дека 50 до 75 отсто од 300.000 жители го напуштиле градот ВАШИНГТОН - Десет американски и двајца ирачки војници кои се бореа покрај нив, загинаа во нападот за преземање на контролата врз Фалуџа, која е во рацете ...

Премиерот ќе прежали братучедза да воспостави ред во Фалуџа

Дневник - 11.11.2004

ДОДЕКА МАРИНЦИТЕ ЗАЗЕДОА ПОЛОВИНА ОД "ОСИЛОТО" И покрај релативно успешното пробивање, офицери признаа дека многу потешко ќе биде да се задржи контролата врз градот и да се исчистат сите квартови од терористи Американските маринци вчера зазедоа една половина од Фалуџа, најголемото терористичко ...

Киднапирани роднини на ирачкиот премиер

А1 - 10.11.2004

Тројца членови од фамилијата на ирачкиот премиер Ијад Алави се киднапирани во Багдад од страна на непознати вооружени мажи, изјави портпарол на ирачката Влада. Според него, биле киднапирани прв братучед на Алави и неговата сопруга и уште еден роднина на премиерот.

Американците контролираат 70% од Фалуџа

А1 - 10.11.2004

Американските напади на Фалуџа продолжија денеска со помош на авијацијата, а маринците тврдат дека од изутринава контролираат околу 70 отсто од градот, кој се смета за засолниште на сунитските бунтовници. Американските авиони изутринава повеќепати во рок од 15 минути го бомбардираа Џолан, кварт во ...

Американците во центарот на Фалуџа

Време - 10.11.2004

ОФАНЗИВА ВО ИРАК Американските и ирачките сили во Фалуџа вчера продолжија да напредуваат кон центарот на бунтовниот ирачки град. Според американските офицери, ирачките терористи давале отпор во понеделникот, првиот ден на офанзивата, но вчера отпорот стивнал и напаѓачите беа на еден километар од ...

Американците се поблиску до центарот на Фалуџа

Утрински - 10.11.2004

И покрај жестокиот отпор од страна на бунтовниците Жителите што потврдија дека американските сили се близу до центарот на Фалуџа, јавија дека градот е обвиткан во чад и дека постојано се случуваат експлозии ФАЛУЏА - Американските сили вчера навлегоа најмалку еден километар кон центарот на ...

Маринците се пробија до центарот на осилото Фалуџа

Дневник - 10.11.2004

ОПЕРАЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИТЕВО ФАЛУЏА Американски сили, поддржани од ирачки војници и со огнена поддршка од воздух, прексиноќа ја нападнаа Фалуџа и за 16 часа се пробија до центарот на градот, кој е главното засолниште на странските терористи и бунтовници, јави Ројтерс.

Американската армија контролира една третина од Фалуџа

А1 - 09.11.2004

Американската армија соопшти дека контролира една третина од Фалуџа, каде што вчера започна офанзивата против бунтовниците. Американските трупи и силите на ирачката влада се наоѓаат многу близу до центарот на градот, потврди неименуван офицер на ирачката војска.

Во новиот мандат, Буш одново ја освојува Фалуџа

Време - 09.11.2004

ВОЈНА ВО ИРАК Американски и ирачки сили вчера изутрина ја нападнале Фалуџа, најголемото упориште на ирачките бунтовници. Авиони и топови ги бомбардирале позициите на исламистите и на садамистите, додека маринците и нивните ирачки сојузници напредувале кон градската болница и кон два моста над ...

Американците ја нападнаа Фалуџа, ќе ја чистат од терористи

Вест - 09.11.2004

38 луѓе загинале, а четворица странски државјани биле заробени кога ирачките сили влегле во главната болница во градот КАЈ ФАЛУЏА, 9 ноември (АП) - Со воени авиони и артилерија американските сили вчера се пробиваа во западната периферија на Фалуџа при што во првата фаза на масовниот напад врз ...

Почна офанзивата против милитантите на Ал Заркави

Утрински - 09.11.2004

Американските сили почнаа жестока акција во ирачкиот град Фалуџа Воздушните напади минатиот четврток одново ја разгореа граѓанската војна која беше смирена речиси повеќе од една година ФАЛУЏА - Американските сили вчера започнаа жесток артилериски напад врз ирачкиот град Фалуџа, кој е под контрола ...

Маринците се построија околу Фалуџа

Дневник - 09.11.2004

ДОДЕКА АВИОНИ И АРТИЛЕРИЈА "ЧИСТАТ ТЕРЕН" Повеќе од 20.000 американски маринци вчера го стегнаа обрачот околу ирачкиот град Фалуџа, готови да влезат во бастионот на ирачките бунтовници откако ќе заврши "чистењето на теренот" со авионски бомби и артилериски проектили, јави Ројтерс.

Американска офанзива врз Фалуџа

А1 - 08.11.2004

Двајца американски маринци загинаа денеска за време на американско-ирачката офанзива врз градот Фалуџа, соопшти Командата на силите на САД во Ирак. Како што јави Си-Ен-Ен, во исто време загинале и најмалку седум ирачки бунтовници.

Ирачката влада прогласи вонредна состојба

Вест - 08.11.2004

БАГДАД, 8 ноември (АП) - Ирачката влада вчера прогласи вонредна состојба за 60 дена во целата држава освен во областите под курдска власт во северот додека американските и ирачките сили се подготвуваат за масовен напад врз бунтовниците во Фалуџа.

Багдад прогласи воена состојба во Ирак

Дневник - 08.11.2004

ПРЕД НАЈАВЕНАТА ОФАНЗИВА ВРЗ ФАЛУЏА Американски авиони и топови вчера засилено ги бомбардираа позициите на ирачките бунтовници во Фалуџа откако Багдад прогласи воена состојба во земјата, јави Ројтерс. Со нападите се врши притисок локалните жители да го предадат јорданскиот терорист Абу Мусаб ал ...