TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски останува потенцијален сведок во Хаг

А1 - 05.08.2007

Драган Гоџо засега останува во игра, Бучковски се уште потенцијален сведок во Хаг. Главниот адвокат на Љубе Бошкоски, Едина Рашидовиќ, вели дека корисноста на Бучковски да се појави во Хаг останува голема, и покрај прогонот против него во Македонија.

Бучковски е прв македонски премиер пред истражен судија

А1 - 05.08.2007

Од шесте премиери, Бучковски е прв претседател на македонска Влада кого истражен судија го испрашувал под сомнение за злоупотреба на државни пари. И имињата на останатите премиери се поврзуваа со афери и корупција. Двајца од нив со најдолг мандат, Црвенковски и Георгиевски, владееја кога во ...

Бучковски останува сведок на одбраната на Бошковски

Канал5 - 05.08.2007

Владо Бучковски останува потенцијален сведок на одбраната на Љубе Бошковски во Хаг. Ова за Канал 5 го изјави шефицата на адвокатскиот тим, Едина Решидовиќ, ден откако Влатко Ѓорчев тврдеше дека Бошковски во телефонски разговор му рекол дека не само што не е загрижен за кривичното гонење на ...

Жешката политичка игра влијае врз Бошкоски

А1 - 04.08.2007

На екс министерот, кој веќе четврта година е во затвор, освен обвинението му се наметнува и жешката политичка игра одовде. Прво го спомна Бучковски, дека сакаат да го уапсат за да се опструира одбраната на која тој беше повикан како сведок.

Нема притвор за Бучковски

Вест - 04.08.2007

ЕКСПРЕМИЕРОТ ИЗВАДИ НОВИ ДОКАЗИ Пред да почне распитот пратеникот Владо Бучковски пред истражната судијка веднаш кажал дека се откажува од пратеничкиот имунитет и презентирал нови докази за случајот. Истражната судијка барањето на Обвинителството за одредување мерка притвор го одби Истражната ...

Маратонски распит на Владо Бучковски во судот во Скопје

Утрински - 04.08.2007

Стотици граѓани и активисти на СДСМ го блокираа Основниот суд 1 во Скопје Љубиша Станковиќ Повеќе од осум часа траеше распитот во Основниот суд 1 на поранешниот премиер и експретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Владо Бучковски, откако тој вчера малку пред девет часот се одзва на ...

Груби фаули за деликатни прашања

Утрински - 04.08.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Законот е еднаков за сите, било да се обични граѓани, јавни личности, сегашни или поранешни премиери. Оваа максима постои откога постојат современите општествени уредувања. Од оваа максима, да се надеваме, се раководеле и судските органи кога побараа од Собранието да му го ...

Итна седница ќе има, но не се знае кога

Утрински - 04.08.2007

СДСМ најави радикализација доколку во меѓувреме дојде до притворање на Бучковски ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Спикерот Љубиша Георгиевски ќе свика вонредна собраниска седница за имунитетот на експремиерот и пратеник Владо Бучковски, но не в понеделник, како што побара пратеничката група на СДСМ.

Ќе докажам дека сум невин во наместената афера

Утрински - 04.08.2007

Владо Бучковски Експремиерот тврди дека министерот Маневски диригирал со марионети во судството БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Велите дека иницијативата за одземање на Вашиот пратеничкиот имунитет е дел на сценарио да не се појавите во Хаг како сведок во одбраната на Љубе Бошкоски .

СДСМ бара итна седница или ќе протестира

Дневник - 04.08.2007

Не знам по која логика Собранието ќе расправа за имунитетот на Владо Бучковски ако веќе денеска му биде изречен притвор , изјави вчера Јани Макрадули Бојкот на Собранието, протести и други форми на радикализација се опциите што ги најавуваа СДСМ ако вонредната собраниска седница за одземање на ...

Уште едно избрзано „востание“

Дневник - 04.08.2007

Собранието требаше да го помести одморот на пратениците и да закаже вонредна седница, па макар таа траела и подолго од Крушевската Република Додека криминалците се' уште пукаат едни на други, а не на судии и политичари, тоа значи дека во земјата се' уште не почнала сериозна битка против криминалот.

Бучковски ќе се брани од слобода

Дневник - 04.08.2007

Обвинителството доби гаранции дека Бучковски постојано ќе им биде достапен на судските органи и затоа се откажа од барањето притвор по таа основа, изјави адвокатот Никола Поленак Нема притвор за Владо Бучковски, реши истражната судијка Катица Јовановска по речиси деветчасовен распит на ...

Поповски тврди дека договорот за тенковите бил штетен

Дневник - 04.08.2007

Генералштабот во 2001 година алармираше дека се купени делови за тенкови „Т-55“ во вредност од 226 милиони денари, а биле побарани делови за околу 37 милиони денари, вели Владо Поповски Во 2002 година утврдивме дека договорот за делови за тенкови е штетен и го раскинавме, а МВР поднесе кривична ...

Правниците поделени за одлуката на судијката

Дневник - 04.08.2007

Судии, адвокати, обвинители, професори по право се поделени во ставовите дали судијката Катица Јовановска постапила исправно кога побарала да му се одземе имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, пред да го сослуша во истражната постапка што се води против него и уште три други лица.

Неизвесно сведочењето во Хаг

Дневник - 04.08.2007

Одбраната на ексминистерот Љубе Бошковски најверојатно ќе се откаже од намерата да го повика Владо Бучковски како сведок во процесот во Хаг , иако тој бил сметан за еден од битните сведоци. Причина е обвинувањето дека Бучковски извршил злоупотреба на државни пари додека бил министер за одбрана.

Спорниот договор со МЗТ ФОП го склучил Никола Кљусев, а еднострано го раскинал Владо Поповски

Канал5 - 04.08.2007

И екс- државниот советник во одбрана Ацо Ѓурчевски, петтиот осомничен во случајот со набавката на резервни делови за армиските тенквои, ќе се брани од слобода. Тој последен од групата осомничени синоќа имаше исказ пред истражната судијка, откако претходно на слобода беше пуштен Владо Бучковски.

Кривични пријави, оптужувања – прв ден по ослободувањето на Бучковски

Канал5 - 04.08.2007

Владејачката ВМРО – ДПМНЕ денеска најостро го осуди однесувањето на опозицијата на седницата за мандатно – имунитетни прашања како насилничко и силеџиско, а протестите пред судот за време на распитот на Владо Бучковски како директно мешање во работата на судскиот систем.

Итна седница после понеделник

Вечер Прес - 04.08.2007

Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски вчера го одби барањето на пратеничката група на СДСМ, најдоцна до понеделник да се одржи итна собраниска седница на која ќе се расправа околу одлуката на комисијата за мандатно-имунитетни прашања која претходно му го одзеде имунитетот и одобри ...

Екс премиерот куртули од притвор

Вечер Прес - 04.08.2007

Нема притвор за пратеникот Владо Бучковски. Тој ќе се брани од слобода. Вака одлучи истражната судијка. По 9 часа испрашување во Судот, Бучковски среќен изјави: - Ја добивме оваа битка, но има уште многу да се работи. Ова е знак дека врз судството нема да влијае политиката, рече Бучковски.

Бучковски задоволен од судската одлука

А1 - 03.08.2007

Бучковски и СДСМ изразија задоволство од одлуката да се брани од слобода. Сметаат дека е победа на правната држава. Најавуваат дека ќе продолжат да ја поддржуваат битката против корупцијата. „Мислам дека пресвртот се случи со тоа што како прво, Владо Бучковски влезе ненајавено во државата и спречи ...

Георгиевски не прифати седница в понеделник

А1 - 03.08.2007

Делегација на СДСМ денеска на средба кај претседателот на Собранието. Излегоа разочарани. Спикерот Георгиевски не им го прифати барањето, итната седница на Собранието за имунитетот на Бучковски да се одржи в понеделник. „Во овој момент продолжува политичкото сценарио и режија, продолжува купувањето ...

Бучковски веројатно нема да сведочи во Хаг

А1 - 03.08.2007

Свесно минирање на одбраната на Љубе Бошкоски или, пак, само борба со корупцијата? Екс министерот за внатрешни може да остане без важен сведок во процесот што се води против него во Хаг. Владо Бучковски требаше да сведочи во негова корист, но по се изгледа тоа нема да се случи.

Бучковски ќе се брани од слобода

А1 - 03.08.2007

Со овации, прегратки, претопен со масата, слободен. Вака Владо Бучковски излезе од судот. „Ја добивме битката за слободата, продолжува битката за демократија и битката за правна држава. Ќе се бранам од слобода“, изјави Владо Бучковски, пратеник од СДСМ. Распитот траеше седум часа.

БМРО-ДПМНЕ изгласа притвор за Владо Бучковски

Вест - 03.08.2007

НА СОБРАНИСКА КОМИСИЈА Со шест гласа за Комисијата за деловнички и мандатно -имунитетни прашања во ноќта спроти Илинден гласаше за одредување притвор на пратеникот Владо Бучковки. Со шест гласа за Комисијата за деловнички и мандатно -имунитетни прашања во ноќта спроти Илинден гласаше за одредување ...

Драматична ноќ во парламентот, одобрен притвор за Бучковски

Утрински - 03.08.2007

Најсилните критики до власта дојдоа од Игор Ивановски, потпретседател на СДСМ, кој рече дека атмосферата личи на Багдад, а власта се однесува како Садам Хусеин. Бучковски не успеа да ја убеди Јакимовска дека Kомисијата не е во право Шестмина членови од девет во комисијата гласаа да му се одземе ...

Бучковски чека притвор, во Собранието летаа шишиња

Дневник - 03.08.2007

Политички линч е одлуката на собраниската комисија да се одобри притвор за поранешниот премиер Бучковски, обвинуваат од опозициската СДСМ Поранешниот премиер Владо Бучковски чека покана од истражниот судија, по што ќе се види дали ќе оди во притвор.

Од премиерот денеска молк – тој од денеска до 13 август е на годишен одмор

Канал5 - 03.08.2007

Премиерот и Владата не ја коментираат работата на судот и судските одлуки, рече владиниот портпарол Ивица Боцевски, одговорајќи на новинарско прашање за ставот на владиниот кабинет во врска со кривичната пријава против Владо Бучковски и одземањето на неговиот пратенички имунитет.

Итна собраниска седница за Бучковски ќе има, датумот и дневниот ред ќе се утврдуваат в понеделник

Канал5 - 03.08.2007

СДСМ нема да ја повлече кривичната пријава против претседателката на комисијата за мандатно имунитетни прашања. И натаму бараат да се одржи и итна седница на која сега очекуваат да се одговори како комисијата, според нив, донела нелегитимна одлука.

Хелсиншки комитет: Има повреда на процедурата во случајот на Владо Бучковски

Канал5 - 03.08.2007

Хелсиншкиот комитет го разгледал случајот на пратеникот Владо Бучковски и констатирал најмалку две повреди во процедурата. Хелсиншкиот комитет го разгледал случајот на пратеникот Владо Бучковски и констатирал најмалку две повреди во процедурата.

Нема притвор за екс премиерот Бучковски – по 9 часа распит одлучи судијката Катица Јованова

Канал5 - 03.08.2007

Нема притвор за Владо Бучковски. По осум часа испрашување истражната судијка Катица Јовановска проценила дека одлуката на собраниската комисија за мандатно имунитетни прашања за симнување на пратеничкиот имунитет не е легална. Нема притвор за Владо Бучковски.

Се чека 30 дена притвор за Бучковски!

Вечер Прес - 03.08.2007

Против поранешниот Премиер Владо Бучковски е поднесена кривична пријава за проневера на 3 милиони евра додека бил министер за одбрана во време кога завршуваа воените конфликти во 2001. По војната тој набавил редуктори за бугарските тенкови, кои ниту се испорачани, ниту парите се вратени! Речиси ...

Бучковски повикан на распит

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Пратеникот Владо Бучковски, чиј пратенички имунитет е одземен, нема да биде приведен, бидејќи ветил дека ќе соработува со истражните органи и сам ќе се појави пред истражен судија. Како што јавија македонските медиуми, Бучковски е повикан на распит, кој ќе започне денеска во 09:00 часот.

Бучковски над шест часа на распит во Судот

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Пратеникот Владо Бучковски, чиј пратенички имунитет е одземен, над шест часа е на распит кај судијката Катица Јовановска во Основниот суд 1 во Скопје. Екс премиерот се сомничи дека во времето кога бил министер за одбрана во 2001 ј а злоупотреб ил службената положба при исплата за резервни ...

Нема притвор за екс премиерот Владо Бучковски

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Нема притвор за поранешниот премиер Владо Бучковски, кој е под истрага за злоупотреба на службената должност од време кога беше министер за одбрана. Бучковски, кому надлежна собраниска комисија му го одзема пратеничкиот имунитет, денеска речиси осум часа беше на распит кај судијката Катица ...

Нема притвор за Владо Бучковски

Макфакс - 03.08.2007

Скопје Нема притвор за поранешниот премиер Владо Бучковски, кој е под истрага за злоупотреба на службената должност од време кога беше министер за одбрана. Бучковски, кому собраниска комисија му го одзема пратеничкиот имунитет, денеска речиси осум часа беше на распит кај судијката Катица Јовановска ...

Ивановски: Одлуката на Комисијата е нелегитимна

А1 - 02.08.2007

СДСМ ја предупреди власта, доколку се осмели да го уапси Бучковски, нека се подготви и за последиците од таквата акција. Можеби некој си замислува да си игра со оган, ама кога си играте со оган може и да се изгорите, не е толку лесна и едноставна работата“, рече Игор Ивановски, СДСМ.

Одземен пратеничкиот имунитет на Бучковски

А1 - 02.08.2007

Бучковски не беше повикан на распит во судот. Истражната судијка Катица Јованова не можела да го испраша, оти денеска се разболела, информираа од судот. Веројатно поканата ќе му ја врачи утре. Поранешниот премиер и поранешен министер, кој е обвинет за финансиски малверзации додека раководел со ...

Бучковски: Само Собранието може да го симне имунитетот

А1 - 02.08.2007

„Се уште го уживам имунитетот, одлуката на Комисијата нема правна сила, само Собранието може да го симне имунитетот на било кој пратеник“, изјави за А1 Владо Бучковски, пратеник на СДСМ. Господине Бучковски, очекувате ли да ве уапсат? Не, бидејќи се уште го уживам имунитетот, одлуката на Комисијата ...

Скандал во Собранието-Во два часот изутрина незаконски одобрен притвор за пратеникот Владо Бучковски

Канал5 - 02.08.2007

Истражната судијка Катица Јовановска, од скопскиот суд, рано утрово ја добила одлуката на Собраниската комисија за мандатно имунитетни прашања донесена во два часот по полноќ дека е одобрен притвор за пратеникот Владо Бучковски.

Бучковски ја чека истражната судијка да го повика на распит, но не исклучува да биде и уапсен

Канал5 - 02.08.2007

Екс - премиерот и пратеник Владо Бучковски во седиштето на СДСМ ја чека истражната судијка да го повика на распит, но не исклучува дека може да биде уапсен. „Јас очекува дека врз основа на она што се случуваше во последните 48 часа можни се и двете сценарија.

СДСМ бара нова седница на собраниската комисија за мандатно имунитетни прашања за Бучковски

Канал5 - 02.08.2007

СДСМ бара одново да се закаже собраниската комисија за мандатно имунитетни прашања, зашто одлуката е нелегитимна и расправата не е завршена. СДСМ бара одново да се закаже собраниската комисија за мандатно имунитетни прашања, зашто одлуката е нелегитимна и расправата не е завршена.

Одземен пратеничкиот имунитет на Бучковски, СДСМ бара итна седница

Макфакс - 02.08.2007

Скопје Пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски е одземен, а опозицијата најави барање за итна собраниска седница. Одлуката за одземање на имунитетот на пратеникот од опозициониот СДСМ Владо Бучковски ја соопшти претседателот на Надлежната собраниска ...

Бучковски првообвинет за набавката на делови за тенковите

А1 - 01.08.2007

Злоупотреба на службената должност и три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана. Ова го пресметале инспекторите на финансиската полиција во случајот набавка на резервни делови од „МЗТ ФОП“. Како главен виновник го посочуваат екс министерот Владо Бучковски.

Комисијата одлучува за имунитетот на Бучковски

А1 - 01.08.2007

Седницата на мандатно-имунитетната комисија уште трае, најверојатно ќе трае до доцна во ноќта, а околу 21 часот, директно од Грција во Собранието дојде Владо Бучковски за да им објасни на колегите пратеници кои му биле мотивите за склучување на договорот со „МЗТ ФОП“.

МВР го уапси генералот Методи Стамболиски

Време - 01.08.2007

ПОРАДИ СОМНЕВАЊЕ ЗА МАЛВЕРЗАЦИИ СО ТЕНКОВИТЕ Методи Стамболиски, пензиониран генерал, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, вчера околу 13 часот е уапсен од полицијата под сомнение дека ја злоупотребил положбата, со што државата ја оштетил за околу 1,4 милиони евра.

Кривична пријава за Владо Бучковски за случајот со набавката на резервни делови за армиските тенкови

Канал5 - 01.08.2007

Владо Бучковски е првоосомничен во случајот со набавката на резервни делови за армиските тенкови за што вчера беше уапсен екс началникот на генералштабот на АРМ Методи Стамболиски. Во време на посочената зделка во 2001-та бил министер за одбрана.

Собранието ја одобри мерката притвор за Владо Бучковски

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Македонското Собрание со 59 гласа „за“ и еден „воздржан“ попладнево ја потврди одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, со која се одобрува мерката притвор за Владо Бучковски. Пред гласањето СДСМ ја напушти седницата, со образложение дека нивните пратеници нема да ...

Јавното обвинителство ја прифати кривичната пријава против Бучковски

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Јавното обвинителство попладнето ја прифати кривичната пријава против поранешниот премиер Владо Бучковски во случајот резервни делови за бугарските тенкови. Како што јавија електронските медиуми, обвинение е покренато против сите петмина вмешани во случајот, и тоа за двете дела.

Отворена истрага против Владо Бучковски

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Симнување на пратеничкиот имунитет на Владо Бучковски побара денеска надлежниот суд, откако покрена истрага за финансиски малверзации против екс премиерот и поранешен министер за одбрана. Истрагата е отворена на барање на Јавното обвинителство по кривична пријава поднесена од финансиската ...

Продолжи собраниската седница за имунитетот на Бучковски

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Македонското собрание ја продолжи 63. седница на која се расправа по одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни за одземање на имунитетот на Владо Бучковски. Расправата продолжи до дискусии на пратениците од редовите на опозицијата, кои повторно обвинуваат дека не е запазена ...

Собранието за имунитетот на Бучковски

Макфакс - 01.08.2007

Скопје Седницата на македонското Собрание на која се расправа по одлуката на собраниската Комисија за одземање на имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, треба да продолжи денеска. Бучковски е осомничен дека во 2001, кога ја извршуваше функцијата министер за одбрана ја оштетил државата за сума од ...

Уапсен генералот во пензија Стамболиски

А1 - 31.07.2007

Со полициско комбе и лисици, вака генералот во пензија Методи Стамболиски беше донесен на распит, дали во октомври и ноември 2001-ва ја оштетил државната каса за 1,8 милиони евра. Според кривичната пријава на МВР, Стамболиски склучил штетен договор со МЗТ ФОП, набавил резервни делови за бугарските ...