TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Заврши Самитот во Охрид

А1 - 03.05.2008

Заврши самитот на земјите од централна Европа, проширен со уште неколку земји од југоисточниот дел на континентот. По двата дена дебата, на која покрај за енергијата и проширувањето на ЕУ, се зборување и за Косово и за проблемот со името. Беа донесени седум заклучоци.

Балканот не смее да остане црна дупка

Време - 03.05.2008

САМИТ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА ВО ОХРИД Ана Велјановска Западниот Балкан не смее да остане црна дупка во Европа, а Европската унија мора да ги прими земјите од регионот кои имаат кандидатски статус. Ова е пораката што словенскиот претседател Даниел Турк, во улога на претседавач на Европската ...

Никој не е сопственик на ЕУ

Утрински - 03.05.2008

Никој не смее да биде исклучен од иднината на ЕУ, изјавија лидерите во Охрид Димитар Чулев ОХРИД - Многу напори и енергија беа вложени во изминативе години за интегрирање на Македонија во ЕУ, но заради интересот на една земја, за жал членка на НАТО, поради спорот со името кој се наметна над ...

Во Европа не смее да има црни дупки

Дневник - 03.05.2008

Понатамошното проширување на Унијата беше главната тема на првиот ден од Самитот, кој ќе заврши денеска со дебата за енергетските проблеми ЗападниотБалкан не смее да остане црна дупка воЕвропа, порачаа лидерите од Централна Европа, кои се собраа на дводневенсамит во Охрид, кој се одржува по само ...

Грција не може да диктира како ќе се нарекуваме ние дома

Канал5 - 03.05.2008

Националниот интерес на една земја членка не треба да се наметнува над интересот на Алијансата и стабилноста. Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО. Земјите кандидатки и аспирантки за ЕУ и НАТО немаат алтернатива и треба да се поддржат.

Македонија е за фер решение, но не и за диктат

Вечер Прес - 03.05.2008

И претседателот и премиерот потенцираа дека нема алтернатива за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Притоа предупредија дека слична ситуација како во Букурешт може да се појави и во ЕУ, што би било многу лошо - Република Македонија е подготвена за фер решение.

Црвенковски бара расветлување на инцидентите

Макфакс - 03.05.2008

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски изрази загриженост за низата инциденти што се случија во предизборната кампања. „Било кој тип насилство, а посебно употребата на оружје и загрозување на безбедноста и човечките животи се апсолутно недозволиви“, рече Црвенковски на средбата со ...

Црвенковски со амбасадорите на ЕУ

Макфакс - 03.05.2008

Скопје Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе одржи состанок со амбасадорите на земјите членки на Европската унија. Средбата, на која Црвенковски ќе има обраќање, ќе се одржи во Клубот на пратениците. ...

Црвенковски - Македонски граѓани жртви на насилство во Грција

Макфакс - 03.05.2008

Скопје Македонски граѓани се жртви на насилство и понижување во серија инциденти во Грција, рече претседателот Бранко Црвенковски на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ. Црвенковски упати критика и за неколкуте проблематични мерки на грчката страна од економски карактер, со кои се ...

ЕУ и НАТО единствена алтернатива за земјите аспиранти

Макфакс - 03.05.2008

Охрид Европската унија(ЕУ) и НАТО немаат алтернатива за земјите аспиранти, заклучија претседателите на државите од Централна Европа на Самитот што денеска заврши во Охрид. Заклучоците ги презентираше претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, во друштво на претседателот на Србија Борис Тадиќ, ...

Евроинтеграцијата на Западен Балкан нема алтернатива

А1 - 02.05.2008

Членството во ЕУ и во НАТО е врвен приоритет и не постои друга алтернатива за земјите од Западен Балкан. Ова е општиот заклучок од првата работна сесија на самитот на претседателите од Централна и Источна Европа, што се одржува во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид.

Пендаровски: Успешен почеток на самитот

А1 - 02.05.2008

„Следат заклучоците, за кои првичните најави се дека нема да бидат модификувани“, изјави во интервјуто за А1 Стево Пендаровски, советник на Претседателот. Господине Пендаровски, се работи за самит на највисоко политичко ниво што досега се одржал во Македонија.

Самитот почнува, Охрид блеска

Време - 02.05.2008

СОБИР НА 17 ШЕФОВИ НА ДРЖАВИ ВО МАКЕДОНИЈА Ана Велјановска Македонија и Охрид денеска и утре ќе бидат домаќини на 15. собир на претседатели на земјите од централна и од источна Европа, што претставува најголем политички настан организиран досега во нашата земја.

Македонија во Охрид ќе повтори дека сака во НАТО и во ЕУ

Утрински - 02.05.2008

Во Охрид, Црвенковски е домаќин на 16 шефови на држави од Централна Европа Димитар Чулев ОХРИД - Самитот на шефови на држави од Централна Европа имаше уште една можност, по преседанот во Букурешт каде што Македонија не доби покана за членство во НАТО, да ги реафирмира заложбите на земјава кон ...

Охрид - центар на Централна Европа

Дневник - 02.05.2008

За Косово не бил постигнат консензус и затоа не била упатена покана и до претседателот Фатмир Сејдиу, изјави претседателот Бранко Црвенковски Во Охрид денеска и утре ќе се одржи 15. Самит на претседатели од Централна Европа, најголемиот собир одржан во нашата земја од нејзиното осамостојување.

Почна охридскиот Самит на претседателите на држави од Централна Европа

Канал5 - 02.05.2008

Во европскиот дом има место за сите кои се подготвени да ги споделат заедничките демократски вредности и одговорности, а вашето учество на Самитот ќе претставува силен и јасен сигнал до граѓаните на нашите земји дека процесот на обединување на Европа продолжува, истакна претседателот Бранко ...

Македонија нема друга алтернатива освен НАТО и Европската Унија

Канал5 - 02.05.2008

Македонија нема друга алтернатива освен НАТО и Европската Унија, порачаа шефот на државата и премиерот од самитот на претседатели на држави од Централна Европа во Охрид. Државата останува посветена на спорот со името, но нема да прифати едностран диктат рече Црвенковски – Груевски пак побара ...

Црвенковски:Македонија останува посветена на евроатлантските интеграции

Макфакс - 02.05.2008

Охрид Македонија е цврсто посветена на евроатлантските интеграции, рече претседателот Бранко Црвенковски, во воведното излагање на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа, што се одржува во Охрид. „Македонија со право очекуваше покана на Самитот на НАТО во Букурешт, но поради ...

Започна централно – европскиот самит во Охрид

Макфакс - 02.05.2008

Охрид Самитот на претседатели на држави од Централна Европа денеска официјално започна во Охрид. На Самитот присуствуваат делегации од 19 држави, од кои 17 се претставени на претседателско ниво. „Овој состанок за Република Македонија има особено значење.

Почнува централно – европскиот самит во Охрид

Макфакс - 02.05.2008

Охрид Самитот на претседатели на држави од Централна Европа денеска официјално почнува во Охрид. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски е домаќин на делегации од 19 држави, од кои 17 ќе бидат претставени на претседателско ниво на дводневниот самит.

Европа единствена алтернатива за Балканот

Макфакс - 02.05.2008

Охрид Европа треба да биде отворена за земјите од Балканот порачаa претседателите на државите од Централна Европа на самитот во Охрид. По ниедна цена не смее да се дозволи на Балканот да остане црна дупка, истакна во своето обраќање словенечкиот претседател Данило Турк.

Црвенковски – Српските граѓани веруваат во европската иднина

Макфакс - 02.05.2008

Скопје Искрено ме радува што вашите граѓани покажаа дека веруваат во европската иднина на Србија, но и во европските вредности и начела. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ова го наведува во честитката упатена до српскиот претседател Борис Тадиќ, по повод успешно спроведените предвремени ...

17 државници се собраа во Охрид

Вечер Прес - 02.05.2008

- Овој самит е одлична можност за нашата позиција во процесот на евроинтеграциите, спорот околу името и слично. Убеден сум дека оваа шанса максимално ќе ја искористиме, а меѓународната позиција на нашата земја со овој и по овој самит ќе стане посилна, рече претседателот на РМ Бранко Црвенковски во ...

Централно-европски самит во Охрид

А1 - 01.05.2008

Со исклучок на Италија и Романија, кои поради обврските на претседателите Наполитано и Башеску, ќе бидат претставени на ниво на амбасадори, се очекува во Охрид да пристигнат 17 шефови на држави од Централна и Југоисточна Европа, кои утре и задутре ќе дебатираат за најголемите прашања на денешницата.

17 шефови на држави за економските и за ЕУ перспективите

Вест - 01.05.2008

ПОЧНА САМИТОТ НА ЦЕИ ВО ОХРИД На дводневниот самит на претседателите на земјите од Централна и Источна Европа, кој почнува денеска во Охрид, седумнаесет шефови на држави ќе разговараат за проширувањето на Европската унија и за енергетската перспектива на регионот.

Утре во Охрид започнува самитот на претседатели на земји од Централна Европа

Канал5 - 01.05.2008

Под силно полициско обезбедување Охрид го очекува пристигнувањето на 17-те претседатели на земји од Централна Европа на 15-от самит. Состанокот кој следните два дена ќе се одржи во Охрид е од највисок политички ранг што до сега се одржал во РМ.

Црвенковски – За решение за името треба добра воља и од Грција

Макфакс - 01.05.2008

Поморие Грција да покаже добра воља за решавање на разликите околу името и да ја следи подготвеноста на Македонија да се постигне разумен и фер компромис. Ова денеска го порача претседателот на Македонија Бранко Црвенковски во обраќањето на самитот на Југоисточна Европа, што се одржува во Поморие, ...

Македонија домаќин на централно-европски самит

Макфакс - 01.05.2008

Охрид Завршени се подготовките во Охрид за самитот на претседатели на држави од Централна Европа што официјално почнува во петок. На самитот, што ќе трае два дена, македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе биде домаќин на делегации од 19 држави, од кои 17 ќе бидат претставени на претседателско ...

Црвенковски на самит на ЈИЕ, можна средба со Караманлис

Макфакс - 01.05.2008

Скопје Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски од денеска учествува на Самит на Југоисточна Европа, во рамки на кој не е исклучено да има средба со грчкиот премиер Костас Караманлис. Засега ниту кабинетот на Црвенковски, ниту на Караманлис, официјално не потврдија нивна средба на самитот на ...

Продолжува самитот на Југоисточна Европа

Макфакс - 01.05.2008

Бургас Самитот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) продолжува денеска со официјална средба на шефовите на државите или владите од регионот, меѓу кои е и македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Дводневниот самит што се одржува во Поморие, Бугарија, беше отворен синоќа со работна вечера на ...

Српската делегација го напушти Самитот во Поморие

Макфакс - 01.05.2008

Поморие Делегацијата на Србија денеска ја напушти средбата на шефови на држави и премиери во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во бугарскиот град Поморие, јавуваат белградските гласила. Според истите извори, причина за заминување на делегацијата е одлуката пред Самитот да говори ...

Македонија е подготвена за самитот во Охрид

А1 - 30.04.2008

Македонија е подготвена успешно да го организира самитот на претседатели на држави од Централна Европа, изјави денеска претседателот Бранко Црвенковски. Македонија на втори и трети мај ќе биде домаќин на делегации од 19 држави, од кои 17 ќе бидат претставени на претседателско ниво.

Охрид подготвен за самитот на претседателите на државите од Централна Европа

Утрински - 30.04.2008

Седумнаесетмина претседатели и двајца министри ќе ги претставуваат своите земји на самитот Симон Илиевски ОХРИД - Охрид е подготвен да ги пречека претседателите на државите од Средна Европа што ќе се одржи на 2 и 3 мај. Хотелите ги завршуваат последните подготовки, а локалната самоуправа го ...

Седумнаесет претседатели на држави на Самитот во Охрид

Канал5 - 30.04.2008

На 2 и 3 мај во Охрид ќе се одржи 15. Самит на претседатели од Централна Европа. На најголемиот собир одржан во нашата земја од нејзиното осамостојување учествуваат 17 претседатели на држави, а Романија и Италија ќе бидат претставени на ниво на амбасадори.